Вчера (14.03.2026) во 17:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода М.М.(19) од Чајле, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Илинденска“, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, кое таа го управувала и по преземени мерки било констатирано дека М.М. нема возачка дозвола. Исто така вчера, во 19:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ...

Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите. Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%). ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, на кој претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, пред присутните членови и поддржувачи, упати критики кон институциите за, како што рече, игнорирање на барањата за зголемување на работничките плати. На почетокот од својот говор тој им се извини на полициските службеници ангажирани околу обезбедувањето на протестот, истакнувајќи дека ...

Харвардскиот астроном Ави Лоеб, познат по своите контроверзни теории за можни знаци на вонземска цивилизација во вселената, предупредува на нов ризик на Земјата – прекумерната зависност од алатки за вештачка интелигенција. Во есеј објавен на својот личен блог, Лоеб пишува дека кај дел од луѓето веќе забележува опаѓање на когнитивните способности поради интензивната употреба на системи како ChatGPT, Claude и Gemini. „Неодамна забележав дека ...

На 61-годишна возраст почина Ѓорѓи Божиноски, спортски директор и еден од основачите на кошаркарскиот клуб КК Гостивар 2015, долгогодишен спортски работник и вљубеник во кошарката. Божиноски со години беше активно вклучен во работата и организацијата на клубот, вложувајќи голема енергија и посветеност во неговото функционирање и развој. Од КК Гостивар велат дека Божиноски оставил длабока трага во клубот и во локалната спортска заедница. ...

Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од Џепчиште. „При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот ...

Во пустинскиот град Аин Сефра на Сахара, падна снег и ги изненади и туристите и локалното население. Ниските температури создадоа услови за снежни врнежи во регион кој обично се поврзува со екстремна жештина. Според досегашните податоци, ова е само седми пат во последните четири децении снег да падне во овој дел од пустината. Пред 2016 година, последниот ваков настан бил забележан уште во 1979 година. Сепак, снежната покривка не траеше долго, ...

Вчера (13.03.2026) во 14:10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П. (64) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 60-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и упатувал закани по нејзиниот живот, информира СВР Тетово. Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Вчера (13.03.2026) во 14:10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од ...

Недостигот на паркинг места останува проблем за возачите во Гостивар. Во услови кога бројот на возила расте, а инфраструктурата не го следи тоа темпо, често може да се забележи непрописно паркирање по улиците, тротоарите, па дури и на зелените површини. Дополнително, сообраќајната култура и свеста кај дел од возачите не се на потребното ниво, што ја усложнува состојбата. Прашањето за функционирањето на „пајак службата“ и проширувањето на ...

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска (14.03.2026) во 09:10 часот во ОВР Гостивар, М.Б. од Гостивар пријавил дека пронашол автоматска пушка во водите на реката Вардар. Како и зошто оружјето се нашло во реката, за сега не е познато. Полицијата наведува дека на местото ќе биде извршен увид од екипа од ОВР Гостивар. Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска (14.03.2026) во 09:10 часот во ОВР Гостивар, М.Б. ...

Вчера и утрово на поширокото гостиварско подрачје полицијата фатила три лица кои возеле, а немале возачка дозвола. Вчера (13.03.2026) во 09.55 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.П.(38) од Гостивар. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „форд“ со гостиварски регистерски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано ...

Општина Гостивар вечерва организираше заеднички ифтар преку кој беше испратена порака за солидарност и заедништво. Ифтарот се одржа долж улицата кај Саат Кулата. „Во центарот на градот во соработка со Муфтиството во Гостивар го организираме овој ифтар кој е отворен за сите граѓани. Овој ифтар испраќа пораката за солидарност, заедништво и добрина во овој свет месец Рамазан. Рамазан е месец на празнување, а празниците се поубави кога ги славиме ...

Во очекување на доделувањето на најпопуларните награди на Академијата за филмски уметности на САД – Оскарите 2026-та правиме осврт со факти, занимливости и рекорди врзани со манифестацијата. Ретко кој знае дека првата церемонија на наградите се одржала во 1929 година и траела само околу 15 минути. Денес, спектаклот трае со часови и го следат милиони гледачи ширум светот. Годинава 98-тото издание ќе се одржи на 15 март 2026 во Долби театарот ...

Во тек се два јавни огласи за вработување во Агенцијата за управување со одземен имот, со кои се бараат вкупно 17 државни службеници. Со огласите се отвораат работни места во повеќе сектори: финансии, правни работи, оперативно работење и човечки ресурси. Дел од позициите се: помлади соработници, соработници, советници, референти, како и раководители на одделенија и сектор. Платите за овие работни места се движат од 27.045 до 49.159 денари, во ...

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа донесени повеќе одлуки за доделување на финансиски средства од годинешниот општински буџет за спортски клубови. Согласно одлуките, Женскиот кошаркарски клуб-Гостивар ќе добие 1 милион денари, КК Гостивар 2 сума од 400.000 денари, Сноу Спорт и ФК Пролетер по 300.000 денари и Академијата за фудбал „Таленти“ 150.000 денари. Освен поддршка за спортот, советниците изгласаа и доделување ...

Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавиле дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. „Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...

Две улици во гостиварската населба Леска ќе добијат нов лик преку реконструкција којашто се реализира. Се работи за улиците „Драге Тодоровски“ и „Момир Марковски“ со вкупна должина од еден километар. Денес таму на терен беше градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. „Станува збор за две улици со вкупна должина од 1.000 метри. Се врши целосна реконструкција на овие две улици, додека во план е предвидена реконструкција и на уште две ...

Полицијата во гостиварскиот регион речиси секојдневно открива учесници во сообраќајот кои управуваат без положен возачки испит. Вчера (12.03.2026) во 12:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(18) од Дебреше, гостиварско. При контрола во патниот сообраќај на ул. „101“, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било ...

Директорот на Националната установа Гостиварски театар, Сулејман Рушити вчера е предвремено разрешен од функцијата. Во решението потпишано од министерот за култура Зоран Љутков како причина за предвременото разрешување се наведува дека Министерството за култура констатирало неправилно и несовесно постапување од директорот со кое е сторено потешка повреда на работни и законски обврски и е нанесена штета на установата. „Министерството за ...

Лондон, 11 март 2026 (МИА) – Два танкера се погодени со непознати проектили во Ормускиот Теснец, додека во меѓувреме се пријавени и нови напади врз американски воени бази во Катар, Кувајт и Ирак, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, поврзан со војната меѓу САД и Израел против Иран. Британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека денеска уште еден товарен брод бил погоден со непознат проектил во ...

Насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, станува збор за кривично дело за кое е предвидена казна затвор, беше истакнато денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на 12 Март – Европскиот ден за подигнување на свеста за насилството врз докторите и здравствените работници. Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова рече дека над 70 отсто од докторите во државава, согласно нивна ...

Времето денеска (петок) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер oд променлив правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 2 до 18 степени. Според метеоролошките прогнози, утре (сабота) нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови на некои места ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утрото ќе биде ...

Родители на ученици во гостиварски училишта реагираат дека изминатиот период децата останале без организиран превоз до училиштата и за да стасаат на настава секојдневно мора да се снаоѓаат на сопствен трошок. Проблемот, според општинските власти настанал како резултат на тоа што една од компаниите која го врши транспортот го прекинала превозот, поради стар долг. Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани рече дека во дел од училиштата ...

Гренланд, најголемиот остров на светот, претставува една од најважните природни лаборатории за научниците кои го проучуваат климатскиот систем на Земјата. Огромната ледена покривка што го покрива островот содржи вредни информации за минатото на планетата и помага да се разбере како ќе се менува климата во иднина. Научниците во Гренланд често земаат ледени јадра цилиндрични примероци од мраз кои се вадат од длабочините на ледниците. Во тие ...

Бројот на туристите во јануари 2026 година изнесува 52 943, од кои 38.2 % се домашни туристи, а 61.8 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика. Според нивните податоци, бројот на ноќевањата во јануари 2026 година изнесува 103 983, од кои 45.5 % се од домашните туристи, и 54.5 % од странските туристи. Вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6.2 %, а бројот на ноќевањата ...

Вчера (11.03.2026) во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Пирок, тетовско. „При контрола во патниот сообраќај на регионален пат Градец-Гостивар, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето е малолетник и го управувал возилото без положен возачки испит.“, информира СВР Тетово. По ...

Ракометниот клуб Јехона од Гостивар во недела, на 1 март, со почеток во 20:00 часот, во Спортската сала „Младост“, ќе го одигра дерби натпреварот од Првата машка лига против екипата на РК Вардар Неготино. Станува збор за значаен и резултатски важен дуел, во кој домашниот состав ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија пред својата публика. Ракометарите на Јехона оваа сезона имаат само еден пораз на домашен терен и учинок од 8 победи и 6 ...

Во населбата Малеарди во Гостивар се финализираат градежните работи за реконструкција на улицата „212“ близу гробиштата. Денеска таму на терен беше градоначалникот Ваљбон Лимани кој оцени дека зафатот треба значително да ја подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајот за жителите од овој дел на градот, а и да помогне со сообраќајниот тек на влезот од Гостивар. „Денеска сме тука да ги видиме работите одблиску при завршувањето на проектот на ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, наменет за поддршка на земјоделските задруги. Повикот се однесува на мерка 131 економско здружување на земјоделски стопанства, со цел заедничко вршење земјоделска дејност, односно поттикнување на формирање и функционирање на земјоделски ...

Вчера (11.03.2026) во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ.(69) и Љ.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
27%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.15
38%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
43%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
37%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.7137

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Калај

50.03

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93