Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Оваа година, „Мерцедес-Бенц“ слави 100 години од основањето на брендот. Можеби еден од најпрепознатливите автомобилски симболи во светот е создаден по основањето на „Дајмлер-Бенц АГ (Daimler-Benz AG)“ на 28. и 29 јуни 1926 година. Важен миг во создавањето на идентитетот на брендот се случи и на 21 август 1926, кога беше регистриран заштитен знак што ги спои двете компании. Овој амблем сè уште се користи на возилата на „Мерцедес-Бенц“ денес и ...
Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви. Ивановски го елиминираше третиот носител Хавиер Баранко Косано откако на идентичен начин (ист резултат) како вчера со 2-0 во сетови (76(4) 75) го победи ривалот. Единствената разлика беше што во денешниот меч имаше по еден брејк во првиот ...
По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон и трите победи во квалификациите македонската тенисерка денеска ја доби ривалката. Таа во првата рунда ќе игра против Американката Аманда Анисимова. Американката лани беше финалистка на Вимблдон, но убедливо беше поразена од Ига Швјонтек од Полска со 2-0 во сетови (60 60). Притоа Анисимова лани беше финалистка и на УС опен. Противничката на Ѓорческа е рангирана како шеста ...
Управниот одбор на кошаркарската Евролига денеска им додели едногодишни специјални покани на Бешикташ и Париз за учество во претстојната сезона во најелитното европско клупско натпреварување. На состанокот на Управниот одбор беше одлучено дека оваа сезона ќе се натпреваруваат 20 екипи, идентично како и во претходните сезони. Во новата сезона нема да учествува Монако, кој е заменет со Бешикташ, додека Париз го задржа својот статус. Како што е ...
Репрезентацијата на Турција е единствената досега на Светското првенство што и покрај победа го завршија настапот. Во дуелот од 3.коло го совладаа домаќинот САД со 3:2. Очигледно дека беше многу тешка недела за сите нас, а некои потрошија можеби малку повеќе ментална енергија. Можам да кажам дека сум пресреќен за момците, кои покажаа дека имаат срце. Без упорност и срце, сигурно немаше да успееме да го победиме противникот. Затоа, среќен сум ...
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за национален празник откако фудбалската репрезентација на оваа јужноамериканска држава ја победи Германија со 2-1 во четвртокот и се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Благодарност до играчите и селекторот, кои, и покрај критиките, навредите и тешките моменти, успеаја да се опорават и да се пласираат понатаму. Ова донесе радост за ...
Италијанскиот фудбалски гигант Милан го назначи денеска Масимо Калвели за нов извршен директор со задача да „ја врати победничката култура“, јавија денеска светските агенции. Педесетиедногодишниот Калвели доаѓа на местото на Џорџо Фурлани, кој беше отпуштен од американскиот сопственик РедБирд Капитал Партнерс минатиот месец по неуспешната сезона во која Милан не успеа да избори пласман во Лигата на шампиони. „Мандатот е јасен – ние играме за ...
Премиерлигашот Њукасл ја отфрли понудата на англискиот првак Арсенал за бразилскиот фудбалер од средниот ред Бруно Гимараеш, објави денеска весникот „О Глобо“. Лондонскиот клуб понудил 64 милиони евра за 28-годишниот Бразилец. Арсенал планира да достави нова понуда. Гимараеш е во Њукасл од летото 2022 година. Минатата сезона Бразилецот одигра 41 натпревар во дресот на англискиот клуб, постигна девет гола и имаше осум асистенции. Гимараеш, кој ...
Водата за пиење на скопската територија е безбедна и со добар квалитет, покажале денешните анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што информираа попладнево од јавното претпријатие, од страна на секторот Санитарна контрола во текот на денов биле земени 39 примероци од водоводната мрежа на градот Скопје. Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка ...
Збирката „Во куќата“ од Николина Андова Шопова е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Според образложението на жири-комисијата, станува збор за мала поетска книшка компонирана во два поетски циклуса и своевидна епилошка песна. Вонредно талентиран поетски испис на сериозен и зрел автор. – Првиот циклус во колибата ја ...
Три децении по својот прв концерт, „Фолтин“ ја најавува најобемната јубилејна програма во својата историја. Под наслов „Фолтин 30 – три децении музичка слобода и жива врска со публиката“, текот на 2026 година ќе бидат реализирани повеќе концертни, издавачки и мултимедијални активности што го одбележуваат патувањето на еден од најавтентичните музички состави на овие простори. Со голем јубилеен концерт на Хераклеа во август 2026 ќе биде ...
Министерството за култура и туризам ги отфрли како неточни и тенденциозни наводите изнесени во соопштението на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), оценувајќи дека тврдењата оти повеќе од една година не се воделе преговори со синдикатите не одговараат на фактите. – Најпрво, неточно е тврдењето дека Министерството повеќе од една година не седнало на преговарачка маса со претставниците на синдикатите. Потсетуваме дека пред ...
На туристичкиот локалитет Пониква денеска се одржува собир на љубителите на Volkswagen олдтајмерите. Посетителите имаат можност одблиску да ги разгледаат легендарните „Буби“, T2 Комбиња и други безвременски модели кои оставиле силен белег во автомобилската историја. Настанот нуди можност за дружење, фотографирање и размена на искуства меѓу сопствениците и љубителите на класичните возила, во прекрасниот планински амбиент на Пониква, на 1.650 ...
Првата вечер од Ohrid Wine Festival Vol. 5 помина со голема посетеност, одлична атмосфера и бројна публика на Кеј Македонија во Охрид. Настанот, кој започна вчера и ќе трае до 27 јуни, уште од првата вечер го привлече вниманието на охриѓани, туристите и посетителите кои уживаа во македонско вино, музика, гастро понуда и летно дружење покрај езерото. Кеј Македонија беше исполнет со посетители кои имаа можност да дегустираат исклучиво ...
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас оствари работни средби со раководството на општина Гостивар. Негови домаќини беа претседавачот на општинскиот Совет, Ваљон Џафери, членови на Советот на општината и градоначалникот Ваљбон Лимани. На средбите се разговарало за можностите за користење на европските фондови, тековните предизвици со кои се соочува општината, како и за патот на земјата кон Европската Унија. Градоначалникот ...
Во Кавадарци денеска беше претставен Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изрази задоволство од Оперативниот план за активности и програмата и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. – Една позитивна мерка, добра мерка каде што младите луѓе може да се охрабрат да направат апликација за самовработување. Денешниот настан е за да ги охрабриме младите, да ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“. Таа му упати искрени честитки за постигнатиот успех, потенцирајќи го неговото достоинствено претставување на Македонија на регионалната музичка сцена, информираат од Општината. На средбата било истакнато дека Кисела Вода претставува средина од која произлегуваат бројни ...
Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, вечерва во 20 часот, официјално започнува Културното лето во организација на Општина Кисела Вода. Во следните три фестивалски дена, публиката ќе има можност да ужива во богата програма и настапи на еминентни македонски, но и големи балкански музички ѕвезди. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, свеченото отворање на манифестацијата ќе се ...
Општина Чаир ја промовира новата платформа „Чаир во ритамот на здравјето“, чија прва активност е насочена кон заштита на граѓаните од најавените високи летни температури, преку серија превентивни и здравствени мерки. Како што соопштуват од локалната самоуправа, во рамки на акцијата, општината изврши проверка и санација на сите јавни чешми на својата територија, а на најфреквентните локации ќе бидат поставени дополнителни пунктови со вода за ...
Општина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4. Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри. По тој повод, заменик – ...
Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла. Овие четири екипи се во групата Б. Оваа сезона во Лигата на шампионите настапуваат 24 екипи кои се поделени во шест групи со по четири екипи. А група: Веспрем, Берлин, Порто, Партизан. Б група: Нант, Мелсунген, Висла, ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне до 39 Целзиусови степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Дебатата за возраста кога детето треба да го добие својот прв (паметен) мобилен телефон трае со години. Решение постои, но родителите ретко одлучуваат да го сторат тоа. Родителите честопати не се свесни колку се променил начинот на којшто децата ги користат мобилните телефони. Додека некогаш главно се користеле за повици и пораки, денес на телефонот има цел виртуелен свет. Децата бараат мобилни телефони сè порано и порано, а многу родители ...
Американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Квентин Тарантино и поп ѕвездата Кајли Миног ќе се појават заедно во нов филмски проект. Филмот е во режија на велшкиот режисер Џејми Адамс, но деталите за содржината на филмот засега не се познати. Според првичните информации, во сцените што веќе биле снимани имало и сцени со погреб, како и собир по погребната церемонија. Освен Тарантино и Миног, во проектот ќе се појават и актерите ...
Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град беа забележани ајкули. Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа забележани ајкули. Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема бела ајкула во близина на ...
Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза. Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи. Во првиот „шешир“ се ...
Репрезентацијата на Еквадор направи сензација совладувајќи ја Германија во последното коло од група Е со 2:1, додека на вториот дуел Брегот на Слоновата коска (БСК) го победи Курасао со 2:0. На дуелот во Њујорк, Германија поведе веќе во 2.минута со голот на Лирој Сане. Но, дека се подготвени за изненадување фудбалерите на Еквадор покажаа со изедначувањето во 9.минута преку Нилсон Ангуло. Голот за победа и трето место и можност за пласман во ...
Репрезентацијата на Холандија ја постигна и втората победа на Светското првенство откако ноќеска го совлада Тунис со 3:1, додека во вториот дуел од групата Јапонија и Шведска одиграа 1:1. Холандија дојде до брзо водство против Тунис откако Елиас Скхири во 3.минута постигна автогол, а Брајан Броби во 7.минута зголеми на 2:0. На почетокот на вториот дел Хазем Мастури намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Јан Пол ван Хеке во 62.минута. ...
Репрезентацијата на Турција постигна победа од 3:2 против домаќинот на Мундијалот САД во третото коло, но ова е пирова победа бидејќи го заврши шампионатот. На вториот дуел во Д групата, Парагвај и Австралија одиграа без голови 0:0. Американците поведоа во дуелот со Турција во 3.минута со голот на Остон Трусти, а во 10.минута изедначи Арда Ѓулер. Турција со голот на Бариш Јилмаз поведе во 31.минута, а на стартот од вториот дел (49 минута) ...
Манчестер Сити постигна договор со Нотингем Форест за потпишување на договор со играчот од средниот ред Елиот Андерсон за рекордна клупска сума од 116 милиони фунти (153 милиони долари), објави Би-Би-Си. На тој начин 23-годишниот Андерсон ќе стане најскапото засилување на Сити, надминувајќи ги 100-те милиони фунти потрошени за Џек Грилиш во 2021 година, а воедно претставува рекордна продажба за Нотингем Форест. Андерсон е дел од ...