Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение. – Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицковски, денес го означија почетокот на изградбата на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга. Според Хоџа, заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот. Само со рамномерен развој и опфат на сите ...
„Добар ден и од мене. Поздрав до вас новинарите, до граѓаните. Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните. Ценам дека ...
Општина Илинден и оваа година ја реализираше хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за ранливите категории граѓани, во пресрет на големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден. Акцијата, спроведена во духот на солидарност и хуманост под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше реализирана во соработка со Црвениот крст и локалната бизнис заедница. Благодарение на нивната несебична ...
-И по 14 години, болката не стивнува… таа е длабока, тешка и присутна во секое срце, како да се случи вчера. Тагата не избледува, туку нè потсетува колку е скапа човечката судбина и колку е кревка правдата, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес, со наведнати глави и тишина во душата, запаливме свеќи и положивме свежо цвеќе на Смилковското езеро – во спомен на невино згаснатите животи. На Велики Четврток пред 14 ...
Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време. Во ...
Мисијата „Артемис 2“ и четворицата космонаути на НАСА се подготвуваат за враќање на Земјата утре, откако патуваа до другата страна на Месечината, поточно ја заобиколија, во капсулата „Орион“. Со тоа, човекот стигна на најоддалечената точка од Земјата во историјата на човештвото. Пилотот на „Артемис 2“, Виктор Гловер, колегите астронаути на НАСА, Рид Вајзман и Кристина Кох, и канадскиот астронаут Џереми Хансен се првите астронаути во рамките ...
Жена која мислела дека засекогаш го изгубила вредниот златен приврзок останала во шок кога тој се појавил повеќе од десет години подоцна – и тоа на сосема очигледно место. Своето необично искуство таа го споделила на социјалната мрежа Тредс, каде што нејзината објава за кратко време привлекла големо внимание од јавноста. -Овој приврзок го изгубив пред повеќе од 10 години. Токму сега го најдов на средина од тепихот во пералната, напишала таа ...
Џасвин Сенга, која го набавила лекот што ја предизвика смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, е осудена на 15 години затвор, објавија американските медиуми, повикувајќи се на судот во Лос Анџелес. Обвинетата, позната како „Кралицата на кетаминот“, минатиот септември се изјасни за виновна по пет обвиненија. Според обвинителството, таа, меѓу другото, ја обезбедила дозата на анестетикот „кетамин“ што довело до смртта на американскиот ...
Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...
Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол… ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па секоја чест за Германија, рече ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја коментираше победата од 2:0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. – Не мислев дека мојот тим Атлетико Мадрид, ќе славеше победа „Камп Ноу“. Многу е тешко. Тие се веројатно најдобриот тим во Европа, заедно со ПСЖ и Баерн. Благодарение на добрата тимска работа, успеавме да ги искористиме клучните моменти во натпреварот. Вториот гол ни даде самодоверба и штета ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатопците по синоќешниот пораз со ПСЖ. Англискиот претставник на гостувањето во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите загуби со 2:0. -Гледајќи го натпреварот како целина, мислам дека имавме среќа што загубивме со 2:0, бидејќи противникот имаше повеќе шанси отколку голови. Првиот гол беше особено тежок за прифаќање, бидејќи дотогаш не создадоа многу, а потоа топката ...
Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје утре (петок) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, а задутре (сабота) ќе работат од девет до 14 часот, соопшти денеска службата за информирање на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14 април, вторник, се вели во информацијата. Post Views: 2 април 9, ...
Во организација на Здружението на бармени вчера во хотелот „Континентал“ се одржало 17. државно првенство на кое учествувале 28 бармени од повеќе градови од државава. Пред стручното жири, бармените ги презентирале своите креации, а титулата најдобар бармен ја освоил Васил Пеевски кој оваа есен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Макао. Второто место го свои Бојан Михајловски, а третото Никола Анастасијески. ...
Велигденска изложба на ракотворби, беше отворена синоќа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“. На настанот беше кажано дека оваа година, изложбата обединува 29 учесници, секој со свој уникатен израз, вештина и љубов вложена во делата. – По повод големиот христијански празник Велигден, симбол на надежта, обновата и новиот почеток, традиционално, по втор пат, се собираме со една ваква прекрасна изложба, заедно да ја прославиме убавината на ...
Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација информира за времена забрана за лов на сом во водите на акумулацијата. Согласно риболовната основа за риболовното подрачје „Стрежево“, од 15 април до 15 јуни 2026 година стапува во сила привремена забрана за лов на сом со цел заштита во период на мрестење. Од ЈП „Стрежево“-Битола посочуваат дека во овој период не се воведува целосна забрана за риболов ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус постигна согласност со својот тренер Лучијано Спалети за потпишување нов договор, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“. Истиот извор наведе дека одлуката официјално ќе биде објавена во текот на оваа седмица, а Спалети ќе остане на клупата на Јувентус до лето 2028 година. Според новиот договор, Спалети годишно ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра, плус бонуси. Шеесетиседумгодишниот Спалети ...
Советот на Општина Кочани на денешната редовна 13 седница, едногласно усвои одлука за целосно ослободување од партиципација за престој во Детска градинка „Павлина Вељанова“ за деца од семјства со повредени или починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата година. Донесената одлука има за цел да им излезе во пресрет на родители кои се соочуваат со последиците од трагичниот настан. Станува збор за мерка, која нема временско ...
Компаниите за пијалаци „Пепси“ и „Дијаџио“ се повлекоа од своите договори за спонзорство за Музичкиот фестивал „Вајерлес“ во Лондон, чијашто „главна ѕвезда“ е американскиот рапер Кање Вест, познат по своите антисемитски испади. Хип-хоп ѕвездата, кој сега се претставува под името Је, требаше да одржи три концерти на „Вајерлес“ во јули, како дел од неговата повратничка турнеја низ Европа. Гланоговорникот на „Пепси“ – главниот спонзор на ...
Владата на Велика Британија му забрани на американскиот рапер Канје Вест влез во земјата по реакциите за неговиот планиран настап на фестивалот „Вајерлес“ (Wireless) во Лондон. Одлуката на владата доведе до откажување на целиот фестивал – пренесуваат Би-би-си (BBC) и „Гардијан“ (The Guardian). Раперот, кој сега се претставува под името Je, претходно требаше да биде на главен настап на тридневниот фестивал за ар-ен-би и рап-музика „Вајерлес“ ...
Финалната серија од плејофот во машкото национално првенство ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари. Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026 пред ...
Атлетскиот митинг од Дијамантската лига што идниот месец требаше да се одржи во Катар е одложен и би се одржал во јуни „доколку условите дозволат“, поради безбедносните околности и неизвесноста предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, објавија денеска организаторите. Митингот во Доха, со кој на 8 мај требаше да биде отворена новата сезона во елитната атлетска серија на 8 мај, сега е поместен за 19 јуни. Новата сезоната официјално ќе ...
Втор пораз претрпе македонската женска тениска репрезентација на Били Џин Кинг купот од Втората Евро-африканска зона што се игра во Бања Лука, откако денеска загуби од првиот фаворит во групата Б, Бугарија, со максимални 3:0 во сетови. Во воведниот дуел, Лидија Енчева ја победи Зара Зафировска со 2:0 (6:1 и 6:2), а водство на Бугарките од 2-0 донесе Денислава Глушкова која ја совлада Сара Митевска со 6:1 и 6:0. Во дуелот во двојки, ...
Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство. За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група во која се третопласирани пред вечерашниот дуел меѓу Белгија и Словенија. Во случај на победа на гостинската репрезентација, Македонија ќе ја чека разврската од последното коло ...
Во дерби натпреварот од 26 коло во македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид вечерва во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер на гостински терен во Битола со 27-26. Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ...
Оклахома Сити рано утрово ги победи Лос Анџелес лејкерс со 123:87 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 25 поени и имаше осум асистенции. За Лејкерс не настапија Лука Дончиќ, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Претходно беше објавено дека поради повреди, Дончиќ и Ривс веројатно ќе го пропуштат остатокот од регуларната сезона. ...
Поранешниот главен тренер на Денвер, Мајкл Малоун, потпиша шестгодишен договор со универзитетот во Северна Каролина. Според „ESPN“, договорот вреди приближно 50 милиони долари, со просек од над 8,3 милиони долари по сезона. Овие услови го ставаат Мелоун помеѓу петте најплатени тренери во колеџ кошарката. Се забележува дека платата на Малоун би се рангирала меѓу десетте најплатени тренери во НБА. По неговото назначување, Малоун изјави дека е ...
Стратегот на НБА лигашот Милвоки, Док Риверс, навести дека ќе стави крај на тренерската кариера по завршување на актуелната сезона. „Нема конкретно да одговорам на тоа прашање, но имам внуци кои сакам да ги гледам. Ќе го кажам вака и ќе ви дозволам сами да протолкувате“, изјави Риверс одговарајќи на новинарско прашање околу за иднина како тренер. „Имам седум внуци и сите имаат осум години и помалку. Ме убива секој пат кога ќе пропуштам нешто ...