Екипата на Прилеп дојде до првата победа на струшкиот турнир, откако славеше со 31-29 против Бутел Скопје во дебито на Стојанче Стоилов. Клучен за триумфот беше Благојче Трајкоски, зад своето име запиша 16 интервенции. И двата тима понудија интересна битка, на одморот беше 17-17. Водството се менуваше, со тоа што финишот беше екстра возбудлив, Бутел Скопје поведе со 26-24. Но токму благодарение на одбраните на Трајкоски прилепчани приредија ...

Возбудувањата на отвореното игралиште покрај Езерото во Струга продолжуваат со полна пареа. По вчерашното свечено отворање на 54. издание на Струшкиот турнир, каде што Вардар славеше над Прилеп, а Охрид ја совлада екипата на домаќинот Струга, денеска во вториот натпреварувачки ден видовме уште два исклучително динамични и квалитетни дуели. Екипата на ГРК Охрид стана првиот сигурен финалист кој в сабота ќе се бори за трофејот, додека Прилеп во ...