Мега дерби ќе се одигра во Пирава меѓу Ударник и Овче Поле, тежината на мечот е голема за што е делегиран искусен прволигашки судија – Димитар Пилешков ќе го суди дербито на 16. коло на Трета лига – Исток. Овче Поле максимално подготвен, мотивиран и во победничка форма во обид да ги освои бодовите во Пирава и со тоа да биде на чекор од баражот за Втора лига. Тимот од Свети Николе сака да го повтори успехот од сезона 2021/2022 кога беше ...

Утре се играат мечевите од 16. коло на Трета лига – Исток, а познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата. Дербито на колото се игра во Пирава каде силите ќе ги одмерат Ударник и Овче Поле, а Димитар Пилешков ќе биде задолжен да ја дели правдата на овој натпревар. Негови помошници ќе бидат Ристе Бојчев и Цане Давитков. Делегат ќе биде Наум Мицев, а контролор ќе биде Тони Манчев. Блаже Јанев ќе биде главен арбитар во ...

Ракометарите на Охрид испишаа нова страница во клупската историја, пласирајќи се во полуфиналето на Купот на ЕХФ и влегувајќи меѓу европскиот ракометен крем. „Гладијаторите“ во драматичен реванш на домашен терен го совладаа Олимпијакос со 25-24 и со вкупен резултат обезбедија место меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето. Ракометарите на Охрид не го кријат задоволството од историскиот успех, но остануваат и самокритични пред новите ...

Ракометните возбудувања во домашниот шампионат донесоа нови возбудливи натпревари, во кои победи забележаа РК Прилеп, РК Вардар 1961 и РК Алкалоид. Прилепчани ја продолжија перфектната серија во плеј-аутот, откако во драматичен меч славеа на гости кај РК Пролет со минимални 30-29. Натпреварот беше израмнет во текот на целото време, а по резултат 15-15 на полувреме, решавачки беше периодот во вториот дел кога гостите се одлепија на три гола ...

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат да ја пишуваат најубавата европска приказна, откако обезбедија пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани и на реваншот беа подобри од Олимпијакос, славејќи со 25-24, што во комбинација со победата од 31-26 во првиот натпревар им донесе сигурно место меѓу четирите најдобри. Во одлична атмосфера пред исполнетите трибини во СЦ „Билјанини Извори“, избраниците на Борис Ројовиќ уште од стартот ја ...

Екипата на Пелистер приреди големо изненадување во прволигашкото коло, откако славеше на гостувањето кај Шкендија со 2-1, правејќи значаен чекор во борбата за опстанок. Битолчани поведоа во првиот дел преку Спировски, по добра асистенција од Булатовиќ, но домашните израмнија преку Ибраими пред паузата. Во второто полувреме Шкендија беше поофанзивна и создаде неколку сериозни шанси, но гостинскиот голман Јовчевски беше на висина на задачата. ...

Охрид со убедлива победа од 3:0 го декласираше Новаци во воведниот меч од 23. коло на Втора лига. “Рибарите” барем до 17:30 часот ќе биде лидер на табелата и ќе чека реми на “Железарница” меѓу Скопје и Брегалница за да биде прв. Резултатот го отвори Антонио Каланоски во 31. минута за водство на “рибарите” од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Охрид преку Димитриј Димитриевски ја удвои предноста, а до крајот погоди и Иван Глирово за конечни 3:0. ...

Екипата на Брегалница славеше минимална, но злато вредна победа од 0-1 против Скопје во дербито на 23. коло од Втората лига, одиграно на стадионот во Автокоманда. Стрелец на единствениот погодок беше Никола Талески, кој донесе три големи бода за штипјани. Со овој триумф, тимот предводен од Влатко Костов се искачи на првата позиција на табелата со 52 бодови, колку што имаат и Охрид и Шкендија Арачиново, кои исто така запишаа победи во ова ...

Ракометарите на ГРК Охрид вечерва од 18:00 часот ќе го одиграат реванш натпреварот против Олимпијакос во рамките на ЕХФ Европскиот куп, со јасна цел – заверка на историски пласман во полуфиналето. Македонскиот претставник во првиот натпревар одигран во Грција оствари значајна победа од 26:31, но во таборот на Охрид нема место за опуштање. Тренерот Борис Роjeвиќ потенцира дека предноста од пет гола не гарантира ништо и дека тимот мора ...

Од 15:30 часот стартуваат шест натпревари од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига, преносите од истите е овозможен од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во продолжение линкови од сите натпревари. ПРЕСПА – КАМЕНИЦА САСА СЛОГА ВИНИЦА – ПОБЕДА СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА (коментатор Александар Ванев) ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – ТЕТЕКС ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ БЕЛАСИЦА – ОСОГОВО Од 15:30 часот стартуваат шест натпревари од 23. коло на ...

Ако си лидер на прволигашката табела, и ако имаш амбиција да бидеш шампион, а згора на тоа веќе си ја понел таа титула на полусезоната, тогаш секое твое излегување на терен значи и автоматско задолжително освојување на трите бода. Тоа не е лесен товар да се носи, особено не во домашниот шампионат. Токму затоа, тимот на Вардар, лидерот на табелата, денеска како и во изминатите, 24. кола има задача да победи овој пат пред своите навивачи на ...

Во финишот од првенството, Шкендија има шанса да ја одбрани титулата во ПМФЛ. Се израмни по бројот на бодови со Вардар, а сега во последните девет кола влегува со шанса повторно да се искачи на шампионскиот трон. За такво нешто ќе мора да се добиваат натпреварите со сите противници, особено со оние од долниот дел на табелата кои на крајот може да бидат решавачки. Шкендија пред себе има „домашна задача“ и дуел против Пелистер. Тимот од Битола ...

Осмиот и последен круг од ТОП 8 фазата ќе ги одреди полуфиналните двојки во доигрувањето за место во Супер лигата. Овој викенд ќе донесе и потврда како ќе изгледаат полуфиналните двојки преку кои ќе стартува третата и одлучувачка фаза во Првата македонска лига – плеј-офот. Пред одигрувањето на последното осмо коло од ТОП 8 фазата, познати се четирите екипи кои ќе играат во доигрувањето за место кое догодина води во елитната суперлигашка ...

Екипата на СЕЕ Университи е чекор поблиску до влез во Првата футсал лига откако со убедливи 6:1 ја декласираше Црна Река на домашен терен, во меч од 17. коло на Втората лига. Наместо дерби, тотална доминација на тетовски тим кој со овие три бодови е се поблиску до влез во елитата. Исмет Цека со три погодоци го предводеше СЕЕ Университи го голема победа, Едис Муртезани постигна два гола, а еден гол беше дело на Хисен Мемеди. За гостинскиот тим ...

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за 21. коло на Првата женска фудбалска лига. Сите пет натпревари се играат утре (недела). Ас Јунајтед во Струга ќе го пречека дебитантот Вардар, во меч каде домаќинот е фаворит. Бенарт Зеќири ќе биде главен судија, ќе му помагаат Осман Зеќири и Ангела Домазетовска. Медо Дивитров ќе биде контролор. Средбата започнува во 16 часот. Лидерот Скопје на домашен терен ќе има лесна задача ...

Пелистер денес игра против Шкендија во Тетово, клучен и многу важен меч во трката за опстанок на битолчани, ова ќе биде деби на старо-новиот тренер Марјан Секуловски, кој ја презеде клупата на Пелистер во момент кога тимот има три порази и две ремија од последните пет средби. Секуловски истакна дека добро работеле во изминатите десет дена и дека е задоволен од сработеното, притоа нагласи дека имаат почит кон Шкендија, но одат по позитивен ...

Пелистер денес ќе бара излез од резултатската криза и конечно враќање на победите против Шкендија во Тетово. Фудбалерот на битолскиот прволигаш, Христијан Грозданоски, истакна дека се подготвени за соочување во Шкендија и дека Пелистер во Тетово оди по позитивен резултат. „Со новиот тренер тренираме одлично во изминативе две недели и атмосферата е на високо ниво. Подготвени сме за утрешниот предизвик против Шкендија, го познаваме противникот ...

Екипата на Шкендија Арачиново натпреварот со Тетекс од 23. коло на Втора лига ќе го одигра на стадионот „Борис Трајковски“ наместо како досега кога домашните мечеви ги играше во Сингелиќ на теренот на Фортуна. Од клубот бараат поддршка од навивачите во обид да стигнат до нов триумф. Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Тетекс стартува во 15:30 часот, а екипата на Берат Имери е фаворит за трите бодови, а „штофарите“ доаѓаат по изненадување. ...

Утре на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра исклучително важен натпревар од 23. коло во Втората лига, каде Детонит Плачковица ќе го пречека тимот на Кожуф во битка за директен опстанок. За домашниот состав, овој натпревар има огромно значење – победата е императив доколку сакаат да се задржат во зоната која обезбедува директен опстанок. Секој друг исход значително ќе ја искомплицира ситуацијата за тимот од Радовиш во завршницата од ...

Утре на програмата од 23. коло на Втората лига ќе бидат седум натпревар, а еден меч ќе се одигра в недела кога и ќе се комплетира оваа рунда. Натпреварот меѓу Големо Коњари и Вардар Неготино ќе се игра в недела од 15:30 часот, наместо утре (сабота) со останатите натпревари. Инаку, утре сите мечевите ќе стартуваат од 15:30, освен мечот на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Новаци, кој ќе започне во 13:30 часот, за што веќе објави Спортска Мрежа. ...

ГРК Охрид е на чекор до историски пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп, но пред „гладијаторите“ е уште една тешка задача – реваншот против Олимпијакос, во кој ќе треба да ја потврдат предноста од првиот натпревар. Капитенот Гоце Ојлески потенцира дека тимот одиграл тежок натпревар во Атина и дека, и покрај предноста, реваншот нема да биде нималку лесен. Тој предупредува дека Олимпијакос е искусен и квалитетен противник кој сигурно ќе ...

ГРК Охрид е на чекор до најголемиот успех во клупската историја на европската сцена, откако со победата од 31-26 во Атина направи огромен исчекор кон полуфиналето во ЕХФ Европскиот куп. Сепак, пред „гладијаторите“ е најважниот предизвик – реваншот во „Билјанини извори“, каде ќе треба да ја потврдат предноста против Олимпијакос. Тренерот Борис Ројевиќ предупредува дека предноста од пет гола не смее да создаде лажно чувство на сигурност, ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата, совладувајќи ја екипата на РК Струга со убедливи 38-22, откако на полувреме резултатот беше израмнет 15-15. Натпреварот започна израмнето, а гостите од Струга дури и имаа неколку предности во првиот дел, во еден момент и со три гола разлика (9-6). Сепак, младите пелистерци успеаја да се вратат резултатски, па со серија на голови го анулираа ...

Ракометарите на ГРК Охрид се на чекор до историски успех на европската сцена, но пред нив е уште една голема задача – реваншот против Олимпијакос, кој ќе се одигра во преполната сала „Билјанини извори“. Средниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан нагласува дека и покрај предноста од првиот натпревар, тимот мора максимално сериозно да пристапи на реваншот. Тој потенцира дека Олимпијакос располага со квалитетен состав и опасни шутери, поради што ...

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за утрешните два натпревари од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига. Игор Стојчевски ќе им суди на Шкендија и Пелистер, а ќе му помагаат Мартин Петковски и Филип Ицковски, а пак Ивана Пројковска ќе биде четврт судија на овој натпревар. Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, додека пак делегат ќе биде Венцо Зафиров, а Никола Караколев ќе биде контролор. Овој ...

Делегирани судите кои ќе ја делат правдата на утрешните мечеви од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига. Шкендија Арачиново ќе игра против Тетекс, но наместо во Синѓелиќ ќе игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Димитар Пилешков ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Богданчо Ѓеоргиев. Четврт судија на оваа средба ќе биде Дарко Стојанов. Делегат на натпреварот ќе биде Александар Митев, а пак контролор ќе биде ...

Ракометарите на Охрид ќе имаат огромна поддршка од трибините на реванш дуелот против Олимпијакос во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп, откако салата „Билјанини Извори“ е целосно распродадена. За разлика од претходните европски натпревари оваа сезона, кога имаше слободни места, сега интересот е огромен и билетите се веќе минато. Навивачите ќе бидат силен адут за избраниците на Борис Ројевиќ, кои ќе се обидат да го задржат позитивниот ...

Силекс се наоѓа во резултатска криза, откако на последните четири натпревари во Првата македонска фудбалска лига забележа две ремија и два порази. Тимот сè уште нема победа на домашен терен во пролетниот дел од сезоната, а денеска во Кратово му гостува последнопласираниот тим на Шкупи. Ова е добра можност за Силекс да се врати на победничките патеки и да започне серија на позитивни резултати со кои дополнително ќе ја зацврсти четвртата ...

Во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, екипите на Силекс и Брера Струмица запишаа значајни победи, секоја на свој начин – кратовци убедливо, струмичани со пресврт. Силекс на домашен терен одигра моќен натпревар и со убедливи 6-0 го декласираше последнопласираниот Шкупи. Домаќините уште од самиот старт ја наметнаа својата игра и веќе по десетина минути имаа солидна предност. Стрелци за убедливиот триумф беа Ади Алиќ, Пиреш, ...

Репрезентативната пауза тимот на АП Брера ја искористи за целосно ресетирање и квалитетни подготовки за клучниот дел од сезоната, во кој главната цел е обезбедување опстанок во елитното друштво. По двата порази во изминатите кола, избраниците на Мартин Алаѓозовски се надеваат дека следува период на подобри изданија и позитивни резултати. Денешниот натпревар носи голема тежина, бидејќи во Струмица гостува Арсими – еден од директните конкуренти ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.77
69%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
74%
1023
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.69
70%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.85
60%
1023
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
9.29
71%
1017
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
80%
1025
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
55%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.07
70%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.55
54%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
5.81
90%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
61%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.33
70%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Цинк

0.00