Македонскиот ракомет доби уште еден европски шампион. ГРК Охрид го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, откако во реваншот од големото финале на домашен терен ја совлада Татабања со 31-25 и со две победи во финалната серија заслужено се искачи на европскиот врв. Во преполната сала „Билјанини Извори“, избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер, квалитет и шампионски менталитет. По минималната предност стекната на првиот натпревар во ...
Охрид го додаде своето име во листата на македонски клубови кои освоиле европски трофеј, откако вечерва на домашен терен ја доврши работата која ја започна пред една недела. Избраниците на Борис Ројевиќ испишаа историја и донесоа прва титула за Охрид, а фактот што истата доаѓа на меѓународна сцена прави успехот да биде навистина посебен. Ројевиќ пристигна пред една година во Охрид и успеа да направи шампионски тим во неполни 12 месеци, а по ...
По историскиот успех на ГРК Охрид и освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп, утре на Градскиот плоштад ќе биде организирана шампионска прослава за ракометарите, стручниот штаб и навивачите. Охрид денес живее во знакот на најголемиот успех во клупската историја. „Гладијаторите“ ја израдуваа цела Македонија со европскиот трофеј, а утрешната прослава ќе биде можност навивачите одблиску да ги поздрават своите херои и заедно да го одбележат историскиот ...
Охрид испиша историја за клубот, но и за македонскиот ракомет станувајќи четврти тим од нашата земја што стигнал до европски трофеј (по Кометал ЃП, Вардар и Алкалоид). Очекувано, на адреса на охриѓани стигнуваат бројни честитки од сите страни, апсолутно заслужено по сето она што овој клуб го оствари во сезоната што измина. „Честитки до ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот Куп! Со две победи во финалните ...
Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историја и станаа освојувачи на Европскиот куп за сезоната 2025/26. До најголемиот успех во клупската историја охриѓани стигнаа по две победи во финалните пресметки против унгарска Татабања. По триумфот од 29:28 на гостински терен минатата недела, избраниците на Борис Ројевиќ синоќа во преполната сала „Билјанини Извори“ славеа и во реваншот со убедливи 31:25, откако на полувремето имаа минимална предност од ...
Ракометниот клуб Охрид испиша историски успех, откако ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани триумфираа и во реванш-финалето против унгарска Татабања со 31-25, со што го потврдија европскиот трофеј и донесоа голема радост за македонскиот ракомет. Со овој подвиг, Охрид се надоврза на минатогодишниот успех на Алкалоид во истото натпреварување, а воедно го освои и првиот европски трофеј во клупската историја. Гостинскиот состав беше ...

