Капитенот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Договорот на искусниот фудбалер истекува за неколку недели, но двете страни сè уште не воделе разговори за негово евентуално обновување. Ова речиси сигурно значи дека клубот повеќе нема намера да се потпира на дефанзивецот и тој ќе го напушти клубот како слободен агент. Сепак, постои можност Васкез да остане на „Сантијаго Бернабеу“ доколку Реал ...

Против Брентфорд, Манчестер Јунајтед го одигра најмладиот стартен состав во историјата на клубот во Премиер лигата. Просечната возраст на играчите кои го започнаа натпреварот е 22 години и 270 дена. Ова е трет најдобар резултат во историјата на англиската елита. Рекордот го држи Мидлзбро - 20 години. и 181 ден (против Фулам во мај 2006 година) по што следува Арсенал - 22 години и 237 дена (против Портсмут во мај 2009 година). Дополнително, ...

Бразилската полиција денеска соопшти дека спречила бомбашки напад што бил планиран да биде извршен на концертот на американската пејачка Лејди Гага во саботата во Рио де Жанеиро, каде што имало повеќе од два милиона луѓе. Полицијата соопшти дека нападот бил планиран од група што промовира говор на омраза и радикализација на тинејџери, а исто така регрутирала малолетници за извршување координирани напади користејќи импровизирани експлозивни ...

Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки. Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела таа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина. Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските клиенти на платформата Tему веќе ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако во изминатите недели имаше спекулации за тоа. Трамп, кој постојано ја споменуваше можноста за трет мандат откако се врати во Белата куќа во јануари, ја отфрли таа можност, што е забрането со Уставот. „Тоа не е она што се обидувам да го направам“, рече Трамп. „Сакам да имам четири многу добри години, а потоа да се повлечам и да ...

На 97-годишна возраст почина поранешниот министер за надворешни работи на Грција Петрос Моливијатис, кој важеше за близок соработник на поранешниот премиер и лидер на Нова демократија Константинос Караманлис, а за време на првиот мандат како шеф на дипломатијата во 2004 година го посети Скопје, јави дописничката на МИА од Атина. Моливијатис три пати беше министер за надворешни работи на Грција, првиот мандат од 2004 до 2006 година во Владата на ...

Во Германија, најмалку 193 полицајци се под дисциплински постапки или истраги поради сомневање за десничарски екстремистички верувања или склоност кон теории на заговор, објавија германското списание Штерн и телевизијата RTL, повикувајќи се на податоци од германската полиција. Тие медиуми објавија дека бројот на такви акции против полицајци би можел да биде поголем, бидејќи германските сојузни покраини Северна Рајна-Вестфалија и ...

Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство во криптовалути откако киднапери му отсекоа прст на еден од нив, барајќи неговиот син да плати откуп. По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен доцна синоќа од куќа јужно од Париз. Бил киднапиран во четвртокот навечер. Истражителите веруваат дека киднаперите немало да престанат да го повредуваат ...

Во Штип, градот каде што учистелствувал идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев денеска се одбележаа 122 години од неговата смрт. Делегации и претставници на општината, државни и локални институции, Здруженија на граѓани и политички партии положија цвеќе пред спомен релјефот на Гоце Делчев поставен на училишната зграда во штипско Ново Село, каде учителствувал, а сега е ректорат на Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД). ...

Хуманитарен настан за опремување на крстилницата во црквата, се одржа денеска во неготинското село Криволак. - Жителите на Криволак се сплотија околу иницијативата на црковниот одбор на селото за одржување хуманитарен настан, за собирање финансиски средства за опремување на крстилницата во локалната црква Свети Спас, за што благослов е даден од владиката Агатангел. Како локална самоуправа дадовме морална и логистичка поддршка на настанот, а ...

Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во текот на 03/04 мај, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, по претходно подготвен план спроведоа акциска контрола во угостителски објекти и клубови во Битола. Како што соопшти денеска МВР, притоа во билјард клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ биле затекнати осум малолетници после 24:00 часот, потоа во билијард клуб лоциран на улицата „Булевар 1-ви Мај“ биле затекнати двајца ...

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Радовиш ги лишија од слобода лицата С.Р.(32) и С.А.(28) и двајцата од Радовиш. Како што информира МВР, лицата се осомничат дека во текот февруари, март и април годинава извршиле 14 кривични дела „тешка кражба“ во колонијални продавници и маркети во населени места на подрачје на Струмица. Констатирано е и дека извршиле три кривични дела - „одземање на моторно возило“, од кои две во Радовиш и ...

Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери и приколки, соопштија од Министерството ...

Две лица загинаа, а 31 лице е хоспитализирано во три хрватски градови откако патнички автобус и автомобил се судрија рано изутрината на автопат во Хрватска, објавија хрватските медиуми. Денес околу 3 часот наутро, на автопатот А3 Посавска Автоцеста, кој поминува низ регионот Славонија во источна Хрватска, се судрија двокатен патнички автобус со босанска регистарска табличка и автомобил, исто така со босанска регистарска табличка, објави ХРТ. ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 7 до 10 мај ќе престојува во официјална посета на Русија и на 9 мај ќе присуствува на чествувањата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија во Втората светска војна, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Кремљ. Кремљ на Телеграм објави дека Си ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за развојот на стратешкото ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на време. „Ми се чини дека ова е неизбежно, и покрај сите трагедии кои сега ги доживуваме. Тоа е прашање на време“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“. Рускиот претседател призна дека не се чувствува како политичар кој одлучува за судбината на земјата и истакна дека сè уште „дише ист воздух како и милиони други ...

Британската служба за борба против тероризмот уапси вкупно осум мажи, вклучувајќи седум ирански државјани, во одделни рации, соопшти лондонската полиција. Би-Би-Си објави дека осумте мажи биле уапсени во две одделни полициски истраги за борба против тероризмот и дека, според соопштението од полицијата, петмина од нив биле уапсени на различни локации во Англија како дел од „претходно планирана“ истрага за заговор за „напад на одредени ...

Германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц повика на зачувување на мирна и обединета Европа и истакна дека Германија има посебна одговорност за зачувување на мирот во Европа поради својата историја, односно поради нацистичкиот режим за време на кој беа убиени милиони невини деца, жени и мажи. Во својот последен говор како канцелар, на комеморативната церемонија по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа и ...

Авиокомпаниите „Луфтханза“, како и индиската „Ер Индија“ денеска соопштија дека ги суспендираат летовите до Тел Авив до 6 мај по ракетниот напад врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, за кој одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници хути. Групацијата „Луфтханза“, која покрај германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги вклучува и компаниите „Аустриан“, „Браселс ерлајнс“, „Дискавер ерлајнс“, „Еуровингс“, „Свистајн“ и ...

Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица беше одбележана 122 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење. За животот и делото на Делчев говореше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. - И ако денес некој ве праша: „Која земја му е дом на Делчев“, одговорете му: „Тоа е земјата за која се борел. Тоа е земјата за која загинал. Тоа е земјата во која се наоѓа неговото вечно ...

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите во клубот „Пулс“, што заеднички ја организираа нивните семејства и Општина Кочани. Учесниците, меѓу кои имаше деца и родители на жртвите, возеа на кружна патека во должина од 15 километри во правец на селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог, а на местото на трагедијата им беше оддадена едноминутна почит ...

Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година денеска им беше доделена на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, постхумно ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во претстојниот период наплатата на приходите да биде уште поголема. Како што изјави денеска, порано тие средства завршувале во нечии џебови, а денес одат во проекти за граѓаните. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски се осврна и на патувањето на владината делегација во Јапонија, со напомена дека трошоците биле сведени на минимум. -Зголемена е ...

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот на инвестиција се очекува за една до две недели. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски повтори дека една од примарните цели на Владата е номиналниот БДП да биде над 20 милијарди долари или 10 500 долари по глава на жител, како и намалување на ...

Фасцинантно е како денеска, повеќе од еден век подоцна, се живи и актуелни идеите, пораките и вредностите на нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Филипче кој положи цвеќе во црквата „Свети Спас“ каде беше одбележана 122-годишнината од смртта на Делчев, потенцира дека како општество се уште имаме многу работа пред себе. -Дел од визиите на македонскиот револуционер денеска звучат ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска, во врска со најавите на ДУИ, рече дека правото на протест е уставно загарантирано, но не треба да се злоупотребува. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Филипче информира дека во СДСМ тече процесот за избор на кандидатите за локалните избори, како и дека се во тек разговорите за коалициски партнери за изборите. -Правото на протест е уставно ...

215 белосветски криминалци добија македонски пасоши во време на Заев, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него? 215 најголеми криминалци и лидери на нарко кланови кои зад себе имаат истории на тргување со дрога и убиства од страна на власта на Заев и Филипче им беше даден Македонски пасош. 215 белосветски криминалци заради Заев и Филипче непречено се движеа низ светот со лажен идентитет. 215 белосветски криминалци со години ...

Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски упати и совет до Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината. Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локалните избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ. -Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, но и на својот фејсбук профил искажа почит кон македонскиот револуционер. Како што наведува Сиљановска Давкова, Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина. -Со длабока почит, по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, положив свежо цвеќе на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.63
71%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
0.89
69%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.88
66%
1013
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.31
63%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
5.26
57%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.45
68%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.36
47%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
74%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.68
74%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.76
74%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.24
71%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 13ᴼ
1.3
85%
1013
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1037.98

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68