
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Американската сојузна држава Калифорнија се искачи на четврто место на глобалната ранг-листа според номинален бруто-домашен производ (БДП) и ја надмина Јапонија, соопшти администрацијата на гувернерот Гевин Њусом. Според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Бирото за економска анализа на САД, БДП на Калифорнија достигнал 4,1 трилиони долари, што е повеќе од јапонските 4,02 трилиони. Со тоа, американската сојузна држава се ...
Федералната канцеларија за миграции и бегалци на Германија соопшти дека изминатите недели 464 Сиријци се согласиле да се вратат во татковината, а за возврат ќе добијат одредена сума евра. Според програмата на возрасните, кои ќе се вратат во Сирија, ќе им бидат исплатени по 1.000 евра, на малолетните лица по 500 евра. Предвидени се и 200 евра за возрасните лица за пат, а на децата им следуваат по 500 евра, како и до 2.000 евра за лекување, ...
Директорот на ТИРЗ-зоните во Македонија Гоце Димовски со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска беше во посета на ТИРЗ- зоната кај Прилеп. Тој при увидот на работењето на компаниите во зоната најави проширување и можност за нови инвестиции. -Целта на оваа посета е да имаме поотворен, поискрен и поблизок пристап до компаниите за изнаоѓање решение за нивните секојдневни предизвици. Како Влада настојуваме да најдеме решение ...
Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз поради повреда нема да игра на Мастерсот во Мадрид, објави „Marca“. Се очекува 22-годишниот Шпанец да ја соопшти својата одлука денес на прес-конференција. На 20 април Алкараз загуби од Данецот Холгер Руне во финалето на турнирот во Барселона (6:7 (6:8), 2:6). Во текот на натпреварот тој го повреди бутниот мускул на десната нога. Турнирот во Мадрид ќе се игра до 4 мај. Алкараз го освои Мастерсот во 2022 и 2023 ...
Донесов одлука за суспендирање на сите исплати на буџетски средства за финансирање на партиите СНСД и Обединета Српска, изјави денеска високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит. Тој додаде дека сите буџетски средства за финансирање на овие партии на сите нивоа на власт во БиХ ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на БиХ. „Оваа одлука ги поддржува напорите на институциите на БиХ да се ...
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска во Источно Сараево праша - како е можно со одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит да се блокираат средствата од буџетот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и Обединета Српска. „Дали тоа е демократија? На која основа го прават ова? изјави Додик. Како што пренесе бањалучкиот весник „Независне новине“, тој наведе дека поради санкциите што претходно му ги воведе САД, ...
Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон и поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор на денешното отворање на дводневната конференција Пријатели на Западен Балкан во Љубљана, ја истакнаа важноста од проширувањето на Европската унија (ЕУ) кон земјите од Западен Балкан. Фајон посочи дека проширувањето на ЕУ е геополитичка нужност, додека Пахор предупреди дека се влошува ситуацијата во регионот. - Ако сакаме да го забрзаме процесот ...
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј. Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро. „Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за ...
Европската Унија во февруари годинава оствари 23,0 милијарди евра суфицит во трговската размена на стоки со остатокот на светот, што претставува зголемување за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани, кога трговскиот суфицит изнесуваше 21,8 милијарди евра. Во јануари 2025 година ЕУ имаше трговски дефицит од 5,6 милијарди евра. Како што соопшти Европската статистичка служба - Евростат, во вториот месец од 2025 година ЕУ извезла стоки во ...
Секоја трета жена во Јужна Кореја барем еднаш во животот доживеала физичко или сексуално насилство, според владиното истражување објавено денеска. Министерството за родова рамноправност соопшти дека во истражувањето од септември до ноември минатата година учествувале 7.027 жени низ целата земја и дека покажало дека 36,1 отсто од жените барем еднаш во животот доживеале насилство. Тоа е зголемување за 0,9 процентни поени во однос на ...
Поранешен руски командант кој го критикуваше военото раководство на Москва во Украина е осуден на пет години затвор откако воениот суд го прогласи за виновен за измама од големи размери, пренесоа руските новински агенции. Иван Попов, поранешен генерал-мајор на руската 58-ма копнена армија, дел од јужниот сектор на армијата, беше прогласен за виновен за кражба на метални производи наменети за изградба на тврдини долж украинскиот фронт вредни ...
Чешкиот премиер Петр Фијала, по рускиот напад на Киев, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не сака мир и го предупреди Западот дека единствениот пат за мир во Европа е преку силна воена помош за Украина. „Додека Украина го прифати американскиот предлог за прекин на огнот на почетокот на април, Русија денеска повторно ги нападна украинските градови, цивили и деца. Путин никогаш не сакаше мир, единствениот начин за мир во Европа е ...
Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенжу-20“ со три лица до својата вселенска станица „Тијангонг“, во шестмесечна мисија. Вселенскиот брод полета со ракета-носач „Лонг марч 2-Ф“, од центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападна Кина. Според тамошните медиуми, лансирањето било успешно. Кинеските астронаути Чен Донг (командант), Чен Жонгжу и Ванг Жи се дел од мисијата. Во следниов престој во Земјината Орбита, „Шенжу-20“ ...
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска во Охрид имаше работна средба со градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата на која присуствува уште и стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, било разговарано за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на ...
Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје денеска беа одбележани 82 години од Јом Хашоа - национален комеморативен ден во Израел посветен на херојството на заробениците во Варшавското гето кои се побуниле против нацистичкиот терор кревајќи востание во април 1943. Беше отворена и изложба на ликовни дела од ученици од основни училишта која се организира по 12-ти пат по повод овој ден. Пораки дека холокаустот е лекција што не смее да ја ...
„Ставот наш околу минималната плата е многу јасен и не се темели на никакви импровизации. Ние моравме како Влада, а на предлог на министерството за економија и труд да донесеме минимална вредност на минималната плата, по закон. И врз основа на тој закон луѓето од министерствата ја пресметаа и таа се усвои таква кава што е. Значи моменталната состојба на минималната плата е согласно закон кој што го договорил истиот овој Синдикат кога бил ...
СДС распаднат мисли дека сите се како нив. СДС го гледа неговиот распаднат партиски систем и тоа сака да го најде кај другите. СДС има проблем сам со себе, затоа што се доведени до партија со членство од 22 илјади граѓани. Ако некој во државата се распаѓа, токму тоа е СДС на чело со Венко Филипче, за кого не гласаа дури ни тие малку членови кои им останаа. Дополнителен товар кој СДС го влече на дното и кон целосно распаѓање, се токму целото ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратеничко прашање на седница вели дека главен приоритет и фокус на Владата е подобар и поквалитетен животен стандард на граѓаните. „Апсолутно дека наш главен приоритет е стандардот на граѓаните и главен фокус на работењето на оваа Влада е да имаме подобар стандард и услови за живеење на нашите сограѓани“, рече тој. Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од порано кога ...
-Наш прв приоритет како Влада и мој личен е борбата против корупцијата и организираниот криминал. Мислам дека во изминативе нецели 10 месеци, откако сме избрани како влада, тоа го покажавме. Опозицијата погодена од тоа што обвинителството води истрага против одредени нивни функционери од минатото, сега се обидува тоа да го пренасочи кон власта и да го брендира како селективна борба со криминалот и корупцијата, тоа е нивно право, изјави ...
- Реал Мадрид е заинтересиран за ангажман на тренерот на Баер, Чаби Алонсо. Доколку Карло Анчелоти неуспешно ја заврши сезоната, би можел да го напушти мадридскиот клуб пред почетокот на Светското клупско првенство. Според „El Partidazo de COPE“, Реал Мадрид ќе плати осум милиони евра за да го ангажира шпанскиот стручњак ова лето. По 33 кола, Реал Мадрид е на второто место во поредокот во Ла Лига, со четири бода помалку од лидерот Барселона. Во ...
Тренерот на Милан, Серхио Консеисао побара да се создава еуфорија по победата над Интер синоќа (3:0) во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. - Имавме тешки моменти во првите неколку минути, но успеавме да постигнеме гол пред паузата. На полувреме подобривме некои работи и потоа навистина одигравме на високо ниво. Тимот има силни квалитети, како и скромност и желба за победа на секој натпревар. Јас сум љубител на овој спорт и се грижам за ...
– Сообраќајот и транспортот во иднина ќе се заснова врз поголема искористеност на т.н. „чиста енергија“ односно пред се на струја и водород. Решенијата во транспортот мора да се бараат и во подобрена инфраструктура, доколку интенција е да се постигнат одрживи решенија, како на локално така и на национално ниво. Тоа беше посочено на дводневната Меѓународна конференција „Green Urban Transport Solutions“ што од денеска се одржува во Охрид. На ...
Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето. Од УХМР најавуваат дека денеска во попладневните часови ќе ...
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, синоќа во 21:20 часот го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово. Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени ...
Во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 865 платни налози. МВР денеска соопшти дека меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 213, потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената 117, ...
Околу 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда одигран пред осум дена на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Според извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, откако ќе заврши процедурата парите преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени кај семејствата од настраданите од големиот пожар во Кочани. Првиот оперативец на најторфејнито македонски фудбалски клуб искажа благодарност за гостите од ...
Тренерот на Лидс, Даниел Фарке би можел да го напушти клубот, пишува „Дејли Мејл“. Според британскиот медиум, раководството на клубот не е сигурно дека 48-годишниот Германец ќе успее да избори опстанок со тимот во Премиер лигата следната сезона. На 21 април, Лидс избори промоција од Чемпионшип во Премиер лигата. По 44 кола, тимот води во поредокот со 94 бодови. Фарке е на чело на Лидс од летото 2023. Претходно ги водеше Норвич и Борусија ...
Американската компанија за обезбедување на интернет услуги Старлинк е подготвена да влезе и на пазарот во Босна и Херцеговина, потврди денеска министерот за транспорт и врски на таа земја, Един Форто, по средбата со претставници на компанијата одржана во САД. Форто доби потврда за плановите за проширување на Старлинк на Балканот за време на состанокот со Ребека Хантер, директорката на Старлинк за нов влез на пазарот, и со Пракул Капур, менаџер ...
Политичките партии од бошњачкиот граѓански блок во владејачката коалиција во БиХ во четвртокот ги повикаа службите за државна безбедност и судството да реагираат решително откако припадниците на полицијата на Република Српска го спречија апсењето на Милорад Додик, шефот на тој ентитет, по кој беше распишана потерница, еден ден претходно. Во средата вечерта, тројца инспектори од Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) пристигнале во ...