Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Минатата година, помалку од 10% од компаниите во Полошкиот регион ги искористиле грантовите на Министерството за економија. Поради ова, министерот Бесар Дурмиши заедно со градоначалникот на Општина Боговиње, Фети Абази, посетија неколку компании за да ги информираат за поддршката што им ја овозможува Владата. „Единствена цел – да се зголемат производствените капацитети, да се зголеми бројот на вработувања, компаниите да успеат да ангажираат ...
Денес, преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот планинар, кој бил во ...
Од СДСМ на прес-конференција обвинија дека тендерот за 150 електрични автобуси пропаднал поради корупција. Според нив, иако критериумот бил најниска цена, на крајот била избрана поскапа понуда, со што државата би била оштетена за околу 12 милиони евра. Од партијата наведуваат и дека имало претходни предупредувања за постоење поевтина понуда и дека целиот процес бил нетранспарентен и политички мотивиран. Како поткрепа за наводите, Јон Фрчкоски ...
Измените во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со кои ќе се овозможи изградба на дата-центри во Северна Македонија, се во завршна фаза, изјави министерот за транспорт Александар Николоски. Тој истакна дека овие измени имаат за цел привлекување нови инвестиции, отворање работни места и зголемување на БДП, следејќи ги светските трендови во развојот на вештачката интелигенција, каде што дата-центрите се неопходна ...
„Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, утрово во базиликата „Сан Клементе“ во Рим учествуваше на молитвата пред гробот на Свети Кирил, по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители – 24 Мај“, известува новинарката на ТВ21, Алмедина Исмаили. Солемната молитва ја предводеше охридскиот архиепископ и македонски поглавар, неговата светост Стефан, кој истакна дека делото на Свети Кирил ...
Со порастот на температурите во пресрет на летото, правилната исхрана и навиките за хидратација стануваат клучни за зачувување на здравјето и енергијата на организмот. За тоа како треба да се прилагоди исхраната, кои се најчестите грешки и како да се заштитиме од дехидратација, за ТВ21 говори нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска. Таа посочува дека во летниот период организмот природно има помала потреба од енергија, па затоа се ...
Засилените контроли во финансискиот сектор продолжуваат да резултираат со мерки против компании кои не ги почитуваат законските обврски. Од Министерството за финансии информираат дека е одземена дозволата за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, по утврдени сериозни неправилности во неговото работење. Од Министерството наведуваат дека постапката е покрената по пријава од граѓанин, по што бил спроведен вонреден надзор кој ...
Земјотрес беше регистриран попладнево во Македонија со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците од сеизмолошките служби. Земјотресот е регистриран на длабочина од околу 5 километри. Според податоците, потресот се случил во 17:41 часот по локално време. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица. Сеизмолозите продолжуваат да ја следат состојбата и можните последователни потреси. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио престојува во четиридневна посета на Индија, каде во Њу Делхи оствари средба со индискиот премиер Нарендра Моди. Во фокусот на разговорите биле енергетската безбедност, трговската соработка, состојбата на Блискиот Исток и идните односи меѓу двете земји. Според американски претставници, Рубио му упатил покана на Моди за посета на Белата куќа, додека индискиот премиер соопштил дека разговарале за ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во изјава за медиумите се осврна и на најавената реконструкција на Владата, која според најавите на премиерот Христијан Мицкоски треба да се реализира кон средината на јуни. Дурмиши изјави дека ќе се направи анализа на работата на сите функционери, како во коалицијата ВЛЕН, така и кај владините партнери, при што најави можни промени таму каде што ќе се утврди потреба. „Коалициските партнери, а ...
На 22.05.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријави дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08:00 часот во семејниот дом, по претходна ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека, според неговите оценки, државата изгубила значителен дел од европските средства поради, како што рече, недоволна реализација на реформската агенда и забавена работа на институциите. Тој посочи дека доколку биле исполнети предвидените реформски обврски во утврдените рокови, државата можела да добие околу 200 милиони евра, наместо помал износ. Филипче додаде дека ...
Судија на претходна постапка доцна синоќа му одредил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, во која животот го загубија четири лица. Одлуката е донесена по барање на надлежното јавно обвинителство, по спроведен распит во судот, со образложение дека постојат околности за опасност од бегство, како и можност за повторување на кривичното дело, соопштија од Судот. Во трагичната ...
Папата Лав ги осуди компаниите што остваруваат „вртоглави“ профити на сметка на загадување на животната средина, за време на посетата на област во Италија позната како жариште за нелегално фрлање токсичен отпад. За време на посетата на Ачерa, околу 220 километри јужно од Рим, првиот американски папа ги повика луѓето во светот да ги „отфрлат искушенијата на моќ и збогатување поврзани со практики што ја загадуваат земјата, водата, воздухот и ...
Сокот од зеленчук станува сè попопуларен поради наводните здравствени придобивки, почнувајќи од слабеење до подобрување на дигестивното здравје. Зелениот сок најчесто се подготвува од зелени овошја и зеленчуци како целер, спанаќ, магдонос, краставица, но и со додавање на овошје како јаболка, киви, грозје и круши, кои се користат за да се заслади напитокот и да се зголеми неговата нутритивна вредност. 1. Богат со хранливи материи Иако зелениот ...
Во емисијата „Бизнис 21“ синоќа на ТВ21 со Горан Рафајловски се отворија повеќе економски теми поврзани со платите на функционерите, корупцијата и управувањето со јавните ресурси. Рафајловски изјави дека смета оти платите на министрите треба да бидат значително повисоки, со цел, како што рече, да се стави крај на јавните дебати за висината на нивните примања и да се намали просторот за злоупотреби. „Мора да се сопре со тоа колкави се платите ...
Резервоар во јужна Калифорнија содржи околу 22.700 до 26.500 литри метил метакрилат, многу нестабилна и запалива супстанција што се користи во производство на пластика, јави BBC. Пожарната служба на округот Оринџ (OCFA) издаде првични наредби за евакуација за подрачјето околу објектот во Гардeн Гроув, по пријави за зголемување на температурата во резервоарот. Зоната за евакуација е проширена, а причината за истекувањето се истражува. Од OCFA ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за нестабилност во попладневните часови на повеќе места низ земјава. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h. Локално процесите може да бидат поинтензивни и да преминат во невреме, проследено со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер над 60 km/h, како и можност за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи во интервал од 20 ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предупреди дека над поголемиот дел од Европа се развива „купола на топлина“, која носи рекордно високи температури за овој период од годината. Според прогнозите, во многу региони температурите се очекува да бидат и до 15 степени Целзиусови над сезонскиот просек. Најпогодени ќе бидат Шпанија и Португалија, каде живата во термометарот може да се искачи од 35 до 39 степени Целзиусови. Топлата ...
Експлозија се случила во петок околу 19:30 часот по локално време во рудникот Лиушенју во округот Чинјуан, објави државната новинска агенција „Синхуа“. Во моментот на несреќата под земја имало 247 работници. Бројот на загинати во текот на саботата нагло се зголемил, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите. Си Џинпинг бара „максимални напори“ Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика итните служби да ги засилат спасувачките ...
Руска нафтена постројка беше зафатена од пожар во градот Новоросијск на Црното Море, по новите напади со дронови што Украина ги изврши во текот на ноќта, соопштија властите на 23 мај. Делови од соборен дрон паднале во просторот на терминал за гориво, предизвикувајќи пожари во неколку технички и административни објекти, соопшти регионалниот оперативен штаб на Краснодар. Според информациите, две лица се повредени. Според очевидци кои објавиле ...
Нов документ на американскиот Стејт департмент го претставува Западен Балкан како регион од директно значење за безбедноста и економските интереси на САД. Во документот се наведува дека стабилноста на регионот и унапредувањето на американските економски интереси таму ги прават САД „побезбедни, посилни и попросперитетни“. Документот неодамна е објавен на официјалната страница на американскиот Стејт департмент под наслов „Политика на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, истакнувајќи го нивниот историски, културен и општествен придонес во државата. Во честитката, Сиљановска-Давкова наведува дека Власите припаѓаат на древна духовна лоза на балкански народи, чиј опстанок низ историјата бил зачуван преку јазикот, традицијата и свеста за сопствениот идентитет. „Во влашкиот ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на ...
Во рамки на процесот на дигитализација и модернизација на институционалната работа, советниците на Советот на Општина Чаир беа опремени со службени лаптопи, со цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците на Советот. Седницата на Советот, предводена од претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, се одвиваше со разгледување ...
Украинскиот претседател Володомир Зеленски на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека имал разговори со Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц и дека сите забележале дека позицијата на Украина е значително посилна. „Разговарав со Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц во форматот Е3–Украина. Главниот фокус беше како да се обезбеди повторно заживување на дипломатијата за мир и Европа да биде дел од неа. Сите партнери забележуваат дека ...
Зборувајќи за продуктивноста, Горан Рафајловски во Бизнис 21 рече дека во Македонија е најниска во Европа. Рафајловски зборуваше и за јавната администрација, и кажа дека и таму има луѓе кои работат, и покрај тоа што генерална е сликата дека не се работи. „Македонија има најслаба продуктивност во Европа. Соодветно на тоа може да бидат и платите најниски. Тоа се бројките. Цело време се критикува администрацијата. И таму има луѓе што работат. ...
Горан Рафајловски во Бизнис 21 рече дека е против мерката на Владата за горивата, односно против намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата. Рафајловски рече дека е против тие мерки, туку дека државата треба да набавува нафта, па дури и сега кога е поскапо од претходно. „Не ми се допаѓа мерка, таа е реактивна… Требаше да се набави нафта, можеби и сега, ако гледаме дека оди кон војна. Треба да набавиме нафта па дури и сега… Не може да ...
Горан Рафајловски во Бизнис 21 на ТВ21 вечерва зборуваше за разни економски теми. Сопственикот на „Рафајловски консталтинг“ кажа дека потегот на Владата да подели 250 милиони евра на стопанството, беше одличен потег. „Стопанството стана зависно од државата, толку зависно од тендерите, да луѓето заборавија да работат бизнис. Ако вие размислувате микро, тогаш нема да имате стопанство. Одличен потегот на Владата да подели 250 милиони евра на ...