
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Медицинскиот факултет во Белград од денеска е во штрајк, за време на кој нема да има испити, како и предавања и вежби. Таквата одлука беше потврдена на 30 април на мезопленумот - состанок на студенти и наставници, а таа е во согласност и со одлуката на проширениот Ректорски колегиум на Универзитетот во Белград. Сите други активности се планирани во согласност со Одлуката за минималниот работен процес на Медицинскиот факултет - ќе се извршуваат ...
Тринаесет лица се пронајдени мртви во рудник во планините на Перу, неколку дена откако биле киднапирани во градот Патаз, соопшти рударската компанија Подероса, која е сопственик на рудникот. Убиените работеле за фирма која работи за големата компанија за копање злато, која во последните месеци е цел на вооружени групи поврзани со нелегално рударење. Во Патаз, на 900 километри од Лима, е прогласена вонредна состојба поради насилството ...
Социјалдемократската партија (СПД) ги претстави своите седум членови кои според коалициониот договор ќе преземат министерски функции во новата влада на Германија. Министерот за одбрана Борис Писториус ќе остане на функцијата, Бербел Бас ќе го преземе Министерството за труд, а Карстен Шнајдер Министерството за заштита на животната средина и нуклеарна безбедност. Како што пренесува „Шпигел“, ко-лидерот на СПД Ларс Клингбајл (47) ќе стане ...
Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, за само неколку месеци десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми и преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните. На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно. Политиката на субвенции што ја води Владата и ...
На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, гостуваше директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски. Тој говореше за ситуацијата во здравството, за лошото менаџирање на претходните власти и за предизвиците со кои сега се соочуваат. Клековски потенцираше дека новите апарати кои се купувале во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во време на СДС стоеле во подрум и не се употребувале, додека ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, официјално го започнува новиот проект „Отворена агенција“, насочен кон вклучување на млади луѓе, да стекнат работно искуство во Националната агенција, преку оглас за прием на волонтери и практиканти. -Преку овој проект, младите ќе добијат уникатна можност за стекнување на прво работно искуство во ЕУ-акредитирана институција, каде што ќе можат директно да се запознаат со работата ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, доцна синоќа победи на трката за Големата награда на Мајами. Неговиот тимски колега Ландо Норис го освои второто место, а возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја заокружи првата тројка. Актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши на четвртото место. Следната трка во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Емилија Ромања, ќе се вози во Имола, Италија, ...
Сребрен медал и нови 7,20 поени за олимписката ранг листа за квалификации за Лос Анџелес 2028 година, викендов, освои македонската олимпијка и најдобра спортистка за 2024 година, Милијана Релиќ. Успехот го постигна на силниот Г-1 турнир во таеквондо во Криштианштад, Шведска. Во првото коло Мила беше поуспешна со 2:0 во рунди од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, следуваше победа над шведската репрезентативка Тиндра Андерсон со 2:0 во ...
Тимот на Голден Стејт вориорс е последниот учесник во четвртфиналната фаза од разигрувањето за шампионската титула во најсилната кошаркарски лига на светот – НБА. „Воините“ ноќеска во решавачкиот, седми меч, од серијата со Хјустон рокетс, на гостински терен забележаа победа со 103:89. Голден Стејт ја доби серијата со 4:3 и не му дозволи на ривалот да направи пресврт по негативата од 1:3. Противник на Вориорс во следната фаза ќе биде Минесота ...
Синдикатот во судството во Србија објави дека од денеска вработените во судските институции низ целата држава ќе стапат во целосен штрајк. Како што е наведено во соопштението, причината за штрајкот е долгогодишното игнорирање на барањата на судските службеници, меѓу кои се: достоинствени плати, подобрување на условите за работа, јасно признавање на улогата што ја имаат административниот и стручниот персонал во функционирањето на судството, како ...
Доколку српскиот претседател е привремено спречен да ја извршува функцијата, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Собранието, најмногу три месеци, како што е пропишано со Уставот на државата, јави допписникот на МИА од Белград. Српските медиуми нагласуваат дека на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во петокот од здравствени причини ја прекина посетата на САД и завчера беше на преглед во Военомедицинската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека му наредил на Бирото за затвори да го обнови и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз во заливот Сан Франциско за да „ги смести најсуровите и најнасилните криминалци во Америка“. "Обновете го и отворете го Алкатраз! Кога бевме посериозна нација, во минатото, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого би можеле да му наштетат“, ...
Еден од папамобилите на папата Франциск ќе се претвори во мобилна здравствена клиника за деца во Газа, исполнувајќи една од последните желби на покојниот папа, објави „Ватикан њуз“. Возилото што го користеше Папата за време на неговата посета на Светата Земја во 2014 година се опремува со дијагностичка и итна медицинска опрема за да им помогне на младите пациенти во палестинската енклава, каде што здравствените услуги се уништени од израелската ...
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ. - Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека ...
Во Црна Гора, секој втор тестиран возач бил позитивен на некаков вид дрога, според податоците на Полициската управа. Началникот Илија Јањушевиќ вели дека тестовите за психоактивни супстанции не се чести и дека многу повеќе проверуваат дали возачите имаат алкохол во телото. Причината, вели Јањушевиќ, е затоа што алкотестовите се многу поедноставни и поевтини, јави РТЦГ. Според Јањушевиќ, тие податоци се загрижувачки и тој додава дека законот ...
Автобус со охридски регистерски ознаки удрил во лице со инвалидска количка во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, незгодата се случила вчера околу 11 часот и 25 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, а лицето било пренесено во болница каде е задржано на лекување. Во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 11:25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, ...
Американската пливачка Кејти Ледецки постави нов светски рекорд на 800 метри слободен стил на митингот во Форд Лодердејл, објавија денеска американските медиуми. Ледецки постигнала резултат од осум минути, четири секунди и 12 стотинки од секундата. Таа го подобрила сопствениот светски рекорд (8:04,79) за 67 стотинки од секундата, што го постигна во август 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Американската пливачка Гречен Волш, пак ...
Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележа 122 години од смртта на македонскиот револуционер и патрон на градот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница. По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и цвеќе положија делегација од Општина Делчево, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамки на одбележувањето, ...
Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, жали што го одбил Реал Мадрид, објави „Марка“. Раководството на „белиот балет“ веќе постигна договор со Чаби Алонсо, кој моментално е на чело на Баер Леверкузен. Во март, Реал Мадрид не успеал да го убеди Клоп да го предводи клубот по евентуалното заминување на Карло Анчелоти. Клоп (57) беше тренер на Ливерпул од 2015 до 2024 година. Претходно, Германецот работеше во Борусија Дортмунд од 2008 до ...
Претседателот на Малдиви, Мохамед Муизу, одржа прес-конференција што траеше 14 часа и 54 минути, со што го урна рекордот од 14 часа што го држеше украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2019 година. Конференцијата предводена од Муизу (46) започна во саботата во 10:00 часот по локално време и траеше речиси 15 часа, прекината со кратки паузи и молитви, се вели во соопштението од неговиот кабинет, во кое се додава дека Муизу „континуирано ...
Баерн Минхен ја освои Бундеслигата за сезоната 2024/25, бидејќи вториот на табелата, Баер Леверкузен и теоретски остана без шанса да го одбранат тронот по вечерашното реми дома против Фрајбург - 2:2 (1:0). Напаѓачот на Баварците, Хари Кејн се чини најмногу се израдува на овој факт, бидејќи тоа е првиот трофеј од каков било вид во неговата кариера. На тој начин, Баерн се врати таму каде што беше во поголемиот дел од историјата на клупскиот ...
Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина. По анонимниот повик во канцелариите на бродската компанија Blue Star преку кој беше пријавено дека во самиот брод е поставен експлозивен механизам, патниците беа евакуирани и се изврши проверка со помош на ...
Во просториите на Културно информативниот центар во Тирана, денеска се одбележа јубилејот 80. години од кодификацијата на македонскиот јазик. -Настанот беше организиран во заедничка соработка на Амбасадата, КИЦ и Лекторатот по македонски јазик. Настанот вклучи поетско читање на студентите по македонски јазик на Факултетот по странски јазици во Тирана, кои прочитаа песни од професорката Славица Свидерска, како и изложба на дизајнерски накит на ...
Во Битола вечерва отворена е Спомен куќата во која во 1901 година престојувал македонскиот револуционер, великан на Македонското ослободително движење, Гоце Делчев. Куќата некогашна сопственост на Михаил Ракиџиев, во тоа време член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ, има три простории кои целосно се обновени и реконструирани. -Куќата, Музеј посветен на Гоце Делчев од денеска повторно е отворена за јавноста. Во куќата секој ...
Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Дебар-Струга животот го загубиле мотоциклист од Кичево. Сообраќајката се случила во 14:30 часот кај дебарското село Отишани на десеттина километри од Дебар. -Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје и моторцикл „Дукати“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. (33) ...
Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата, како што информираат од Обвинителството, вчера во домот во Шуто Оризари и нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место. Истрага е поведена и против уште едно лице за помагање на сторителот. - Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за ...
Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. -Вие може да слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински. Премногу се задолживме во изминатите години. Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме ...
Враќањето на професионалниот боксер Ентони Џошуа на рингот ќе биде одложено поради операција на лактот, која ќе го спречи да тренира до осум недели. Џошуа не се борел откако претрпе пораз во пет рунди од шампионот во тешка категорија на ИБФ, Даниел Дубоа, на „Вембли“ во септември, а долгоочекуваниот реванш со Тајсон Фјури беше откажан поради неодамнешното пензионирање на неговиот британски ривал. Сè уште постои можност Џошуа и Фјури да се ...
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов се враќа во стручниот штаб на ракометната репрезентација, соопшти селекторот Кире Лазаров. Тој се враќа пред натпреварите против Естонија и Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонија во четврток од 18 часот гостува кај Естонија, а три дена подоцна во истиот термин ја пречекуваме Литванија. Со победи во овие два меча, „црвено-жолтите“ ќе се пласираат на ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека Јирген Клоп му честитал за освојувањето на титулата во Премиер лигата. -Најпознатата личност што ми пратила порака? Мислам дека беше Јирген Клоп. Што рече? Честитки, рече дека сега знам дека овој клуб е посебен и дека сум дел од неговата историја. Беше многу среќен за навивачите и за клубот, изјави Слот, цитиран од „ЕСПН“. Холанѓанецот ја презеде функцијата менаџер на Ливерпул на 20 мај 2024 година, ...