ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека Стејт департментот ќе започне со одземање на визите на кинеските студенти, јавува Анадолу. „Под водство на претседателот (Доналд) Трамп американскиот Стејт департмент ќе соработува со Министерството за внатрешна безбедност за агресивно одземање на визите на кинеските студенти, вклучително и оние што се поврзани со Кинеската комунистичка партија или кои студираат во клучни ...

ВАШИНГТОН (АА) - Милијардерот Илон Маск официјално соопшти дека се повлекува од својата улога како главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. „Завршува мојот предвиден ангажман како специјален владин службеник и би сакал да му се заблагодарам на претседателот за можноста да придонесам во намалувањето на непотребното трошење“, напиша Маск во соопштението објавено на платформата Х. „Мисијата на ДОГЕ ќе продолжи да ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Петмина хуманитарни работници од меѓународна хуманитарна организација со седиште во Истанбул, која работи со Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP), се убиени во израелски напади во Појасот Газа, додека други двајца се сериозно повредени, објави организацијата вечера, јавува Анадолу. „Петмина од нашите колеги кои работеа на нашиот проект во Газа во соработка со Светската програма за храна (WFP) загинаа во нападите ...

АНКАРА (АА) – Повеќе од 50.000 деца се убиени или повредени во смртоносната војна што Израел ја води во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), јавува Анадолу. „Децата во Газа имаат потреба од заштита. Имаат потреба од храна, вода и лекови. Имаат потреба од прекин на огнот. Но повеќе од сè имаат потреба од итна, колективна акција за конечно да запре ова“, изјави регионалниот директор на ...

САРАЕВО (АА) - Првите јавни сослушувања на „Трибуналот за Газа“, формиран за да ги истражи правните, политичките и етичките аспекти на настаните во Газа под израелските напади, продолжуваат во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, јавува Анадолу. На вториот ден од сесиите, академици, интелектуалци, бранители на човекови права, претставници на медиумите и организации на граѓанското општество, кои се собраа за да ги истражат тековните ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Кремљ денес соопшти дека Русија размислува за Истанбул како можно место за следната рунда директни преговори меѓу Москва и Киев, јавува Анадолу. На 16 мај Русија и Украина ги одржаа своите први директни преговори по три години во турската метропола, каде што двете страни се согласија за размена на голем број затвореници, вкупно 1.000 лица од секоја страна. За време на преговорите овозможени од Турција, двете страни, исто така, се ...

СКОПЈЕ (АА) - Толпи палестински цивили денес се собраа во објектот за дистрибуција на хуманитарна помош поддржан од Соединетите Американски Држави (САД), Хуманитарната фондација Газа, во јужниот град Рафа, јавува Анадолу. Најмалку 47 лица беа повредени, повеќето од нив од истрели од огнено оружје на израелските сили, кога голем број Палестинци се упатија кон новоотворениот центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа, изјави денес ...

ИСТАНБУЛ (АА) — Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес му го честита на Азербејџан Денот на независноста, велејќи дека победата во Карабах „го осветлува патот на многу посилен Азербејџан“, јавува Анадолу. Говорејќи на настанот по повод 34-тиот Ден на независноста на Азербејџан во Лачин, кој Азербејџан го доби во војната во Нагорно-Карабах во 2020 година, Ердоган рече дека победата на Азербејџан во војната го направила посилен и ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ќе ја посети Украина на 29 и 30 мај на покана на украинскиот колега Андриј Сибиха, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу. Се очекува Фидан да се состане со украинскиот претседател Владимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал, како и да одржи билатерални средби со високи функционери, меѓу кои и со Сибиха, шефот на претседателската канцеларија на Украина, Андриј Јермак, како и ...

АТИНА (АА) - Таксистите во Атина, Грција, започнаа 48-часовен штрајк, изразувајќи незадоволство од нерешените проблеми во индустријата и повикувајќи на итна интервенција на Владата, јавува Анадолу. Штрајкот е организиран од Синдикатот на таксисти во регионот Атика, кој соопшти дека ваквиот потег следува по долг период на игнорирање од заменик-министерот за транспорт Костантинос Киранакис, кој не одговорил на нивните барања за дијалог. Клучните ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот во Газа и мир во Украина, јавува Анадолу. Папата Лав XIV „силно“ апелираше за „прекин на огнот веднаш“ во Газа и ја повтори потребата од „целосно почитување“ на хуманитарното право, објави Ватикан њуз. „Од Појасот Газа сè посилно го слушаме плачот на мајките и татковците што ги држат безживотните тела на своите деца и кои постојано се принудени да се движат во потрага по малку храна и ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Европскиот совет денес ја објави одлуката за укинување на економските санкции за Сирија, со што се спроведе политичкиот договор постигнат на 20 мај, јавува Анадолу. „Советот усвои правни акти со кои се укинуваат сите економски рестриктивни мерки кон Сирија, со исклучок на оние што се базираат врз безбедносни основи“, се наведува во соопштението. Советот нагласи дека со оваа одлука се формализира политичката одлука од 20 мај и ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Навивачите на англискиот клуб Челси и шпанскиот Реал Бетис се судрија синоќа во полскиот град Вроцлав, пред финалето на Конференциската лига на УЕФА, јавува Анадолу. Инцидентот се случи на градскиот плоштад, каде што навивачите на двата клуба се собраа во рамки на Фестивалот на навивачи што УЕФА го организира на 27 и 28 мај. И покрај преземените безбедносни мерки од страна на полската полиција, дојде до физичка пресметка меѓу ...

ТЕЛ АВИВ (АА) – На 600. ден од почетокот на војната во Појасот Газа граѓани на Израел се собраа пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Тел Авив барајќи итен крај на конфликтот и враќање на 58 израелски заложници што сè уште се држат во енклавата, јавува Анадолу. Демонстрантите изразија незадоволство од премиерот Бенјамин Нетанјаху и политиките на неговата Влада. Според нив, израелските власти не преземаат доволно конкретни ...

АНКАРА (АА) - Најмалку 54.084 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, при што нападите влегоа во 600. ден, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека 28 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, а 179 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 123.308. „Многу жртви сѐ уште ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција посакува прекинот на огнот меѓу Пакистан и Индија да прерасне во траен мир и подготвена е да даде секаков можен придонес во овој поглед, јавува Анадолу. Зборувајќи на трилатералниот самит во Лачин, Азербејџан, заедно со својот азербејџански колега Илхам Алиев и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, Ердоган рече: „Јакнењето на нашата солидарност и капацитет за ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) денес остро го осуди тековното насилство од израелските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег повикувајќи ја израелската Влада да преземе „итни и решителни чекори“ за да ги прекине нападите и да обезбеди одговорност за сторителите, јавува Анадолу. „ЕУ силно го осудува континуираното насилство од доселеници на окупираниот Западен Брег. Кампањите на заплашување, физички и вербални напади, ...

ЛАЧИН / ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денес заедно го отворија Меѓународниот аеродром „Лачин“ во Азербејџан, објави Дирекцијата за комуникации на Турција на платформата X, јавува Анадолу. На церемонијата двајцата лидери ја пресекоа лентата и им беа врачени симболични клучеви. Ердоган пристигна во Лачин денес по повод одбележувањето на Денот на независноста на Азербејџан и да ...

АНКАРА (АА) - Aмериканскиот претседател Доналд Трамп повторно го актуализираше својот контроверзен предлог Канада да стане 51. американска сојузна држава, нудејќи ѝ бесплатно да биде дел од новиот ракетен одбранбен систем „Златна купола“, пренесува Анадолу. „Му кажав на канадското раководство, кое многу сака да биде дел од нашиот фантастичен систем 'Златна купола', дека тоа ќе ги чини 61 милијарда долари доколку останат како посебна, ...

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово отпатува во азербејџанскиот град Лачин за да присуствува на настаните по повод Денот на независноста на Азербејџан, јавува Анадолу. Се очекува Ердоган да се состане со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за да разговараат за билатералните односи и да разменат мислења за регионалните и глобалните случувања. Тој, исто така, треба да учествува на вториот трилатерален самит Турција - ...

АНКАРА (АА) – Израелските воени авиони денес извршија нов бран воздушни напади врз аеродромот Сана во јеменскиот главен град, изјави министерот за одбрана Израел Кац, пренесува Анадолу. Кац во соопштението тврди дека во нападите е уништен „последниот авион што им остана на Хусите како дел од операцијата „Златен орнамент“. „Пристаништата во Јемен ќе продолжат да бидат под силни напади, а аеродромот во Сана ќе биде уништуван повторно и повторно“, ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека руската Армија се обидува да премине во украинскиот регион Дњепропетровск, додека руската офанзива продолжува, јави украинската државна новинска агенција Украинформ, пренесува Анадолу. „Тие ќе сторат сè за да ја преминат административната граница на регионот Дњепропетровск. Тие го сакаат тоа. Досега не успеаја“, изјави Зеленски пред новинарите на брифингот. Според Зеленски, ...

СКОПЈЕ (АА) – Импресивната „Сфера“, новата музичка и забавна арена со сферична форма, се наоѓа кај „Венешн рисортот“ во Лас Вегас, Невада, САД, привлекувајќи внимание со својата футуристичка архитектура и технолошка напредност, јавува Анадолу. Лоцирана во областа Парадајс, во близина на познатиот Лас Вегас Стрип, „Сферата“ се наоѓа источнo од „Венешн рисортот“ и веќе се етаблира како нов симбол на градот кој никогаш не спие. Станува збор за една ...

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негира дека луѓето во Појасот Газа гладуваат и дека Израел води политика на изгладнување, и покрај меѓународните проценки дека територијата е во критичен ризик од глад, јавува Анадолу. Во говорот на една конференција, Нетанјаху рече дека израелската Армија фотографирала илјадници палестински затвореници од Газа, тврдејќи дека ниту еден од нив не изгледал „исцрпен“. „Илјадници и ...

АТИНА (АА) - Европскиот совет денес усвои програма за заем од 150 милијарди евра со цел зајакнување на одбранбениот сектор на блокот, јавува Анадолу. Станува збор за нова финансиска програма наречена Акција за безбедност за Европа (САФЕ), што ќе им помогне на земјите членки да инвестираат во одбранбено-индустриското производство преку заеднички јавни набавки, соопшти Советот на ЕУ. „Целта е да се зголеми капацитетот за производство, да се ...

АНКАРА (АА) - Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ ја задржа својата водечка позиција како највреден бренд во земјата во 2025 година, покажа неодамнешниот извештај на групата за проценка „Бренд фајнанс“, пишува Анадолу. Брендот „Туркиш ерлајнс“ достигна вредност од 2,2 милијарди долари оваа година, според годишниот извештај „Бренд фајнанс Турција 2025“. „Бренд фајнанс“ објавува годишни извештаи за вредноста на брендовите од 2007 година, ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најпознатиот планинарски водич од Непал, Ками Рита, припадник на етничката група Шерпа, утринава повторно се искачи на Монт Еверест, достигнувајќи го врвот по рекорден 31. пат и со тоа го продолжи својот светски рекорд за најмногу успешни искачувања на највисокиот врв во светот, пренесува Анадолу. Според весникот „Катманду пост“, 55-годишниот планинар пристигнал на врвот висок 8.848 метри околу 4 часот по локално време, ...

ПРИШТИНА (АА) - Косовското Собрание не успеа да ги обезбеди потребните гласови од пратениците на деветтиот состав на законодавниот дом што треба да се конституира по изборите на 9 февруари годинава, јавува Анадолу. Пратениците по 22. пат не го поддржаа предлогот на најголемата партија, Движењето Самоопределување, за нејзиниот кандидат за претседател на косовското Собрание. Мнозинството парламентарни групи во косовското Собрание не го поддржаа ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот Самит помеѓу Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Советот за заливска соработка (ГЦЦ) почна денес во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, јавува Анадолу. Малезискиот премиер Анвар Ибрахим во своето воведно обраќање изрази благодарност за присуството на сите лидери, нарекувајќи го тоа „силен сигнал за нивната заедничка решеност да ја зајакнат соработката меѓу АСЕАН и ГЦЦ и да истражуваат пошироки ...

АТИНА (АА) - Европскиот совет денес усвои програма за заем од 150 милијарди евра со цел зајакнување на одбранбениот сектор на блокот, јавува Анадолу. Станува збор за нова финансиска програма наречена Акција за безбедност за Европа (САФЕ), што ќе им помогне на земјите членки да инвестираат во одбранбено-индустриското производство преку заеднички јавни набавки, соопшти Советот на ЕУ. „Целта е да се зголеми капацитетот за производство, да се ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
32%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
35%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.93
55%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
50%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
44%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
8.75
33%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
49%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
33%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.77
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60