Ноќеска, на 2 декември 2025 година, во 23:28 часот по локално време е регистриран земјотрес со магнитуда од 2.5 степени во западниот дел на државата, покажуваат податоците на Европско-средоземниот сеизмолошки центар (EMSC). Според официјалните координати, епицентарот се наоѓал во планински предел околу 14 километри западно од Гостивар и приближно 10 километри западно од селото Вруток, на длабочина од околу 15 километри. Потресот е ...

По целодневниот прекин на водата вчера во Гостивар водоснабдувањето е нормализирано, извршено е хлорирање, а денеска се земени мостри за анализи, информираат од Јавното претпријатие Комуналец. „Во текот на денешниот ден се земени промероци за анализа на водата, а резултатите ќе ги добиеме наредните денови. Доколку резултатите покажат некој проблем со водата, граѓаните ќе бидат известени. Инаку, водата во градската водоводна мрежа редовно се ...

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 25 метри има на патниот правец од село Гајре – Попова Шапка и од 50 – 70 метри на планинскиот превој Стража. Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината ...

Претстојниот викенд ќе биде продолжен поради државен празник. Понеделник (8 декември) кога се празнува Св.Климент Охридски, согласно Законот за празници е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Ова е воедно и последниот државен празник во годината. Неработни денови во 2025-та ќе има уште за граѓаните од католична вероисповед – 25 декември, прв ден католички Божиќ и 21 декември за граѓаните од турската заедница за Денот на наставата на ...

Некои семејства се навикнуваат на непријатноста и напнатоста што доаѓаат со неизговорените теми, што создава нездрава комуникација и ги остава проблемите нерешени. Спротивно на тоа, здравите и функционални семејства не ги избегнуваат разговорите, бидејќи знаат дека отворената комуникација и искреноста ги зајакнуваат односите и им помагаат на децата да развијат здрава емоционална и социјална стабилност. За нив, тешките разговори се неопходни ...

Пристапот до македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир отсега ќе биде олеснет и побезбеден за посетителите. Изминатиот период се реализираше санација на потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат кај манастирот, а изграден е и нов паркинг простор. „Со ова не само што ја зголемивме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, туку создадовме и подобри услови за развој на туризмот и за локалната заедница. Изградивме нов паркинг за ...

Најпрво, дека не се чувствува виновен се изјасни сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов. Директорот на ММММ Кафе, Митко Стојанов, изјави дека искрено жали за починатите луѓе и неизмерната болка. Општинскиот градежен инспектор, Огњен Георгиев, исто така, изрази сочувство. Поранешниот градоначалник Љупчо Папазов нагласи дека го разбира обвинението, но не и мотивите на обвинителите. Директорот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Јане ...

Агенцијата за вработување објави неколку јавни повици за невработени лица за учество во бесплатни обуки за возачи, компјутерски вештини и јазици. Како што се наведува во повиците, обуките за возачи се за „Ц” „ЦЕ” и „Д” категорија, пришто кандидатите треба да исполнуваат одредени услови, меѓу кои возраст минимум 21 година за „Ц“ и „ЦЕ“ и минимум 24 години за „Д“ категорија. Обуките ќе се спроведуваат од страна на лиценцирани автошколи, а по ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноември Секторот за сообраќајни работи спровел сообраќајни контроли на територијата на Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата. При контролата биле санкционирани 101 учесник во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се ...

Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите. – Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите ...

Пензионери од повеќе градови денеска протестираа пред Уставниот суд во Скопје, барајќи да продолжи линеарното усогласување на пензиите. Тие оценија дека овој модел е најправичен за пензионерите со најниски примања. Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор, во изјава истакна дека институциите мора да покажат поголема грижа за најранливите. „Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и лекови. Не го збориме ова против ...

Овие крофни се толку меки и вкусни што ќе посакате да ги вметнете почесто во вашето есенско мени. Погодни се и за оние кои постат. Состојки: Подготовка: Изгмечете го квасецот со прстофат шеќер и една лажичка брашно во малку млеко и оставете го да нарасне. Ставете го брашното во сад и додадете го квасецот, остатокот од млекото, шеќерот, малку сол, тиквата и сувото грозје. Месете го тестото со миксер, матејќи го малку за да се направат ...

Со почетокот на грејната сезона се зголемува ризикот од појава на пожари, најчесто како резултат на човечко невнимание, застарени електрични инсталации, неисправни грејни уреди и нечистени оџаци, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Оттаму апелираат граѓаните да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолг период не се дома или на работа, особено електричните греалки, клима-уредите и печките на дрва. Потенцираат дека е ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ...

Викендов во Маврово беше реализиран проектот „Снег без бариери“ чија цел е промовирање на одењето на дрезги како спорт и поттикнување на поголема инклузија на лицата со атипичен развој во зимските активности. На настанот учествуваа 20 лица – учесници, волонтери и организатори кои имаа можност да се запознаат со основите на спортот, да ја испробаат опремата и практично да го почувствуваат текот на една трка. Организаторите, радосни на ...

Јавното претпријатие „Комуналец“ извести дека ќе има привремен прекин на водоснабдувањето на целата територија на Гостивар. Од претпријатието наведуваат дека прекинот е поради санација на оштетување на главниот цевковод кое настанало при вршење ископ. „Како резултат на оштетување на главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, предизвикано од ископи од страна на механизацијата на Бехтел&ЕНКА, изведувачот на автопатот Коридор 8, вез ...

Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град“ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот месец. За сега камери се поставени во Скопје, Тетово и Куманово и автопатите и експресните патишта долж коридорите 8 и 10. Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни. Според најавите, во ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите. Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -1 до 11 степени Целзиусови. Според метеоролошката прогноза утре (вторник) ќе преовладува претежно облачно и постудено време. Од среда до петок времето ќе биде променливо со повремени локални врнежи од дожд. На некои од ...

Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во 2024 била 5,3/100.000 жители. Бројот на случаи во 2025 година е ...

Прослава на традицијата преку храна, фолклор и вредности денеска се случува во Гостивар, како град домаќин на регионалната манифестација Етно вешта жена. Традиционалната храна е живо наследство што се пренесува од генерација на генерација, а воедно ја раскажува приказната за посветеноста на жената која со љубов, трпеливост и умешност ја чува домашната кујна жива. На трпезите се изложени специјалитети од Гостивар, Тетово и Кичево подготвени ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го започнува претквалификацискиот циклус за пласман на Европскиот шампионат во 2029 година. Евробаскетот ќе се игра во четири земји – Естонија, Словенија, Шпанија и Грција. Македонија е дел од групата „А“ во претквалификациите, заедно со селекциите на Азербејџан, Ирска и Луксембург. Дебито е токму против Азербејџан, релативно непознат противник со кој Македонија ќе се соочи за првпат на ...

Настинката, која ги зафаќа горните дишни патишта (нос, синуси и грло), поминува низ четири фази, а во секоја фаза може да се појават различни симптоми. Еве еден поглед кога симптомите се најтешки и кога ќе се чувствувате подобро. Фаза 1: Инкубација (2 дена до недела пред да се појават симптомите) Периодот на инкубација е времето од инфекцијата до првите симптоми, а за повеќето вируси на настинка овој период е многу краток. Обично, првите ...

Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи. -Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека ...

Циметот не е само убав зачин за овесна каша или пита од јаболка – тој е еден од најстарите познати зачини, кој се користи со векови не само поради неговиот вкус, туку и поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Имено, циметот нуди бројни здравствени придобивки благодарение на неговата висока содржина на антиоксиданси и антиинфламаторни својства. Затоа треба да го вклучите во вашата дневна исхрана. Богат со антиоксиданси Циметот е ...

Вчера (28.11.2025 година) во 21:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Мајор Чеде Филиповски” во Гостивар го лишиле од слобода 49 годишниот гостиварец К.М.. „При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал К.М. со патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. Истиот со неговото ...

Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова. Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка. – Процесот за Мој ДДВ е во ...

Статистичките податоци покажуваат дека на подрачје на Општина Гостивар односот на склучени со разведени бракови е 4 спрема еден. Според податоците од Државниот Завод за статистика во првите девет месеци од годината во Гостивар во брак стапиле вкупно 328 парови, додека се развеле 80. Споредено со лани истиот период бројката на нови брачни заедници е намалена за 26, а на разводи за 3. Најмногу од браковите се склучени во третото тримесечје ...

Умниците, или третите катници, обично изникнуваат во доцната адолесценција или раните дваесетти години. Нивното вадење не е секогаш потребно, туку само кога предизвикуваат болка, воспаление или притисок врз соседните заби. Многу луѓе избираат да ги отстранат своите умници за да ги спречат овие проблеми во иднина. Други одлучуваат да ги задржат своите умници ако се здрави, правилно распоредени и не предизвикуваат непријатност. Зошто на луѓето ...

Кучињата можат да имаат специфични карактеристики на мозокот и однесувањето кои личат на шеми познати во човечката медицина, и иако не постои официјална дијагноза за нарушување на вниманието и хиперактивност кај кучињата, ветеринарите моментално ги класифицираат како „дисфункционално однесување“. Во комбинација со новите сознанија, научниците сè повеќе го разгледуваат фактот дека мозоците на животните не функционираат според еден модел, туку ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
75%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Бакар

12.10

Сребро

3663.67

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.06

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Цинк

3.37

Калај

49.78