Англискиот фудбалски првак Арсенал објави денеска дека ја активирал откупната клаузула во договорот на еквадорскиот репрезентативен дефанзивец Пјеро Хинкапи со германскиот прволигаш Баер Леверкузен. Вредноста на трансферот изнесува 52 милиони евра. Во својата прва сезона во Арсенал, еквадорскиот репрезентативец одигра 39 натпревари и беше дел од тимот на Микел Артета кој ја освои Премиер лигата. Баер Леверкузен потврди дека 24-годишниот ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби понудата од Ал-Хилал, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Како што забележува Романо, саудискиот клуб бил подготвен да им плати на „црвените ѓаволи“ 118 милиони евра за трансферот на 30-годишниот играч и на Португалецот му понудил речиси три пати поголема плата од онаа што моментално ја добива во Манчестер јунајтед. Сепак, Фернандеш сакаше да остане во Европа. ...

Вториот ден од 65. издание на Струшки вечери на поезијата носи богата програма исполнета со поетски читања, книжевни промоции, авторски портрети и меѓународни средби. Програмата започнува со поетско читање на авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, по што ќе следува портрет на минатогодишната добитничка на признанието, Јулијана Величковска. Во рамките на денешната агенда се и промоциите на ...

Од 10 до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на Кичево Филм Фестивал 2026, настан што ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо. Фестивалската програма, како што информираат од Кичево Филм Фестивал, опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, DJ настапи и аудиовизуелни перформанси. Пред почетокот ќе се одржи Pre ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа концерт на младите и талентирани уметници, виолинистот Александар Војнески и пијанистот Арда Мустафаоглу, кои на публиката ѝ приредија вечер исполнета со врвна музичка изведба, емоција и уметничка зрелост. Пред почетокот на концертот, присутните ги поздравија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и македонскиот амбасадор во ...

Струшките вечери на поезијата се признат фестивал со македонски идентитет и тоа треба еднаш засекогаш да ви биде јасно. Стандардна практика е да се преведува на светските јазици, затоа што таму не ни доаѓаат само од одредени места, туку од сите страни на светот, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која праша зошто албанскиот јазик отсуствува од промотивните материјали на ...

Британскиот совет официјално ја започна рундата за 2026 година од својата водечка програма за грантови, „Врски преку културата“ (ВПК). Иницијативата, како што информираат од Британскиот совет, е создадена да обезбеди почетно финансирање за билатерални креативна соработка, интеркултурна размена и долгорочни институционални партнерства помеѓу креативните професионалци од Обединетото Кралство и 35 земји учеснички ширум светот, вклучувајќи ја и ...

Добитник на стипендијата „Фросина Кулакова“ за 2026 година е Ален Милковски од Куманово. Стипендијата е основана во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, со цел нејзината љубов кон уметноста, креативноста и убавината да продолжи да живее преку поддршка на нови генерации талентирани млади автори, информираат од Фондацијата „Фросина Кулакова“. -Во творештвото на Ален Милковски, Комисијата препозна искреност, зрелост и длабока ...

Со богата музичка и винска програма, вечерва на Кеј Македонија започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival, кое ќе трае до 27 јуни. Како што соопштуваат организаторите „Фестивали.мк“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапи на повеќе домашни музички имиња, меѓу кои Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа и Куку Леле. Првата вечер е резервирана за настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. Утре ...

Во изминатите два дена се изведуваа градежни работи на патниот правец од браната „Градче“ кон селото Јастребник, при што беше поставен бетон на најоштетениот дел од земјениот пат, каде што беше загрозена безбедноста во сообраќајот. Поради ова, на релацијата кон селото Јастребник сообраќајот времено беше прекинат. Патниот правец од браната „Градче“ до село Јастребник, што најмногу го користи месното население, како и рекреативците и ...

Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните. На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на сите генерации. Паркот ќе располага со богато хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски ...

Италијанскиот мотоциклист и двократен светски првак во МотоГП класата, Франческо Бањаја, ќе го напушти Дукати на крајот од сезоната, потврди денеска италијанскиот тим. Бањаја го напушта Дукати по осум сезони, во кои двапати го освои шампионатот во Мото ГП. Италијанецот забележа 31 победа, најмногу од кој било друг мотоциклист во историјата на Дукати, како и 62 подиуми и 28 пол позиции. Во актуелната сезона, Бањаја во моментов е на седмото ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (ВТА-223) забележа победа во второто коло од квалификациите на Вимблдон, совладувајќи ја вечерва Франциска Жорге од Португалија со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1) за 2 часа и 23 минути игра. Ѓорческа до триумфот дојде со пресврт во вториот и во третиот сет, доминирајќи на теренот број 10 и направи серија од 12:3 во гемови. По загубениот сет, Ѓорческа почна порешително во вториот сет и со два брејка поведе со ...

Швајцарија вечерва ја победи Канада со 2-1, а Босна и Херцеговина триумфираше над Катар со 3-1 во последното коло од Групата Б на Светското првенство. Швајцарија и Канада обезбедија директен пласман во шеснаесетфиналето, додека Босна и Херцеговина, како третопласирана репрезентација, има реални шанси да стигне до нокаут фазата. На дуелот во Сиетл, репрезентацијата на БиХ имаше водство од 2-0 со погодокот на Алајбеговиќ во 29 минута и ...

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга ...

Како дел од проектот за поддршка на родителите, јапонскиот Институт за аудиокомуникација при лабораториите „Чиба“, кој се занимава со анализа на аудиоснимки за потребите на судските постапки, создаде специјална музика што им помага на бебињата полесно да заспијат. „Институтот ја започна оваа иницијатива откако во текот на својата работа со судовите се соочи со случаи на злоупотреба на деца, поврзани со стрес, депресија и нервни сломови кај ...

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, го сподели своето мислење за „неочекуваната“ промена на претстојното Гран при во Австрија. Монтоја очекува напредок од Ред Бул. Тој верува дека пилотите на Ред Бул се способни да напредуваат и да се борат за победи благодарение на ажурирањето на болидот. Се очекува болидите на Ред Бул да ја достигнат минималната законска тежина. – Каков ќе биде следниот неочекуван пресврт на настаните? ...

По неуспешниот обид на Бостон да го вклучи Џејлен Браун во размената на Јанис Антетокумпо, Селтикс почнаа да разгледуваат можни понуди за еден од нивните водечки играчи, објави инсајдерот Шамс Чаранија. – Од синоќа, Селтиксите се отворени да слушнат од заинтересирани тимови и понуди за Џејлен Браун. Не би рекол дека активно бараат размена во моментов, но се отворени за дијалог. Неколку тимови веќе почнаа да контактираат и да разговараат со ...

Фудбалерот на Манчестер Сити, Џереми Доку, се врати во кампот на белгиската репрезентација за Светското првенство, откако привремено отпатува во Англија за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Доку денеска се врати во базата на Белгија во Сиетл, пропуштајќи го ремито без голови против со Иран за да присуствува на раѓањето на својот син, Прајз. Белгиската фудбалска асоцијација соопшти дека Доку отпатувал во Лондон со одобрение на ...

Бразилецот Роналдињо се врати на фудбалот на 46-годишна возраст и ќе настапува за италијанскиот третолигаш Равена, а договорот беше потпишан на голема церемонија одржана во Мајами. „Се враќам на фудбалот со истата насмевка. Едвај чекам повторно да играм фудбал и сакам да напишам нова, прекрасна приказна со Равена. Фудбалот отсекогаш ми носел среќа и радост, и нека таа магична приказна повторно се појави во Равена“, рече Роналдињо по повод ...

Освојувачот на македонскиот Куп, Силекс, ги засили денеска своите редови со босанските напаѓачи Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ. Дваесетиседумгодишниот Шеро настапува на крилните позиции во нападот, а во редовите на прволигашот од Кратово доаѓа Челик Зеница. Неговиот сонародник, 24-годишниот централен напаѓач Хасукиќ во Силекс доаѓа од ГОШК Габела. Двајцата фудбалери веќе се приклучија на тимот и ги одработуваат подготовките во Охрид, соопшти ...

Ганскиот врач објави денеска дека ја повлекол клетвата од Хари Кејн, откако капитенот на англиската фудбалска репрезентација не успеа да постигне гол во ремито без голови вчера против Гана на Светското првенство. Нана Кваку Бонсам, кој себеси се опишува како спиритуалист, пред натпреварот на Англија со Гана во Групата Л изјави дека ќе фрли клетва за да го спречи Кејн да постигне гол. „Сега ќе го ослободам Хари Кејн за да може да постигне гол ...

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен ...

На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општините Свети Николе и Лозово – село Делисинци и село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во ...

Ансамблот на НУ Народен театар Битола ги заврши подготовките за премиерна изведба на претставата „Госпоѓа Бовари“ од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски. Според режисерот Пројковски „Госпоѓа Бовари“ со себе носи вечни теми и прашања и е еден вид женски Хамлет. – Во претставата, женската индивидуа се спротивставува на системот, односно на општествените и моралните вредности, на рамките кои ги созадаваме и кои се дел од сите нејзини ...

Поезијата е еден вид храна за душата, релевантно нешто во комуникацијата на она ниво на кое што нема условеност. Суштината на поезијата е во живиот однос кон јазикот и во играта со зборовите што машините не можат да го заменат, истакна на денешната прес-конференција во Струга добитничката на „Златниот венец“ на 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга. Изрази задоволство за укажаното внимание да се ...

Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена кај својата мајка срна. Хуманите акции и активности на вработените од ...

Уништени се две хемиски гранати со боен отров во текот на вчерашниот ден на армискиот полигон Криволак, соопштија на денешната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата. Двајцата укажаа дека евентуалната нивна експлозија во неконтролирани услови може да предизвика штетни па дури и фатални последици по здравјето на луѓето кои би се нашле во нивната ...

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот води, министерот ја истакнал изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки инфраструктурен проект во државата, поддржан од Европската ...

Општина Кочани ја заврши реконструкцијата на улицата Бел камен, со што значително се подобри инфраструктурата во овој дел од градот. -Во рамки на зафатот, целосно е реконструирана улицата со должина од 280 метри и ширина од шест метри. Изведени се асфалтни слоеви во дебелина од 7+5 см, односно вкупно 12 см нов асфалт, со што е обезбедена квалитетна и долготрајна коловозна конструкција, соопштува локалната самоуправа. Во проектот, според ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
47%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
56%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
52%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.5
75%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
48%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
45%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
5.36
52%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

1994.05

Бакар

13.51

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Кобалт

56.29