Салата „Билјанини Извори“ вечерва ќе биде исполнета до последното место, а атмосферата одамна ја надмина рамката на обичен натпревар – Охрид живее ракометна европска приказна што може да заврши со историски трофеј. Пред ГРК Охрид стои најголемиот испит досега – реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против унгарска Татабања, дуел во кој секоја секунда може да ја смени историјата на клубот. Охриѓани влегуваат со предност од првиот меч, откако ...
Во пресрет на историското финале од ЕХФ Европскиот куп меѓу ГРК Охрид и Татабања, просторот пред спортската сала „Билјанини Извори“ веќе неколку часа пред почетокот на натпреварот е преполн со навивачи, симпатизери и љубители на ракометот. Сината боја доминира околу салата, а атмосферата е вистински празник за градот крај езерото. Голем број навивачи се собираат, пеат навивачки песни и со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот кој може да ...
Емоции и благодарност пред почетокот на големото финале во Охрид. Непосредно пред стартот на натпреварот против Татабања, раководството на клубот им оддаде признание на ракометарите кои го играат својот последен натпревар во синиот дрес. Публиката во „Билјанини Извори“ со аплаузи и овации ги поздрави сите ракометари кои заминуваат, но очекувано најголемо внимание доби голманот Кристијан Пилиповиќ. Хрватскиот ракометар, кој настапува за ...

