
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА). Претседателката на МБА Маја Стевкова Штериева изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат за ...
СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година. Мерката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и за поддршка на традиционалното сточарство, со цел зачувување на ...
По правило, сите се согласуваат оти дека сите деца треба да бидат сакани и третирани подеднакво. Сепак, сè уште има многу родители кои повеќе му се посветуваат на едно од своите деца, иако не сакаат да го споделат тоа со другите, па дури ни да си признаат себе. Тој факт дека родителите имаат омилено дете, само означува дека тоа е природна и вообичаена појава, покажуваат психолошките истражувања. Зошто за еден родител, едно од неговите / ...
На 30 јуни 2025 година, околу 19:00 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека во шумски предел помеѓу селата Сретково и Церово се случила несреќа при работа. Според пријавеното, 32-годишниот О.Ќ. од Зелениково, извршувајќи работни задачи – сечење дрва за фирма од Гостивар, се здобил со телесни повреди. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар, каде му била укажана лекарска помош. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ...
СЛУШНИ ЈА ВЕСТА (создадено со вештачка интелигенција) Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека и во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако ...
Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија соопшти дека новата Одлука за висината на посебните такси за користење на јавни патишта, односно патарините, ќе се применува од 4 јули. Во соопштението се наведува дека, во согласност со редовните годишни активности, е извршено прилагодување на износите на динари на таксите со годишниот индекс на потрошувачки цени и зголемувањето на малопродажните цени, но без да се прецизираат ...
На 30 јуни 2025 година, околу 14:58 часот, на улицата „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 68-годишниот Е.С. од Гостивар. Според информациите од СВР Тетово, тој управувал мопед кога изгубил контрола и паднал на коловозот. При извршениот увид било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта. ...
Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми” се воведува од денеска до 31 август годинава. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП ...
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. – Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата ...
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против тројца лица осомничени за незаконита сеча во рамки на Јавната установа „Национален парк Маврово“, со што е нанесена значителна материјална штета на оваа институција. Пријавени се Х.И. (40) од општина Маврово и Ростуше, директор на Националниот парк, Г.А. (44) од с. Ниќифорово, раководител на Одделението за одржливо користење, како и А.Б. (54) од Гостивар, вработен во ...
Со доаѓањето на летото и зголемената влага во воздухот, комарците повторно стануваат сериозен проблем за граѓаните. Освен што предизвикуваат непријатни убоди и чешање, комарците можат да бидат преносители на инфекции, па заштитата од нив станува секојдневна потреба. Наместо употреба на агресивни хемиски средства, сè поголем број граѓани се одлучуваат за природни решенија. Но, кои од нив навистина делуваат? Темјан – природен одбивач за комарци ...
На 29 јуни 2025 година, околу 14 часот, во ОВР Гостивар била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар – село Чајле, во која мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди. Според пријавата, Ф.Е. (44) од с. Чајле, управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски таблички, изгубил контрола и паднал на коловозот. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ...
По повод 80 години од смртта на големиот народен херој Чеде Филиповски Даме, во Гостивар утрово се одржа собир со положување на цвеќе. Настанот го организираше општинскиот одбор на сојузот на борци на плоштадот пред бистата на Даме. „Чеде го родија Митра и Русе Филиповски од Ниќифорово, а Даме го роди револуцијата од 1941 година во окупирана Македонија. Уште може да кажеме дека Чеде го роди ова наше поднебје, го родија тагите и солзите ...
Советот на Општина Гостивар на денешната седница донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на летниот период. Со одлуката локалите добиваат можност да работат плус два часа од вообичаеното работно време. Како што подвлече претседателот на Советот, Намик Дурмиши ова се практикува секоја сезона на барање на угостителите. „Секоја година налето Советот носи одлука за продолжување на работното време на ...
Слушни ја веста СВР Тетово информира дека вчера (28-ми јуни) во 23 и 30 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 24 годишната У.Н. од Турција, постапувајќи по претходна пријава дека во стан во Гостивар, агресивно се однесувала и упатувала закани, а потоа и физички ја нападнала 24 годишната Б.Ш. од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведува ...
Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување ...
Синоптичарите за денеска (понеделник) најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 17 до 32 степени. Во текот на следните денови од оваа работна седмица се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност со постепен пораст на дневните температури, чиј максимум ќе се искачи до 36 ...
Слушни ја веста Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Македонија. Тоа денеска го соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство. Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од таа земја. Син јазик е вирусна болест и ...
Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство. – Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза”. И тука, од една во друга клиника, во овој ...
Меки и масни, сардините се основна храна во менијата во Индија, Филипините, Тунис, Португалија, Грција и Италија со векови. Продавани во шарени, украсени конзерви, тие се сè повеќе симбол на опуштениот и разигран медитерански начин на живот. Луѓето често ги занемаруваат, но тие всушност се неверојатно богати со хранливи материи. Конзерва сардини содржи околу 23 грама протеини. Тие се еден од ретките природни извори на витамин Д – конзерва од 110 ...
Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи ...
Управата за јавни приходи информира дека мобилната апликација„МојДДВ“ во моментов работи со прекини. „Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална. Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираатво рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои ...
Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Овој тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index). Што претставува „јапонското одење“? Оваа вежба се заснова на наизменично брзо и бавно одење коешто трае вкупно 30 минути. Поточно, ...
Слушни ја веста Според Авто мото сојузот на Македонија на граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Авто мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Од таму потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен ...
Слушни ја веста Министерот за здравство Азир Алиу, попладнево беше во посета на општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, каде со раководството во обиколка на установата ги разгледа постоечките инфраструктурни услови и деловите кадешто има потреба од подобрување. „Ние низ градовите одиме за да видиме каков тип на инфраструктура имаме како Министерство за здравство, затоа што во тек сме со агрегирање на податоци од инфраструктурна точка и од ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на лица кои ќе добијат финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Како што соопштија од Министерството според резултатите: • 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 година. • 94 згрижувачки семејства исто така го стекнуваат правото на финансиска поддршка. ...
Слушни ја веста Вчера (26.06.2025г.) во 17.30 часот во СВР Тетово 77-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 11 часот била измамена од непознат маж, кој и се јавил телефонски и лажно претставувајќи се како инспектор и рекол дека нејзината ќерка прегазила малолетник и за да не оди во затвор ќе мора да му даде пари. „Таа му дала 4.200 евра, односно ги оставила на местото на кое се договориле, но подоцна сфатила дека немало никаква сообраќајна ...
Слушни ја веста Времето денес (петок) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне од 35 степени. Утре (сабота) нѐ очекува сончево и топло време со умерена облачност. Според ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40%. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, и изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг, и изнесува 40,188 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на ...