Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција реализираат превентивна кампања со матурантите од средните училишта во државата под мотото „Одговорно слави го успехот“. Преку работилници, трибини и тркалезни маси, со младите се отвораат важни теми кои директно влијаат врз нивната безбедност, личен развој и правилно носење ...
Предизвиците, потребите и проблемите на младите од полошкиот регион беа во фокусот на регионалната средба денеска што се одржа во Гостивар, а беше посветена на унапредување на младинското учество и развојот на локалните младински политики. Настанот имаше за цел да создаде простор за размена на искуства, презентација на добри практики и поттикнување на меѓуопштинска соработка во областа на младинското учество. Фокусот на средбата беше ставен ...
На 2 мај 2026 година во Гостивар, за време на фудбалски натпревар меѓу екипите на ФК Башкими од Куманово и ФК Вардар од Скопје, едно лице паднало од трибина на Градскиот стадион. Според МВР, станува збор за Ф.Р. (30) од Куманово, кој по падот бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош. На 2 мај 2026 година во Гостивар, за време на фудбалски натпревар меѓу екипите на ФК Башкими од Куманово и ФК Вардар ...
Времето во текот на утрово ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 5 до 21 степен. Утре (вторник) ќе владее делумно облачно и потопло време со максимални 25 степени. Според метеоролошката прогноза и во наредните денови од работната седмица ќе биде релативно топло време со слаб до умерен ветер. Во четврток и ...
Денес се навршуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер, визионер и идеолог за независна Македонија – Гоце Делчев, кој на 4 мај 1903 година бил убиен од османлиската војска во селото Баница, на патот кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола, Делчев рано покажал интерес за образованието и слободата на својот народ. Завршил гимназија во Солун, а потоа студирал на Воената академија во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а сите патни правци во земјава се проодни. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од ЈП „Македонија пат“ и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на ...
Разговорот со децата за емоциите не е само дел од воспитувањето, туку важна основа за нивниот целокупен развој. Начинот на кој возрасните комуницираат со децата влијае врз тоа како тие ќе ги разбираат, изразуваат и регулираат сопствените чувства, а тоа подоцна се одразува и врз нивното однесување, односите со другите и менталното здравје. Емоциите се еден од првите облици на комуникација меѓу детето и околината. Уште од најрана возраст, преку ...
LinkedIn ја објави годишната листа „Top Companies 2026“, со која ги рангира најдобрите големи компании во Европа што нудат најдобри услови за развој на кариера, стекнување нови вештини и професионално напредување. Листата е изработена врз основа на податоци од платформата на LinkedIn и опфаќа повеќе клучни критериуми, меѓу кои: можности за унапредување, развој на вештини, стабилност на компанијата, побарувачка за кадар, како и разновидност и ...
Вчера (1.05.2026) во 14:15 часот, во ОВР Гостивар од болницата во Гостивар, било пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. „По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.“, соопшти СВР Тетово. Известен ...
Времето денеска (сабота) претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Во гостиварскиот регион не се очекуваат врнежи, а температурата ќе се движи од 2 до 14 степени. Утре ...
Умор, напнатост, пад на концентрацијата или чувство на исцрпеност често се поврзуваат со брзото темпо на живот, но дел од причините може да се кријат и во секојдневните навики. Добрата вест е што многу од нив лесно може да се променат. Мали прилагодувања во дневната рутина можат да му помогнат на телото и умот полесно да се справуваат со обврските и стресот. Кога ќе почувствувате стрес или анксиозност, дишењето обично станува плитко и ...
Во продолжениот првомајски викенд, Јавното претпријатие „Маврово“ спроведува активност за зачувување на чистотата во поширокиот мавровски регион, кој традиционално привлекува голем број излетници. Вработени во претпријатието вчера, (1 мај) направија обиколка на излетничките места и на посетителите им се поделија вреќи за отпад, со цел да се поттикне одговорно однесување кон природата. Вреќи за ѓубре ќе се даваат и во текот на денешиот ден. Од ...
Вчера (30.04.2026) во 20:00 часот во ПС Гостивар е пријавено дека избувнал пожар во куќа во Србиново, сопственост на П.Р.. Повредени лица нема, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат, извести СВР Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Гостивар. Вчера (30.04.2026) во 20:00 часот во ПС Гостивар е пријавено дека избувнал пожар во куќа во Србиново, сопственост на П.Р.. Повредени ...
Под мотото „За плата се бориме, не молиме“, Сојузот на синдикати денеска, на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, одржа протестен марш со барање за почитување на колективните договори и законска исплата на платите. Од пред Собранието порачаа дека се борат за основни работнички права, додека пред Стопанската комора посочија дека бизнис-заедницата со ниските плати придонесува за иселување на младите. Побараа повисоки плати и правична распределба ...
Бигорскиот манастир информира дека и оваа година, со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорски скит посветен на „Светите браќа Кирил и Методиј“ во село Битуше, ќе се одржат летните школи по веронаука. „Преку овие школи, децата ќе имаат единствена можност да се запознаат со убавината на православната вера, традициите, културата и уметноста, но и да се рекреираат среде живописната природа на планината Крчин. За децата ќе се ...
Денеска е петок, 1 мај 2026 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 244 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 14 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во 19 часот и 44 минути, а ќе зајде во 5 часот и 23 минути. Први мај е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Македонија. По традиција повеќето го користат ...
Кошаркарите на Гостивар со убедлива победа ја завршија натпреварувачката сезона, откако синоќа на домашен терен го совладаа Чаир 2030 со 107:72, во последниот меч од лигата за опстанок во „МТЕЛ“ Супер лигата. Гостиварци го одиграа својот најдобар натпревар сезонава чувајќи го водството во текот на целиот меч. По речиси изедначената прва четвртина, која ја добија со 21:19, домашниот тим ја зголеми предноста на 42:31 на полувреме. По третата ...
Жителите од гостиварските населби Фазанерија и Циглана, долги години наназад се жалат на проблеми со водоснабдувањето, чест недостиг на вода или намален притисок во чешмите. Ситуацијата особено се влошува во текот на летниот период, кога температурите се високи, а чешмите им остануваат суви и немаат вода за основните потреби. Проблемот беше актуелизиран на денешната седница на Советот на Општина Гостивар од страна на советничката група на ...
Цените на нафтата повторно се во фокус на светските пазари, а новите геополитички тензии на Блискиот Исток создаваат дополнителен притисок врз глобалното снабдување и очекувањата за поскапување на горивата. Според последните информации, цената на Brent суровата нафта порасна за повеќе од 1 процент и достигна околу 106 долари за барел, додека американската WTI нафта се движи околу 95 долари за барел. Главната причина за новиот раст се застојот ...
Царински службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје при контрола на двајца македонски државјани, сопружници, пронашле 68 илјади австралиски долари. „Иако со себе носеле поголема сума на девизи, наместо да се упатат на црвениот канал, тие се упатиле на зелениот, наменет за патници кои немаат ништо за пријавување. Патниците се селектирани за детална контрола при што се пронајдени непријавените девизи.“, информираше Царинската управа. Од ...
Македонија е рангирана на 45. место од вкупно 180 земји во најновиот Индекс на слободата на медиумите за 2026 година на „Репортери без граници“, што претставува пад од три позиции во однос на 2025 година, кога земјава беше на 42. место. Според индексот, земјава има вкупен резултат од 69,49 поени, наспроти 70,44 поени минатата година. Во оценката се наведува дека новинарите во Македонија не работат во изразито непријателска средина, но дека ...
На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа донесени неколку одлуки за доделување финансиски средства од годинешниот општински буџет. Советниците изгласаа одлуки со кои се издвојуваат средства за поддршка на спортот и културно-забавниот живот. Средства ќе добијат КК Шар Планина, Шаховскиот клуб, како и проект на „Стресат груп“, кој, како што беше речено на седницата, е наменет за збогатување на културно-забавниот живот на ...
Вчера (28.04.2026) во 16:10 часот во ОВР Гостивар, Р.А.(42) пријавил дека по вербална расправија во училница во гостиварско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Исто така, вчера во 21:00 часот во ОВР Гостивар, 17-годишник, во присуство на родител, пријавил дека околу 13:00 часот во близина на градската болница бил следен од две лица, при што едното од нив му се заканило со нож, по што тој успеал да ...
Сојузот на синдикатите на Македонија на Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај организира протест во Скопје под мотото „За плата се бориме-не се молиме“. По тој повод сојузот излезе со повик до работниците во кој меѓу другото се вели: „Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина. Повикуваме на солидарност и од работниците за кои ...
Мирот во семејството не се постигнува со постојано повторување, долги објаснувања и расправии, туку со јасни, кратки и доследни правила што децата лесно ги разбираат. Експертите за воспитување посочуваат дека една од најефикасните пораки во секојдневната пракса е: „Прво обврска, па потоа избор.“ Тоа значи дека детето најпрво треба да ја заврши домашната задача, да ги среди играчките или да ги исполни основните обврски, а дури потоа да добие ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување во кое се вели дека утре (четврток) под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. ...
Со оглед дека месец мај почнува со неработен ден заради државен празник (1 мај, петок), дел од банките во земјава информираа дека почнаа со исплата на пензиите за април, со цел пензионерите да може да располагаат со парите непречено. Повеќето банки соопштија дека априлските пензии се исплатени или ќе бидат во текот на денешниот ден и пензионерите може да ги користат средства веднаш. Банките советуваат користење на мрежата на банкомати, ...
Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница во Гостивар е опремено со нова современа медицинска опрема, обезбедена преку донација во рамки на меѓународен проект за унапредување на здравствените услуги за мајките и новороденчињата. Станува збор за ехо апарат, инкубатор, родилни кревети, монитори за пациенти и новороденчиња и друга медицинска опрема, што ќе придонесе за подобрување на условите за работа на здравствените работници и ...
Народниот правобранител изрази длабока загриженост за случај на сериозно врсничко насилство извршено од група ученици врз нивна соученичка, кој содржи елементи на физичко и психичко малтретирање, понижување и деградирачко постапување. „Ваквите настани претставуваат тежок облик на повреда на правата и достоинството на детето и укажуваат на сериозни слабости во системот на превенција и заштита од насилство во образовните установи.“, потенцира ...
Вчера (28.04.2026) во 09:20 часот во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра. „Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред ...