Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, првиот меѓународно обврзувачки документ што поставува стандарди за одговорна употреба на ВИ технологиите. На церемонијата, министерот за правда Игор Филков упати благодарност до генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, за неговото лидерство и посветеност, како и до Советот на Европа за ...

Времето денес (петок) ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени. Утре (сабота) нѐ очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до ...

Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците за животот, во април 2026 година во споредба со март 2026 година изнесува 1.3 %. Најголем раст на трошоците е забележан кај транспортот – 10.1 %. Зголемување има и кај рекреација, спорт и култура (1.4 %), алкохолни пијалаци и тутун (1.2 %), како и храна и безалкохолни пијалаци (0.7 %). Пораст е регистриран и кај облека и обувки, лична нега и комуникации (0.6 %), ресторани и сместување (0.4 %), ...

Вчера (6.05.2026) во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(37) од Гостивар. „При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, ...

Сончевата светлина е главниот извор на витамин Д, но некои збогатени пијалаци може значително да придонесат за дневниот внес. Збогатениот сок од портокал обично дава околу 100 меѓународни единици витамин Д по чаша, а постојат пијалаци со уште повисока содржина. Млекото обично се збогатува со витамин Д и нуди приближно 117 меѓународни единици по чаша. Слично, растителните млека кои се збогатени — на пример од соја и бадем — може да даваат ...

Во рамки на одбележувањето на 7 Мај, Денот на македонската полиција, во Гостивар се организираше отворен настан посветен на пријателството и соработката помеѓу полицијата и заедницата. Активноста се одржа во средното општинско училиште во Гостивар, кадешто полициските службеници ја претставија својата работа и опремата пред учениците и граѓаните. Настанот беше искористен и за презентација на специјалните возила и уреди што полицијата ги ...

Цените на угостителските услуги во април 2026 се зголемени за 0.6 % во однос на март, а за 2.8 % споредено со април минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – април 2026, цените пораснале за 3.0 % во однос на истиот период лани, а за 0.6 % во споредба со декември 2025. По категории, во април најмногу пораснале цените на храната (0.8 %), потоа на алкохолните пијалаци (0.2 %) и на безалкохолните пијалаци (0.1 ...

За нов претседател на Клубот на млади на ОО Црвен крст Гостивар е избран Ерин Сулејмани, додека за заменик-претседател Ивана Трпеска. Тие го добија мандатот 2026–2028 година на изборите за ново раководство на клубот коишто се одржаа вчера (6 мај) во просториите на Црвениот крст Гостивар. На изборите беа изгласани и членовите на новото координативно тело: Дорарт Јонузи, Рејхан Алији, Марио Василески, Џан Бајрами и Јована Дабевска. „Честитки ...

Актерот Атила Клинче е еден од четирите добитници на наградата за животно дело што ќе ја додели Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на јубилејното 60. издание кое ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни. Останатите добитници се: режисерот Сашо Миленковски, актерот Веби Ќерими и Љубомир Чадиковски, сценограф и основач на Театарот за деца и младинци. Клинче, актер во пензија од Театарот на народностите – Турска драма е роден во ...

Во Македонија денеска се одбележува Денот на македонската полиција – 7 Мај. Активност по тој повод ќе биде организирана и во Гостивар. Како што најави СВР Тетово, во кругот на гостиварската гимназија во периодот од 10 до 13 часот ќе се одржи настан на кој граѓаните ќе имаат ретка можност одблизу да се запознаат со полициската професија. Предвидени се технички тактички активности, изложување на материјално-технички средства, дел од опремата ...

Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата забележаа силен пад, откако се појавија информации дека САД и Иран се приближуваат кон рамковен договор што би можел да го намали притисокот врз глобалното снабдување со енергенси. На лондонскиот пазар, цената на барел нафта од типот „брент“ се спушти под 100 долари, првпат од 22 април. Американската WTI нафта исто така забележа значително поевтинување. Пазарите реагираа на информациите ...

Општина Гостивар информира дека денес (6 мај) ќе започнат работите за реконструкција на улицата „101“ во должина од околу половина километар, од кружен тек кај „Турбо“ до крстосницата со улицата ЈНА, во близина на „Макпетрол”. „Додека се изведуваат градежните работи, сообраќајот ќе се одвива со редуциран режим. Ве повикуваме да ја почитувате привремената сигнализација и да користите алтернативни патишта. Ве молиме за разбирање и однапред ви ...

Градскиот мешан хор „Балтепе“ во недела (19 април), ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. Концертот е насловен „Блесоглас“, а на програмата се застапени духовни и световни хорски дела од реномирани композитори, меѓу кои Лука Маренцио и Добри Христов, познати композиции од Стефан Гајдов: „Леле Јано“, „Калеш бре Анѓо“ , обработки на традиционални композиции од Глигор Кондовски, како и делото „Голем ...

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти, информира ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028-та година. „Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и ...

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на акушерките, 5 мај под мотото „Еден милион повеќе акушерки“. Целта е потсетување за важноста на оваа професија во унапредувањето на здравјето и добросостојбата на мајките, новороденчињата и нивните семејства. „Акушерките имаат особено значајна улога во обезбедувањето сеопфатна грижа за време на бременоста, породувањето и постпарталниот период.“, потенцираат од Министерството за здравство. ...

Емоција, креативност и силни пораки, обединети ученици, професори и уметници во заедничка мисија: негување и зачувување на македонскиот јазик. Во ваков дух помина свеченоста која се одржа вчеравечер во Гостивар во чест на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Настанот посветен на јазикот како темел на националниот идентитет и културното наследство, започна со интонирање на химната, по што се прикажа дел од документарниот филм „Аз, Буки, ...

Вчера (4.05.2026) во 16:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Фазанерија, малолетник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Гостивар, информира полицијата. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. Вчера (4.05.2026) во 16:30 часот во ОВР Гостивар е ...

Денешниот датум, 1 Мај ширум светот се одбележува како Ден на трудот, со цел да се даде акцент на борбата за унапредување на правата на работниците. Денот е востановен во чест на жртвите во штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран од работници со барање работното време да се скрати од 12 на 8 часа. Во знак на почит кон жртвите, Втората интернационала на основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се ...

Ако собните или дворните цвеќиња слабо напредуваат, имаат бледи листови и не пуштаат пупки, градинарите често препорачуваат едноставен домашен раствор од пекарски квасец. Квасецот содржи витамини од Б-групата, аминокиселини и минерали, а кога ќе дојде во почвата, ги активира корисните микроорганизми. Така коренот полесно ги користи хранливите материи од земјата, што може да доведе до посилни стебла, нови листови и побогато цветање. Потребни ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (4.05.2026) во 15:30 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, при што упатил и закани по нејзиниот и животот на нејзини блиски. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна пријава, најави полицијата. ...

Управата за јавни приходи информираше дека заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни ...

Вчера (4.05.2026) во 08:50 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била примена 19 годишната гостиварка А.О.. Според пријавеното, додека се движела по ул.„101“, била нападната од кучиња скитници, а при обид да избега, паднала и се здобила со повреди, информира полицијата. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. Вчера (4.05.2026) во 08:50 часот во ОВР Гостивар, од ...

ЈП Комуналец Гостивар информира дека поради градежни активности во четврток (7 мај) ќе има прекин на водоснабдувањето. Од претпријатието соопштија дека тој ден вода нема да има во периодот од 7 часот наутро до 19 часот навечер, на целата територија на Општина Гостивар, со исклучок на селата: Долна Бањица, Горна Бањица, Равен и Здуње. „Станува збор за градежни работи во рамки на Коридор 8, односно дислокација на главната градска водоводна ...

Денешниот датум, 5 мај со одлука на Владата донесена во 2019-та година, во Македонија се одбележува како Ден на македонскиот јазик. На 5 мај во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озаконило и првиот правопис на македонскиот јазик. Македонската азбука првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ и тоа број 104 со ...

Општинското основното училиште „Гоце Делчев“ од Гостивар денеска, со пригодна свеченост го одбележа својот патронен празник, посветен на македонскиот револуционер чие име го носи. Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе на бистата на Делчев во холот на училиштето, по што следуваше интонирање на државната химна и културно-уметничка програма во изведба на учениците. Во рамки на свеченоста беа изведени рецитации, реферати и музички ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за ...

Скарата е едно од омилените јадења во овој период од годината, но класичниот оброк со ќебапи, лепче, кајмак и помфрит може да биде многу покалоричен отколку што изгледа. Според нутритивните проценки, 10 ќебапи, односно околу 300 грама месо, можат да содржат приближно од 700 до 900 калории, зависно од количината на маснотии во месото. Плескавица од 200 грама има околу 500 до 700 калории, додека полнета плескавица може да достигне и до 1.000 ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која поскапуваат сите гроива. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 85,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 87,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство по 98,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2,00 ден/лит, и ...

Во Здравствениот дом Гостивар денеска беа доделени дваесетина решенија за вработување, со што установата добива засилување на кадарот. Станува збор за вработување на 6 лекари, 8 медицински сестри, како и по еден физички работник, возач и хигиеничар, кои треба да придонесат за подобрување на услугите кон пациентите и поефикасно функционирање на институцијата. „На вработените им посакуваме голем успех во работата и порачуваме да бидат на услуга ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.11
37%
1020
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
50%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.05
40%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.28
43%
1022
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.47
43%
1020
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
3.58
83%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.92
37%
1020
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.87
54%
1020
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.07
45%
1020
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.29
40%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
3.58
41%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.46
76%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Алуминиум

3.40

Злато

133769.08

Сребро

2087.39

Цинк

0.00

Калај

53.45

Платина

53498.84

Бакар

12.73

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59