Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција. На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријави и исполнетост на услови по ...
Охрид, 11. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14 степени. – До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со пораст на дневната температура. За време на викендот времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со Советот на странски инвеститори. На состанокот во Стопанската комора ќе се разгледуваат актуелни економски теми, а се очекува да стане збор и за можностите за унапредување на економската соработка, подобрувања на бизнис климата, зголемување на конкурентноста и привлекување нови странски инвестиции. Извор: МИА Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со ...
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, ...
Шест лица загинаа, а најмалку четворица други се повредени кога автобус за јавен превоз изгоре во западна Швајцарија, соопшти полицијата вчера вечер. Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти кантоналната полиција на Фрибур. Еден болничар е исто така повреден за време на спасувачката операција. Инцидентот се случил во градот Керцерс, западно од главниот град Берн. ‼️ [ 🇨🇭 SUISSE ] 🔸 Un homme est soupçonné de s’être immolé ...
– Пилотите на Луфтханза се повикани на 48-часовен штрајк во четврток и петок, соопшти синдикатот „Vereinigung Cockpit“, со што ескалира спорот за платите со германската авиокомпанија. Синдикатот повика повеќе од 5,000 пилоти да ги прекинат работните активности, пренесе ДПА. Штрајкот ќе влијае на полетувањата од Германија со кои управува главната авиокомпанија на Луфтханза, како и нејзината подружница за товарни летови „Lufthansa Cargo“ и ...
Иранските вооружени сили започнаа нов бран ракетни и дронски напади врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Израел, според првичните информации, ракетите биле пресретнати или паднале во ненаселени подрачја, објави израелскиот весник Тајмс оф Израел. Иранската новинска агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда, го опиша нападот како најсилниот бран од почетокот на војната. Саудиска Арабија соопшти дека ...
Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска во Њујорк во 14 часот по средноевропско време, ќе одржи вонредна седница за ситуацијата во Либан. Дипломати изјавија дека се очекува и гласање за нацрт-резолуција што ја предложи Бахреин во име на земјите членки на Советот за соработка на земјите од Заливот. Нацрт-резолуцијата повикува на итен прекин на иранските напади врз земјите од Заливот и другите соседни држави, како и на прекин на ...
Илон Маск, мнозинскиот акционер на производителот на автомобили „Тесла“, вселенската компанија „Спејс Екс“, социјалната мрежа „Икс“ и компанијата за вештачка интелигенција xAI, е убедливо најбогатиот човек во светот, дури и кога бројот на милијардери продолжува да расте, објави денеска американското списание „Форбс“. Неговото богатство се проценува на 839 милијарди долари, во споредба со 342 милијарди долари на листата објавена една година ...
Осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Тотенхем донесе сцена која ретко се гледа на врвно ниво. Младиот чешки голман, Антонин Кински, доживеа професионален дебакл откако беше повлечен од игра во само 17-та минута, по серијата катастрофални грешки кои го чинеа неговиот тим три гола во воведните минути. 15 минути од пеколот за 12 милиони фунти Кински, кој пристигна во Лондон од Славија Прага за 12,5 милиони фунти, доби ...
Фудбалерите на Њукасл и Барселона одиграа нерешено 1-1 на „Сент Џејмс Парк“ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Домашниот тим беше на чекор до голема победа благодарение на погодокот на Харви Барнс во 86. минута, но во последните секунди од натпреварот дефанзивецот Чао направи пенал врз Дани Олмо, кој успешно го реализираше Ламин Јамал и ѝ донесе реми на Барселона. Тренерот на каталонскиот тим Ханси Флик се соочи со ...
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го завршија годинашниот настап во АБА 2 лигата со пораз од Широки Брег по две продолженија со 111-109 во последното коло од регуларниот дел од сезоната. Иако аеродромци успеаја да се вратат од негатива од 17 поени (57-40) и можеа да победат бидејќи во финишот имаа предност од 86-90, сепак поради тоа што им беше потребна победа од 15 разлика решија да одат на продолженија како би успеале ...
Њукасл прокоцна победа на домашен терен против Барселона во најинтересниот вечерен дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. По голема и лута борба, Англичаните успеаја во 85. минута да дојдат до водство со холот на Харви Барнс, но откако истекоа четирите минути продолжување, Малик Чао направи вистинска глупост фаулирајќи го Олмо во сопствениот шеснаесетник и подарувајќи им на Каталонците пенал. Јамал успеа да погоди и да донесе реми ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ги заврши настапите во регуларниот дел на АБА-2 лигата. „Штрковите“ загубија кај Широки Бријег по продолженија (111-109) и така остануваат во долниот дел на табелата кој не води во плеј-офот. На аеродромци им требаше подвиг и победа со висока разлика, но не успеаја да ја остварат целта. Тимот на Васко Атанасов играше егал-меч се до 33-34, а потоа ривалот влезе во серија и замина на високи 17 поени ...
Српската ѕвезда на турбофолкот Цеца на нејзината официјална страница на Фејсбук ги измеша поприлично работите. Имено, најавувајќи ги своите концерти во пост означен како „Истакнат“, таа земјава еднаш ја ословува само како „МК“, а потоа „Северна Македонија“. Најавувајќи го настапот во Крива Паланка в петок, 29 август, таа како до името на градот додава МК, а при најавата за концертот во Велес на 1 ноември, таа пишува „Велес, Северна ...
Ракометарите на Вардар 1961 го победија Мелсунген со 25-34 (12-17) и од првото место одат директно во четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ. Во одлична атмосфера, пред повеќе од 300 македонски навивачи „црвено-црните“ стигнаа до голема победа и ја исполнија целта. Двократниот европски првак вторпат го победија истиот ривал, па ќе ја скокнат првата нокаут рунда во ова натпреварување и ќе играат директно за место на „фајнал-фор“. Домашната ...
Бројот на загинати во Либан, откако Израел ги обнови нападите во земјата минатиот понеделник, сега изнесува 570, се вели во извештајот објавен од Единицата за управување со ризици од катастрофи на либанската влада. Според извештајот, најмалку 1.444 лица се ранети, пренесе Ал Џезира. Исто така, се наведува дека вкупно 760.000 луѓе се регистрирани како раселени од избувнувањето на новата војна. Бројот на загинати во Либан, откако Израел ги ...

