Струшката полиција пронашла и одзела хероин кај 15 годишно лице, соопшти денеска СВР Охрид. - ОВР Струга поднесе кривична пријава против 15 - годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, изјави портпаролот Стефан Димоски. При контрола извршена на улицата „15 Корпус“ во Струга, додаде, полициски службеници ...

На 4 април се дозна дека белгискиот играч за врска Кевин Де Брујне ќе го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната 2024/25. Според весникот „Ел Национал“, фудбалерот ја разгледува можноста да се пресели во Челзи, Арсенал, Манчестер јунајтед или Њукасл. Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е разочаран од одлуката на Де Брујне. Навивачите на тимот имаат ист став - тие ја доживуваат оваа одлука како предавство. Во едно интервју, фудбалерот ...

Кина повика да се избегне каква било „политичка манипулација“ во врска со апсењето на двајца нејзини граѓани во Украина, откако тие се бореле на страната на руската армија. -Ги повикуваме засегнатите страни да внимаваат на објективната и непристрасна позиција на Кина и да се воздржат од политички манипулации и медиумска возбуда, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џианг. Кинеските власти во ...

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека спречила сериозен обид за саботажа во централниот дел на земјата, приведувајќи тројца руски шпиони кои, според наводите, планирале да извршат експлозии во градот Виница. Како што информира СБУ, уапсените се двајца невработени жители на Киевската област, регрутирани од руската воена разузнавачка служба преку канали на апликацијата Телеграм, со ветување за „лесна заработка“. Третиот член на ...

Европската Унија останува конструктивна и е подготвена за фер царински договор со САД, вклучувајќи и реципроцитет во форма на нула царини на индустриските стоки, изјави еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович по разговорите со неговите американски колеги во Вашингтон. Според Шефчович, постигнувањето на оваа цел ќе бара „значителни заеднички напори“ од двете страни на Атлантскиот океан. Како што јави дописникот на МИА од ...

Група венецуелски мигранти одржа протест во градот Тапачула, на југоистокот на Мексико, барајќи да бидат вратени во својата татковина, откако не успеале да преминат во САД. Мигрантите протестираа пред локалните институции, барајќи организирани летови со кои ќе се вратат дома. Според венецуелската заедница во градот, најмалку 2.000 лица сакаат да бидат депортирани. Причина за нивното останување во Мексико се поострите гранични мерки и ...

Парламентот на Сингапур е распуштен, со што се отвори патот за одржување на нови општи избори, на кои владејачката Партија на народната акција (ПНА) ќе се обиде да ја зацврсти својата доминантна позиција под водство на премиерот Лоренс Вонг. Се очекува Министерството за избори попладнево да го соопшти точниот датум за изборите. Лоренс Вонг положи заклетва како четврти премиер на Сингапур во мај минатата година, наследувајќи го Ли Сјен Лун, кој ...

До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој користел фалсификувана возачка дозвола. - Кривична пријава е против У.Б.(50) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој, неовластено набавил и подолго време користел фалсификувана меѓународна возачка дозвола, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Според него, ...

Собранието на Косово ја прекина конститутивната седница, бидејќи претходно не го усвои извештајот на привремената комисија за верификација на пратеничкиот мандат. За извештајот гласаа 52 пратеници, против беа 46, а воздржани 11 пратеници. Претседавачот на седницата Авни Дехари по паузата рече дека е невозможно да се продолжи седницата бидејќи без верификација на мандатот не може да се продолжи со работа. Дехари рече дека ќе стапи во контакт со ...

Српската членка и претседавач со Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ на денешната средба во седиштето на НАТО во Брисел изјави дека политичката криза во БиХ ја предизвика високиот претставник Кристијан Шмит и дека Дејтонскиот договор не му дава право на ниту еден странец да донесува закони или да го менува Уставот. „Никој нема право, освен домашните институции, да донесува закони и да го суспендира Уставот, како што направи (високиот ...

Окружниот суд во Бихаќ го прогласи осудениот за воени злосторства Фикрет Абдиќ за виновен за злоупотреба на положбата и овластувањата додека беше градоначалник на општина Велика Кладуша и го осуди на три и пол години затвор, објавија денеска локалните медиуми во Босна и Херцеговина. Во неправосилната пресуда е наведено дека во периодот од 2017 до 2020 година, кога ја извршувал функцијата градоначалник, Абдиќ незаконски давал парична помош на ...

Еуген Цаколи, експерт за следење на работата на парламентот од Косовскиот демократски институт (КДИ), денеска оцени дека Косово може да се соочи со институционална блокада. Цаколи оценува дека по денешниот неуспех за верификација на мандатите на пратениците деветтото свикување на Собранието на Косово, одговорноста за натамошните чекори ја имаат Собранието и политичките партии, а улогата на претседателката Вјоса Османи заврши со свикување на ...

Најмалку четири жени од германската Социјалдемократска партија (СПД) треба да бидат министерки во идната влада, изјави за ДПА ко-лидерката на партијата Саскија Ескен. „Нашата цел мора да биде да создадеме паритет во кабинетот и преку политиката“, рече Ескен во забелешките објавени денеска, неколку дена откако СПД постигна коалициски договор со блокот ЦДУ/ЦСУ на конзервативниот лидер Фридрих Мерц. Според условите на коалицискиот договор, СПД ...

Европа е „наш сојузник“, но не може да биде „постојан вазал“ на САД во однос на безбедноста и трговијата, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервју за британската веб-страница UnHerd. „Ја сметаме Европа за наш сојузник. Ние едноставно сакаме сојуз во кој Европејците ќе бидат малку понезависни, а тоа ќе се одрази на нашите безбедносни и трговски односи“, рече Венс. „Не е добро за Европа и не е во интерес на Америка, ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека нападот со беспилотни летала врз регионот Курск од страна на украинските сили изгледа особено цинично по изјавите на Киев за неговата наводна желба за мир. „Постојаните злосторства на мизантропскиот режим (на украинскиот претседател Володимир Зеленски) изгледаат особено цинично по изјавите за наводна желба за мир. Сепак, тие изјави не треба никого да ...

Француското обвинителство за борба против тероризмот денеска отвори истрага во врска со серијата координирани напади врз неколку затвори во повеќе градови во изминатите два дена, јавија денеска француските медиуми. Првиот инцидент се случи во неделата во градот Аген, кога седум возила беа запалени на паркингот пред Националното училиште за персонал во јавната администрација, изјави обвинителот Оливие Набуле, пренесе Бфмтв. Потоа, ноќеска беа ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека евентуалниот прием на Украина во ЕУ, на кој инсистираат Брисел и опозициската партија Тиса, ќе го загрози развојот на Унгарија. „Нашата земја се соочува со сериозна закана: влез на Украина во ЕУ. Оваа опасност ни е над глава. Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите пари на Унгарците ќе треба да се потрошат за нашиот источен ...

Јапонското регулаторно тело денеска го обвини американскиот технолошки гигант Гугл за кршење на антимонополските закони, повторувајќи ги сличните потези во САД и Европа. Од Гугл соопштија дека тој потег е „за жалење“ и дека, како технолошка фирма, тие инвестирале многу во Јапонија за да промовираат иновации. Јапонската комисија за фер трговија му наложи на Гугл да прекине да го инсталира пребарувачот Гугл во паметни телефони со систем Андроид, ...

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде се констатирани најголем број повреди, особено со издавањето на пасошите што беше проблем за македонските граѓани во првата половина на 2024 година. -Овој проблем засегаше илјадници граѓани кои масовно поднесуваа претставки по различен основ - неможност да закажат термин за фотографирање, бавна ...

Здружението на матични лекари од Куманово ја поздравува одлуката за зголемување на капитацискиот бод, соопштија денеска надлежните од здружението. Бодот за матичните доктори од општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 проценти, додека за стоматологија од 61 на 75 денари со што зголемувањето е од 23 проценти. Матичните лекари од Куманово сметаат дека со оваа мерка се очекува да се намали одливот на лекари во ...

Лидерот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и кандидадат за пратеник, Васил Стерјовски, гостувајќи во емисијата „Конак“ на СОТ7 телевизија, на прашањето дали чувствува загриженост во однос на континуираниот притисок на Бугарите во насока на асимилација на Македонците во Албанија, дава потврден одговор. - Да, загрижен сум. Видете. Ние навистина сме под постојан притисок за асимилација, и сега во овој ...

Општина Битола со 30 проекти аплицира до министерствата за новиот јавен повик за изразување интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти. Од Секторот за односи со јавност соопштија дека градоначалникот Тони Коњановски ги потпишал проектните апликации, a преку нив Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти значајни за граѓаните и локалниот развој. -Со поднесувањето на ...

Во кругот на велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска свечено беше одбележан 15 април - Денот на Командата за обука и доктрини КОД, кога на 15 април во 1992 година во касарните во Скопје, Штип, Битола и Охрид пристигна првата класа регрути од регуларниот армиски состав, поставувајќи го темелот на денешната Армија. Првиот регрут во Армијата беше велешанецот Панче Јамандиев во касарната во Охрид, информира во своето обраќање ...

Министерство за образование и наука известува дека во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ се предвидуваат награди за млади научници за 2025 година. Подетални информации за овие награди може да се добијат на линкот: https://en.unesco.org/mab/awards#yong-scientists. -Сите апликации, пред да бидат доставени до Секретаријатот на МАБ програмата, најнапред треба да бидат одобрени од Националниот комитет на МАБ програмата, за кој е ...

Министерството за образование и наука известува дека УНЕСКО има отворен повик за номинација за Наградата за образование и одржлив развој за 2025 година, финансирана од Владата на Јапонија. -Оваа награда е воведена од УНЕСКО во 2014 година и се доделува за исклителни проекти и програми од областа на образованието за одржлив развој, врз основа на дадени критериуми, и тоа: трансформација, интеграција и иновација. Право на учество имаат државните ...

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што беше речено на денешната седница, ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање. Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по ...

Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија отворено писмо до Комитетот за култура и информирање на Народното собрание на Република Србија и најавија колку ќе трае протестот пред РТС, јави дописникот на МИА од Белград. „Бараме од вас, Комисијата за култура и информирање, да го повторите процесот на избор на членови на Советот на Регулаторното тело, со откажување на претходниот Јавен повик и објавување на нов, со ...

До 2055 година, бројот на новородените во Албанија се очекува да биде речиси 4 пати помал од сегашниот. Во последниот извештај на ОН за наталитет, Албанија е посочена како една од земјите со најголем пад на раѓања. -Проекциите на ОН предвидуваат дека раѓањата ќе се намалат на 6.000 од сегашните 23.000. Намалувањето се очекува да биде драстично во првите 10 години, односно до 2035 година, кога раѓањата ќе се намалат на 15 илјади, достигнувајќи ...

Кинеските власти денеска објавија дека нудат парични награди за апсењето на тројца наводни тајни агенти на американската Агенција за национална безбедност (НСА), осомничени дека извршиле сајбер напади за време на Зимските азиски игри во февруари оваа година. НСА, една од главните разузнавачки агенции во САД, е специјализирана за прислушување и сајбер шпионажа. Полицијата во Харбин, на североистокот на Кина, денеска објави дека издала налози за ...

Пролет во беж

42 минути - Fashionel
-
weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1019
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
59%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
34%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
7.03
42%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
66%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.71
33%
1019
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
40%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1021
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
9.77
45%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
8.23
71%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
72%
1019
Currency

61.525

Currency

55.1097

Currency

73.1652

Currency

35.2049

Currency

39.3687

Currency

65.7791

Currency

7.62839

Currency

0.67963

Currency

0.37879

Currency

0.52475

Currency

1.41535

Currency

0.64361

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15431.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.98

Сребро

1044.89

Злато

104156.43

Бакар

9.18

Паладиум

3054.32

Платина

31601.82

Родиум

176829.11

Цинк

2.68