Со првите CAC и CACIB изложби на фудбалскиот стадион денес започна меѓународната кинолошка манифестација Маврово 2026. На дводневниот настан што го организира кинонолошкото друштво „Скардус“ од Гостивар, годинава се пријавени над 1500 кучиња. Претседателот на друштвото и меѓунарден судија, Миле Алексоски искажа задоволство од покажаниот интерес на одгледувачите и сопствениците за годинешната едиција и посочи дека има кучиња од над 30 држави. ...

Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел противкандидат на Џани Инфантино. Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на позицијата ...

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани битолчани на традиционалната Семакедонска средба што утре ќе се одржи во потпелистерското село Трново. Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново ќе има од 9 часот на автобуските стојалишта во градот, како и во населените места Кукуречани, Горно Оризари, Бистрица ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. – Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и Светското ...

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ под чие водство оваа репрезентација имаше забележителни резултати во моментов има три понуди да преземе репрезентација. Сите три понуди се од азискиот континент. Како најсигурна се смета понудата од Обединетите Арапски Емирати во висина од пет милиони евра годишно, а има најави за уште две понуди од Саудиска Арабија и Јужна Кореја. Според најавите можно е со Далиќ трансфер да направи комплетниот ...

Управата на Реал Мадрид испратила ултиматум до бразилскиот репрезентативец Винисиус: продолжување на договорот според условите на клубот или крај на соработката веќе ова лето. Според шпанска Марка, која ја пренесува информацијата „кралскиот клуб“ не сака да се откаже од услугите на играчот, но не сака да дојде во ситуација Винисиус да ја игра последната сезона од договорот и потоа без обесштетување да си замине. Од Реал Мадрид се категорични ...

Шампионот на Италија екипата на Интер договори ново засилување. Аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро треба да го напушти лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Според аргентинскиот ЕСПН, двата клуба се договориле за трансфер вреден 40 милиони евра. Ова ќе биде враќање на Ромеро во италијанскиот фудбал откако претходно настапуваше за екипите на Џенова, Јувентус и Аталанта. Тотенхем најпрво бараше повеќе пари, но сепак се договори и тоа ...

Со доделување на награди за најдобрите културно уметнички друштва, фолклорни групи и поединци, синоќа во Битола заврши 56 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Со одлука на стручно жири за најуспешна група која презентира изворна-традиционална музика и игра-обред, прогласена е женската група „Теута“ од Тетово, за најуспешна група која презентира староградска музика и игра прогласен е ансамблот за народни песни и ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

Повеќе од четвртина, односно 27,5 отсто од населението на Европската Унија постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат. Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 отсто во однос на 2024 година, но истовремено бил за 7,7 отсто понизок отколку пред 10 години, во 2015 ...

Американскиот производител на автомобили Џенерал моторс (ГМ) денеска најави дека до крајот на годината ќе почне сопствен систем на вештачка интелигенција за автомобили, кој би требало да биде подобро приспособен на потребите на возачите од општите ВИ асистенти. Новата ГМ технологија ќе биде подлабоко интегрирана со возилото, неговите системи и податоците за работата на автомобилот од неодамна воведениот асистент на Гугл, Џеминај, напомена ...

Во новата сезона ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе настапат со неколку нови имиња, а едно од нив е Алекса Колаковиќ. Тој до неколкуте денови во „градот на ракометот“ ги пренесува впечатоците и ја најавува сезоната. – Многу сум среќен што дојдов во клуб и град со голема историја и традиција. Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар, но и со квалитетни соиграчи во тимот. Битола е прекрасна, гледам дека сега има и многу туристи, ...

Светската фудбалска федерација ФИФА до 14. август треба да донесе одлука за можно проширување на Светското првенство од 48 на 64 репрезентации. Според Скај спортс, ФИФА започнала консултации за новиот формат на натпреварување и планира зголемениот број репрезентации да биде веќе од СП 2030 година. Оваа идеја е поддржана од КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка) која смета дека треба повеќе натпревари да се одиграат во земјите од Јужна ...

Европската фудбалска федерација УЕФА ги објави термините за одигрувањето на дуелите од третото квалификациско коло од Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан. Првиот дуел се игра на стадионот на шкотскиот тим во Единбург на 6.август со почеток во 21 часот. Реванш дуелот е закажан за 13.август во Скопје на Националната Арена Тодор Проески со почеток во 20 часот. Инаку, на 3.август (понеделник) ќе бидат извлечени и двојките за плеј-оф ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. – Македонскиот ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари работна средба со градоначалникот на албанската Општина Либражд, Мариглен Диша, на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете општини. Во фокусот на разговорите биле можностите за реализација на заеднички проекти и искористување на средствата од ИПА III Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија 2021–2027. Посебен акцент бил ставен на ...

Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. – Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – изјави градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека ветер го проширил пожарот на околната ...

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање. Инспекторите на ДИЖС, како што се посочува, спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти ...

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје. Тој денеска официјално стави потпис на договорот со македонскиот кошаркарски првак. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман во европски клуб го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. ...

Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...

Почна санацијата на мостот „Естакада“, еден од најфреквентните влезови и излези од Скопје, кој претставува важна сообраќајна артерија за илјадници граѓани што секојдневно патуваат кон и од општините во овој дел на градот. Проектот, како што информираат од Град Скопје, опфаќа реконструкција на пристапните рампи на површина од 10.000 квадратни метри, при што ќе се изврши гребење на постојниот асфалт и вградување на два нови асфалтни слоја. ...

Во тек е санација на оштетувањата предизвикани од невремето на коритото на река Серава, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Преку објава на својот Фејсбук профил, Костовски посочува дека издаден е налог за работа и од вчера активно се работи на санирање на оштетувањата на коритото на реката. По големото невреме, вели, биле забележани оштетувања на одредени делови од коритото, по што била формирана комисија која ги ...

Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго. Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на ...

На повеќе локации во Струга од 5 до 9 август ќе се одржи 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Дрим Шорт. Организаторот, тимот на Дрим Шорт, соопшти дека главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на поезијата, додека останатите настани се распределени во Јуроп хаус Струга, мезебар Кингстон и кафе бар Дуќан. – Десет години пловиме… Имавме мирни утра каде што сѐ изгледаше можно, но имавме и бури што нѐ тестираа дали ...

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека врнежите во текот на ...

Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје успешно ја реализираа креативната „upcycling работилница“ на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето, соопштија попладнево од јавното претпријатие. – На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 ...

Фудбалската федерација на Азија (АФЦ) се придружи на критиките кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино приватни инвеститори да купат дел од комерцијалните проекти поврзани со Светското првенство и со другите натпреварувања на ФИФА. АФЦ во петокот објави дека е заедно со УЕФА и КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка и Кариби). Овие две организации претходно жестоко се спротивставија на идејата на Инфантино. УЕФА се закани со бојкот, а ...

Завршен и необјавен филм во којшто глуми Николас Кејџ, мистериозно исчезна од студио на Нетфликс. Следствено, продуцентот загрижен за можна појава на пиратски изданија и примероци, тврди дека проектот е уништен и бара отштета. Стрим-гигантот отфрла секаква вина. Бараната отштета е 105 милиони долари. Продуцентот Сајмон Афрам тврди дека копија од неговиот филм „Fortitude“ (Стаменост) е украдена од холивудското студио на Нетфликс. Адвокатите на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07