Во време кога голем број клубови во Македонија се соочуваат со сериозни проблеми околу инфраструктурата и условите за игра, од битолското село Ношпал доаѓа вистинска позитивна приказна која го враќа верувањето во македонскиот фудбал. Фудбалскиот клуб Напредок, дебитант во Трета лига – Југозапад, располага со терен кој слободно може да се каже дека е пример како треба да изгледа еден фудбалски терен. Тревникот е беспрекорен – рамен, густ и ...

Охрид продолжува со одличната форма и по триумфот во Битола, „гладијаторите“ запишаа уште една убедлива победа на домашен терен. Овојпат беше совладан Тиквеш со 37-20 (19-14), во натпревар во кој посебно внимание привлече дебито на новото засилување од Јапонија, Косуке Јасухира. Јапонскиот интернационалец остави одличен прв впечаток, постигнувајќи 6 гола и забележувајќи дури 8 асистенции, а по натпреварот не го криеше задоволството од дебито ...

Превалец однесе убедлива победа од 5:0 над Влазними Јуниор на домашен терен, во меч каде сите работи беа решени во првиот дел кога домаќинот имаше предност од три погодоци, во рамки на денешното 20. коло на Трета лига – Југ. Александар Јордановски го отвори резултатот по седум минути игра, а потоа стрелаа Марио Панев и Марјан Стефановски. Во второто полувреме Лука Наумов и Ѓоре Црнушев ги поставија конечните 5:0 за висок триумф на Превалец. ...

Лидерот во Трета лига – Север, Еуромилк од Горно Лисиче забележа уште една убедлива победа, овој пат „лисиците“ до трите бодови дојдоа откако со 0:4 славеа во Студеничани над Лопати. Сосема очекуван беше овој триумф во рамки на воведниот меч од 19. коло на Трета лига – Север. Искусниот Хусеин Демири беше двоен стрелец, а со по еден гол во листата на стрелци се запишаа најдобриот стрелец во шампионатот Орхан Мифтар и Никола Анчевски. Колото ќе ...

Ракометарите на Охрид продолжуваат со одличните настапи во плеј-офот од Суперлигата, откако на домашен терен убедливо го совладаа Тиквеш со 37-20 и направија уште еден чекор кон остварување на целта – излез на европска сцена. „Гладијаторите“ го потврдија квалитетот по големата победа во Битола, а во салата „Билјанини Извори“ доминираа во текот на целиот натпревар. Иако гостите од Кавадарци подобро го отворија мечот и поведоа со 2-0, тоа беше ...

По триумфот од 6:3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3:0. Избраниците на селекторот Газменд Хисејини првиот гол го постигнаа по само 91 секунда од играта, а стрелец беше Таулант Исмаили. Во деветтата минута Тони ...

Делегирани судиите кои ќе делат правда на утрешните натпревари од 24. коло на Втората македонска фудбалска лига. Дерби натпревар ќе се игра во Кочани, каде ќе се соочат Осогово и Шкендија Арачиново, главен судија ќе биде Фатмир Бафто, а негови асистенти ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Горан Балески, а пак четврт судија ќе биде Дарко Котески. Делегат на мечот ќе биде Борче Мирчески, а контролор ќе биде Ѓорги Карајанов, додека пак Кренар Шуку ќе ...

Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со 3:0. Еден од фаворитите за освојување на првото место првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец е Џули Стен. По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин со голот постигнат во 58. минута. ...

Ракометниот клуб Феникс Радовиш започна со својата официјална презентација во јавноста, откако беше активирана Фејсбук страницата на клубот и објавена првата содржина. Од клубот информираат дека во наредниот период ќе следуваат повеќе детали поврзани со активностите, натпреварите и идните планови, со што постепено ќе се гради целокупната слика за новиот ракометен проект. Воедно, преку официјалната страница беше промовирано и логото на ...

Во рамки на 24. коло од Втора македонска фудбалска лига, екипата на Шкендија Арачиново утре гостува кај Осогово во Кочани, во натпревар кој носи големо значење за двете страни. Станува збор за дуел на две екипи кои се во одлична форма и имаат високи амбиции. Домашниот состав е во серија позитивни резултати и го напаѓа петтото место на табелата, додека гостите од Арачиново се во трка за влез во елитата и ќе бараат нови бодови за задржување на ...

Екипата на Арсими стигна до минимална, но исклучително важна победа над Македонија Ѓорче Петров (0:1) во борбата за директен опстанок во Прва македонска фудбалска лига. Херој на натпреварот беше Фатјон Јусуфи, кој го постигна единствениот погодок вреден три бода за тимот од Чегране. По натпреварот, тренерот Вилдан Салиу во изјава за Спортска Мрежа потенцираше дека неговиот тим одиграл тежок и борбен натпревар, свесен за значењето на ...

Општина Лозово прави значаен чекор кон унапредување на спортската инфраструктура, откако доби вредна донација за стадионот на Фудбалската академија Работник Галактикос. Станува збор за 300 столчиња обезбедени од ЈП Билјанини Извори од Охрид, со што значително се подобруваат условите на стадионот и се создаваат предуслови за поквалитетно следење на натпреварите. Во реализацијата на оваа донација учествуваа повеќе чинители. Голема поддршка ...

Екипата на Чаир 2030 на убедлив начин го отвори плеј-аут сегментот во „МТЕЛ“ Супер лигата, откако на домашен терен во салата „Шабан Трстена“ славеше против Ангели со 91:69. Чаирчани уште од самиот старт ја оправдаа фаворитската улога и покажаа дека разликата во квалитет е значителна, особено ако се земе предвид дека беа на чекор до пласман во ТОП 6 фазата, додека противникот е на дното од табелата. Домаќините подобро го отворија натпреварот и ...

Воведниот меч за отварање на 18. коло во Втората футсал лига донесе 15 погодоци за славје на Каршиака од 8:7 над Кратово, со што трите бодови остануваат во Студеничани. Меч кој донесе многу погодоци, неизвесност, често менување на водството и игра гол за гол особено во првиот дел. За домашниот тим Бујамин Асани постигна два погодоци, а по еден гол Каршиака постигнаа Хамза Садики, Фејзбула Шабани, Џезаир Рамани и Фуркан Ќани во првиот дел, а ...

29-годишниот напаѓач Тоше Манов продолжува со извонредните настапи во дресот на Овче Поле, откако во дербито од 16. коло во Третата лига – Исток постигна погодок каков што ретко се гледа на фудбалските терени. Овче Поле славеше убедлива победа од 3:6 на гостувањето кај Ударник во Пирава, а Манов беше во центарот на вниманието со хет-трик. Сепак, посебно се издвои неговиот погодок постигнат директно од центарот на теренот. Најдобриот стрелец ...

Општина Струмица продолжува со вложувања во спортот, откако денеска беа потпишани договори за финансиска поддршка со неколку млади спортски работници и идни тренери. Станува збор за јавен повик за доделување средства за стекнување и унапредување на тренерски лиценци, преку кој поддршка добија Филип Муканов за стекнување УЕФА лиценца за тренер на голмани, Билјана Панеска за кондиционен и фитнес тренер, Стефан Туфекчиев за фитнес и бодибилдинг ...

Со денешните натпревари беше комплетирано 26. коло во Прва македонска фудбалска лига, во кое победи забележаа екипите на Струга Трим Лум и Арсими. Стружани немаа никакви проблеми против Шкупи и славеа со убедливи 0:3, во меч кој практично беше решен со доминантна игра од самиот почеток. Христијан Малески беше најрасположен со два погодоци, додека еднаш прецизен беше и Рочи. Струга можеше да стигне и до поубедлива победа, но Малески не ...

По одигрувањето на натпреварите од 6. коло во „Оролоџото“ од Шпаркасе Прва лига, се расчистија две важни дилеми – Патриот 2016 останува во елитата, додека Спорт тим се сели во понизок ранг. Во директниот дуел за опстанок, Патриот 2016 славеше убедливо на гостувањето кај Спорт тим со 47:78 и со тоа стана недостижен за конкурентот. Делчевки одиграа одличен натпревар, особено во втората четвртина кога се одлепија на 39:22, а потоа во последниот ...

Започнува највозбудливиот дел од сезоната во МТЕЛ Супер лига, каде во наредните пет кола ќе се решава кои четири екипи ќе обезбедат место во плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула. По 22 одиграни кола, шампионатот е поделен на ТОП 6 и плеј-аут сегмент. Во горниот дел, шест екипи ќе водат жестока трка за полуфиналето, додека во долниот дел три најслабо пласирани ќе испаднат во понизок ранг. На врвот на табелата се ТФТ и МЗТ Скопје ...

По големата победа над Еурофарм Пелистер во Битола, ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик во плеј-офот – дуел против Тиквеш. Охриѓани влегуваат во натпреварот во одлична форма и позитивна атмосфера, со победничка серија зад себе, како во домашното првенство, така и на европска сцена по двете победи над Олимпијакос и пласманот во полуфиналето на ЕХФ Купот. Тимот покажува континуитет во игрите, самодоверба и стабилност, што е јасен ...

ГРК Охрид доби сериозно засилување за продолжението од сезоната, откако јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира и официјално се приклучи на тимот на позајмица до крајот на натпреварувачката година. 25-годишниот среден бек доаѓа од редовите на Бурган од Кувајт, а на македонската јавност и тоа како ѝ е познат, бидејќи пред две сезони имаше одлични настапи во дресот на Вардар 1961. Со неговото доаѓање, Охрид добива дополнителен квалитет и ...

По поразот на Еурофарм Пелистер среде Битола од Охрид со 26:27 сите дилеми се решени и веќе „шампањот е изладен на минус осум“ – Вардар е подготвен да слави титула. По цели три сезони скопскиот тим ја враќа назад титулата, а битолчани сега ќе водат борба и за втората позиција. Табелата во плеј-офот вели дека Вардар е прв со 50 бодови, на делба на второто место се Еурофарм Пелистер и Охрид со по 42 бодови, Алкалоид е четврти со 40 бодови. На ...

Продолжува трката во Трета лига – Исток кој да биде шампион и да игра бараж за влез во Втора лига. Овче Поле или Победа Валандово, една од овие две екипи ќе биде шампион и ќе игра бараж за влез во повисок ранг на натпреварување. По 16 одиграни кола на врвот е Овче Поле од Свети Николе со 37 бодови на своето конто, а пак Победа Валандово е втора со 29 бодови, но „калинкарите“ имаат три натпревари помалку од „овчарите“ и поради тоа е ...

Кошаркарите на ТФТ се на чекор до историски пласман во финалето на АБА 2 лигата, откако со одлична игра славеа на гостувањето кај Сутјеска во Никшиќ и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија. Тимот од Тафталиџе одигра фантастично прво полувреме во кое постигна дури 59 поени и создаде висока предност од 59-41, што се покажа како клучно за конечниот триумф. Во продолжението домаќинот се обиде да се врати, но гостите сигурно ја контролираа ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од силната селекција на Германија со 27-35 во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство. Нашите ракометарки покажаа желба и борбеност, особено во воведните минути кога резултатот беше израмнет (4-4), но квалитетот и ширината во ростерот на светскиот вицепрвак дојдоа до израз како што одминуваше натпреварот. Германките направија серија и постепено создадоа ...

Вардар и Пелистер одиграа без голови на вечерното дерби во Битола. Со тоа Пелистер после триумфот над Шкендија, сега останува непоразен и со вториот претендент за титулата, и ја прави битката за титулата во ПМФЛ уште поинтересна во финишот од сезоната. Како и против Шкендија минатото коло, така и сега апсолутен херој на Пелистер е голманот Андреј Јовчевски кој успеа да одбрани неколку добри обиди на Вардар, а ја скроти и најдобрата шанса на ...

Охрид запиша драматична победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер (27-26) во дерби натпревар кој се решаваше во последните секунди. Двете екипи имаа свои моменти на водство, но ниту една не успеа да се одвои, па така, играта гол за гол долго време при крајот на мечот, како и црвените картони само ја зголемија неизвесноста. Во финишот, стабилноста во одбраната и концентрацијата беа клучни за триумфот на охриѓани. Веднаш по мечот, во изјава ...

Охрид запиша голема победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер (27-26), во дерби натпревар кој се решаваше во последните секунди и донесе огромни бодови во борбата за врвот. Натпреварот беше изедначен, со подобар почеток на домаќините, но во второто полувреме охриѓани заиграа поцврсто и успеаја да го свртат текот. Во драматичниот финиш, тимската стабилност и концентрација беа клучни за триумфот. По мечот, своето видување го даде десното ...

Охрид славеше на гостувањето кај Еурофарм Пелистер (27-26) во драматичен меч кој беше решен во последните секунди, со голот на Тилен Стрмљан. Натпреварот беше изедначен, со подобар старт на домаќините, но во второто полувреме охриѓани заиграа поцврсто, особено во одбраната, и го свртеа текот. Во самиот финиш, кога сè беше отворено, следеше моментот на одлука. По мечот, својот став го даде десниот бек на охриѓани, Давид Савревски, кој нагласи ...

Дербито во Битола донесе вистинска драма и разврска во последната секунда. Со проектил од агол, средниот бек Тилен Стрмљан му донесе голема победа на Охрид над Еурофарм Пелистер со 27-26, носејќи ги охриѓани директно во битката за второто место на табелата. Со оваа победа, Охрид стигна до 42 бода, колку што има и пелистерскиот состав, па двата тима сега се израмнети на втората позиција. Дополнително, охриѓани се во предност во меѓусебните ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.18
76%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
84%
1022
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.75
84%
1025
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.56
73%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
9.08
76%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
0.25
97%
1025
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
55%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
80%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
67%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
97%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
69%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.22
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Родиум

257205.97

Сребро

2072.63

Алуминиум

3.48

Бакар

12.52

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Калај

51.97

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42