Охрид ја живее најубавата спортска приказна во својата историја. Освојувањето на Европскиот Куп донесе голема радост кај сите што беа дел од создавањето и развојот на клубот, а меѓу нив е и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој беше дел од ракометната приказна уште од самите почетоци. Во изјава за Спортска Мрежа, градоначалникот Пецаков, не го криеше задоволството по историскиот успех, истакнувајќи дека пред петнаесет години тешко ...

Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт, велат во честитката од Министерството за спорт до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех ...