Овој стан во кичевската чаршија е државна сопственост, но е даден под кирија од страна на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (државни станови). Условите во него се мизерни. Во него живее Весна Спасеновска, заедно со своите внуци. Пред три месеци ТВ21 извести за состојбата на станот и тогаш стапивме во контакт со Акционерското друштво, подружница Кичево, од каде што ни рекоа се дека се запознаени со ...

Лидерите на Европската Унија размислуваат за вршење дополнителен притисок врз Русија како одговор на интензивното бомбардирање на украинскиот главен град во раните утрински часови во неделата. Руските сили истрелаа ракета способна да носи нуклеарно оружје во еден од нивните најжестоки напади во досегашниот тек на војната. Најмалку четири лица загинаа кога Русија го гранатираше Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти – двајца во ...

Мендух Тачи е реизбран за претседател на Демократската партија на Албанците на 9-тиот партиски конгрес. Во своето обраќање пред делегатите тој се осврна на повеќе теми, меѓу кои и распределбата на буџетот, за која истакна дека се дели на неправеден начин. Тачи исто така изјави дека тој де факто двапати бил премиер на Албанците, иако немал јавна функција, додавајќи дека има голема разлика кога ДПА била на власт во споредба со ДУИ или ВЛЕН. ...

„Ќерка ми е болна, има вода во мозокот, водата му го оштети мозокот.“ Една мајка од Скопје се соочува со најтешкиот предизвик во својот живот. „Лејла Незири, мајка на две деца која живее под кирија во Скопје и има мала ќерка, бара помош од граѓаните бидејќи не може да ја плати киријата. Таа живее само од социјална помош.“, вели репортерката на ТВ21. Покрај финансиската немоќ, таа вели дека физикалните терапии за нејзината ќерка секојдневно ги ...

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и подружницата на Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, денеска се спроведува акција во Арачиново за откривање и одземање на украдени огревни дрва. Информацијата ја објави Кире Михаилов на социјалните мрежи, посочувајќи дека акцијата е во тек. Засега нема официјални детали за количината на одземените дрва ниту дали има приведени лица. Во координирана ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во неделата изјави дека им порачал на своите претставници да не брзаат со каков било договор со Иран, со што се чини дека ги ублажи надежите за неизбежен пресврт во тримесечната војна, кои претходниот ден беа подгреани од двете страни. Американската блокада на иранските бродови во Ормускиот Теснец ќе „остане во целосна сила и ефект сè додека не се постигне, сертифицира и потпише договор“, напиша Трамп на ...

Средното текстилно училиште во Тетово следната година ќе добие нов објеКТ. Првата фаза од градежните работи на објектот е веќе завршена. Доколку не се појави некоја пречка, според градоначалникот на општината, Билал Касами, објектот ќе биде завршен за пет или шест месеци. „На средното текстилно училиште се работи, се гради во рамките на предвидената динамика врз основа на договорот. Се надеваме, доколку нема некоја, така да кажам, вонредна ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно ...

Ракометниот клуб Охрид денеска ќе го одигра првиот финален натпревар во ЕХФ Европскиот куп, со што се наоѓа на чекор до најголемиот успех во клупската историја. Македонскиот претставник зад себе има импресивна европска сезона во која забележа девет победи и само еден пораз – во полуфиналната пресметка против Цеље – и заслужено обезбеди место во големото финале. Противник на охриѓани е силната унгарска екипа Татабања, за која настапува и ...

Со убедливата победа од 7:0 против Победа од Прилеп, фудбалерите на Брегалница Штип и официјално го обезбедија првото место во Втората македонска фудбалска лига и по двегодишна пауза повторно се враќаат во Првата лига. Штипскиот тим сезоната ја заврши со 71 освоен бод, исто колку и второпласираното Скопје, но Брегалница ја освои шампионската позиција благодарение на подобриот меѓусебен скор. Скопје во последното коло убедливо го совлада ...

Фудбалерите на Барселона ја одбранија титулата во шпанската Ла Лига, а по одигрување на синоќешните дуели покрај Овиедо лигата ја напуштаат Мајорка и Џирона. Елче и Џирона одиграа нерешено 1:1, па така Елче избори опстанок за разлика од Џирона. Победа постигна и Мајорка против Овиедо, но тоа беше недоволно за опстанок. Вечерва се игра последниот натпревар од 38.коло (последно) меѓу Виљареал и Атлетико Мадрид. Ова е директен дуел за третото ...

Деталите за потенцијалниот договор меѓу САД и Иран почнуваат да излегуваат на виделина. Продолжување на прекинот на огнот за 60 дена и повторно отворање на Ормускиот Теснец се меѓу точките за кои се верува дека се вклучени во договорот, според американскиот медиум „Аксиос“ (Axios). Сè уште нема потврдено официјален договор. Иранските медиуми јавуваат дека сè уште постојат „една или две“ точки на несогласување во потенцијалниот договор. ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека мисијата на Кирил и Методиј има непроценлива улога, а нашата е да го чуваме македонскиот јазик и да обезбедиме европска иднина „Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност. Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и ...

На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден ...

Борбата против корупцијата, работата на Обвинителството, евроинтеграциите и протестите на студентите кои бараат полагање на правосудниот испит на албански јазик беа меѓу темите на кои се осврна премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Од слово до вечност“, одржана по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Мицкоски порача дека граѓаните оправдано ја губат ...

омбашки напад погоди воз кој превезувал пакистански безбедносен персонал и нивните семејства во југозападната провинција Балочистан во неделата, соопштија официјални лица, што е најнов голем напад за кој одговорноста ја презедоа сепаратистичките милитанти. Експлозијата уби најмалку 24 лица, а рани околу 70, според тројца претставници на провинциската влада и безбедносните служби, кои зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи немаат ...

Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои собири, ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да ...

Говорејќи во црквата „Света Софија“ во Охрид, на свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен да се разговара за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, нагласувајќи дека нема пречка и заедниците да имаат право да напредуваат и да го користат својот јазик, во рамките на Уставот и законите. Мицкоски додаде дека образованието е ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски денеска упатија честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Претседателката во својата честитка истакна дека малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! „Такви се солунските браќа, творците на ...

По декади запуштеност, денеска конечно се чисти Железничката станица во Скопје. Оваа вест на својот профил ја објави Синиша Ивановски, директор на МЖ. „Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект “накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Превземаме ...

Наставник по ликовно образование од Битола цела учебна година одел на работа без да знае дека уште во јануари му бил прекинат работниот однос, објави „Независен“. Станува збор за Стефан Поповски, кој бил ангажиран во три училишта за да оформи полн фонд часови. Тој тврди дека редовно држел настава во подрачното училиште при ООУ „Тодор Ангелевски“, имал пристап до е-дневникот, пишувал оценки, присуствувал на наставнички совети и учествувал во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше по вооружениот инцидент во близина на Белата куќа, каде што 21-годишно момче беше застрелано до смрт од страна на агентите на Тајната служба, откако се обидело да влезе во претседателскиот комплекс. Во објава на Truth Social, Трамп ѝ се заблагодари на Тајната служба и на правосудните органи за брзата и професионална реакција против вооруженото лице, за кое рече дека имало историја на насилство и ...

Партиите денеска упатија честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, истакнувајќи го значењето на нивното дело за македонскиот јазик, култура и идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека делото на светите браќа останува вечен аманет да го чуваме јазикот, традицијата и идентитетот. „Со особена почит и благодарност, денес оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители и ...

Уште еден масовен руски напад со балистички ракети и дронови ја потресе Украина во текот на изминатата ноќ, при што беше погоден и резиденцијалниот комплекс каде што живее албанскиот амбасадор во Киев. Веста ја објави министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, кој остро реагираше преку објава на мрежата Х. Според Хоџа, нападот сериозно го загрозил животот на албанскиот амбасадор, квалификувајќи го настанот како „целосно ...

„Credi Yes“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии му ја одзеде лиценцата за работа поради нерегуларности во функционирањето, јавува „Фактор“. Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите околу 40 филијали ширум земјата, додека исто така околу 120 вработени добиле известување дека дејноста е прекината. Единствената активност што „Credi Yes“ ќе има право да ја продолжи е ...

Овен Ќе бидете полни со идеи, но внимавајте да не реагирате пребрзо. Во љубовта можно е мало недоразбирање кое брзо ќе се расчисти. Бик Утре ќе сакате повеќе мир и време за себе. Финансиски ви следува стабилен период, но избегнувајте позајмување пари. Близнаци Пред вас е ден со многу контакти и разговори. Можно е да добиете важна информација што ќе ви помогне околу работа или приватен план. Рак Емоциите ќе ви бидат изразени, а некој близок ќе ...

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
57%
1021
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
77%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
68%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.27
49%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
76%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
6.26
64%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.24
36%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
54%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
44%
1023
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
7.2
91%
1018
Currency

61.525

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Платина

55942.30

Кобалт

56.29

Паладиум

43178.45

Злато

141408.63

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.17

Родиум

280515.26

Цинк

0.00

Сребро

2106.74

Алуминиум

3.31

Калај

56.26