
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Српската полиција се повчеле попладнево од пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Ново Сад откако претходно употреби сила за да растера демонстранти пред таа установа. Ова е првпат од почетокот на студентските протести блокада да се пробие со употреба на полициска сила и сигурно првпат во историјата на Универзитетот во Нови Сад деканот да дојде со полициски кордон кај своите студенти, јавија новосадски медиуми. Студентите во блокада ...
Работна средба одржаа в.д градоначалникот Венко Крстевски и инспекциските и комуналните служби од Општина Кочани со корисниците на јавни површини од угостителската дејност, на која беше укажано дека јавниот простор е јавен интерес и задолжително треба да се почитуваат законските одредби. На средбата присуствуваа и претставници на инспекциските служби од Општина Струмица, во рамки на потпишаниот договор за соработка. Тие ги пренесоа своите ...
Кумановецот Амзир Рушити-Дино, единствениот оџачар од градот во соработка со невладина организација од Кочани ќе исчисти 62 оџаци и собраните средства ќе ги донира за загрозено семејство во Кочани. Хуманата мисија ја спроведува, како што вели, за да помогне на градот кој се соочи со невидена трагедија. - Слободно нека ме контактираат, ќе исчистиме оџаци, ќе ги собере средствата и ќе ги донираме на најзагрозеното семејство во Кочани. Секој треба ...
Оштетување од свлекување на земјиште на коловозот на патот кој минува низ селото Галичник сериозно го загрозува безбедното движење на жителите, посетителите и туристите, информираат од месната заедница. Оттаму апелираат за побрза реакција на надлежните служби. - Патот, кој е од витално значење за комуникацијата и секојдневниот живот во Галичник, во моментот е сериозно оштетен. Состојбата е таква што има потенцијал целосно да се прекине ...
Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста. На удар е министерот Панче Тошкоски, човек што го познавам долги години. Човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија. Подносители на интерпелацијата? Левица — политички шарлатани и квази-патриоти! Тие беа најгласните слуги на шарената револуција што го донесе најголемиот криминал и најдлабоките национални понижувања! Денес, политички некрофили, кои сакаат да ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој има освоено три Грен слем турнири и е рангиран број еден во светот, создаде своја сопствена фондација, Фондацијата „Јаник Синер“. Целта на фондацијата е да ги поддржи децата вклучени во спортот. - Фокусирани сме да им помогнеме на децата да се образуваат и да имаат повеќе можности да спортуваат. Поддржуваме спортски организации, училишни проекти и иницијативи на заедницата. Нашата цел е да го промовираме ...
Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), соопшти дека оваа институција почнала проверки во врска со договорот за лобирање вреден шест милиони долари на опозициската Демократска партија (ДП) со американска компанија. - Ја информираме јавноста дека е почнат процесот на проверки во врска со договорот за лобирање на политичкиот субјект, Демократска партија, со американската компанија „Continental ...
Државниот секретар Марко Рубио изјави дека три мали деца, на возраст од 2, 4 и 7 години, сите американски државјани кои ја напуштиле земјата во последните недели, не биле депортирани, туку отишле со своите мајки во Хондурас. Децата, од две различни семејства, биле качени на лет до централноамериканската земја со нивните мајки на 25 април, објавија американски медиуми. Според „Вашингтон пост“, четиригодишно дете, кое боледува од рак во четврти ...
Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија од непознати причини, а шпанскиот оператор на електричната мрежа, Ред Електрика, објави дека соработува со други енергетски компании за враќање на снабдувањето со електрична енергија. Шпанските медиуми објавија дека дел од метрото во Мадрид е евакуирано и дека има сообраќајни метежи во центарот на Мадрид бидејќи семафорите не работеле. Португалската полиција објави дека ...
Театарот „Сенки и облаци“ со детската претстава „Свадби на животни и нешта“ во петокот (25 април) гостуваше во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, Бугарија. Пред преполната сала во центарот на бугарската престолнина, театарскиот ансамбл ја одигра претставата создадена според истоимената книга на Раја и Георги Господинови. Свои обраќања пред публиката имаа македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска и ...
Виолинистот Роман Симовиќ, концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, утревечер ќе настапи заедно со младите музичари од оркестарот на Институтот „Фејмс“ на хуманитарен концерт, чиј приход е наменет за семејствата настрадани во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешната прес-конференција во Скопје, Симовиќ изрази огромна почит кон студентите со кои ќе настапи, како и кон самата институција. -Кога влегов овде, имав ...
Шефот на Вилијамс, Џејмс Воулс, ги сподели своите размислувања за болидот во 2025 година. - Нашиот болид сè уште има некои недостатоци. Не сум сигурен дека ја постигнавме потребната рамнотежа, пилотите сè уште не го чувствуваат тоа, но ние сме малку ограничени во ресурсите во моментов. Карлос и Алекс се на иста страна, и тоа е одлично. Мислам дека можеме да направиме некои промени оваа сезона. Сепак, одредени одлуки може да не насочат на ...
Студентите во блокада и пет синдикални здруженија во Србија најавија заеднички протест за 1 мај пред Владата на Србија, кога ќе врачат предлог за измена на Законот за работни односи и Законот за штрајкови, а воедно ќе одбележат и шест месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Како што објавија студентите во блокадата на официјалната веб-страница, тоа е чекор кон радикализација, јави дописникот на МИА од ...
На официјалната веб-страница на Кремљ денеска е објавено соопштение од рускиот претседател Владимир Путин, во кое тој ја изразува својата благодарност до лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, за учеството на севернокорејски војници на страната на Русија во борбите во Курската област. Изјавата на Путин следува откако Северна Кореја за првпат јавно призна дека испратила свои војници да се борат против украинските сили на руска територија. „Во ...
Имаме развиено готови проекти, нешто што претходните влади го немале. Работиме на нови инвестиции во инфраструктурата, туризмот здравството и енергетиката. Силниот инвестициски циклус е опфатен во три компоненти, објасни вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашната емисија “360 степени” “ Имаме силен инвестициски циклус кој доаѓа во рамки на буџетот. Тоа се проектите на коридор 8 и 10 д што ги работиме со Бехтел и ...
Двата постојани мобилни оператори и понатаму дејствуваат како дуопол, не нудат поквалитетни услуги кон корисниците и време е да се направи конкуренција на пазарот. АЕК веќе ја започна процедурата за тендер за лиценца за трет оператор, потенцираше вицепремиерот Николоски во вечерашната емисија “360 степени” “За жал во овие 8-9 месеци откако ние сме Влада, направија се да докажат на цела јавност дека има потреба од трет оператор. Го држат ...
„Подолго време наназад ние говориме дека една од најлошите работи што некој политичар може да ја направи е да ги потцени сопствените граѓани како што тоа СДСМ го правеа 7 години. Водењето на политика купи ден, продај потценувајќи ги сопствените гласачи секогаш води кон вакви резултати. Прво проверија на изборите како тие стојат и како тие политики завршуваат, сега и на анкетата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во ...
Преку 15 дописи доставивме до бугарската страна и немаме одговор. Очигледно е дека Бугарија не сака да ја гради пругата, иако шпекулираат. Самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, многу говори за судбината на проектот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “360 степени” Тој со јасен став дека Македонија е со цврста заложба за доизградба на пруга на коридор 8, но очигледно е дека Бугарија не сака да ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против поранешните вработени во МВР - В.В. и В.Н. за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што информираат од МВР, В.В. е пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и ...
Јавното обвинителство упати покана до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на утрешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите. Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, семејствата на настраданите треба да назначат најмногу по еден член од семејството кој би присуствувале на ...
По актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, попладнево од Кабинетот на претседателот на Собранието велат дека доколку низ судска постапка се потврдат наводите, тогаш претседателот на Собранието без двоумење ќе иницира соодветна собраниска процедура за разрешување. - Почитувајќи го начелото на презумпција на невиност и независноста на судските органи, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок. - Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил ...
Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитаизирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА. - Пациентите - тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години - беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на ...
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски вели дека прашањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори е затворено прашање и дека наесен граѓаните ќе гласаат само за општински советници и градоначаници, а во 2028 година ќе се одржат редовни парламентарни избори. - Граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја и кажаа кој мисли дека треба да ја води владата. Ние имаме речиси ...
Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја. Имаме стабилно мнозинство во Собранието, министрите и именуваните лица коректно ја вршат работата и заради тоа не гледам причина зошто да има предвремени избори, истакна вицепремиерот Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата “360 степени” Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се стабилни. Во однос на внатрепартиските ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати пред матурантите на Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ во Скопје во рамки на кампањата „Да ја подигнеме сообраќајната свест кај младите - 2025, на матурска вечер без автомобил“. Ваквите кампањи, како што соопшти МВР, традиционално ги организираат заеднички Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и ...
Транспарентноста е првиот чекор за да можеме да кажеме дека општеството е подготвено да се бори против корупцијата. Борбата против корупцијата и организираниот криминал не смее да биде кампањска и да трае кус временски период. Со цел поефикасна борба против корупцијата, како дел од механизмите е воведување пристап до податоци од деловните регистри во земјава, интеграција во Европскиот систем за меѓусебно поврзување на деловни регистри, ...
За да не ни се повтори искуството од минатото за препораките на ОДИХР да ни ги враќаат по секој изборен циклус, односно едно да влегува во Собрание, а конечниот резултат да ни е друг, овој пат сакаме да направиме широки консултации, рече министерот за правда Игор Филков за предлог измените на Изборниот законик на денешната прес-конференција на која информираше за реформската агенда и подготвените предлог-закони од страна на Министерството за ...
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој смета дека мотивот за убиство е нелогичен и недокажан. Во текот на распитот, Палевски, кој претходно негираше каква било врска со насилни кривични дела, повторно изрази уверување дека целиот процес е политички прогон против него. Тој ја оспори важноста на некои од обвинителските докази и ...
Деканот на Факултетот за спорт и физичко воспитување на Универзитетот во Нови Сад, Патрик Дрид, кој околу пладне се обиде да влезе во зградата на факултетот и да ја пробие студентската блокада, беше избркан од собраните студенти и граѓани. Студентите најавија дека ќе останат во целосна блокада се додека не се исполнат барањата, за поништување на одлука за онлајн настава и ги повикаа граѓаните да им помогнат доколку има нови обиди за пробивање ...