
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во текот на 13. недела од 2025 година – од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 39,1 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 13. недела од минатата сезона е зголемен за 3,1 пати, а во споредба со бројот за 13. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, ...
СВР Тетово информира дека вчера (3.04.2025) во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од Гостивар, дека малолетникот, кој и е внук од сестра, во куќата на нејзиниот брат извршил полов напад врз нејзината петгодишна ќерка. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Гостивар и се ...
Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани. Информацијата утрово за МИА ја потврди доктор Игор Николов, кој е координатор за состојбата на повредените пациенти кои се на лекување во странство. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за управителот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Карадакоски. За денеска во 13 часот, како што најави ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови каде ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе 7, а максималната ќе достигне 13 степени. Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на ...
Секоја година, 27-ми март се слави како „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области. Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни ...
Во просториите на Владата денеска се одржа средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, која траеше еден час и 40 минути. По средбата, Филипче ја оцени дискусијата како конструктивна и информираше дека е постигнат начелен договор за формирање на заеднички работни групи кои ќе работат на реформската агенда во неколку клучни сектори. „Начелно договоривме дека ќе работиме на начин за формирање на ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска загуби од Чехот Јакуб Меншик во финалето на турнирот во Мајами. Мечот траеше два часа и пет минути и заврши со 2:0. Двата сета Меншик ги доби на тајбрејк со 7:6 (7:4). Триесет и седумгодишниот Србин имаше седум асови, една двојна грешка и една претворена брејк точка. Деветнаесетгодишниот Чех имаше сервира 14 асови, една грешка на вториот сервис и една реализирана брејк-точка. Светскиот рекет број 54 ја ...
Денеска попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2), соопшти УХМР во најновото метео предупредување. Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ...
Семејната динамика се менува како што расте бројот на деца, а со тоа се обликуваат личноста и карактерните црти на секое дете. Најстарото, средното и најмалото дете може да имаат различни пристапи кон животот, меѓучовечките односи и предизвици поради нивната положба во семејството. Експертите се согласуваат дека положбата меѓу браќата и сестрите има големо влијание врз обликувањето на карактерот и однесувањето. Подолу, за тоа какви се разликите ...
Вчера (2.04.2025) во 15.30 часот во ПС Гостивар сам дошол М.Т.(21) од гостиварско, кој околу 13.20 часот бил пријавен од 17 -годишна малолетничка од гостиварско село со која биле во љубовна врска, информира СВР Тетово. „Таа, во присуство на нејзиниот татко во полициска станица пријавила дека М.Т. агресивно се однесувал кон неа и ја уценувал дека ќе објави компромитирачки снимки и фотографии доколку ја прекине нивната врска. Тој е задржан во ...
Сојузот на здруженија со лица со дијабетес aпелира до Министерство за здравство и Владата, да се започне со испорака на сите инсулини и антидијабетична терапија по инсулинските аптеки во целост, согласно потребите и бројот на постоечки пациенти. – Апелираме до инсулинските аптеки да не нудат замена на терапија, која исклучиво треба да биде препишана од страна на ендокринолог; Апелираме до нашите членови да си помагаме со позајмици на онаа ...
Скоро половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година. Според известителот Павлина Црвенковска, судовите во државата мината година ја почнале со нерешени 131.005 предмети, а примиле за работа нови ...
Многумина очекуваат дека на голема надморска височина, далеку од градските светла и загадувањето, ѕвездите ќе бидат појасни и повидливи. Сепак, реалноста е сосема поинаква – во текот на ноќните летови, ѕвездите се речиси невидливи. Зошто е тоа така? Отсјајот од светлата во кабината Една од главните причини зошто не можеме да ги набљудуваме ѕвездите низ прозорецот на авионот е одразот на светлата во кабината. Внатрешното осветлување создава ...
Матурантите ќе ја полагаат државната матура во своите училишта под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои немаат просторни услови, Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе овозможи алтернативни простории врз основа на барања што ќе им ги достават засегнатите училишта. Сојузот на средношколци соопшти дека било прифатено нивното барање матурата да се полага во училишните простории наместо во ...
Голем е интересот за посетување на Центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар, кој веќе три години нуди стручна помош, грижа и поддршка на деца со аутистичен спектар на нарушувања. Центарот важи за регионален за полошко подрачје, а во него децата добиваат индивидуални терапии од стручни лица кои се од голема помош за нивниот развој. По повод Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, 2 Април градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани ...
Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите. – Денеска сме тука да ви упатиме последна порака – не може да се одлучува за нас, без нас. ССМ пред две години организираше генерален штрајк во ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против десет полициски службеници вработени во Единицата за брзо распоредување. Пријавените, К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., ...
СВР Тетово информира дека вчера (1.04.2025) во временскиот период од 09.00 до 21.00 часот, на подрачје на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била спроведена оперативна акција, со цел организирано, синхронизирано и координирано преземање на мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални дејствија кои се вршат во угостителски објекти на подрачје на Тетово и Гостивар. При тоа во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат ...
На 65 годишна возраст почина светски познатиот актер Вал Килмер. Веста за неговата смрт ја пренесоа светските медиуми, откако беше потврдена од неговото семејство. Килмер починал од пневмонија во вторникот, 1 април. Актерот претходно долги години се бореше со рак на грлото. Филмскиот миленик на повеќе генерации останува запаметен по легендарните улоги на Брус Вејн во „Бетмен засекогаш“, Џим Морисон во филмот за „Дорс“ , како и во холивудските ...
Според утринските податоци од хидролошките станици, високи се водостоите на сите реки низ државава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи. – Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, ...
Апелациониот суд Скопје денеска и утре со почеток во 9 часот ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Во пресудата, што беше објавена лани во јануари, обвинетите беа прогласени за виновни и добија вкупно 39 години затвор. По пресудата, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје. На ...
Вкупно 122.286.712 верници биле примени во Големата џамија во Мека и Пророчната џамија во Медина за време на светиот месец Рамазан, соопшти извршниот директор на Генералната управа за работи на двете свети џамии, инж. Гази Ал-Шахрани. Според Ал-Шахрани, во Големата џамија во Мека биле регистрирани 92.132.169 посетители, додека во џамијата на Пророкот во Медина биле примени 30.154.543 верници. Вреди да се напомене дека Генералното претседателство ...
Велигденскиот пост оваа година започна на 3-ти март и трае до 19-ти април, и иако секоја од седумте недели од постот има свои правила, повеќето денови вклучуваат јадења без масло. За време на воден пост или строг пост треба да се откажете од секаква храна од животинско потекло, како и од храна која содржи масло или е подготвена со масло. Меѓу намирниците кои се многу хранливо богати и овозможуваат чувство на ситост, а можете да ги јадете за ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,5 денари за литар, ...
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар. Мјанмар вчера беше погоден од голем земјотрес со интензитет 7,7 степени, со епицентар во ...
Новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Судскиот совет дадоа свечена изјава со што официјално станаа судии. Како што истакна претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, станува збор за 49 нови судии, со кои се очекува да се ублажи проблемот со недостатокот на судии ширум земјава. Ова е доста битен ден за македонското правосудство, за Судскиот совет, но и за нашата држава, ...
Вредноста на вкупните онлајн трансакции во 2024 година направени кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци изнесува 43,629 милијарди денари или 709,4 милиони евра, со што е остварен пораст од 9,3 отсто во споредба со 2023 година. При тоа, бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 21,6 милиони, односно е за 11,4 отсто повеќе во однос на 2023 година, информираат од Асоцијацијата за ...
Времето денеска (вторник) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд. За кратко време се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. Температурата во гостиварскиот регио ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Според метеоролошките прогнози, до ...
Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница. Законското решение се предлага од неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по тргедијата во Кочани во која на 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица а беа ...
СВР Тетово информира дека ноќеска во 3.10 часот после полноќ полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 (неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги) и 247 ...