
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство е потврдено со економската и политичка соработка, истакнал вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Владата на Обединетото Кралство. Од Министерство за транспорт денеска соопштија дека тој ја потенцирал економската соработка и инвестициите како клучен сегмент во зацврстување на пријателските односи ...
Јавното обвинителство доставило предлог за мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во рамки на предметот „Адитив“. Како што соопштуваат од Основен Кривичен суд Скопје, во моментов Димитровска се наоѓа во Судот и треба да биде изведена пред судија на претходна постапка. Оттаму најавуваат дополнителни информации за решение по предлогот. Од обвинителството за гонење на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во поткастот „Каде се парите“ говорејќи за трагедијата во Кочани истакна дека тоа што таму го видел било ужас и пекол, го разбира гневот на родителите на настраданите и порача дека правда ќе има. „Да нема дилема во определбата моја лична и на владата против организираниот криминал и корупција. Тоа што можевме да постапиме, постапивме, сите кои по вертикала на одреден начин без ...
Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцирал вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство. Како што истакнал Николоски, политичките и економските односи меѓу зeмјите од Западен Балкан се во постојан напредок, а Македонија има значајна улога за развојот на таквите односи, -Мерките ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ. - Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне ...
Состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварување на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата се дел од пораките што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе ги пренесе на средбите во Вашингтон, кадешто учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, соопшти Министерството за финансии. -Во Вашингтон ќе ...
Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Го прашуваме Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед? Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом? Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани ...
Ние како извршна власт ќе постапуваме по налог на Јавното обвинителството, а во координација со судот. Истрагата ја води јавниот обвинител, не јас. Јавното обвинителството, заедно со судот одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени, и дали треба да се приведуваат високи владини функционери, порача денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничкото прашање до каде е истрагата за трагичниот настан ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на прашање од пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, дали Владата уште стои на мислење за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, на пратениците од опозицијата им порача дека посочениот функционер е избран како нивен предлог. Трајчулески во прашањето истакна и дека Министерството за правда поведе постапка за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, а после трагедијата во Кочани, Владата ...
Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ моментално се хоспитализирани четворица пациенти од пожарот во Кочани, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд, информираше денеска директорот на Клиниката Небојша Настов. Истакна дека нивната состојба е максимално подобрена и веќе на почетокот од следната недела се очекува тројцата пациенти да бидат испишани од болницата. – Во Клиниката ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина. Неколку инспектори на СИПА, без поддршка од вооружени полицајци во униформи, се обидоа да влезат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека има мировен договор со Русија и со Украина. Претседателот посочи дека договорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски “виси во воздух“, но посочи дека договорот е блиску. „Мислам дека Русија е подготвена и многу луѓе рекоа дека Русија сака да се заврши целата работа. И мислам дека имаме договор со Русија. Мораме да постигнеме договор со Зеленски“, им рече Трамп на новинарите ...
Кога папата Франциск ги слушаше сведоштвата за сексуалната злоупотреба на свештениците еден час подолго од предвиденото во Даблин во 2018 година, многумина беа длабоко трогнати. Но, не сите се убедени дека покојниот Франциск направи доволно за време на неговиот понтификат за да ја залечи штетата предизвикана од децениите на неуспехот на Црквата да се соочи со ова прашање. „Мислам дека никој не може да направи доволно“, рече пречесниот Педи ...
Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Како што информира министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференција во Владата, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 ...
Манифестацијата „Недела на македонската култура“ е повеќе од настан. Тоа е сведоштво за живиот дијалог меѓу две пријателски земји, мост што нè поврзува и нè зближува. Преку културата како најсилниот глас на еден народ – глас што не познава граници, преку изложби, музика, театар, преку вкусот на македонските вина, ја отвораме македонската душа пред албанската публика, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков. „Недела на македонската ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон остварил работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство. На средбата, соопштија денеска од Министерството за транспорт, се разговарало за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции. Николоски ги истакнал плановите на Владата за развој и модернизација на ...
Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово, како дел од кампањата „Заедно знаеме повеќе“ во насока на подготовки за локалите избори. Од Движењето ЗНАМ соопштија дека целта е раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните и да се слушнат нивните предлози, сугестии и ...
Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС. Тандемот Заев Филипче треба да и каже на јавноста од каде им се милионските трансакции кон Дубаи ...
Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари посочи дека една пациентка ќе се врати утре, пациентите се во стабилна состојба, а останатите од 193 се лекуваат во домашни услови. - Сега се потешките случаи 43. Се надевам дека ќе им обезбедиме најдобра можна рехабилитација којашто ќе биде некои месец-два. Кај околу 40 пациенти тоа ќе трае шест месеци ...
Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантски возила за болниците во државата, планот треба да помине на Влада, изјави денеска во Куманово министерот за здравство Арбен Таравари, кој очекува наскоро да почне процедурата. Модерните возила, како што соопшти, ќе се распределат низ болниците во државата, поголемите и онаму каде што има најголем недостаток. - Инаку од 2014-та година, за жал, не се набавени возила мислам од ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Северна Македонија во Њу Џерси. -Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението. Од Министерството за надворешни работи и надворешна ...
Американската професионална кошаркарска лига НБА денеска ги објави имињата на петте играчи номинирани за наградата Карим Абдул Џабар, која се доделува на играчот кој направил најмногу на полето на борбата за социјална правда. Овогодишните финалисти се Бам Адебајо (Мајами Хит), Харисон Барнс (Сан Антонио Спарс), Крис Баучер (Торонто Репторс), Дру Холидеј (Бостон Селтикс) и Си Џеј МекКолум (Њу Орлеанс Пеликанс), а беа избрани од легендарниот ...
Натпреварувачка комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрираше денеска натпреварот меѓу Воска и Вардар од 28. коло во Прва македонска фудбалска лига, со службен резултат од 0:3. Одлуката доаѓа откако прволигашкиот натпревар не го дочека својот крај во саботата кога при резултат 1-1, фудбалерите на Воска го напуштија теренот незадоволни од судиска одлука. Поради напуштањето на теренот, Воска е предадена на Дисциплинската ...
Во источно Сараево владее тензична атмосфера. Агентите на Државната агенција за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (SIPA) все обиделе да го уапсат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но биле спречени во намерата од припадниците на полицијата на Република Српска. Инспекторите на SIPA се обидeле да го приведат Додик додека престојувал во владината канцеларија на Република Српска во Источно Сараево, но се повлекле кога им се испречиле ...
Европа мора да престане да биде геополитички адолесцент каков што е сега и мора да преземе поодговорна улога во полето на одбраната, смета поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. Според него, во Европа постои некоординираност меѓу земјите околу начинот на трошење на средствата одвоени за одбранбени потреби. - Основниот проблем на европската одбрана не е недостигот на инвестиции, туку дисфункционалноста и ...
Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повредите по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“. -Тие „скокнаа од височина во паника“, напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви. Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои ...
Русија ќе биде претставена на погребот на папата Франциск во Рим од министерката за култура Олга Љубимова, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - По одлука на претседателот Владимир Путин, Русија ќе биде претставена од министерката за култура Олга Љубимова, изјави Песков, пренесува ТАСС. На церемонијата в сабота се очекува присуство на голем број светски лидери, но Москва веќе потврди дека претседателот Путин нема да биде меѓу ...
Русија е подготвена веднаш да ја заврши војната доколку Киев ја повлече својата војска од Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон — украински територии кои Москва ги смета за составен дел од својата територија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за францускиот венсик „Ле Поинт“. -Сите четири региони се вклучени во нашиот устав како неотуѓиви делови на Русија, изјави Песков. Тој, исто така, истакна дека американскиот претседател ...
Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение за 44-годишен скопјанец кој се сомничи за демнење, односно поради тоа што ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави повторен контакт со неа. -Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули ...
Доколку Мицкоски одлучи да го отстрани Таравари од Владата, тие како Алијанса за албанците веднаш ќе го напуштат владиното мнозинство. Комуникација со ДУИ има, но се уште стојат на ставот дека ќе одат со самостојни советнички листи на локалните избори. Но доколку е во интерес на партијата да одат со ДУИ, иако претходно изјавуваа дека Демократската унија за интеграција е рак рана на општеството, не ја исклучуваат можноста за соработка на ...