Актерката Дона Милс привлече големо внимание откако на 85-годишна возраст отвори профил на платформата „Онли фанс“ Одлуката ја донела за да биде поблиску до обожавателите. – Воопшто не ми пречи што сум најстара креаторка на оваа социјална мрежа. Според мене дигиталните медиуми нудат можност за поинаков начин на комуникација со публиката која ми пружи многу во текот на мојата актерска кариера. Сакам само да ѝ се оддолжам, наведе Милс. ...

„Амазон“ вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет – јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичарите ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на 220 милијарди долари од ...

Ретки, стари, но целосно функционални ретроконзоли „Нинтендо фамикомбокс“ (Nintendo Famicombox) се пронајдени во познат „хотел за љубовни средби“ во Јапонија. Пред точно 40 години, во 1986, во Јапонија „Нинтендо“ воведе комерцијален 8-битен „Фамиком“-систем, наречен „Нинтендо фамикомбокс“. Тој беше дизајниран да собере до 16 дискови за игри, овозможувајќи лесно префрлување на наслови и беше наменет за употреба во хотели. До игрите обично ...

Тихокеанската островска држава Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име, потег за кој властите велат дека има за цел зајакнување на националниот идентитет и зачувување на културното наследство. Парламентот на Науру во мај го усвои уставниот амандман со кој се менува името на земјата и првично планираше да одржи национален референдум. Но, претседателот Дејвид Адеанг вчера објави на ...

Новиот менаџер на Челзи Чаби Алонсо, кој како репрезентативец на Шпанија остави белег со освоена светска титула во 2010 и две титули во 2008 и 2012 година се осврна на моменталната состојба во светскиот фудбал откако ФИФА изјави дека ќе продолжи со консултациите за план за привлекување приватни вложувања за Светското првенство и другите турнири. – Фудбалот мора да биде за луѓето, а не во приватни раце. И мислам дека начинот на кој го сакаме е ...

Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја почне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин театарот станува уште подостапен за странската публика и за сите љубители на уметноста што ...

Пред многубројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа аудиовизуелно предавање „Историја на македонската рок музика“ на Тошо Филиповски. Вечерта посветена на рок-музиката и рок-културата предизвика голем интерес кај публиката, која, покрај предавањето, имаше можност да ја разгледа и поставената изложба. На настанот присуствуваа високи претставници на дипломатскиот кор, локалните и државните институции, почитувани гости и многубројна ...

На Марс е откриено пространо подрачје покриено со необични шестоаголни структури што потсетуваат на саќе. Ваквите необични структури се откриени од роверот „Кјуриосити“ (Curiosity) на НАСА, кој во тој момент се движел по планината Маунт Шарп. Така наречените полигонални пукнатини и претходно биле забележани на Црвената Планета, но на помала површина. – Откритието на роверот навистина нè изненади, пред сè поради нивната голема ...

Париз доби уште едно место каде што високата мода, современиот дизајн и омиленото хоби на Французите – кафето, се совршено споени. Имено, француската луксузна куќа „Сен Лорен“ (Saint Laurent) отвори кафуле во рамките на својата позната концептуална бутик-галерија „Рив Дроат“ (Rive Droite), сместена во срцето на француската престолнина. Новото Кафе „Сен Лорен“ брзо ја освои елитата и се претвори во собиралиште за тамошните модели, уметници, ...

Првакот на Англија, Арсенал прави напори да го засили својот состав за новата сезона и одбраната на титулата. Прва мета како засилување е капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш и репрезентативец на Бразил, пренесува Би-Би-Си Спорт. Позитивен момент е и тоа што и фудбалерот го посакува овој трансфер, а Арсенал веќе понуди 70 милиони фунти, кои Њукасл ги одби. Лондонскиот клуб е подготвен да ја зголеми понудата на 80 милиони фунти. Бруно за Њукасл ...

Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан. Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми. Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони. Мина и низ тешкиот период во клубот кога се наоѓаше во Серија Б. Но, беше и дел од големиот Милан од крајот 80-тите и почетокот на 90-тите ...

Досегашниот менаџер на Ливерпул, холандскиот стручњак Арне Слот ги изненади сите со својата одлука. Тој реши да ја одбие можноста да биде селектор на репрезентацијата на Холандија. – Сакам да останам во европскиот клупски фудбал, изјави Слот. Последните денови се појавија информации дека е главен кандидат за нов селектор на Холандија, но сепак до соработка меѓу холандскиот тренер и фудбалската федерација на Холандија нема да дојде. Тоа значи ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...

По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. Сончаницата, пак, се појавува ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, рече дека извршниот директор Тото Волф му кажал за потенцијално унапредување во Мерцедес уште пред две години. Во тоа време, трансферот на Луис Хамилтон во Ферари сè уште не беше објавен. Антонели ја прескокна Формула 3 и се префрли во Формула 2 откако освои титули во италијанското и германското првенство во Формула 4 во 2022 година и на Европското и регионалните првенства на Блискиот Исток во 2023 ...

Екипата на Шкендија ќе играат во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада екипата на Браво со 3:1. До потребната победа со два голови разлика тетовци дојдоа со пресврт. Словенечкио тим прв дојде во водство преку Станковиќ во 17. минута. Во 36. минута Браво си постигна автогол, преку Јован и со 1:1 се отиде на полувреме. Во 50. минута Криезиу донесе водство за ...

Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ. Светското првенство не смее да се третира ...

Италијанскиот шампион Интер договори соработка со одбранбениот фудбалер Џон Стоунс. Клубот од Милано објави потпишување двегодишен договор, со Стоунс. Претходно, 32-годишниот Стоунс го напушти Манчестер сити по десет сезони, а неговиот договор истече на 30 јуни. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот одигра 18 натпревари за клубот од Манчестер во сите натпреварувања, без да постигне гол. Со Манчестер сити освои шест титули во англиското првенство ...

Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. -Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. Во ...

Министерството за здравство информира дека го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. – Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, ...

Според новинарот Фабрицио Романо, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Сезар Паласиос, ќе се приклучи на Фулам. Клубовите веќе се договориле за сите детали од трансферот на 21-годишникот. Фулам ќе плати 10 милиони евра за Паласиос. Реал Мадрид ќе задржи 30 проценти од секој нареден трансфер на фудбалерот. Паласиос одигра 44 натпревари за сениорскиот и младинскиот тим на „Кралевите“ во сезоната 2025/26, постигнувајќи 16 гола и пет ...

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, се збогува со Барселона, каде што играше на позајмица сезоната 2025/26. – Неверојатно сум благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој тука толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и носам многу посебни спомени со мене. Им посакувам на клубот и на сите негови фанови многу среќа и голем успех во претстојната сезона, напиша Рашфорд на социјалните мрежа. Во ...

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Асенсио, претрпе повреда на мускулот, објави новинарот Фабрицио Романо. Поради повредата на 23-годишниот играч, се очекува да биде надвор од теренот приближно шест недели. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот постигна два гола и имаше една асистенција во 34 натпревари. Тековниот договор на играчот е до 2031 година. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Асенсио на 20 милиони евра. Post Views: 0 јули ...

Сите 55 членки на УЕФА одлучија да ги бојкотираат турнирите на ФИФА по планот на претседателот Џани Инфантино да продаде удел од Светското првенство на приватни инвеститори, се вели во соопштението на УЕФА. – УЕФА и нејзините 55 асоцијации членки се обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за префрлање на сопственоста на Светското првенство и другите натпреварувања на приватни инвеститори. Светското првенство не ...

Започнаа градежните подготовки за изведба на повеќе градежни зафати за реконструкција на внатрешноста на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Ќе се реконструираат соблекувалните со тоалетите за спортистите, а потоа и тоалетите за публиката, а во втората фаза ќе се направат и тоалети за лицата со посебни потреби. Што е посебно важно целосно ќе се реконструира водоводната и канализациската мрежа и целосно ќе се смени дотраената електрична ...

На територијата на државата до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, а останатите се изгаснати, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општина Желино, во регионот на село Горна Лешница, каде горат сува трева и мешана шума. Ниска вегетација е опожарена во општина Валандово, на подрачјето на село Удово покрај реката Вардар. Последниот ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат ...

Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, потврди дека годинава ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати. Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август. – Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас, го цитираше прес-службата на ...

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, призна дека го доживеал „најлошото лето“ . Тој го пропушти Светското првенство во 2026 година поради повреда. – Беше најлошото лето, без сомнение“. Сè одеше добро… Се чувствував како да сум во најдобра форма, а потоа се случи повредата. На почетокот не можев да ги гледам шпанските натпревари, затоа што ме беше тешко бидејќи сакав да бидам таму и да играм, бидејќи бев во најдобра форма. ...

Република Туркије беше земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid, што се одржа од 22 до 26 јули, со поддршка на турското Министерство за култура и туризам и на Генералната дирекција за кинематографија. Фестивалот беше можност турската кинематографија да се претстави пред меѓународната публика, а воедно да се зајакне културната дипломатија, да се поттикне професионалното вмрежување, но и да се промовира Туркије како ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42