Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тетовчани на Националната Арена „Тодор Проески“ го совладаа Вардар со 0-2 и со важни три бода влегуваат во продолжението од шампионската трка. Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и во раната фаза имаше неколку ситуации пред голот на Ферат Рамани. Кастањеда и Пулеио се обидоа од далечина, а најсериозната прилика во почетните ...
Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ одиграа 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум. За „пиратите“ ова е прв освоен бод по враќањето во елитното друштво, додека Струга пропушти можност со триумф да ја потврди фаворитската улога. Гостите од Струга уште од почетокот ја презедоа иницијативата и создаваа повеќе опасности пред ...
Суперталентираниот прилепски напаѓач Салим Арифи продолжува да го привлекува вниманието со своите настапи во Косово, а неговата одлична сезона во дресот на Митровица веќе отвора можност за нов голем чекор во кариерата. Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, за 19-годишниот голгетер постои сериозен интерес од странство, а меѓу клубовите кои го следат е и Анталијаспор. Арифи во сезоната 2025/2026 имаше одличен учинок, постигнувајќи 23 ...
Актуелниот македонски шампион Вардар и вицепрвакот Шкендија уште во второто коло од новата сезона ќе ги одмерат силите во првото големо дерби. Националната Арена „Тодор Проески“ денеска од 17:00 часот ќе биде местото на големата пресметка меѓу двата најсериозни кандидати за шампионската титула. Вардар влегува во дуелот како бранител на трофејот, додека Шкендија со амбиција да го врати шампионскиот пехар во Тетово. Посебен мотив во овој ...
Меѓу двата настапи против шкотскиот Хибернијан во третото квалификациско коло од Лигата на конференции, тетовска Шкендија се враќа на обврските во домашното првенство каде ја очекува големото дерби од второто коло во Првата лига, против актуелниот шампион, Вардар. По враќањето од Шкотска, „црвено-црните“ од Тетово имаа на располагање два дена за максимална подготовка пред овој натпревар. Голманот на Шкендија, Ферат Рамани, ја потврди високата ...
Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во елитата. Во првото коло загуби од вицепрвакот Шкендија, а овој викенд има исто така сериозен предизвик, да се надигрува со уште еден сериозен ривал и претендент за највисок пласман, тимот на Струга Трим Лум. Стружани лесно славеа против Шкендија Арачиново во првото коло, а искусниот голман на ФК Скопје, Кристијан Наумовски, е свесен за тешката задача што ќе ја имаат тој и ...
Струга Трим Лум на одличен начин ја отвори новата сезона во Првата лига, со убедлива победа од 3:0 против Шкендија Арачиново, која годинава обезбеди пласман во елитата. Стружани и во второто коло ќе имаат дуел со нов прволигаш. На спротивната страна ќе биде Скопје, кој исто така оваа сезона пристигна од Втората лига. „Против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто од себе. Кога велам ...
Актуелниот шампион на Македонија, Скопје, со победа ја продолжи серијата подготвителни натпревари пред стартот на новата сезона во Првата македонска женска фудбалска лига. Тимот од скопско Пржино вчера во битолско Кравари славеше убедливо со 0-3 против повратникот во елитното друштво, Пелистер. За двете екипи ова беше уште една квалитетна проверка во подготвителниот период, со која стручните штабови добија можност да ја проверат моменталната ...
Фудбалерите на Пелистер со пораз ја заокружија серијата контролни натпревари пред почетокот на новата сезона. Битолчани на стадионот „Ѓорѓи Куќику“ загубија од албански Поградец со 4-2. Двата тима одиграа неизвесно прво полувреме, во кое мрежите мируваа до 33. минута. Тогаш Христов ја затресе мрежата и му донесе предност на Пелистер. Сепак, Поградец успеа да возврати пред паузата, па на одмор се замина со нерешени 1-1. Во вториот дел ...
Македонската ракометарка Сара Миновска имаше одлично деби за новиот клуб, откако левото крило веднаш по пристигнувањето во Словачка заигра за шампионот Јувента Михаловце. Според информациите на Спортска Димензија, Миновска на 8 август пристигнала во Словачка, а веќе истиот ден го имала и првиот настап во дресот на новиот клуб. Поради административните процедури и документацијата, македонската интернационалка добила ограничена минутажа од само ...
Струмица уште еднаш потврдува дека со право може да се нарече град на спортот. Градот во последните денови е вистински спортски центар, со голем број натпревари, а особено радува фактот што дел од нив се со меѓународен карактер. Само вчера во Струмица беа одиграни три контролни натпревари, од кои два меѓународни, на различни спортски терени кои се наоѓаат на исклучително мала оддалеченост еден од друг. На СЦ „Пандев“ се сретнаа второлигашите ...
Екипата на Брера Струмица со победа ги заврши подготовките пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Струмичани денеска на домашен терен славеа со 3-2 против малтешкиот второлигаш Санта Лусија, во интересен меѓународен контролен натпревар. Брера успеа да дојде до триумф по пресврт, во натпревар кој им овозможи на двата тренерски штаба да ги проверат своите екипи и да добијат дополнителни одговори пред официјалните ...
Фудбалот вечерва е во центарот на вниманието во Струмица, каде од 19:30 часот на стадионот „Благој Истатов“ ќе се одигра интересен пријателски натпревар меѓу Беласица и Работнички. За двата поранешни прволигаши ова ќе биде последен контролен натпревар, односно генерална проба, пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, која стартува на 15 август. Дуелот под рефлектори ќе биде добра можност стручните штабови на двете ...
Екипата на Детонит Плачковица од Радовиш со победа ги заврши подготовките пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Радовишани во денешниот последен контролен натпревар славеа минимално со 0-1 против Кожуф во Гевгелија. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Филип Димоски, кој беше прецизен за победа на Детонит Плочковица во генералната проверка пред првенствените предизвици. За Дарко Крстески ова беше прв ...
Македонскиот футсал шампион Проект од Јосифово забележа убедлив триумф во првиот од двата контролни натпревари против бугарскиот шампион Амиго Нортвест. Во дуелот одигран во спортската сала „Парк“ во Струмица, македонскиот првак славеше со 7-2. Овој натпревар беше одлична проверка за избраниците на Проект во рамките на подготовките за новата сезона, а особено за она што следува на европска сцена. Македонскиот шампион со сигурна и ефикасна ...
Екипата на Истатов забележа минимална победа во уште еден подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Истатов на теренот со вештачка трева во Струмица славеше против Тиверија Брера со 0-1. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во второто полувреме, кога Катерина Петкова ја затресе мрежата на струмичкиот состав и го донесе триумфот за Истатов, по топката нафрлена од корнер во 80. минута ...
Брегалница Штип стигна до првиот триумф по враќањето во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен убедливо го совлада Арсими со 4-0 во второто коло. Штипјани од самиот почеток го презедоа контролирањето на натпреварот и брзо го најавија посакуваниот исход. Мартин Стојанов во 10. минута ја затресе мрежата по одличната акција и асистенцијата на Методи Максимов за 1-0. Брегалница продолжи да притиска, а вториот погодок пристигна ...
ГФК Тиквеш продолжува со максимален ефект на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани на гостувањето во Куманово го совладаа Башкими со убедливи 0-5 и по две одиграни кола имаат шест бода на своето конто. Домаќинот успеваше да го одржи резултатот во почетната фаза, иако Тиквеш имаше иницијатива и контрола врз играта. Отпорот на Башкими беше скршен во 36. минута, кога Лусианињо асистираше, а Висдом ја затресе ...
КК Кожув продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување во составот на гевгеличани е 30-годишниот српски бек Стефан Симиќ. Симиќ е висок 193 сантиметри и во Гевгелија пристигнува со значајно искуство од српската и црногорската кошарка. Во досегашната кариера настапувал за екипи како Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а има играно и за црногорскиот клуб Сутјеска. Новиот кошаркар на Кожув зад себе има ...
Капитенот на Арсими, Арѓенд Гафури, верува дека неговиот тим ќе одигра многу подобро на гостувањето кај Брегалница во второто коло од Првата фудбалска лига. По лошиот старт на сезоната, Гафури смета дека екипата имала доволно време да ги анализира направените грешки и да ги отстрани слабостите. Тој очекува Арсими во Штип да покаже карактер и да одигра далеку поквалитетен натпревар, со кој ќе се обиде да стигне до позитивен резултат. “Не го ...
Брегалница во првото коло претрпе пораз од актуелниот шампион Вардар, но штипјани со прикажаното на теренот оставија позитивен впечаток. Во одредени периоди од натпреварот Брегалница беше и подобар противник, но сепак на крајот остана без бодови. Сега пред штипскиот тим е нов предизвик и дуелот со Арсими. Натпреварот ќе се игра на домашен терен, во вечерен термин, што се очекува да биде дополнителен мотив за фудбалерите на Брегалница да ...
Новајлијата во Втората женска фудбалска лига, Менада од Тетово ја промовираше 18-годишната Ема Стевоска како најново засилување. Станува збор за перспективна фудбалерка, која може да покрива повеќе позиции на теренот, што ќе биде опција за ротација во тимот. Доаѓа од екипата на Љуботен, а има настапувано и за тетовска Шкендија. ЖФК Менада е новоформиран клуб кој за првпат ќе се натпреварува во Втората женска фудбалска лига, а повеќе за клубот ...
Башкими и Тиквеш со сосема различно расположение го дочекуваат денешниот меѓусебен дуел во Куманово. Домашниот тим сака да го заборави лошиот старт на сезоната и убедливиот пораз од 6:0 против Силекс во Кратово. Кавадарчани, пак, пристигнуваат со значително поголема самодоверба, откако во првото коло со одлична игра го совладаа Арсими со убедливи 5:1 и на најдобар можен начин го отворија новото првенство. Иако Тиквеш важи за фаворит во оваа ...
По тешкиот старт на сезоната и убедливиот пораз од Силекс (0:6) во Кратово, Башкими денеска ќе има можност пред домашната публика да покаже реакција и да стигне до првите бодови во шампионатот. Кумановскиот тим го очекува сериозен предизвик, бидејќи во гости доаѓа Тиквеш, кој во првото коло одигра одлично и со високи 5:1 го совлада Арсими. Иако против себе ќе има мотивиран и самоуверен противник, во редовите на Башкими веруваат дека можат да ...
Македонската репрезентативка Александра Марковска прави нов интернационален чекор во кариерата. 29-годишната фудбалерка потпиша едногодишен договор со турскиот клуб Хајманаспор, каде што ќе настапува во новата сезона. Фудбалерката за врска зад себе има богата домашна кариера и едно интернационално искуство во Србија. Нејзиниот фудбалски пат започна во Билјанини Извори, по што настапуваше за Тиверија и ЖФК Кочани. Потоа следуваше период во ЖФК ...
Три клучни судиски одлуки на воведниот натпревар од второто коло од Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Силекс. Во 27. минута од натпреварот, главниот судија не забележува очигледен прекршок врз играчот на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. По правилна ВАР проверка и интервенција, главниот судија по преглед на снимка на терен (OFR) досудува казнен удар за домашната ...
Еурофарм Пелистер со убедлива победа ги започна контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона. Битолчани славеа со 36-24 против репрезентацијата на Катар, во натпревар кој донесе и интересен тренерски дуел. Избраниците на Лино Червар уште од самиот почеток го презедоа контролата врз играта и на полувремето имаа шест гола предност – 18-12. Во вториот дел битолскиот тим продолжи во ист ритам, постепено ја зголемуваше ...
Женскиот ракометен клуб Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона во Првата лига, со јасно поставена цел – пласман во Супер лигата. Ракометарките од Свети Николе главната фаза од подготовките ќе ја одработат во Претор, Ресен, каде што од клубот велат дека имаат одлични услови за работа. Во овој период акцентот е ставен пред сè на општата физичка подготовка, по што тимот ќе продолжи со ...
Македонскиот футсал шампион Проект од Јосифово продолжува со подготовките за новата сезона, а во рамките на истите ќе одигра пријателски двомеч против шампионот на Бугарија, Амиго Нортвест. За составот на Проект ова ќе биде одлична можност за два квалитетни теста и дополнително воигрување пред големиот европски предизвик – настапот во прелиминарната рунда од УЕФА Футсал Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за утре (сабота) од ...
Второлигашот Камјани продолжува со создавање конкурентен состав за својата историска прва сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување е Герт Арифи. Арифи е офанзивен фудбалер кој најдобро се снаоѓа на крилните позиции и може подеднакво успешно да игра на двете страни. Се одликува со голема брзина, одлична техника, креирање шанси и способност да биде конкретен во завршницата. Новиот фудбалер на Камјани својата кариера ја ...