
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Турската жандармерија во округот Ајдин во голема операција разоткри измама со кредитни картички во туристичкиот град Кушадаси, со вкупна штета од речиси 30 милиони долари, објави „Туркије тудеј“. Полицијата спровела координирани акции во окрузите Мугла, Измир, Анталија и Истанбул. Истрагата започнала по сигнал од трговска банка, која забележала сомнителни трансакции на сметки на странски клиенти.Нерегуларните трансакции биле проследени до ПОС ...
Сезонското овошје и зеленчук (и оние што доаѓаат малку подоцна) помагаат во регулирањето на крвниот притисок, намалувањето на воспалението и зајакнувањето на срцевиот мускул. Затоа, сега е идеално време да ја збогатите вашиот чинија со свежо овошје или зеленчук што може да се купи на пазарите и кое не само што има добар вкус, туку има и позитивен ефект врз вашето здравје. Јагоди Консумирањето јагоди секојдневно може да ги подобри ...
Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар попладнево се одржа промоција на документариот филм „Аз, Буки, Веди – Развојот на македонскиот јазик“ создаден од средношколци од ПСУ „Јахја Ќемал“ во Тетово, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. Во педесетминутниот филм се прикажани најзначајните етапи од развојот на македонскиот јазик, клучните дејци заслужни за неговото создавање, ширење и зачување, вклучувајќи интервјуа ...
Делови од Гостивар денес останаа без водоснабдување поради дефект во водоводната мрежа. Од ЈП „Комуналец соопштија дека се работи на отстранување на дефектот. „Поради санација на дефект во водоводната мрежа, ќе има привремен прекин на водоснабдувањето на улиците ЈНА, Мајор Чеде Филиповски, булеварот Браќа Ѓиноски и населбата Дутлок. Водоснабдувањето ќе се нормализира по завршувањето на техничката интервенција. Се извинуваме и се надеваме на ...
СВР Тетово информира дека вчера (5.06.2025 година) во 19.50 часот во Гостивар на улицата „Илинденска“ на место викано „Стаклара“ полициски службеници од ОВР Гостивар со употреба на средство за присилба го лишиле од слобода Р.Н. (48) од село Отља кој при вршење на контрола од редовното работење управувал со товарно моторно возило со скопски регистерски ознаки кој поминал на црвено светло од семафорот. „Тој бил претекнат од полициските службеници ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат ...
Русија денеска излезе со обвинувања кон Украина, тврдејќи дека таа ненадејно ја одложила договорената размена на тела на загинати војници и воени заробеници, која требаше да се реализира викендов, според договорот постигнат на втората рунда преговори во Истанбул. Според изјавите на главниот руски преговарач Владимир Медински, украинската страна одеднаш го прекинала процесот без претходна најава и не се појавила на договореното место за размена. ...
Времето денеска (петок) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во североисточните и јужните делови од земјава ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 30 степени. Како што информира УХМР, под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ во деновите од викендов ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на западниот дел од Македонија, со цел спречување на внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Од АХВ посочуваат дека е засилена контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози по добиеното известување вчера вечер преку европскиот систем за пријава на болести (ADIS) на ...
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница, во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го објави јавниот повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори. -Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со континуираната поддршка за модернизација на земјоделскиот сектор. Денеска се објави ...
Поради жешкото време и високите температури Институт за јавно здравје повика на почитување на мерките на заштита и претпазливост. Во продолжение го пренесуваме соопштението целосно: Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...
Во најновата анализа на престижниот меѓународен магазин Condé Nast Traveler, Македонија се најде на листата на најповолни дестинации за патување во 2025 година. Според магазинoт, овие дестинации нудат најдобар однос меѓу цена и вредност, имајќи ги предвид курсевите, трошоците за авионски билети, цените за сместување и локалните животни трошоци. Македонија е истакната како „недоволно откриена, но неверојатно достапна европска земја“ која сè уште ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат ...
Поради најавените високи амбиентни температури викендов, Институтот за јавно здравје апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита од топлотен стрес, особено во пресрет на претстојните празнични денови. Високите температури можат сериозно да влијаат врз здравјето, особено кога се комбинирани со висока влажност на воздухот. Најризични се постарите лица, бремените жени, децата, хронично болните, работниците на отворено и ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јуни 2025 година. Со цел да се ...
Дојде големиот момент – вечерва од 21:00 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите помеѓу францускиот гигант Пари Сен Жермен и италијанскиот Интер. Натпреварот ќе го суди романскиот арбитер Иштван Ковач. Ова ќе биде 33-то финале во новиот формат на Лигата на шампионите, што се совпаѓа со одбележувањето на 70 години постоење на најпрестижното европско клупско натпреварување. За првпат по 2004 година, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата. На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити). Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: ...
Во славеничка атмосфера, со македонски ора и песни кои побудуваат посебни емоции, Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар го прослави јубилејот-75 години постоење. Пред публиката на концертот кој се одржа во спортската сала „Младост“ се претставија играорците, оркестарот на друштвото, солисти, како и гости изведувачи и културно-уметнички друштва соработници. „Седум и пол децении постоење и десет пати повеќе ...
Над 15 граѓански организации и иницијативи заедно поднесоа формална претставка до Владата, барајќи итна акција за репрогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби. Организациите изразуваат длабока загриженост поради долготрајниот процес на трансформирање на Националниот парк Маврово според постојното законодавство и меѓународните стандарди. Тие тврдат дека сегашната состојба ја поткопува заштитата на ова ...
Освен што носи подолги денови, повеќе време на отворено и можности за уживање во сонцето, летото може да биде и предизвик за функционирањето на нашето тело. Со зголемена активност, потење и промени во исхраната додека сте во движење или на одмор, лесно може да се случи да не ги добиете сите основни хранливи материи што ја поддржуваат вашата благосостојба. Земањето додатоци во исхраната во текот на летните месеци може да му даде на вашето тело ...
Преставникот од Отсекот за превенција при СВР-Тетово, самостоен инспектор Берат Абдули и помошник командирот на Полициската станица Гостивар, Бурим Адеми во пресрет на православниот празник Задушница, остварија средба со свештеникот од Гостиварско архиерејско намесништво Мартин Андоноски. Како што информираа од полицијата, на средбата од превентивен карактер, се разговарало за текот на организираните црковни одбележувања кои за празникот се ...
Огласите од Оперативниот план за вработување 2025 за поддршка на невработени лица ќе бидат објавени во понеделник, најави денеска директорот на Агенцијата за вработување Сељатин Бељули во гостување на ТВ24. „Поддршката е во две категории. Едната е директно вработување преку поддршка за самовработување, основање свој бизнис. Износот за младите до 29 години ќе биде 10.000 евра, додека за лица над 29 години, 7.000 евра. Две лица може да се здружат ...
Во 2024 година во Македонија се склучени 11.066 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 12.7 %, објави Државниот завод за статистика. Според нивните податоци просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.6 години за невестата и 30.1 година за младоженецот. Во 2024 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 658 или 33.1 % кај жените и 3 871 или 35.0 % ...
Министерството за економија и труд соопшти дека во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број општини за да ги презентира мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на Министерството. На овие средби, покрај претставници од Министерството ќе бидат присутни и претставници од локалните ...
Бугарија ги исполнува условите за приклучување кон еврозоната од 1 јануари наредната година, соопшти денеска Европската комисија при претставувањето на вонредниот извештај за подготвеноста на земјата за воведување на заедничката европска валута. ЕК препорачува Советот на ЕУ да го одобри влезот на Бугарија во еврозоната од почетокот на 2026 година. Комисијата потсетува дека сите држави членки на ЕУ стануваат дел од еврозоната штом ги исполнат ...
Турските власти предвидуваат парична казна од 557.000 турски лири (околу 12.000 евра) за откорнување на ендемично растение што расте исклучиво во подрачјето на градот Кушадаси, во провинцијата Ајдин, јави ТРТ Хабер. Станува збор за видот Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ (Aydın Gaşağı) или „тулуша“ (Tülüşah), кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението припаѓа на семејството метличини и се ...
Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе до акумулација на масно ткиво околу стомакот, на што особено се изложени децата и тинејџерите. Дијабетологот-ендокринолог д-р Луиза Напиорковска од Полска објаснува дека пропуштањето појадок ја зголемува концентрацијата на инсулин и ја влошува отпорноста на телото кон него, што всушност ја ...
Околу 1,4 милиони аџии пред претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам, на 6 јуни, денеска ја посетија Мека. Аџиите денеска седумпати ќе свртат околу Каба, најсветото место во исламот, а потоа ќе се упатат кон Мини каде „ќе го каменуваат ѓаволот“, а потоа на молитва на планината Арафат, каде се верува дека пророкот Мухамед ја одржал последната проповед. Саудиските власти ги засилија мерките против жештината, како што е обезбедување ...
Во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Гостивар во соработка со Општината, Муфтиството на Гостивар и Јавното претпријатие „Русино“ презедоа активности за одржување на хигиената со определување на посебно место за отпадот од курбаните на депонијата „Русино“. „Апелираме до граѓаните за заедничка грижа за јавната чистота – отпадот од колењето на курбаните да не се фрла на места каде што може ...