До 13 часот на повторните локални избори гласале 11 217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места. Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено. -Во општина Врапчиште гласале 2 613 лица или 9,58 ...

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, му се обрати на своето момче, грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис, по победата во финалето на турнирот во Бризбејн, Австралија. -Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку, нели? Само додавам дополнителен притисок, рече Сабаленка на церемонијата на доделување награди. Франгулис се насмевна на зборовите на Сабаленка. Во натпреварот за трофејот, ...

Шредер суспендиран три натпревари поради обид да го удри Дончиќ Полејмејкерот на Сакраменто кингс, Денис Шредер, е суспендиран на три натпревари поради обид да го удри бекот на Лејкерс, Лука Дончиќ, по нивниот натпревар, објави ESPN. Натпреварот се одигра ноќта на 29 декември и заврши со победа на Лос Анџелес лејкерс од 125:101. За време на натпреварот, Шредер и Дончиќ разменија вербални навреди. Комисијата на НБА утврди дека по натпреварот, ...

Напаѓачот на египетската репрезентација, Мохамед Салах, ги искажа впечатоците по триумфот (3:2) над Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето на Африканскиот Куп на нации. – Многу сум среќен и горд што играм со овие момци. Секогаш сакаме да им донесеме радост на египетските навивачи и веруваме дека со овој став можеме да победиме на секој натпревар. Беше тежок натпревар. Минатиот пат, Брегот на Слоновата Коска го освои Африканскиот Куп ...

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава. Како што стои во соопштението на ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон селото Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ ...

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процент или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, ...

Изборниот процес на повторните избори за градоначалник течат нормално, без потешкотии, информира Општинската изборна комисија (ОИК) Гостивар. До 9 часот гласале 802 лица или 0,97 отсто од запишаните избирачи. -Сите избирачки места, 121, утрово беа отворени навреме освен две. Во селото Ќафа и Корита заради временските прилики уште избирачките одбори не се стигнати на време. Очекуваме во текот на денот во Корита да почне гласањето, рече Ајше ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ноќеска, преку својот фејсбук профил, информира дека веќе неколку дена екипите на Градот се постојано на терен и будно и одговорно ја следат состојбата со врнежите и снегот на сите сообраќајници. Како што наведува Ѓорѓиевски, Кризниот штаб функционира 24/7, а обезбедени се и доволни количини сол што навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. -Нас, ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка утрово ја победи Украинката Марта Костјук во финалето на турнирот ВТА 500 во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 19 минути и заврши со 6:4 и 6:3. Првиот светски рекет сервираше еден ас и реализираше три од своите осум брејк топки. Костјук која е 26. на ВТА ранг-листата постигна три асови, три двојни грешки и реализираше една од своите три брејк топки. Ова беше петти меѓусебен натпревар и петта победа за ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (понеделник) ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка 23-годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108. место на ВТА листата. Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12 што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време. Ѓорческа неколку дена е ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во текот на ноќта и претпладне, а попладне се очекува врнежите да престанат. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од минус пет до два, а максималната од минус еден до пет степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, ...

Од 08.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25, соопшти ЈП „Македонија пат“. Како што информира, сите патни правци се проодни, а сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со кашест снег кој останува по интервенцијата на возилата на ЈП „Македонија пат“. Снег со променлив ...

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале ...

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни. Согласно Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање потребно е за еден ...

Во општина Центар Жупа, каде има 16 избирачки места, 15 се отворени навреме, освен едно, во подрачјето на Горна Жупа, кое било отворено со задоцнување од половина час, поради снегот. – Седум гласачки места се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места. Поради снегот она во селото Долгаш беше отворено со задоцнување од половина час. Вчера своето граѓанско право го остварија 2 болни и немоќни лица, колку што и беа пријавени, ...

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер. Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за непречено и безбедно функционирање на жичницата. -Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со ...

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч (МВП) на „Yellow Cup“ во Швајцарија. Кузмановски ја предводеше нашата репрезентација до второто место на турнирот. Македонските ракометари вечерва одиграа нерешено 29:29 со домаќинот Швајцарија и со две победи и едно реми го завршија натпреварувањето. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе утре заминуваат во Данска, земја кодомаќин на ...

Нигерија го победи Алжир со 2:0 вечерва во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го отвори резултатот во 47. минута. Фудбалерот на Севилја, Акор Адамс, го постави конечниот резултат во 57. минута. Нигерија се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, каде што ќе се соочи со Мароко. Вечерва играат Египет и Брегот на Слоновата Коска во последниот четвртфинален дуел на турнирот. ...

Напаѓачот на Реал, Килијан Мбапе, денес тренираше со остатокот од тимот, објави веб-страницата на мадридскиот клуб. Утре Реал Мадрид ќе игра против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Крал Абдула Спортс Сити“ во Саудиска Арабија. Мбапе ги пропушти последните два натпревари на Реал Мадрид против Бетис (5:1) во Ла Лига и Атлетико Мадрид (2:1) во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп поради повреда. ...

Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има од Скопје до Гевгелија и на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури ...

Во уметничката галерија „Гури Мади“ во Корча, отворена е изложба на фотографии на тема „Пустец, природа, наследство, живот“, што претставува визуелно патување низ Преспа и меѓу македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај, објави електронското издание на весникот „Македониум“. Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат ...

Aктивиран e Кризниот штаб на Општина Кисела Вода за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби. Како што информира Општината, во текот на ноќта беа преземени интензивни активности за фрлање на сол и ризла, со цел навремено одржување на патната инфраструктура. Посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Припор и Теферич каде поради теренската конфигурација ...

Поплавени дворови и куќи кај Мислешевски пат и во струшкото село Калишта предизвикале обилните дождови, а големо количество вода имало и во Струшко поле, потврдија за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи. Според нив, известени се службите на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Струга за испумпување на поплавените дворови. – Големо е количеството вода во Струшко поле, но регулиран е ...

Општина Тетово соопшти дека патот кон месноста Бањиче е расчистен, но потенцира дека како последица на обилните врнежи од дожд, сè уште постои опасност од одрони на земја и камења на одредени места. -Апелираме до граѓаните да се движат со зголемена претпазливост, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да избегнуваат непотребно движење во ризичните зони“, соопшти Општина Тетово. До свлечиште на земја и одронување на делови од карпи и ...

Јана Иванова и Филип Циглењак Симоновски се две деца со аутистичен спектар на возраст од 10 и 12 години, чии цртежи и слики денеска беа претставени во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Изложбата е во рамки на проектот на Здружението „Во мојот свет“. Штипската публика може да види вкупно 40 дела што се само дел од продукцијата на Иванова и Циглењак. Цртежите и сликите не се уметнички израз на авторите, туку нивен начин на ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“. Од раководството на таа општинска установа, Коњановски беше запознат со условите и услугите кои овој дом ги дава на лицата сместени во Домот, информираа од Општина Битола. За време на посетата, Коњановски ги честиташе новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им здравје на лицата сместени во оваа установа, со што ја продолжи ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје попладнево, преку својот фејсбук профил, информира дека поради ниските минусни температури и најавените временски услови со врнежи од снег во главниот град и околината, во наредниот период е можно привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии. -Имајќи предвид дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, на одделни делници ...

Американката Линдзи Вон победи на спустот во Заухензе, Австрија. До својата 84 победа во кариерата, Вон на скратената патека стигна со време 1.06.24 минута. Второто место и припадна на Каиса Викхоф Ли (Норвешка) која заостана 0,37 секунди. Трета трката ја заврши Жаклин Вилс (САД) со 0,48 секунди побавно време од победничката. На трката потежок пад имаше Магдалена Егер која со хеликоптер беше однесена во болница. Линдзи Вон е рекордерка во ...

Македонската ракометна репрезентација го освои второто место на „Жолтиот куп“ во швајцарски Винтертур, откако вечерва одигра нерешено 28:28 со домашната репрезентација. Поради подобрата гол-разлика во претходните две кола на турнирот, ремито повеќе им одговараше на Швајцарците го завршија на првото место, додека Македонците со ист биланс од две победи и еден нерешен резултат се втори. Во пресрет на вечерашниот натпревар Швајцарија имаше +14, ...

Кристал Палас попладнево загуби со 2:1 од Маклсфилд во 1/32 финалето на ФА Купот. Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Пол Досон, го отвори резултатот во 43. минута. Исак Бакли-Рикетс го удвои водството на Маклсфилд во 60. минута. Јереми Пино го постигна единствениот гол за лондонци кон крајот на натпреварот. Маклсфилд игра во Северната националната лига – шестата најсилна дивизија во Англија. На други два денешни натпревари од истиот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
58%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.46
84%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
67%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.63
68%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
51%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
65%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
47%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19