
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација составена од потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили, денеска и утре ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската народна партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија. На конгресот, ...
Шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар најави дека ќе се повлече од својата функција на 15 јуни, наведувајќи лична одговорност за неуспехот на агенцијата да спречи напад од палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври. Зборувајќи на комеморацијата за паднатите офицери на Шин Бет, Бар рече дека по години операции на многу фронтови, агенцијата „не успеала да обезбеди рано предупредување“ тој ден. „Сите системи ...
Снабдувањето со електрична енергија е обновено за 20 проценти во континентална Шпанија, објави на Икс компанијата што управува со електричната мрежа РEE. Ова беше овозможено благодарение на автономните извори на енергија и интерконектори со Франција. Постепеното враќање на електричната енергија продолжува. Неколку градови во Португалија веќе ја добија својата електрична енергија, објави португалската агенција Луза во своето емитување на ...
Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија што го зафати целиот Пиринејски Полуостров. Министерството додаде дека вонредната состојба ќе биде воведена во сите региони на земјата што го побарале тоа. Мадрид, Андалузија и Екстремадура досега побараа од централната влада да ја преземе контролата врз јавниот ред и други функции. Шпанското Министерство за внатрешни ...
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, не бараше изговори во заморот по поразот од Минесота со 113:116 во дуел од првото коло од плејофот на Западната конференција на НБА. Дончиќ постигна 38 поени за 46 минути на теренот, а Лејкерси веќе заостануваат со 1:3 во серијата. -Ова се плејоф натпревари. Заморот не треба да игра никаква улога. Играв многу минути, но тоа не треба да има значење. Мислам дека играа подобро дефанзивно во ...
Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, на социјалните мрежи му честиташе на својот поранешен тим за освојувањето на титулата во англиската Премиер лига. „Црвените“ ја освоија титулата број 20 во нивната историја во Англија откако го победија Тотенхем Хотспур со 5:1 и сега се недостижни на врвот на Премиер лигата. -Бесконечно благодарен за минатото, бесконечно, бесконечно среќен за сегашноста, исклучително позитивно за иднината! Честитки ...
Огромната иницијатива за модернизација на грчката железница продолжува и се забрзува, користејќи ги и европската помош и нашите сопствени лекции научени од реструктурирањето на други компании во криза, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница на која акцентот беше ставен на новиот закон за безбедноста и модернизацијата на грчката железница, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот закон за модернизација ...
Во последните трисетина години бев присутен на разни настани и собири низ Европа. Независно дали повод била политиката, спортот или културата, честопати пред моето име (се до кобната 2018 година и самозаблудата на тогашната македонска влада за нужноста од промена на нашето уставно име) стоеше хартиено пусулче со акронимот ФИРОМ (Поранешна Југословенска Република Македонија). Мојата внатрешна душевна експлозија, предизвикана од грчката и ...
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, категорично им порача на своите фанови дека нема да се предаде, и покрај тешкотиите што ги доживува од почетокот на сезоната 2025 година. Британецот се приклучи на тимот на Ферари на почетокот на годината со надеж дека повторно ќе ја открие формата што му донесе толку многу успеси во изминатата деценија. Сепак, во првите пет трки од годината, тоа не се случи, освен во спринтот во Кина, ...
Националниот парк Шар Планина информира дека викендов се поставени дрвени препреки со цел да се спречи уништување на природата со мотоциклите на четири тркала. Оваа активност следува откако минатата недела НП Шар Планина сподели видео од тоа како такви мотоцикли ја уништуваaт тревата и земјината површина на една ливада. - За оштетувањето на почвата со моторни возила кое се случи минатиот викенд во Национален парк Шар Планина, во изминатите ...
Кумановската полиција и пазарниот и трудов инспекторат извршиле контрола на три угостителски објекти, легитимирале 26 лица, а пазарната инспекција изрекла четири глоби, соопшти денеска СВР Куманово. Контролите, како што соопшти полицијата, биле извршени врз основ на претходно изготвен план, во периодот од 22:00 до 02:00 часот на 27/28 април годинава. Полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен ...
Во салата „Тоше Проески“ во Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска" во Загреб, се одржа концерт на класична музика во чест на настраданите од пожарот во Кочани и во знак на поддршка кон нивните семејства. Концертот, што се одржа синоќа, го организираа македонските студенти кои студираат на Музичката академија во Загреб, заедно со нивните хрватски колеги, во соработка со Советотот на македонското национално малцинство за Град Загреб ...
Извршниот директор на формула 1 тимот Ред Бул ја нарече првата титула на Макс Верстапен најважна во нивната клупска историја. Хорнер, зборуваше за напредокот на холандскиот возач и потсети на контроверзниот крај на сезоната 2021 година. - Го гледавме Макс како расте откако тој се приклучи на тимот како тинејџер. Го гледавме неговиот развој и исклучителниот талент. Беше само прашање да му ги дадеме алатките за да го покаже тој талент. Првата ...
Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, Џоб, е прогласен за Најдобар млад играч на сезоната во Чемпионшип лигата на Англија. Фудбалерот на Сандерленд покажа извонреден напредок оваа сезона, а „црните мачки“ сè уште се борат за промоција во Премиер лигата. Џоб Белингам (19) изгледа дека ќе ги следи фудбалските стапки на својот постар брат, а наводно Борусија Дортмунд е заинтересирана да за неговиот потпис. -Многу сум благодарен ...
Атлетико Мадрид планира летна понуда за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, кој веројатно ќе го напушти Енфилд на крајот од сезоната. Сезоната на Атлетико Мадрид не ги оправда првичните очекувања, а „црвено-белите“ се на пат да запишат уште една година без значаен трофеј. Откако ги изненадија навивачите со нивните офанзивни перформанси на почетокот од сезоната по доаѓањето на Хулијан Алварез од Манчестер Сити на „Метрополитано“, нивото на ...
Головите на Скот Мектомини во победата на Наполи од 2-0 над Торино се покажаа важни не само за тимот, туку и на индивидуално ниво. Играчот од средниот ред сега има 11 гола во Серија „А“, што го прави најпефикасниот Шкотланѓанец во историјата на италијанската прва лига. Претходниот рекордер беше легендарниот Денис Лоу, кој постигна десет гола во својата единствена сезона во Торино (1961/62). Што се однесува до Мектомини, тој го сруши рекордот за ...
Букајо Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал во следните неколку дена. Најголемата ѕвезда на лондонскиот тим се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот. Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали. Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“. Оваа сезона, тој има можност да го одведе ...
Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон, зборуваше за својот поранешен клуб Јувентус, кој поминува низ турбулентен период. Популарниот Џиџи прво коментираше за борбата за титулата во Серија „А“, за која верува дека сè уште трае. -Не е завршено, иако е направен важен чекор. Скудетото се решава во текот на целата година, во тој процес има моменти кога сфаќате дека сте прокоцкале нешто или сте пропуштиле можности. Но, не треба ...
Тренерот на Милан, Серхио Консеисао нема намера да остане во клубот по завршувањето на сезоната, објави денеска „Калчомеркато“. Стручњакот има две опции по финалниот натпревар за „росонерите“ против Болоња за Купот на Италија. Доколку гигантот од Милано загуби во решавачкиот натпревар за трофејот, Португалецот сигурно ќе биде отпуштен. Доколку Милан сепак победи, 50-годишниот Консеисао има намера да поднесе оставка. Натпреварот помеѓу Милан и ...
Лидерите на 13 земји-членки на иницијативата „Три мориња“ денеска и утре ќе учествуваат на самитот во Варшава, каде што Хрватска ќе го преземе претседавањето од Полска, објави хрватскиот портал „Индекс“. На самитот ќе биде одбележана и 10-годишнината од основањето на проектот. Иницијативата „Три мориња“ е основана во 2015 година од Хрватска и Полска. Покрај нив, членки се и Бугарија, Романија, Грција, Чешка, Словачка, Словенија, Австрија, ...
По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за распишување нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), јави дописникот на МИА од Белград. „Објавен е нов конкурс за Советот на РЕМ. Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 ...
Кардиналите, кои се собраа денеска во Ватикан, се осврнаа на голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата, јавија светските агенции. Тие разговараа за предизвиците што го очекуваат наследникот на папата Франциск, соопшти Светата столица. „Говорите се однесуваа на прашања од особено значење за иднината на црквата - односите со современиот свет, евангелизацијата, односите со другите вери, прашањето за сексуалната ...
Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека ќе го повика претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп сите царини „да ги сведе на нула“. „Им предлагаме на Соединетите Американски Држави дека би било најдобро да ги намалат сите царински давачки во меѓусебната размена на стоки на нула“, рече Мерц на состанокот на неговите конзервативци откако го објави изборот на членовите на неговиот кабинет. Тој, исто така, ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте попладнето телефонски разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчез за кризата предизвикана од масовниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија. Извори од НАТО го потврдија за „Европа Прес“ разговорот меѓу Санчез и Руте, иако одбија да дадат дополнителни детали за разговорот или причината за масовниот прекин на електрична енергија на Иберискиот Полуостров. Претходно, на прес-конференција, ...
Во следните осум до десет дена ќе го зголемиме притисокот врз Русија. Ова го изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон, во интервју за францускиот неделник „Пари Мач“. Во интервјуто, тој смета дека успеал да ги убеди Американците за можноста за ескалација на заканите и евентуално воведување санкции против Москва. „Следните петнаесет дена ќе бидат клучни во обидот за спроведување на прекинот на огнот“ во Украина, рече Макрон. Во ...
Следниот германски канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека довербата во демократијата во неговата земја е нарушена, нешто што го поврза со зголемената поддршка за крајната десница, објавија светските агенции. -Довербата во нашата демократија е оштетена како никогаш досега во повоената историја на нашата земја, изјави Мерц на партиската конвенција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), забележувајќи за подемот на антиимиграциската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака траен прекин на огнот во Украина, а не привремен прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Таа зборуваше кратко откако рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. „Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 147 примероци од 39 мерни места. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 22-ри до 25 април зема 147 примероци за физичко-хемиска и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата ...
На регионалниот пат Тетово-с.Јажинце вчера во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово. Како што денеска соопштија од МВР, тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан во полициска станица ...
Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција. - Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на граничниот премин Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „пасат“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Љ. (59) од Охрид удрило во метален столб со камери за видеонадзор, информираше СВР ...