Синоќа, во салата на Арената во Белград, КК Партизан организираше свечена промоција на монографијата „Првите 80 години на КК Партизан“, дело на авторите Владимир Сибиновиќ и Миленко Јањиќ. Настанот беше одлична можност на едно место да се соберат повеќе од 300 гости – поранешни и сегашни членови на еден од најголемите кошаркарски клубови во регионот и Европа. Монографијата, која содржи над 500 фотографии на повеќе од 400 страници, привлече ...

Фудбалерите на Охрид испишаа историја во Купот на Македонија, откако обезбедија пласман во полуфиналето совладувајќи го актуелниот бранител Вардар по изведување на пенали, со што закажаа двомеч против прволигашот Силекс. Сепак, пред охриѓани се појави неочекуван проблем. Тимот нема да може да го одигра домашниот натпревар на стадионот „Билјанини Извори“ поради условите поврзани со ВАР-технологијата, па ќе мора да бара алтернативен терен, ...

Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа тежок пораз од Охрид во полуфиналето од Купот на Македонија, откако загуби со 26:19 и со тоа останува без можност да игра во финалето. Капитенот на битолчани, Филип Кузмановски по мечот истакна дека навистина боли овој пораз, вели дека сега фокусот ќе биде на тоа што ќе им следува до крајот во Супер лигата. „Самите сме виновни за овој пораз, навистина боли, Пелистер секогаш сака да оди на победа на секој ...

Делегирани судиите за утрешните два натпревари од 28. коло на Првата македонска фудбалска лига. Бењамин Ќерими ќе го суди мечот меѓу Шкупи и Вардар каде „вардарци“ се повеќе од апсолутни фаворити за трите бодови, а помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Бранко Путилин, а пак Ндерим Тефику ќе биде четврт судија. Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Стојанов и Кристијан Џонов, додека пак оператор за повторување на снимка ќе биде Петар Мукоски. ...

Ракометарите на Охрид одиграа импресивен натпревар и заслужено се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер со 26-19 на завршниот турнир во Струмица. По израмнетиот почеток, охриѓани брзо ја презедоа контролата на теренот и со сигурна игра во одбраната и ефикасни напади почнаа да ја градат предноста. До крајот на првото полувреме веќе имаа значајна разлика (13-7), оставајќи го противникот без ...

Шкендија продолжува со силниот ритам во Првата македонска лига, откако славеше убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Тиквеш во 28. коло. Тетовци го решија прашањето на победникот уште во првото полувреме. Мелиќи го отвори резултатот рано во мечот, а до паузата предноста дополнително ја зголемија Ибраими и Љатифи за високи 0-3. Домашниот состав се обиде да се врати во игра на стартот од вториот дел, кога Стојчев намали на 1-3, но надежите ...

Фудбалерите на Силекс ја продолжија победничката серија во Првата македонска лига, откако на домашен терен убедливо ја совладаа Брера Струмица со 4-0 во рамки на 28. коло. Кратовчани уште од стартот наметнаа висок ритам и создадоа неколку добри прилики, а иницијативата беше крунисана во 19. минута кога Бутуровиќ ја затресе мрежата за водство од 1-0. До паузата домаќините имаа уште неколку шанси, но резултатот остана непроменет. Во второто ...

„Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале“, изјави фудбалерот на Шкендија, Ване Крстевски, во пресрет на денешниот дуел против Тиквеш во Кавадарци, кој започнува во 15:00 часот. Тетовскиот состав, кој ја брани шампионската титула, нема простор за кикс во завршницата од првенството. Во трката за врвот, нивниот главен конкурент Вардар исто така има свој предизвик против Шкупи, па затоа Шкендија ќе мора да оди на сигурна игра и ...

АП Брера влегува во овој натпревар со само една победа во последните пет кола во Првата лига, па избраниците на Мартин Алаѓозовски ќе се обидат денеска во Кратово да се вратат на победнички патеки. Задачата нема да биде лесна, бидејќи гостувањето кај Силекс секогаш носи голем предизвик. Сепак, струмичани се мотивирани – нивната јасна цел е да го избегнат баражот и да обезбедат директен опстанок во елитното друштво. „На последните два меча ...

Во Кавадарци попладнево ќе се одигра дерби пресметка, каде што Тиквеш ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија. Овој натпревар го носи епитетот дерби не само поради квалитетот на гостите, туку и поради одличните партии на Тиквеш оваа пролет. Кавадарчани покажаа сериозен напредок, освојувајќи значајни бодови и трансформирајќи се од екипа која се бореше за опстанок во тим што може да се носи со секого. Со таква форма, Тиквеш денеска ќе влезе ...

Три победи по ред трае серијата на Силекс во Првата македонска фудбалска лига. Откако претходно влегоа во мала „криза“, сега кратовскиот тим ја има најдобрата форма од сите екипи во последните три кола, а денеска за противник ја има екипата на АП Брера, во надеж дека ќе продолжи со победничката серија. Седум бода е разликата од Струга ТЛ на третото место, а од кратовскиот тим најавуваат дека ќе се борат до крај и додека има шанси за место ...

Во недела стартува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Струмица, Четврта лига по ранг на натпреварување со мечевите од осмото коло. Во рамки на првото екипата на Единство на домашен терен ќе атакува на второ сезонско славје против Дрвош. Напредок од Радово ќе ги бара првите бодови во Добрејци против тимот на Илинден, Спартмани пред домашната публика ќе оди на шести сезонски триумф против Огражден од Ново Село и со тоа да го ...

Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите за утрешните два меча. Во Кратово ќе се игра мечот меѓу Силекс и Брера Струмица, главен судија на овој меч ќе биде Фатмир Бафто, негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ. ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а пак АВАР судија е Фуркан ...

Кошаркарската федерација на Македонија во соработка со ФИБА и ова лето продолжува со развојот на младите таленти, организирајќи ново издание на развојниот кошаркарски камп. Кампот ќе се одржи од 22 до 27 јуни во Негорски Бањи и ќе ги собере најперспективните кошаркари и кошаркарки од генерациите 2013 и 2014 година. Вкупно 60 млади играчи, во машка и женска конкуренција, ќе бидат дел од овој проект, каде ќе тренираат и ќе ја унапредуваат ...

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите најдобри екипи од досегашниот тек на натпреварувањето – Струмица 2001, Борец баскет, Соколи 1933 и Бутел – влегуваат во директна пресметка за место во елитната конкуренција. Полуфиналните серии ќе се играат по систем „подобар од три“, што гарантира неизвесност и жестока борба до ...

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот од Гостивар на домашен терен славеше со убедливи 68-56 против Гевгелија и го израмни резултатот на 1-1. Домаќините од самиот почеток наметнаа свој ритам и постепено ја градеа предноста. По израмнетата прва четвртина, Шар Планина замина на пауза со позитива (29-23), а во второто полувреме ...

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја истакна важноста на ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во пет земји – Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Нашата селекција ќе настапи во групата Б, каде ја очекуваат исклучително тешки предизвици против европскиот првак Норвешка, домаќинот Романија и селекцијата на Швајцарија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Клуж-Напока, Романија. Континенталниот шампионат ...

Со многу емоции, борба и спортски дух заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал на трева „Ване Трајанов“ 2026, кој уште во своето прво издание покажа дека има потенцијал да прерасне во традиционален спортски настан. Првото место го освои екипата на Валаски Градба и Термоинг, додека второпласирана беше ФК Прналија. Третото место им припадна на младата екипа Стефка Пром, која остави одличен впечаток. Организаторите доделија и индивидуални ...

Главниот град на Македонија ќе биде домаќин на клучен состанок за иднината на ракометот во регионот. На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот состанок поврзан со формирањето на регионалните натпреварувања – Men’s & Women’s Regional Handball League (MRHL / WRHL). На овој значаен настан ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, а дополнителна тежина ...

Салата „Парк“ во Струмица викендов ќе биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, каде најдобрите екипи ќе се борат за трофеите. Полуфиналните натпревари кај мажите се закажани за 17 април, додека жените ќе ги одиграат своите полуфиналиња на 18 април. Натпреварите ќе се играат во термините од 17:00 и 20:00 часот, додека финалните средби се предвидени за 19 април. Во машката конкуренција, во првото ...

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска е во официјална посета на ФФМ. Оваа посета претставува уште една потврда за одличната соработка меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ ужива висока репутација во европското фудбалско семејство, а присуството на Чеферин дополнително ја нагласува ...

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска е во официјална посета на ФФМ. Оваа посета претставува уште една потврда за одличната соработка меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ ужива висока репутација во европското фудбалско семејство, а присуството на Чеферин дополнително ја нагласува ...

Женскиот фудбалски клуб Партизан од Белград направи тренерска промена, откако ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Горан Никиќ. Од клубот му се заблагодарија за ангажманот и му посакаа успех во понатамошната кариера. Нов предводник на белградскиот клуб е искусниот стратег Милан Стојаноски, добро познато име на фудбалската сцена како поранешен играч на Партизан. Новиот тренер на српскиот тим до пред неколку недели го ...

Македонската кошарка ќе има свој претставник во големото финале на АБА 2 лигата, откако ТФТ со максимални 2-0 во серијата ја елиминираше Сутјеска и испиша клупска историја. По победата на гости, тимот од Тафталиџе беше сигурен и на домашен терен, славејќи со убедливи 90-77. Иако гостите најавуваа поинаков исход, на паркетот доминираше ТФТ, кој уште од стартот наметна силно темпо и брзо изгради двоцифрена предност. Клучен беше одличниот прв ...

Репрезентативната пауза заврши, продолжуваат возбудувањата во Првата футсал лига на Македонија каде веќе многу работи се решени и сега ќе се игра за конечен пласман на екипите во средишниот дел од табелата. Проект и официјално стана шампион, а овој викенд и официјално во Втора лига ќе се преселат Балкан и Мал Ајакс, останатите екипи ќе играат за распределба на позициите односно за што повисок пласман. Колото број 16 го отвараат Јувентус ...

Ракометниот клуб Вардар продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во составот е египетскиот репрезентативец Мохаб Абделхак. Станува збор за еден од најперспективните ракометари од својата генерација, кој игра на позицијата десен бек и доаѓа како значајно засилување за тимот. Абделхак е леворак ракометар роден на 20 јануари 2003 година во Каиро и веќе е дел од сениорската репрезентација на Египет. Во Вардар пристигнува од ...

Силвана Карбеска и Марија Илиева добија уште едно големо признание од Европската ракометна федерација, откако се делегирани да судат натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Македонската судиска двојка ќе биде задолжена за арбитражата на првиот дуел меѓу данскиот Оденсе и унгарскиот гигант Ѓер, актуелен европски шампион. Довербата од ЕХФ е јасен показател за нивниот квалитет и континуитет на меѓународната сцена. Натпреварот ќе се ...

Уште шест кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, шест меча и 18 бодови. Пелистер е пред најтешкиот испит – дали ќе избори опстанок и следната сезона да биде дел од елитата или пак ќе се пресели во Втора лига. Првиот чекор кон опстанокот на Пелистер започнува на домашен терен против Македонија ЃП, натпревар кој мора да се добие во спротивно тимот на Марјан Секуловски ќе биде во ситуација каде ќе биде речици ...

Ракометарите на Прилеп продолжуваат со одличните настапи во плеј-аут фазата, откако на домашен терен го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 29-26 и ја продолжија победничката низа. Натпреварот донесе израмнета борба во првото полувреме, но прилепчани успеаја да направат пресврт и на паузата заминаа со минимална предност. Во вториот дел, домаќините ја презедоа контролата и со сериозна разлика успеаја да го диктираат темпото, иако гостите се обидоа ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
86%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.58
91%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.17
82%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.88
69%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.02
88%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.36
95%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.21
82%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.1
84%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
94%
1012
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
79%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
2.58
92%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Бакар

12.52

Калај

51.97

Платина

53756.05

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39