
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Продлабочувањето на економската соработка меѓу двете држави, било тема на разговор на денешната средба во Лондон меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас, реализирана во рамките на посетата на високо ниво на Велика Британија. -Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија и имаме јасна цел тој извоз да расте и во скоро време да ја ...
Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија во фудбал. Ова е епилогот од денешните реванш полуфинални натпревар во кои фудбалерите на Вардар ја зачуваа предноста од 3-0 од првиот натпревар, одигрувајќи нерешено 1-1 на гостувањето против Брера Струмица, додека со идентичен резултат заврши и реваншот меѓу Струга и Шкендија, што на домашниот тим му беше доволно за пласман во финалето, откако на првиот натпревар во Тетово ...
Синамандла Зонди, 22-годишен фудбалер на јужноафриканскиот клуб Дурбан Сити, почина откако му се слоши за време на загревањето во пресрет на тамошниот првенствен натпревар од втората лига. Без какви и да е претходни здравствени проблеми, Зонди се загревал со соиграчите од Дурбан Сити во пресрет на првенствениот натпревар против Милфорд. Младиот фудбалер во еден момент колабирал на теренот и итно бил префрлен во блиската болница. Во меѓувреме, ...
Според пишувањата на локалните медиуми, германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски гигант Барселона на уште една година. Како што денеска објави шпанскиот весник Марка, се очекува поранешниот германски селектор на крајот на сезоната да потпише нов договор, до 2027 година. Според истиот извор, двете страни изминатите денови постигнале финален договор за продолжување на соработката. Флик во моментов има договор ...
Кандидатката на Движењето Самоопределување Аљбуљена Хаџиу, и по третпат не успеа да обезбеди доволно гласови за функцијата претседател на Собранието на Косово. На денешното гласање, 57 пратеници гласаа „за“, 46 „против“, а тројца беа воздржани. Поради тоа, актуелниот претседател на Собранието, Авни Дехари, соопшти дека според резултатите, Хаџиу не ги исполнува условите за да биде избрана. Седницата беше прекината и ќе продолжи в петок во 11:00 ...
Студентите и граѓаните кои учествуваат во блокадите „ќе продолжат со насилства“, а државата „ќе го избере моментот кога насилството ќе заврши“, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. „Државата по дефиниција има монопол врз физичката принуда, но мора да биде демократски. Државата мора да го избере моментот и тој момент да биде последен, во примената на сила. Се надевам дека нема да мора да ја ...
Државниот секретар на САД Марко Рубио денеска го објави првиот дел од обемниот план за реорганизација на Стејт департментот, кој предвидува укинување на 132 домашни канцеларии, намалување на околу 700 работни места во Вашингтон и затворање на канцеларии посветени на воени злосторства и глобални конфликти, според висок функционер на Стејт департментот и документи до кои дојде Си-Ен-Ен. Според Стејт департментот, овие промени се неопходни за да ...
Кремљ го подготвува руското општество за долгорочна милитаризација и можен продолжителен судир со НАТО, а со користење наративи слични на оние со кои се оправда инвазијата на Украина, соопшти во својот последен извешта Институтот за проучување на војната (ИСВ). -Обвинувањата за „нацизам“ претходно насочени кон Киев, сега сè почесто се однесуваат и на европски земји. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров викендов ја обвини ЕУ дека се ...
Со пригодна манифестација во неговата родна куќа во Охрид му беше оддадена почит на великиот револуционер, бескомпромисниот борец за слободна Македонија, војводата Христо Узунов. Пред присутните на собирот се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој во оваа прилика потсети на непоколебливата одлучност на Узунов да се жртвува животот за доброто на татковината. - Таа жртва ги надминува границите на просечноста и го воздигнува ликот на Узунов на ...
Општина Аеродром информира дека се гради нов и современо уреден сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот „АСНОМ“ во населбата Јане Сандански. - Станува збор за целосна реконструкција на плочникот меѓу зградите на површина од околу 2 800 метри квадратни со што овој простор ќе добие нов сјај со содржини приспособени за сите генерации. Покрај замената на старите и дотраени плочки, скверот ќе биде ...
Проектираниот раст на економијата на земјава од 3,7 проценти е реален, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која престојува во Вашингтон, каде учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. -Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Капацитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски, негираше вина дека учествувал во ...
„Активно работиме на реализирање на плановите за во иднина и моја лична амбиција е со Македонија да бидам учесник на Европското првенство во 2028 година“, најави селекторот на македонската женска одбојкарска репрезентација Стефан Пауновиќ, под чие водство националниот тим летово го очекуваат настапите во Сребрената Европска лига, како и реванш натпреварите со Грција и Австрија од квалификациите за Европското првенство 2026 година. Селекторот ...
Граѓаните на Хрватска покажуваат сè посилни негативни емоции кон политиката и политичарите, а расте и вербата во антисемитски теории на заговор, како и во теории за „големата фарма“ и дигитален надзор, покажува истражување на Јадранската опсерваторија за дигитални медиуми (ADMO) претставено денеска. Според професорот Небојша Блануша од Факултетот за политички науки во Загреб, довербата во институциите останува ниска, а доминираат чувства како ...
Саудиска Арабија и Индија постигнаа договор за унапредување на соработката во снабдувањето со сурова нафта и течен нафтен гас, се наведува во заедничката изјава на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и индискиот премиер Нарендра Моди. Саудиска Арабија и Индија постигнаа договор и за продлабочување на одбранбените врски и подобрување на соработката во производството на воена и одбранбена опрема, како и во сферата на земјоделството и ...
Главниот град на Литванија, Вилнус, претстави официјален план за евакуација во случај на воен конфликт. Литванските власти истакнаа дека земјата мора да биде подготвена за најлошото сценарио, имајќи ја предвид загриженоста дека Русија би можела да ја нападне и нивната територија по инвазијата врз Украина. Литванија, која е членка на НАТО и Европската Унија, е една од најгласните поддржувачи на Киев. Од почетокот на руската инвазија врз Украина ...
- Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи дека Украина ризикува да ја „изгуби целата ...
Додека американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да го прифати неговиот мировен план - кој вклучува признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим, аналитичарите предупредуваат дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право, пишува украинскиот весник Киев Индипендент. Русија го окупираше и анектираше Крим во 2014 година, но Украина сè уште го смета за своја ...
Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Јужна Кореја следната недела, во екот на трговската војна со САД и во време на политичка нестабилност во Сеул, изјави портпаролот на јужнокорејскиот конгломерат и малопродажниот гигант Shinsegae. Се уште не е познат точниот датум на посетата. Јужнокорејските медиуми објавија дека посетата била на покана на претседателот на Шинсегае Чунг Јеон-Џин, кој е близок со Трамп ...
Во Израел живеат 120.507 преживеани од Холокаустот, што е намалување за речиси 10 отсто во споредба со минатата година, се наведува во извештај на организацијата за правата на преживеаните, објавен пред националната комеморација во чест на жртвите. Во април 2024 година, Израел евидентирал 133.362 лица кои биле прогонувани од нацистите меѓу 1933 и 1945 година. Извештајот ги дели преживеаните во три категории: 40.756 лица преживеале логори, гета ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е разочаран од темпото на разговорите за ставање крај на војната во Украина, а претседателот Володимир Зеленски се движи во погрешна насока во однос на преговорите, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. - Претседателот Трамп е фрустриран. Неговото трпение е речиси при крај. Тој сака да го направи она што е правилно за светот. Тој сака да види мир. Тој сака убиствата да запрат, но ...
Претседателот на српската Демократска партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ денеска до Обвинителството за организиран криминал поднесе кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и други лица за „пукање кон граѓани на Србија“ на 15 март со звучно или акустично оружје, поткрепена со медицинска документација со согласност на граѓаните. Миливојевиќ рече дека по тој „терористички чин“ ДС ги повикала сите граѓани кои биле повредени, ...
Светскиот економски форум поведе истрага против својот основач и долгогодишен претседател Клаус Шваб поради евентуални малверзации. Светскиот економски форум денеска соопшти дека примил писмо со обвиненија против Шваб. Претходно, американскиот весник „Волстрит џорнал“ (Wall street journal) објави дека Шваб и неговата сопруга се одговорни за финансиски и етички престапи. Шваб пред два дена соопшти дека поднесува оставка „на почетокот на својата ...
Данскиот крал Фредерик ќе ја посети полуавтономната територија Гренланд на 28 април, јави гренландскиот весник „Сермитсиак“, кој се повикува на информации од тамошната влада. Посетата се одвива во време на зголемено геополитичко внимание врз Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази амбиции дека САД треба да го преземат островот, кој е богат со минерали. Данска ги отфрли овие амбиции, истакнувајќи дека само народот ...
Сеопфатните царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп и одмаздничките мерки од другите нации придонесуваат за влошување на глобалната фискална перспектива, предупреди денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според последниот извештај на ММФ, новите тарифи предизвикуваат шокови во понудата и побарувачката, поттикнувајќи ја економската несигурност, ги зголемуваат трошоците за финансирање, ја зголемуваат нестабилноста на ...
Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата. „Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски стремежи се цврсти барања на Европејците“, изјавија од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, како реакција на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од териториите кои ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека средбата на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија, САД и Украина е откажана бидејќи не се согласуваат за клучните прашања. - Колку што разбравме, тие сè уште не успеале да ги премостат разликите во неколку точки, поради што средбата не се одржа, наведе Песков. Разговорите во Лондон на министерско ниво беа откажани откако американскиот државен секретар ...
Во Тирана вечерва почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, а по тој повод главниот булевар „Народни херои“ блесна со стотици македонски знамиња. -Булеварот блесна во црвено жолта боја. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање на манифестацијата, која по првпат се одржува во албанскиот главен град, што навистина не прави горди. Не го криеме задоволството што заедно со Културно информативниот центар, успеавме во нашите напори, со ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ се осврна на победата над Минесота во вториот натпревар од првото коло на плејофот на НБА лигата. Лејкерс рано утрото победија со 94:85 и израмнија на 1:1 во серијата прв до четири. - Знаете, јас и Леброн сме лидери на тимот и мораме да ја создадеме вистинската атмосфера. Како што реков, патувањето во Минесота ќе биде војна. Навивачите таму само луди. Затоа, без разлика на се, не смееме да ...
Најдобар шести играч во тековната НБА сезона е Пејтон Причард, објави денеска лигата, по гласањето на повеќе од стотина кошаркарски новинари. Од можни 100, кошаркарот на Бостон доби 82 гласови и го освои првото место, пред Малик Бисли од Детроит и играчите на Кливленд, Тај Џером и ДеАндре Хантер. Петтопласиран во гласањето заврши Наз Рид, кој минатата година беше награден за најдобар шести играч. Во регуларниот дел од сезоната, Причард од ...