Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Уругвај ноќеска загуби од Шпанија со 1:0 во третиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Алекс Баена го постигна единствениот гол во 42. минута по грешка на уругвајскиот голман Фернандо Муслера. Уругвајскиот играч од средниот ред Агустин Канобио беше исклучен во 90+5 минути. Овој пораз значи елиминација за Уругвајците. За разлика од нив историски пласман во плејофот изборија репрезентативците на Зелено’ртските ...
Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше домаќин на значајна културна вечер посветена на творештвото на браќата Манаки – пионерите на балканската фотографија и кинематографија, чие дело претставува едно од највредните сведоштва за културниот, општествениот и историскиот живот на почетокот на XX век. Настанот, реализиран во соработка со Националната установа Центар за култура – Битола и Културно-информативниот центар – Битола, ...
Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран што ја зафати Европа, предупредија експертите од швајцарската служба за мониторинг на глечерите ГЛАМОС. Според податоците на ГЛАМОС, се очекува сезонскиот снег и мраз, наталожени во текот на зимата, целосно да се стопат до понеделник, што би претставувало втор најран „ден на губење на глечерите“ откако се водат мерења. Експертите предупредуваат дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“. На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен на работната маса, ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше најбрз во квалификациите за Гран при на Австрија. Британецот попладнево во Спилберг ја освои четврта пол-позиција во сезоната и 11. во неговата кариера. Расел претходно победи во квалификациските рунди за Гран При на Австралија, Канада и Гран При на Барселона-Каталонија. Сезонава тој ја искористи пол-позицијата за да стигне до победата само на трката во Мелбурн. Мерцедес ги освои сите осум пол позиции ...
Меѓународната тениска федерација, организацијата која го управува тенисот на глобално ниво од 1913 година, стана Светски тенис и ја објави својата визија за долгорочен одржлив раст на спортот низ целиот свет. Трансформацијата во Светски тенис означува почеток на нова ера за организацијата. Во срцето на својата амбиција за идниот успех на еден од најпопуларните спортови во светот, Светскиот тенис се обврзува да отклучи „свет на можности“ за ...
Квалификациите на „Меседониан опен 2026“ (Macedonian Open 2026) турнир М25 Скопје стартуваат утре (недела), а во „костурот“ од квалификациите се најдоа 14 македонски тенисери во најголемиот дел младинци. Според ждрепката во првото квалификациско коло ќе има и три македонски „пресметки“: Дарко Колевски – Горјан Вукичевиќ, Матеј Попов – Алексеј Стојановски, Ерион Незири – Максим Тренески. Другите македонски тенисери за ривали ги имаат следните ...
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се осврна на победата со 1:0 ноќеска над Уругвај во третото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Чувствувам огромна радост. Овој тим беше извонреден. Нашиот тим беше неверојатен. Нашите напори нè доведоа до врвот на групата. Патот е долг. Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол. Можеме да го развиваме нашиот фудбал на многу начини, изјави селекторот по ...
На Светското фудбалско првенство 2026 што се одржува во САД, Канада и Мексико познати се 22 од 32 репрезентации кои ќе играат во плејофот. Девет од 16-те двојки за првата плејоф рунда веќе се одредени: Германија – Парагвај Франција – Шведска Јужна Африка – Канада Холандија – Мароко САД – Босна и Херцеговина Бразил – Јапонија Брегот на Слоновата Коска – Норвешка Аргентина – Зелено’ртски Острови Австралија – Египет. Шпанија, Белгија, Мексико и ...
Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, постави рекорд во репрезентацијата за најмногу настапи на Светските првенства. Денес, Куртоа играше против Нов Зеланд (5:1) во третото коло од групната фаза. Ова беше 18. настап на Светските првенства за 34-годишниот голман. Овој резултат го става Куртоа пред Енцо Шифо, кој играше за Белгија од 1984 до 1998 година. Куртоа го имаше своето меѓународно деби во 2011 година. Оттогаш, тој учествуваше на четири ...
Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, емотивно говореше за елиминацијата на неговата репрезентација од Светското првенство 2026. Уругвај ноќеска загуби со 0:1 од Шпанија во натпреварот од третото коло по групи. Пред тоа, Уругвај ремизираше 1:1 со Саудиска Арабија и 2:2 со Зелено’ртски Острови. Со два бода, Јужноамериканците завршија на третото место во Групата Х и ја загубија шансата да продолжат во нокаут фазата. – Факт ...
Фудбалерот од средниот ред Мајкл Олисе е прогласен за најдобар играч на Баерн Минхен за сезоната 2025/26. Во гласањето на навивачите, 24-годишниот Французин доби 51,4 проценти од гласовите. Напаѓачот Хари Кејн беше втор со 32 проценти, додека напаѓачот Луис Дијаз заврши трет со четири проценти. Минатата сезона, Олисе одигра 52 натпревара во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 31 асистенција. Со клубот од Минхен, Олисе ја освои ...
Голманот на уругвајската репрезентација, Фернандо Муслера, им се извини на навивачите на репрезентацијата за својот настап на Светското првенство во 2026 година. Претходно, селекторот на репрезентацијата, Марсело Биелса, откри дека самиот Муслера побарал да биде заменет на полувремето во поразот (0:1) со Шпанија во третото коло од групната фаза. Шпанците до победата дојдоа по киксот на Муслера. – Никогаш не сум се криел и секогаш сум бил ...
Најдобриот фудбалер на египетската репрезентација, Мохамед Салах, се повреди на натпреварот против Иран во 3. коло на Светското првенство во 2026 година против Иран (1:1). Триесет и четиригодишниот поранешен играч на Ливерпул беше заменет во 57. минута. Техничкиот директор на египетската репрезентација, Хосам Хасан, потврди дека капитенот Салах се пожалил на болки во тетивата за време на натпреварот против Иран, што довело до негова замена во ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, коментираше на неколку теми поврзани со играчите на „Лос Бланкос“. Мурињо ги негираше гласините за продажба на играчи на Реал. – Прочитав неколку статии каде што луѓето велеа: „Жозе Мурињо доаѓа тука и ќе се ослободи од неколку врвни играчи затоа што наводно имале некои проблеми во текот на сезоната. Не е точно. Ми требаат тие играчи. Ми требаат најдобрите играчи. Сега морам да најдам начин да изградам ...
Шпанската репрезентација може да остане без крилните играчи Нико Вилијамс и Јереми Пино до крајот на Светското фудбалско првенство 2026, објави „AS“. Според шпанскиот спортски портал, двајцата играчи се повредиле во победата со 1:0 над Уругвај ноќеска во третото коло од групната фаза и нема да можат повторно да играат на Светското првенство 2026. Според прописите на ФИФА, замените на играчите се дозволени само во рок од 24 часа од првиот ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога е ...
Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници. ...
Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. -Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само ...
Во просториите на Јуроп Хаус во Битола, вчера се одржа завршната конференција на проектот на Европската Унија „NO1BEHIND“ („Никој зад“), чија цел е да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот и да промовира активен начин на живот како основа за порамноправно и инклузивно општество. Координатор на проектот е Гордана Цветковска Бошевска од Центарот за активни млади – Битола во партнерство со организации кои работат со ...
Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата ...
По потпишувањето на Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија реагираше дебарскиот градоначалник Фисник Меља, оценувајќи го како еден од најзначајните моменти за Дебар и целиот пограничен регион. -За Дебар и целиот регион ова не е само административен договор. Ова е инвестиција во економскиот развој, туризмот, трговијата и во зајакнувањето на врските меѓу ...
Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница. – Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од ...
Општина Кисела Вода најави богатата викенд-програма во рамки на овогодишното „Културно лето“. – Вечерва претстои голем музички настан во паркот пред салата „Расадник“, неделното претпладне е резервирано за најмладите преку манифестацијата „Семеен ден“, а викендот ќе биде заокружен со уште една голема забава утревечер. Програмата вечерва започнува во 20 часот во паркот пред сaлата „Расадник“, каде загревањето на атмосферата е доверено на ДЈ ...
Француската фудбалска репрезентација го освои првото место во Групата И на Светското првенство со максимални девет бодови, откако вечерва ја победи Норвешка со 4-1 (3-1) во Бостон, додека Сенегал заврши третопласиран во групата со победа од 5-0 (1-0) против Ирак во Торонто. Откако освоија максимални шест бодови во првите две кола и го обезбедија пласманот во нокаут фазата, Франција и Норвешка во меѓусебен дуел одлучуваа за победникот во ...
Почна изградбата на нов мост на реката Брегалница кај Бања Кежовица во Штип, кој е дел од новата обиколница што ги поврзува штипските населби Пребег и Железничка со викенд населбата Плуждино. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за капитална инвестиција на Општината во вредност од нешто повеќе од еден милион евра. Јорданов изјави дека проектот ќе овозможи подобро сообраќајно ...
До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“. Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село ...
Обожавателите на серијалот филмови за Џејмс Бонд наскоро ќе го дознаат наследникот на Даниел Крејг во улогата на култниот шпион. Продуцентите и режисерот Денис Вилнев почнаа да ги известуваат глумците кои се пласирале во следната рунда аудиции, којашто ќе се одржи подоцна ова лето. Иако имињата сè уште не се потврдени, аудициите се закажани за август, потврди „Дедлајн (Deadline)“. Изворите говорат дека Вилнев лично ги контактира кандидатите ...
Американската дизајнерка на накит, Инес де Рамон е во одлични односи со семејството на Бред Пит. Имено, пријател близок до нив вели дека Инес веќе „се смета за член на семејството, а не за нова девојка“ на Бред, пренесува „Пејџ сикс (Page Six)“. „Тие апсолутно ја обожаваат и ја пречекале со раширени раце од самиот почеток. Во овој миг, ја сметаат за член на семејството – за една од нивните… Разговорот со неа е многу лесен. Ќе седи, се смее и ...
Легендарната рок група Ролинг стоунс се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). – Мик Џегер никогаш нема да престане да создава нова музика, изјави Кит Ричардс, посочувајќи дека токму неговата креативна енергија и извонредна продуктивност се главните причини поради кои новиот албум бил завршен за толку кратко време. На новиот албум ќе гостуваат голем број познати музичари, меѓу кои Пол Макартни, ...