Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција. На Велики четврток, за време на вечерната богослужба, храмовите покрај со големиот број верници се исполнуваат со шарени кошнички со вапсани јајца и парчиња облека. Убаво спакувани, секоја со свој препознатлив детал, ја надополнуваат и онака ...
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на ...
Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Тендерот за набавка на нови автобуси траеше до понеделникот, согласно закон мораме да почекаме дали нешто ќе ...
Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски е нов тренер на турскиот прволигаш Истанбул ББ, откако го заврши својот успешен престој на клупата на саудиски Ал Хилал со кого изминатиот викенд ја освои шампионската титула и сезоната ја заокружи со четири трофеи. Ристоски потпиша едногодишен договор со Истанбул ББ и се враќа во европската клупска одбојка по пауза од десет години, откако претходно работеше како тренер во Швајцарија и Кипар. ...
Извршниот директор на Алпин, Стив Нилсен, верува дека главната слабост на тимот за сезоната 2026 е подуправувањето при голема брзина. – Имаме проблеми со подуправувањето при голема брзина на кои треба да се обратиме. Промените на насоката при голема брзина се веројатно најголемата слабост на автомобилот оваа година. Знаевме дека доаѓајќи во Сузука, првиот сектор ќе биде тежок, и така е. Мислам дека тоа е најголемиот одлучувачки фактор, да ...
Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, се осврна на неговата борба со Јаник Синер за тронот на АТП ранг-листата. Во моментов Алкараз е лидер со 12.690 поени, додека Синер има 12.500. – Јаник има неколку големи турнири пред себе каде што може да освои многу поени. Додека јас тешко да ги одбранам моите. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на нашето соперништво. Тој повторно ќе стане број 1 во светот и ќе се залагам колку што можам за да ја врати ...
Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума, ги негираше извештаите дека играчите барале бонус за пласман во финалето на Светското првенство во 2026 година пред решавачкиот натпревар од плејофот. – Бев навреден од коментарите и забелешките во врска со наводните бонуси што наводно ги побаравме. Како капитен, никогаш не побарав од италијанската репрезентација ниту едно евро. Како и во секое натпреварување, репрезентацијата им дава подароци на ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави списокот на судии за Светското првенство 2026, по детален процес на селекција кој траеше повеќе од три години. Такнаречениот „ФИФА Тим Еден“ е составен од 52 судии, 88 помошници судии и 30 ВАР судии, кои доаѓаат од сите шест конфедерации и 50 национални асоцијации, што претставува најобемен судиски тим во историјата на мундијалските турнири. ФИФА објави дека изборот е направен според ...
Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават безмалку стотина поети од земјава и од странство. Ќе имаме гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора. -Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…). Со ова мото сакаме да ...
Во рамките на координирана акција на Општина Кисела Вода и екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, денес на терен се спроведуваат интензивни активности за уредување на јавните површини во урбаните заедници Драчево и Бирарија, како и во месните заедници Усје и Стаклара-Каменик. Во акцијата се ангажирани околу 40 сезонски работници кои со поддршка на целокупната расположлива механизација, вклучувајќи телескопски пили, тримери и трактори за косење, ...
Древноегипетска облека исплетена од монистра од фајанс-бисери, веројатно направена со намена за женски погреб, е пронајдена во Гиза. Погребниот свечен фустан на кралицата Хенуцен, се верува, е скроен околу 2551 до 2528 година пр.н.е. Истражувачите го откриле овој археолошки наод во гробница од Старото Кралство. Се работи за времето на владеењето на кралот Хуфу во Гиза. Според американскиот Музеј на ликовни уметности во Бостон, којшто ја чува ...
Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот. -Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од ...
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, соопштија попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи. Како што најавија синоптичарите, утринската температура утре и во сабота наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен, повремено засилен, северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота се очекува да дува југоисточен ветер што во понеделник и вторник, ...
Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, в недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно со редовниот режим. Согласно со програмата за ...
Двајца првенци на Македонски народен театар во ист ден беа наградени за своите улоги во претставата „Народен пратеник“, на два различни фестивали, потврдувајќи го високиот уметнички квалитет на ансамблот и силниот регионален одек на театарот. Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во ...
Со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија започна продукцијата на краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти“, нов македонски проект базиран на серијалот „Приказни за облеките“ од авторката Наташа Дукоска. Филмот е по сценарио на Наташа Дукоска, ко-сценарист е Билјана Црвенковска, во режија на Илија Тодоровски, а во продукција на зАнимација продукција од Скопје. Во реализацијата на анимацијата учествуваат и ...
„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион. „Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, ...
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска смета дека добивањето на организација на Светско училишно првенство во ракомет е голема чест, но и одговорност. -Организацијата на овој настан за нас како Федерација на училишен спорт е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Да се биде домаќин на Светско училишно првенство значи дека Македонија е препознаена како сериозен партнер на меѓународната спортска сцена, особено ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение. – Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицковски, денес го означија почетокот на изградбата на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга. Според Хоџа, заштитата на животната средина значи и инвестиции во инфраструктура во помалите места, кои со години биле запоставени и без основни услови за живот. Само со рамномерен развој и опфат на сите ...
„Добар ден и од мене. Поздрав до вас новинарите, до граѓаните. Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните. Ценам дека ...
Општина Илинден и оваа година ја реализираше хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за ранливите категории граѓани, во пресрет на големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден. Акцијата, спроведена во духот на солидарност и хуманост под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше реализирана во соработка со Црвениот крст и локалната бизнис заедница. Благодарение на нивната несебична ...
-И по 14 години, болката не стивнува… таа е длабока, тешка и присутна во секое срце, како да се случи вчера. Тагата не избледува, туку нè потсетува колку е скапа човечката судбина и колку е кревка правдата, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес, со наведнати глави и тишина во душата, запаливме свеќи и положивме свежо цвеќе на Смилковското езеро – во спомен на невино згаснатите животи. На Велики Четврток пред 14 ...
Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време. Во ...
Мисијата „Артемис 2“ и четворицата космонаути на НАСА се подготвуваат за враќање на Земјата утре, откако патуваа до другата страна на Месечината, поточно ја заобиколија, во капсулата „Орион“. Со тоа, човекот стигна на најоддалечената точка од Земјата во историјата на човештвото. Пилотот на „Артемис 2“, Виктор Гловер, колегите астронаути на НАСА, Рид Вајзман и Кристина Кох, и канадскиот астронаут Џереми Хансен се првите астронаути во рамките ...
Жена која мислела дека засекогаш го изгубила вредниот златен приврзок останала во шок кога тој се појавил повеќе од десет години подоцна – и тоа на сосема очигледно место. Своето необично искуство таа го споделила на социјалната мрежа Тредс, каде што нејзината објава за кратко време привлекла големо внимание од јавноста. -Овој приврзок го изгубив пред повеќе од 10 години. Токму сега го најдов на средина од тепихот во пералната, напишала таа ...
Џасвин Сенга, која го набавила лекот што ја предизвика смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, е осудена на 15 години затвор, објавија американските медиуми, повикувајќи се на судот во Лос Анџелес. Обвинетата, позната како „Кралицата на кетаминот“, минатиот септември се изјасни за виновна по пет обвиненија. Според обвинителството, таа, меѓу другото, ја обезбедила дозата на анестетикот „кетамин“ што довело до смртта на американскиот ...
Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки ...
Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол… ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па секоја чест за Германија, рече ...