Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации вечерва во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“. Добитниците на наградите по категории се: Ален Рустемовски (бокс) – Спортист на годината. Тој освои 2 место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) е Спортистка на 2025 година – Светски шампион 1 ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот од серијата 75 во Порто, што се игра за награден фонд 60.000 долари, откако денеска загуби во второто коло Турчинката Ајла Аксу со 2-0 во сетови (7-5, 6-2). Во првиот сет се водеше голема борба со неколку пресврти во дуелот. Македонската тенисерка поведе со 5:4 во гемови и во десеттиот гем беше на сервис, но ривалката ги доби следните три гема. Во ...
Селекторот на хрватската репрезентација Дагур Сигурдсон остро ја критикуваше Европската ракометна федерација (ЕХФ) споредувајќи ја со компанија за брза храна, која воопшти не се грижи за квалитетот, туку само како подобро да профитира од Европското првенство. Хрватска утре ја очекува дуелот од полуфиналето против Германија, со почеток во 17:45 часот, додека Данска и Исланд ќе се сретнат потоа. Откако Хрватска обезбеди пласман во полуфиналето ...
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, ќе ја продолжи кариерата во својот матичен Фламенго, потврдија денеска двата клуба. Финансиските детали од договор не се објавени, но британските медиуми јавија дека лондонски Вест Хем ја прифатил понуда од над 41 милиони евра за 28-годишниот бразилски репрезентативец. Актуелниот бразилски шампион Фламенго го потврди доаѓањето на Пакета. „Пакета се враќа. Добриот син се враќа дома … Историски ...
Германскиот прволигаш Хамбургер го суспендираше денеска својот фудбалер Жан-Лук Домп, поради возење под дејство на алкохол. Изречената казна значи дека Домп ќе го пропушти натпреварот против лидерот во Бундеслигата Баерн Минхен, в сабота. Домп бил запрен од полицијата во неделата и по извршениот алкотест било констататирано присуство на алкохол во организмот, а дополнително наодот од крвната слика го потврдил резултатот. Хамбургер сè уште не ...
Германскиот фудбалер Тимо Вернер ги напушти редовите на бундеслигашот Лајпциг и потпиша договор со МЛС лигашот Сан Хозе. Вернер (29) стави потпис на договор со американскиот клуб до крајот на јуни 2028 година, а финансиските детали не се објавени. Оваа сезона, Вернер одигра три натпревари за Лајпциг во сезоната 2025/26 на кои влезе од клупата за резерви и на теренот мина скромни 13 минути. Вернер во кариерата претходно настапуваше за ...
Министерството за култура и туризам своите обврски си ги завршува во предвидениот законски рок. Навреме до Собранието ја има доставено одлуката и за наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, истакна ресорниот министер Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање на Соња Мираковска од СДСМ за недоделувањето на оваа награда за 2025 година. Тој појасни дека причина за доцнењето било тоа што Собранието немало избрано одбор за доделување на ...
Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа вечерва во Македонската опера и балет, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“. Еден од приоритетите на Министерство за спорт со поддршка од Владата, е да создадеме систем што ќе ги препознава и ќе ги поддржува младите таленти, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со што посебно за Скопје заедно со другите проекти како Градски воз, БРТ и когенерацијата драстично ќе се намали аерозагадувањето. „Она кое што можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, ...
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа се осврна на идејата за обновување, а воедно и модернизација на жичницата до Водно. Тој истакна дека наместо претходно планираната траса од црквата Свети Јован кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно, бидејќи како што вели, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се ...
Археолошкото одделение од НУ Музеј Куманово ги заврши археолошките ископувања на ранохристијанската црква на локалитетот Градиште, село Пчиња, во Бислимска Клисура. Како што информираше раководителот, Дејан Ѓорѓиевски, истражувањата дале извонредни резултати, биле откриени нартекс, анекс и амвон. – Новооткриените елементи на црквата нартекс, анекс и амвон, покажуваат дека воопшто не се работи за некоја мала градба во мала населба. Напротив, ...
Хрватската кинопремиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчеравечер во загрепското „Докукино КИЦ“. Хрватската кинопремиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб. Како што информираат од македоницот КИЦ во Загреб, во преполната киносала публиката имаше ексклузивна можност да го види најновото успешно остварување на македонската ...
Проекција на грчкиот филм „Што ако“ (What If), во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе се одржи в сабота во 20:00 часот, во Кинотека. Настанот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има за цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија. Филмот What If, е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата Netflix серија ...
Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објави 25. конкурс за најдобра истражувачка сторија на годината. На конкурсот за новинарската награда „Никола Младенов 2025“ може да се пријават сите новинари што професионално работат во медиумите или со нив соработуваат како фриленсери. – Пријавените стории треба да бидат објавени во текот на 2025 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што ...
„Македонија 2025“ објави отворен повик за проектот „Лидер“, кој 18. пат ќе се одржи од 14 до 27 април 2026 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат оваа програма уште од 1991 година. Програмата претставува десетдневна MBA (Master of Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развиваат локални бизнис-решенија што ...
Македонско друштво „Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец. „Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците во општина Пустец, со што сериозно се нарушуваат ...
Општина Охрид упати повик до станоиздавачите да ги ажурираат односно да ги продолжат решенијата за категоризација на сместувачките капацитети што се нудат под наем. Станува збор за сите физички лица кои вршат угостителски услуги од мал обем за сместување во куќи, апартмани, соби и станови за одмор, а се регистрирани во регистарот што го води Градоначалникот на Општина Охрид. Согласно Законот за угостителска дејност, станоиздавачите се должни ...
Во моментов нема одлука од страна на општината и Советот на општина Штип за затварање на Општинското Основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Тој денеска изјави дека во моментов се прави анализата врз основа на Стратегија за развој на воспитно-образовниот систем на територија на општината. Во опција се две решенија, едното е можно затварање на училиштето „Гоце Делчев“ и второто е да се намали ...
Стрелките на познатиот Часовник на судниот ден, симболичен индикатор за заканата за светот и човештвото, се поместени на само „85 секунди до полноќ“. Тоа е најблиската точка до целосна катастрофа, во речиси 80-годишната историја на ова предупредување. „Полноќ“ на овој симболичен „Часовник“ ја претставува точката на целосно уништување на човековата цивилизација. Научниците кои одлучуваат за „Часовникот“, предупредуваат дека светот никогаш не ...
Астрономите открија нова планета со големина на Земјата, на околу 146 светлосни години оддалеченост, за којашто науката проценува дека има 50 отсто шанси да се наоѓа во погодната за живеење зона на својата ѕвезда, велат истражувачите. Планетата, наречена „ХД 137010 б“ (HD 137010 b), орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето и се проценува дека е околу шест насто поголема од Земјата, објави „Гардијан“. Истражувањето, првично објавено во ...
Властите во Пекинг очекуваат рекордни 9,5 милијарди патувања за време на 40-дневниот кинески пролетeн фестивал, познат како Месечева или Кинеска Нова година, изјави денес функционер од Националната комисија за планирање на Кина. Празничниот патувачки бран, вообичаено најголем во земјата во годината, често се смета за показател и за економијата во Кина, но и како тест за капацитетот на државниот превозен систем. Според владините процени, се ...
Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) му изрече суспензија од пет натпревари на селекторот на Сенегал, Папе Тиав и го казни со 100.000 долари по инцидентите во финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко. Сенегал победи со 1-0 по продолженијата во финале исполнето со инциденти. На инсистирање на Тиав, дел од сенегалските фудбалери накратко го напуштија теренот во знак на протест против одлуката на судијата, кој, со помош на ВАР, ...
Претседателката на ВТА, Валери Камило, издаде соопштение во врска со камерите надвор од терените за време на Австралија опен 2026 година, кои ја попречуваат приватноста на тенисерките. Претходно, на социјалните мрежи се појави видео од безбедносните камери на турнирот на кое се гледа како обезбедувањето ја спречува Полјачката Ига Швјонтек да влезе на терените поради заборавена акредитација. По инцидентот, тенисерката ги спореди играчите со ...
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина попладнево ја победи Американката Џесика Пегула во полуфиналето на Австралија Опен 2026 со 6:3 и 7:6 (9:7). Натпреварот траеше 1 час и 42 минути. Рибакина сервираше шест аса и реализираше четири од 10 брејк топки. Пегула имаше два аса и реализираше три од четири брејк топки. Во финалето на Грен слемот во Мелбурн, Рибакина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која денес ја победи Украинката ...
Мостот Руји во кинеската провинција Џеџанг, стана вистински хит на социјалните мрежи. Поради својот необичен дизајн, многумина помислиле дека не е вистински, туку дека е дело на вештачката интелигенција. Но овој виткаст, стаклен мост, во три дела, навистина постои, а неговиот највисок дел е висок лак, до чиј врв водат скали. Името, но и обликот, „Руји“ го добива по истоименото церемонијално жезло, кое во кинеската култура е знак за моќ и ...
Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола се осврна на победата од 2:0 синоќа над Галатасарај во последниот натпревар од Лигата на шампионите, што му овозможи на тимот директно да се пласира во осминафиналето. – Влегувањето во првите осум беше наша главна цел, со оглед на тоа што беше многу тесен натпревар. Имавме многу шанси да постигнеме повеќе голови. На крајот, нашата судбина беше во рацете на другите тимови. Ќе се вратиме и ќе се ...
Двегодишниот Џуд Овенс од Мачестер, стана најмладата позната личност во снукер натпревар. Неговиот татко, Лук Овенс, изјави дека на почетокот користел барски столици за Џуд да достигне до масата, додека денес користат обична кујнска столица. Главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди, Крејг Глендеј е среќен што детето е дел од „семејството на Гинисови рекордери“, воодушевувајќи се на неговиот талент.. Детето почнало да игра снукер на ...
Еден од првите луѓе во Велика Британија што го доби чипот во мозокот на компанијата на Илон Маск, Неуралинк, го опиша искуството како „волшебно“ и верува дека технологијата би можела да ги трансформира животите на луѓето со тешка парализа. Себастијан Гомез-Пена, волонтер во првото британско испитување на уредот на Неуралинк, по несреќа остана парализиран од вратот надолу. Водечкиот неврохирург во испитувањето рече дека нивото на контрола што ...
Рок музичарот Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Улиците на Минеаполис“ („Streets of Minneapolis“), посветена на жителите на Минеаполис и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец загинаа во инциденти поврзани со дејствувањето на федерални агенти. Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, во објава на Фејсбук наведе дека песната ...
Холивудската актерка Шерон Стоун ќе присуствува на годинешниот Виенски оперски бал, кој ќе се одржи на 12 февруари, како придружничка на австрискиот слаткар Карл Гушлбауер, познат во јавноста како кралот на шаумролите. Гушлбауер со години привлекува медиумско внимание поканувајќи познати американски личности како свои гости на балот. Тој е сопственик на синцир пекарници специјализирани за традиционални австриски пекарски производи. Оперскиот ...