
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција го најави Предлог-законот за скратување на работното време од осум на шест часа, без реперкусии по платите. Како што истакна, иницијативата не произлегува само од идеолошки став, туку претставува одговор на современите општествени и технолошки предизвици, како и на потребата за подобар баланс помеѓу работниот и приватниот живот. Мециновиќ посочи дека, и покрај технолошкиот ...
Бобинките – како што се боровинките, јагодите, малините и капините не се само вкусни и освежителни, туку и вистинска ризница на хранливи материи кои можат значително да придонесат за подобро здравје. Тие се богати со витамини, антиоксиданси и растителни влакна, кои помагаат во зајакнување на имунитетот, одржување на здрава телесна тежина и заштита од хронични заболувања. Сега кога нивната сезона е тука, ова е идеален момент да ги вклучите во ...
Преку Министерството за образование и наука за следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти владината прес-служба. -За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Нивата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,00, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 67,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), пак, се намалува за 1,00 денари и литар ќе ќини ...
Вчера (15.06.2025г.) полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода три лица од Тетово и тетовско затоа што управувале возило со брзина поголемна од максимално дозволената. Во 17.40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземените мерки и активности, полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ ...
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по ...
Земјотрес со магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутринава во 04:34 часот во Охрид и регионот. Европскиот-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри, на 4 километри североисточно од Охрид. Според Сеизмолошката опсерваторија на Природно математичкиот факултет земјотресот во Охрид и блиската околина е почувствуван со интензитет од V степени според ...
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на слики и монотипии од академскиот уметник Диме Темков. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат серија дела кои авторот ги има создадено во новиот период на своето творештво. „Некои од нив се израз на новиот експресионистички период на неговите истражувања на соодносите и усогласување на боите како значење во сликарството. Некои се афирмација на ...
Времето денеска(понеделник) ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 14 до 30 степени. Управата за хидрометеоролошки работи најави дека во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Утре (вторник) попладне во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. ...
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. ...
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Жителите на иранската престолнина изразија гнев и огорченост по смртоносните напади на Израел врз Техеран. – Израел ни ги уби командантите, а што очекуваат за возврат? Бакнеж? Ќе ги гониме – око за око, изјави 29-годишниот таксист Махмуд Дори, пренесува Си-Ен-Ен. Поддршка за Иран изрази и 31-годишната наставничка Пери Пургази, која рече дека е горда што нејзината земја му се спротивстави на Израел, особено по долгите напади врз Појасот Газа. – ...
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во соработка со волонтери од Црвениот крст на РСМ спроведоа превентивна акција за безбедното патување во летни услови. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи полициските службеници им укажувале на патниците при влез во земјава за потребата од внимателно и одговорно возење и со оглед на високите дневни ...
При изборот на растенија за дворот или балконот, многу е важно да се обрне внимание на тоа колку светлина има во текот на денот. Ако изберете растенија за сончевата страна на терасата, таму нема да имате проблем. Но, треба да ги разликуваме растенијата што толерираат директно сонце и високи температури од оние на кои им е потребно сонце, но не ја сакаат топлината. Ако вашиот простор е свртен кон југ или запад и има многу сонце, идеалните ...
Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии. Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели. „По превентивниот напад на државата Израел врз Иран, во непосреден рок се очекува напад со ракетни и беспилотни летала врз државата Израел и нејзиното цивилно население“, изјави министерот за одбрана Израел Кац.Израел соопшти дека прогласува ...
Во првиот квартал годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 8.044 трансакции, од кои 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижен имот. Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јануари – март 2025 година во однос на периодот октомври – декември 2024 година е намален за 11 проценти, а за толку е намален и бројот на ...
Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Откако ...
Високите температури влијаат на функционирањето на телото, метаболизмот, варењето и рамнотежата на течностите во телото, а она што го јадеме во текот на летото може да придонесе за чувство на разладување, но и да ни биде уште потопло и потешко. Храната што може да нè разлади во текот на летото е онаа со висока содржина на вода и нејзината консумација помага да се одржи пониска телесна температура, па се чини дека се чувствуваме поудобно во ...
На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри. -Денеска ...
Чешлањето на косата е дел од секојдневната нега, но многумина не знаат дали е правилно да се чешла косата додека е мокра. Ова прашање често предизвикува дилеми, бидејќи постојат различни мислења. Некои велат дека мократа коса е поранлива, додека други сметаат дека тогаш најлесно се расплетува. Но што е вистинито? Што се случува со косата кога е мокра? Кога косата е мокра, нејзината структура се менува. Влакното се омекнува, кутикулите ...
Најголемиот дел од свадбените веселби се организираат во летниот период, а семејствата, како и трговците и угостителите, подготовките ги прават порано. Иако, генерално луѓето зборуваат за финанисиска криза, секојдневни поскапувања и недостиг на пари, кога станува збор за свадбите, се добива впечаток дека не се штеди. Она што важи како традиција, особено кај муслиманите, невестата да се реди со злато, продолжува и денес. Златарниците во Гостивар ...
Управата за јавни приходи упати потсетување до сите угостители, трговци и вршители на дејност на законската обврска да го регистрираат готовинскиот промет преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за секоја наплатена стока или услуга. -Покрај тоа, деловните субјекти се должни да го евидентираат остварениот промет и да го уплатат кај носителот на платниот промет, најдоцна наредниот ден по денот на реализација на прометот. Оваа ...
СВР Тетово информира дека вчера (12.06.2025г.) во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(75) од Битуше. Лицето беше пријавено како исчезнато на 29.05.2025г. додека се шетало во шумски предел. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било ...
Времето денеска (петок) ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион од 12 до 29 степени. УВ зрачењето има висок индекс, 11. УХМР информира дека во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло со максимална температура до 30 степени. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж ...
Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk ...
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Светското првенство 2026 година. „Црвено-жолтите“ по ремито со Белгија во петокот во Скопје, на средбата со Казахстан одат по трите бода за да останат конкурентни за висок пласман во Ј-групата. Во текот на вчерашниот ден Македонците го одработија официјалниот тренинг на теренот со вештачка трева каде ќе се игра натпреварот. Почетокот на дуелот Казахстан – ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој ...
Во април годинава се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38,9 проценти повеќе во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 метри квадратни. Од вкупниот број станови, 266 се во Скопскиот регион, 232 во Југозападниот, 125 во Полошкиот регион, 63 во Источниот регион, 16 во Вардарскиот регион, 14 во Југоисточниот регион, ...
Во почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа загинаа 55.104 луѓе, а повеќе од половина се жени и деца, додека повредени се 127.394 лица, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израел тврди дека цел на нападите се само милитантните од Хамас. При израелските напади уништена е огромна површина од Појасот Газа, а околу 90 проценти од населението е раселено. Израел повеќе од два месеца ја блокира хуманитарната помош за ...
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, од Полициска станица од општа надлежност при ОВР Гостивар и од Полициско одделение за безбедност на патен сообраќај, денеска на неколку локации низ градското подрачје во Гостивар спроведоа превентивна активност под мотото – „Сите сме пешаци“. „На пешаците, како учесници во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП, а со пораки за ...