Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Пелистер и Вардар вечерва ќе ги одмерат силите во дербито на 26. коло на Првата лига, а тренерите Марјан Секуловски и Гоце Седлоски ги отворија картите за „вечното дерби“ Двете екипи ќе играат во формација 4-2-3-1, а во продолжение низ графички приказ Спортска Мрежа ви го претставува целиот состав, како првиот така и „џокерите“ од клупа кои ќе ги имаат Секуловски односно Седлоски. СТАРТНИ СОСТАВИ: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР Пелистер и Вардар вечерва ...
Ракометниот клуб Радовиш остана без тренер и капитен, откако Спасе Ѓоргиев и Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот. Како што информираше РК Радовиш причината била што двајцата се основачи на новиот клуб РК Феникс, за што веќе објави Спортска Мрежа, а според наши информации се работи за исклучително силен и голем проект, а управата на Радовиш ваквиот потег го смета за неетички, нефер и спротивен на основните спортски принципи. Ѓоргиев ...
Шкендија оствари убедлив триумф против Работнички славејќи со 0-3 на стадионот на ФФМ. Тимот на Јетон Беќири рутински стигна до трите бода. Шкендија поведе веќе во седмата минута. Вебстер нафрли од левата страна, Тамба од прва го пронајде Красниќи кој од непосредна близина ја погоди гредата, но беше присебен и од втор обид ја затресе мрежата. Следната голема закана на Шкендија дојде во 24.минута. Љатифи шутираше од слободен удар од 30 метри, ...
Македонската ракометна сцена добива нов член, откако официјално е регистриран РК Феникс од Радовиш. Според информациите на Спортска Мрежа, клубот веќе го доби решението за регистрација со што започнува една нова спортска приказна во овој град. Зад проектот стојат добро познати ракометни имиња. Меѓу основачите се Игор Соколов и Љупчо Ѓорѓиев одлични познавачи на ракометот, со големо искуство, како и тренерите Спасе Ѓорѓиев и Александар ...
Има или нема криза, резултатска или од било кој друг вид, истата се заборава штом судиското свирче означи старт на најголемото фудбалско дерби во Македонија, Пелистер – Вардар. Овој пат вечните ривали се соочуваат во Битола од 20:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ денеска Пелистер и Вардар ќе имаат уште една судбоносна средба. Исполнети се сите услови за нов фудбалски спектакл. Рефлектори, добра атмосфера на трибините , домашни, ...
Во пресрет на најголемото македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар, кое се игра вечерва со почеток од 20:00 часот, тренерот на Пелистер Марјан Секуловски, ги изнесе своите очекувања за натпреварот. „За мене, но и за сите љубители на фудбалот, ова е најголемото дерби во Македонија – Пелистер против Вардар, натпревар кој секогаш буди посебни емоции. Победата во Тетово донесе многу позитивна енергија во тимот. Освен трите бода, добивме и нешто ...
Во пресрет на дербито со Вардар, капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, ја истакна важноста на натпреварот и моментот во кој се наоѓа тимот. „Најголемото македонско дерби е вистински спектакл за целата земја – натпревар кој сите го очекуваат со нетрпение, како поради случувањата на теренот, така и поради атмосферата на трибините. Победата во Тетово не ни донесе само три бода, туку и значаен пресврт во сезоната, особено во борбата за ...
Во рамки на 4. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) Охрид се соочи со екипата на Ксилофагу Еспортс од Кипар, натпревар полн со шанси, но фалеше тој последен пас за да може да има погодоци, на крајот двете екипи ги поделија бодовите играјќи 0:0. “Рибарите” имаа иницијатива и неколку изгледни шанси, но не успеаја да го скршат отпорот на тимот од Кипар. Охриѓани одиграа уште еден квалитетен натпревар и по четири кола остануваат непоразени со ...
Во Третата фудбалска лига – Север борбата за второлигашкиот бараж е сведена на лидерот Еурмилк ГЛ и БВК Коњаре, останатите екипи се без шанси за било какво изненадување. „Лисиците“ кои во минатото настапуваа во Прва лига сакаат да се вратат во второлигашкото друштво за следната сезона и во моментот го имаат врвот со 52 бодови, пет повеќе од БВК Коњаре кој е втор на табелата. БВК Коњаре ќе се надева на „кикс“ на тимот од Горно Лисиче, а ...
Веќе станува јасно оти само Овче Поле и Победа Валандово имаат шанси за првото место и баражот за Втора лига, останатите екипи остануваат без шанси за да бидат шампиони во Трета лига – Исток и да играат бараж за Втора лига. Овче Поле е прв со 37 бодови, осум повеќе од Победа Валандово која е втора, но „калинкарите“ имаат дури три меча помалку од „овчарите“, кои доколку ги добијат ќе бидат први на табелата. ОХРИД КУП 2026 – ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА ...
Продолжува трката во Трета лига – Запад за првото место кое води кон баражот за Втората лига. На врвот е Камјани со 37 бодови на своето конто, два повеќе од второпласираниот Влазерими, кој има 35 бодови, но треба да се истакна фактот што лидерот има меч помалку. Трката ќе биде меѓу овие две екипи, а до крајот една во однос на друга се надеваат на „кикс“ со цел да го обезбедат првото место и со тоа да играат во баражот за влез во Втора лига. ...
И натаму Борец е на врвот во Третата македонска фудбалска лига – Југ, со тоа што некогашниот прволигаш на своето конто има 49 бодови, дури шест повеќе од второпласираниот Превалец, но мора да се истакна тоа што Борец има меч повеќе, па доколку Превалец го добие тој меч ќе дојде на минус три бодови. Помеѓу овие две екипи до крајот ќе биде борбата за кој да биде шампион и да игра во баражот за Втора лига, а тимот на Превалец и минатата сезона ...
Четири екипи ја продолжуваат трката за првото место во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад кое води кон баражот за влез во Втора лига. На врвот е струшки Влазними кој има 25 бодови, но има и меч помалку, а пак Славеј од Мешеишта е втор со 23 бодови. На делба на третото место се Могила и Караорман со по 22 бодови, но тимот на Могила има меч помалку. ЦЕЛА ТАБЕЛА ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД: 1 ФК ВЛАЗНИМИ ➖ 11 8 1 2 27 16 +11 25 2 ФК СЛАВЕЈ ...
Познати судиите за утрешните два натпревари од 26. коло на Првата македонска фудбалска лига. Во првиот меч кој се игра во Скопје се среќаваат Работнички и Шкендија, а за правдата ќе биде задолжен Игор Стојчевски, негови помошници ќе бидат Мартин Петковски и Вјолца Изеири, а пак Ндерим Тефику е четврт судија. Во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ, а пак оператор за повторување на снимка е Петар Мукоски. Делегат на средбата која ...
Македонскиот ракометен гигант Вардар 1961 го доби противникот во четвртфиналето од ЕХФ Европската лига, откако францускиот Монпелје обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи. Иако Монпелје загуби на гостувањето кај Елверум со 35-31 во реваншот, високата победа од првиот натпревар (36-24) се покажа како клучна за францускиот тим, кој со вкупен резултат сигурно го завери местото во четвртфиналето. Така, „црвено-црните“ ги очекува тежок двомеч ...
Екипата на Големо Коњари и официјално се сели во Третата македонска фудбалска лига – Југ, на седум кола до крајот на сезоната во Втората лига. За клубот ова беше кратка, но значајна епизода во второлигашкото друштво. Минатата сезона Големо Коњари беше шампион во Третата лига – Југ, а иако загуби во баражот од Тетекс по изведување пенали, сепак преку ждрепка обезбеди место во Втората лига. Клубот се соочи со сериозни финансиски предизвици, ...
Екипата на Силекс запиша убедлива победа на гостувањето кај Тиквеш, славејќи со 3-0 во рамки на 26. коло и со тоа дополнително ја зацврсти позицијата во горниот дел од табелата. Гостите уште од самиот старт наметнаа силно темпо, а водството го отвори Пиреш со глава по корнер во 17. минута, што беше негов десетти гол оваа сезона. До паузата, Силекс ја удвои предноста преку Ади Алиќ, кој реализираше по асистенција од Дарко Додев. Во второто ...
Во пресрет на дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер во Битола, десниот бек на Охрид- Давид Савревски, за Спортска Мрежа го најави претстојниот предизвик. По напорниот период зад себе, во кој „гладијаторите“ одиграа два тешки натпревари против Олимпијакос во рамки на ЕХФ Купот, тимот сега се насочува кон важен дуел во домашното првенство, кој може да има големо значење во трката за врвот на табелата. Савревски очекува тежок и неизвесен ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за иднината, откако го обезбеди потписот на македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов. Десниот бек на националниот тим потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Официјалната промоција на Серафимов во дресот на „пелистерци“ е најавена за јули, пред почетокот на летните подготовки. Серафимов во Битола ...
После малата резултатска криза, Силекс минатото коло на домашен терен лесно и убедливо го совлада тимот на Шкупи со 6:0. Но, денеска предизвикот за кратовци е далеку поголем. За кратовскиот тим следува гостување во Кавадарци на одличниот тим на Тиквеш. Од таборот на Силекс очекуваат дека ќе продолжат со победите, и дека ќе врзат триумфална серија. Го ценат противникот и неговите резултати оваа пролет, но сакаат да се надигруваат против ...
Со натпреварот Тиквеш – Силекс што денеска ќе се одигра во Кавадарци со почеток од 15:30 часот, продолжува новото 29. коло во домашното првенство. Ова е дуел на две екипи кои во пролетниот дел од сезоната имаат две спротивни резултатски серии. Тиквеш одлично „вози“ со новиот тренер Борче Христов и има серија од пет меча без пораз од кои четири се победи. Вкупно во Кавадарци во девет кола од паузата наваму имаат забележано само два порази. ...
Денеска започнува 26-то коло во елитниот македонски фудбал, а на програмата се два натпревари. Екипата на Башкими, по ремито (2-2) против Тиквеш во минатото коло, сега е во потрага по полн погодок на домашен терен во Куманово против тимот на АП Брера. Овој дуел е посебен за Фодај Травели, поранешниот играч на АП Брера кој сега ги брани боите на Башкими. Тој смета дека тимот е подготвен за овој предизвик. „Натпреварот против АП Брера е многу ...
Фудбалерите на Брера Струмица предводени од тренерот Мартин Алаѓозовски денес гостуваат во Куманово каде во рамки на 26. коло на Првата лига ќе се соочат со Башкими. Овој натпревар е од капитална важност и за двете екипи кои одат по потврда на директен опстанок во елитата. Брера Струмица сега е седма со 31 бод, а пак Башкими е шести со 36 бодови. Со трите бодови и двете екипи ќе направат сериозен чекор кон потврда на опстанокот и затоа доаѓа ...
Фудбалерите на АП Брера ставија крај на лошата низа со триумфот над Арсими (2-1) во минатото коло. Но, нема многу време за анализи и поглед наназад, затоа што следи новиот предизвик. Во 26.коло, тимот на Мартин Алаѓозовски денеска гостува кај Башкими во Куманово. АП Брера има пријатни спомени од последниот дуел во Куманово, славеше со 0-2 пред малку повеќе од еден месец, па струмичани се надеваат дека и денеска би можеле да го применат истиот ...
Скопје синоќа ги прогласи најдобрите спортисти, тренер и спортска екипа за 2025 година. Свечена манифестација во организација на град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје. За најдобар тренер на град Скопје за 2025 година беше прогласен Кирил Лазаров од ракометниот клуб Алкалоид, а токму Алкалоид беше прогласен за најдобра спортска екипа за 2025 година. Минатата година тимот од Автокоманда го освои ЕХФ Купот. Во младинска категорија за ...
На осум кола до крајот во Првата лига, екипата на Шкупи и официјално испадна во Втората македонска фудбалска лига. Во многу тешка сезоната за тимот од Чаир, со големи финансиски проблеми и блокада за трансфер и од УЕФА, сезона одиграна со младинци – Шкупи ја завршува сезоната на дното и со тоа од следната сезона ќе игра во Втора лига. Екипата на Шкупи е најслабиот тим во Европа бидејќи е единствен без триумф во најдобрите европски лиги, со ...
Екипата на Каршиака славеше убедлива победа од 0:9 над Фудбал Старс среде Кочани во рамки на 17. коло на Втората футсал лига. Бујамин Асани беше стрелец на три гола, двапати погоди Сеад Јакупи, а по еден гол постигнаа Нехат Емини, Енис Ибраими, Неџати Шабани и Џезаир Рамадани. Домаќинот не успеа да ја стресе мрежата на гостинот, кој со чиста мрежа и три бодови замина од Кочани. Лидерот Железарец со убедливи 13:1 го декласираше Овче Поле во ...
Екипата на Ликова игра во одлична победничка форма во Општинската фудбалска лига во Липково и цели кон влез во Третата фудбалска лига – Север за следната натпреварувачка сезона. Тимот од село Липково победнички го отвори пролетниот дел откако со 3:1 го доби Матејче на домашен терен. Резултатот го отвори противникот за водство од 0:1 преку Ејуп Јакупи по пет минути игра, а потоа домашниот состав го сврти резултатот за водство од 2:1 на ...
Утре со два натпревари ќе биде отворено 26. коло во Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите за двата воведни меча. Во Кавадарци ќе се соочат Тиквеш и Силекс, а главен арбитар на овој меч ќе биде Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Дарко Видиниќ, а пак четврт судија е Александар Василевски. ВАР судија е Никола Костенчев, а пак АВАР судија е Мартин Дејаноски, оператор за повторување на снимка е Виктор ...
По напорниот европски двомеч со Олимпијакос, кој започна со гостување во Атина, а викендов кулминираше со драматичен реванш на домашен терен, ракометарите на Охрид, веќе се насочени кон нов голем предизвик. Во среда ги очекува дерби пресметка против Еурофарм Пелистер во Битола, меч кој доаѓа во клучен дел од сезоната и може значително да влијае во борбата за што подобар пласман во Супер Лигата. Дополнителен мотив за битолчани е и фактот што ...