Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес конференција на која информираше за Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало кој произлегува од измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачи. „Министерството за економија и труд постојано работи на мерки и политики за заштита на ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари и директорот на Клиниката за дигестивна хирургија Огнен Коta Операцијата била извршена на 27 март, но информацијата е објавена денеска поради почит кон жртвите на настраданите во пожарот во Кочани на 16 март, во која загинаа 61 лице. „Пациентите за операција се бираат според повеќе критериуми. Секој кој разбра за оваа операција се јави кај хирург. Но, хирурзите не регрутираат пациенти. Пациентите се ...

Додека Таравари мисли само на локални избори и изборни коалиции здравството е во тотален распад, изјави на прес конференцијата на СДСМ, Белкиса Зекири – членка на Извршен одбор. „Скандалот на Кардиохирургија каде што пациент почина со пукната аората, е реалната и стравотна слика за состојбата во здравството денес-колабиран систем, кој наместо да лекува, уништува животи. Пациент почина затоа што државната клиника не можела да му ја изведе ...

Северна Кореја заработила повеќе од 20 милијарди долари приход од воената соработка со Москва од почетокот на руската инвазија на Украина, се наведува во извештајот на Јужнокорејскиот институт за одбранбени анализи (КИДА). Покрај финансиските придобивки, Пјонгјанг ја користи соработката со Русија за да се здобие со напредно вооружување и да ги зајакне сопствените воени капацитети. Според КИДА, најголемиот дел од приходите доаѓаат од продажбата ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници. Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле ...

Врховниот суд на Велика Британија денеска пресуди дека терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошкиот пол според британскиот закон за еднаквост, со што се исклучуваат трансродовите жени од правната дефиниција за жена. По пресудата, судијата рече дека ова не е „победа на едната страна над другата“, нагласувајќи дека британскиот закон сè уште ги штити трансродовите лица од дискриминација. Родовата реформа во Велика Британија стана политичко ...

На 15.04.2025 во 16.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Л.И.(22) од село Липково. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 96 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава ...

Точно еден месец од ужасната трагедија која ја потресе Македонија. И се уште нема зборови, се уште силна тишина, тага и болка, која денеска ќе биде поделена и меѓу двата пријателски клубови уште од поранешна Југославија, но во исто време и секогаш лути ривали, нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар и поранешниот европски шампион Црвена Звезда. Многу гости од соседна Србија заедно со, сигурно, повеќе од 25.000 љубители на фудбалот вечерва на ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, ...

Денеска новиот в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти, таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали имаме директори. -Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани. Состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти. Таква е и во комуналното ...

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини ...

Рочиштето за убиствата на Вања и Панче, на кое првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо требаше да одговара на прашања на обвинителството, е одложено. Судот утрово добил известување од адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски дека не е во можност да присуствува на судењето од здравствен причини. Палевски е последниот кој требаше да сведочи, откако предхоно беа сослушани Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, како и таткото на Вања, ...

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието – повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, туку и на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што ги носиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уште поголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, туку дали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигитални ...

Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии жестоко ескалира. Белата куќа објави дека Кина сега може да биде погодена со тарифи од дури 245 проценти за извозот во САД како резултат на нејзините „одмазднички мерки“. Ова е највисоката царинска стапка спомената досега, која беше наведена во документот штотуку објавен, заедно со извршната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп. Таа наредба најави истрага за ризиците ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека „Западот каков што го знаевме повеќе не постои“, мислејќи на промените што се случија како резултат на претседателствувањето на Доналд Трамп со Соединетите Американски Држави. Во интервју за „Cajt“, таа ја повтори поддршката за европското регулирање на американските дигитални услуги дури и при заканите за откажување на американскиот нуклеарен чадор, нагласувајќи ...

Неименуван лекар од Берлин за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, соопшти денеска берлинското државно правобранителство, објави хрватски Индекс. „Претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку петнаесет пациенти во периодот од 2021 до 2024 година“, соопшти Државното правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар е ...

На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го ...

Неименуван маж од Калифорнија, кој е бездомник, освоил 1 милион долари на лотарија откако купил билет во локална продавница за алкохол што често ја посетува, пишува Гардијан. „Тој влезе во продавницата, ја изгреба картичката и рече: „О Боже, дали е ова реално? Човеку, јас веќе не сум бездомник!“ рече менаџерот на таа продавница, потсетувајќи се на вечерта кога беше освоена наградата. Победникот првично мислел дека освоил 100.000 долари, пред да ...

Бугарскиот министер за транспорт Гроздан Караџов изјави дека Коридорот 8 зависи само од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. „Испративме договор за единственото нешто кое ни е заедничко, а тоа е тунелот на самата граница. Овој тунел е преполовен од самата граница на два еднакви дела. Половина е на територија на Република Северна Македонија, а другата половина на бугарска територија. Новиот договор е веќе испратен до ...

Повеќе од еден милион евра, односно фантастични 64.182.837 денари Видеолотарија Касинос Австрија исплати кон играчите за ВЛТ добивки, во месец март. Среќните статистики во март покажаа: 4 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 19 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 1926 играчи освоија МИНИ џекпот добивки. Март ни донесе нови рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија ...

На 15.04.2025 во 20.00 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. Откако бил забележан од ...

На 15.04.2025 околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 ...

Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар ...

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и екс фудбалерот Бастијан Швајнташјгер планираат да се разведат. За ова пишува германскиот таблоид Бунте, повикувајќи се на извори „во телевизиските кругови“. Според изданието, наводната разделба се случила пред околу два месеци. Швајнштајгер, наводно, многу патува поради работа и живее главно во Минхен, додека Ивановиќ и нејзините деца остануваат во Белград. Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во јули ...

Студентите од блокадата трет ден ги блокираат зградите на Радио Телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Деблокирана е раскрсницата на улиците Таковска и Светогорска која утринава околу 6 часот беше блокирана од студенти во блокада со цел да ги спречат вработените во РТС да влезат во зградата на јавниот сервис, а сообраќајот е обновен. Припадниците на полицијата стационирани на тоа место си заминаа, а студентите во блокадата се ...

Продолжува судењето за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Треба исказ да дава првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој ќе одговара на прашања од обвинителството. На претходното рочиште, Палчо одговараше на прашања од својот адвокат Јовица Страшевски, и кажа дека не ги извршил убиствата за кои се товари. Ги нападна порталите и кажа дека е под линч од нив, а дека бил киднапиран од Кривичниот суд. Обвинителките Ана Стојковиќ ...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди во средата регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 121 километар, па не се причинети материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 164 километри источно од Баглан, град со население од околу 108.000 жители. ❗Update: #Earthquake (#زلزله, #землетрясение) M5.6 occurred 121 km SE of #Taloqan ...

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом покажете некаква слабост, ќе ја изгубите предноста која ви е потребна за да стигнете до целта во преговорите. Флексибилноста ќе ве доведе до напредок. Не дозволувајте обврските да ве оддалечат од задоволствата. БИК Токму кога мислите дека имате се под контрола, некој ќе ви ги наруши плановите. Не плашете се од патувања или ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен ...

ПСЖ и Барселона се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако вечерва и покрај поразите во Бирмингем и во Дортмунд, успеја да се пласираат меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Се одиграа интересни реванш дуели, во кој Астон Вила можеше лесно да го елиминира фаворитот и покрај негативата од 3-1, додека Борусија Дортмунд стигна најмногу до два разлика против Барселона, и и го нанесе првиот пораз во 2025 година после долга серија. ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
62%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
73%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.22
61%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
1.54
34%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
75%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61