Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Времето денеска (петок) ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -1 до 12 степени. Во текот на деновите од викендот под влијание на висок воздушен ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде било пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Од Јавното обвинителство соопштуваат дека поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител наредил обдукција и ...
Ноќеска во 2:15 часот после полноќ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.М.(53) од Неготино. „Претходно, Ј.М.(34) од Здуње, гостиварско, пријавил дека на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 неговата мајка Х.А. влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон, а на 09.12. тој ја пријавил како исчезната. Исто така, тој пријавил дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека со измените прифатени на вчерашната седница на Владата за Законот за Централен регистар на население се воведува единствен електронски број на граѓанинот (ЕЕБГ). Овој број ќе претставува анонимен идентификатор што ќе ги поврзува податоците за граѓанинот во сите институционални системи, со цел поголема заштита и повисока приватност. Според министерот, новиот електронски ...
Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот гостува во Даблин, каде против Република Ирска го игра вториот натпревар од групата во претквалификациите за Евробаскет 2029. Нашиот национален тим во првото коло во Скопје убедливо го совлада Азербејџан со 87:49 и со тоа најави борба за првото место во групата. Следниот противник, Република Ирска, на стартот загуби на гостувањето кај Луксембург со 89:77, но според капитенот Војдан ...
Изминатата ноќ на Сонцето е забележана црна дамка предизвикана од експлозија на водород, соопшти Лабораторијата за соларна астрономија при рускиот Институт за вселенски истражувања (ИКИ). Експлозијата се појавила околу полноќ, според московско време, па црната дамка на Сонцето се проширила на дијаметар од околу милион километри, пренесуваат руските медиуми. Сончевите дамки се делат на пет класи во зависност од јачината на рендгенското ...
Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за ...
На настан со испраќање порака за слободата, еднаквоста и достоинството на секој човек, во Гостивар вчеравечер беше одбележан Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември. Настанот го организираше Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“, а акцентот беше ставен на младата популација. „Целта ни е да ги информираме и едуцираме младите, средношколците за нивните права. Да знаат кои се човековите права, како да ги остварат ...
Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на Валентина Тасеска со ракотворби кои раскажуваат за традицијата пренесувана од генерација на генерација, за идентитетот, обичаите, древното. Под наслов „Традиционални вредности“ пред публиката беа претставени триесетина автентични рачни изработки, филиграни со срма, орнаменти за носии, накит. „По професија сум сметководител, но во рачните изработки си го наоѓам својот ...
Поранешниот градоначалник на Гостивар во два мандати, Невзат Бејта влегува во изборната трка на 11 јануари како кандидат за прв човек на Гостивар од коалицијата Вреди. Како што најави, кандидатурата во Општинската изборна комисија ќе ја поднесе утре. „Со Божја дозвола, со волјата на граѓаните, со резултатите од анкетите и по консултациите со раководството на Вреди, одлучено е јас да бидам кандидат на Вреди за градоначалник на Гостивар на овие ...
Жени од граѓански организации и различни политички партии денеска во Гостивар беа дел од јавна дебата посветена на борбата против семејното и родово насилство. Настанот го организираше Центарот за женски права „Етика“ во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против семејно насилство“, под мото: „Променете го наративот, ставете крај на насилството“. „Целта е жените да седнат сите заедно и како претставнички на политички партии и ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади попладнево до нашата редакција испрати одговор во врска со исплатата на социјалната и детската заштита за месец ноември. Од институцијата наведуваат дека процедурата за подготовка е целосно завршена и дека исплатата треба да се реализира во најкраток рок, без да се наведе конкретен датум кога корисниците ќе ги добијат средствата. Оттаму истакнуваат дека остануваат во координација со ...
Ваљбон Лимани вечерва официјално ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Општина Гостивар до Општинската изборна комисија. Тој и на повторените избори, како и на октомвриските, ќе биде кандидат од Националната алијанса за интеграција. „Пред сѐ веруваме и посакуваме фер и демократски избори на 11 јануари и се надевам дека после изборите, гостиварци ќе имаат градоначалник кој е избран на редовни избори. Во кампањата овојпат ќе имаме ...
Граѓани корисници на средства од права на социјална заштита изразуваат револт и незадоволство поради тоа што сѐ уште ги немаат добиено парите за ноември. Гневни и загрижени секојдневно прашуваат кога ќе им биде исплатена помошта, која велат вообичаено стасувала на сметка во тек на првата недела од месецот. На социјалните мрежи може да се забележат низа коментари и реакции, како на страницата на Министерството за социјала и на страниците на ...
Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за ...
Министерството за дигитална трансформација инфрмира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426. -Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди ...
Вчера (8.12.2025) во 20:00 часот во ОВР Гостивар се пријавиле 49-годишна жена и нејзината 19-годишна ќерка од Гостивар, извести СВР Тетово. Според пријавеното, околу 18:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички го нападнале нивниот 65-годишен сопруг и татко, при што ќерката употребила стаклен предмет. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата. ...
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава. Стипендиите се наменети за студенти запишани на магистерски или докторски студии во едно од следниве научни подрачја: природно-математички науки (биологија, физика, геофизика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика), инженерство и технолошки науки (електротехника, ...
Студените денови доаѓаат, а многу луѓе забележуваат дека им станува сè потешко да се загреат. Ова не е случајно – телото се менува со возраста и реагира различно на ниски температури. Токму затоа многу луѓе стануваат многу почувствителни на студ отколку порано, а лекарите ги идентификуваа главните фактори што можат да влијаат на ова. Прво, како што метаболичките функции се забавуваат со возраста, телото произведува помалку топлина отколку ...
Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека по воведувањето стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, годинава исто така за прв пат ќе додели и седум стипендии за втор и пет стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик. Конкурсите се веќе објавени. За стипендија за втор циклус на студии чиј износ е 9.000 денари и ...
СВР Тетово информира дека вчера (8.12.2025) во 15:45 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово кај наплатна станица Тетово на патот Гостивар-Тетово ја лишиле од слобода С.А.(35) од Гостивар. „При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувала патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде со сообраќаен знак ...
Со цел побезбедни празници – да не се употребува пиротехника, апелираат утрово од Министерството за внатрешни работи. Министерството ги повикува граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нагласуваат, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки ...
Вдахновен од Светиот Дух, Кој повторно се излеа на ова евхаристиско свештенодејство, по молитвите на нашиот патрон свети Климент, во чиј спомен веќе неколку дена прославува целокупната наша Црква и држава, ете во овој празничен миг, со благослов на нашиот блаженејши Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан – застанувам на ова амвонско место за да произнесам слово за оној, кој нè воспита во верата, кој нè научи преку своите писанија и ни ...
Пратеникот Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски прашањае е избран за вршител на должноста претседател на политичката партија Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднел неотповиклива оставка на вчерашната седница на Централното собрание на партијата. Ибрахими во објавата на Фејсбук, каде информира за оставката, посочува дека таа е резултат на неговите политички убедувања и визија, а не поради ...
Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре. Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од две години и каматна стапка од 4,5 проценти годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а аукцијата ќе се одржи во петок, на 12 декември. ...
Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата. „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.“, се вели во извештајот на АМСМ. Од таму потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително ...
Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 9 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и ...
Енергетскиот домашен сок за појак имунитет се препорачува во текот на зимата и сезоната на вирусни инфекции за заштита од настинки, грип и други патогени што циркулираат меѓу населението. Енергетскиот пијалок е најдобар кога го правиме сами, од свежи и домашни состојки, без додаден шеќер и адитиви. Нутриционистите истакнуваат дека е особено важно што ѓумбирот се наоѓа како една од главните состојки на секој домашен сок за зајакнување на ...