Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
По завршувањето на 22.коло од „МТЕЛ“ Супер лигата, согласно со системот за натпреварување, во вториот дел од натпреварувачката сезона, 12 екипи ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи. Екипите кои според пласманот се од 1. до 6.место, (со пренесени резултати од првата фаза), ќе играат во „ТОП 6“ сегментот, додека екипите кои завршија од 7. до 12. позиција, ќе се натпреваруваат во „Плеј-аут“ делот. Во втората фаза, која ќе стартува на ...
Екипите на Гевгелија и на Шар Планина ќе играат во финалната серија од доигрувањето за пополнување на место во Првата македонска лига во наредната натпреварувачка сезона. Ова е разврската по одигрувањето на третите натпревари од полуфиналната серија, во кои двете екипи ја искористија предноста на домашниот терен, и се пласираа во финалната. Екипата на Гевгелија беше убедлива во мечот против ИБА баскет, славеше со високи (85:63) и со конечни ...
Убедливи победи со голем број на погодоци го одбележа 21. коло на Првата ракометна лига, а во кое слободна беше екипата на Мулти Есенс, а пак Текстилец доби службени бодови од исфрлениот Кичево. Младост од Богданци се врати на победничките патеки откако славеше над Јехона со високи и убедливи 28:40 во Гостивар. Домашниот тим парираше во првите 15 минути, а потоа гостинот од Богданци се одлепи и го реши мечот. За Јехона очекува прво име беше ...
Мечевите од 23. коло направи одредени промени на табелата, бодовно екипите се блиску една од друга, но со рокади на позициите. Скопје има пад од врвот дури на четвртото место, „пиратите“ имаат 50 бодови, два помалку од Шкендија Арачиново, Брегалница и Охрид. Детонит Плачковица направи скок од едно место на табелата, а во долниот дел од табелата Слога Виница ја помина Победа, но двете екипи имаат ист број на бодови. ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА: ...
Младиот фудбалски талент на Македонија ЃП, Давид Вељаноски, го привлече вниманието на фудбалската јавност со спектакуларен погодок кој ретко се гледа на домашните терени. На натпреварот од 18. коло во Скопската лига за генерација 2011, Вељаноски постигна вистинско ремек-дело – со прецизен и силен удар од околу 50 метри ја затресе мрежата на противникот, демонстрирајќи извонредна техника, визија и самодоверба. Овој мајсторски потег беше клучен ...
Екипата на Беса Сарај влезе во одлична резултатска серија, откако забележа пет победи во низа во Третата македонска фудбалска лига – Север. Тимот се наоѓа во извонредна форма, што резултираше со значителен напредок на табелата. Во рамки на 14. коло, Беса Сарај на домашен терен го совлада Куманово со 3-1, по што следуваше гостинска победа во 15. коло над Лопате од 3-1. Во 16. коло беше забележан уште еден домашен триумф, овојпат против Пчиња ...
Речиси сите го отпишаа Работнички за време на зимската пауза и не му предвидуваа добра пролет, но тимот од Дебар Маало се издигна и со серијата одлични резултати сега конкурира за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Работнички има четири победи во низа за вкупно седум во тековната сезона и со 25 бодови го дели деветтото место заедно со Пелистер. Работнички го доби Арсими со 1:0, потоа Башкими со 1:2 во гости, следуваше ...
Брегалница е во најдобра форма според последните пет одиграни натпревари – „сините“ имаат пет од пет и со тоа го држат врвот во Втора лига заедно со Охрид и Шкендија Арачиново со по 52 бодови. Четата на Влатко Костов не знае за пораз, а „сините“ во претходните две кола славеа над два директни конкуренти Охрид (1:0) и Скопје (0:1) што е потврда за фантастична форма која тимот го носи чекор по чекор кон враќање во Прва лига. Следното коло носи ...
Уште една доминантна игра прикажаа кошаркарките на Крива Паланка. Во најинтересниот дуел од 5. коло од „Оролоџо“ фазата, гостинските кошаркарки без проблеми стигнаа до уште еден триумф. Беа многу подобри од екипата на Вардар, и тоа на гостински терен. ВАРДАР – КРИВА ПАЛАНКА 63:84 Уште една доминантна игра прикажаа кошаркарките на Крива Паланка. Во најинтересниот дуел од 5. коло од „Оролоџо“ фазата, гостинските кошаркарки без проблеми стигнаа ...
Максимално возбудливо и неизвесно беше до самиот крај на регуларниот дел од „НТЕЛ“ Супер лигата. Последното 22.коло ја „подели“ првенствената табела на два дела. Во првата „шесторка“ која ќе бара место во плеј-офот, се пласираа екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш Голден Игл. Кавадарчани имаат ист скор (11-11) како и екипата на Чаир 2030, но и подобар меѓусебен однос во однос на чаирчани, поради кој се во ...
Поради подобриот меѓусебен скор, струмичани се пред Соколи 1933, во доигрувањето се и екипите на Бутел и Борец баскет. Последното, осмо коло ги симна дилемите околу конечниот изглед на табелата. Односно ги потврди и натпреварувачките бројки на четирите екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот, за пополнување на едно место кое води во Супер лигата во наредната натпреварувачка сезона. Екипите на Струмица 2001 и на Соколи 1933 ...
По 16 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток и натаму убедливо најдобар стрелец е Тоше Манов од Овче Поле со постигнати 18 погодоци. Манов има дури осум повеќе од Дејан Блажевски, искусниот фудбалер за Хоризонт Турново има постигнато десет погодоци и со тоа е втор најдобар стрелец. На третото место на листата на најдобри стрелци е фудбалерот на Карбинци, Марио Атанасовски кој има девет постигнати погодоци, по осум имаат ...
Деветтото коло на Втората женска фудбалска лига донесе триумф за Билјанини Извори со 3:5 над Слободен на „Борис Трајковски“ во Маџари. Гостинот од Охрид уште во првиот дел најави дека бодовите одат покрај Охридското Езеро, откако преку Елеонора Митреска го отвори резултатот во 2. минута, а седум минути подоцна Стефанија Ристова погоди за 0:2. Билјанини Извори дојде и до предност од три погодоци откако во 35. минута стрелаше Марија Јулчовска ...
Радовиш забележа нов пораз откако вечерва загуби од Куманово со 24:28 во рамки на 4. коло на плеј-аутот на Супер лигата. Радовишани одиграа добар натпревар, но одново на крај одново беа поразени и остануваат и натаму без бодови, а Куманово веќе оди по заверка на директниот опстанок во елитата. Радовишани добро го отворија мечот имаа предност од 3:1 по десет минути игра, од тој аспект беше сиромашен мечот. По десет минути игра се случи и ...
Ништо од дербито во Кичево, Влазерими со 0:3 славеше убедливо над Напредок, а трите гола беа постигнати во вториот дел, во рамки на 16. коло на Трета лига – Запад. Лабинот Елези во 58. минута погоди за водство на Влазерими, а во 69. минута Леонтин Бајрами постигна гол за 0:2. Во самиот финиш односно во 88. минута Елези постигна уште еден гол за конечни 0:3. Речица ја доби голеадата против Дрита славејќи со резултат од 5:2. Двојни стрелци во ...
Трите бодови останаа во Мешеишта откако Славеј со 5:2 го доби Демир Хисар и тоа преку пресврт. Гостинот преку Дамчевски го отвори резултатот за 0:1, а во вториот дел гол постигна и Ангелевски за 0:2. Сепак, до крајот на мечот Славеј преку Ќитаноски, Митрески, Крстески, Короскоски и Јордески стигна до убедлива победа од 5:2. Могила ги освои трите бодови откако со 1:0 славеше над Караорман, а стрелец на победничкиот гол беше Хакан Алимовски. ...
Работнички оствари голема победа на гости против Струга Трум Лум, славејќи со 1-2. Тоа е шести триумф во последните седум меча за тимот на Муарем Муарем, кој сега веќе има изгледни шанси за опстанок во елитата. Домаќинот нападна од самиот почеток, се заканија Малески, Хамза, но голманот Фабрис Ондоа и одбраната на Работнички го издржа првичниот налет. Потоа, во првиот посериозен напад на Работнички, гостите дојдоа во водство. Топката дојде на ...
‚Само еден гол го реши победникот на завршниот меч од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига – Вардар Неготино со 0:1 славеше над Големо Коњари благодарение на голот на Дарко Донов. Овој триумф беше клучен за да може Вардар Неготино и натаму да ги остави во живот шансите за обезбедување на бараж за опстанок, иако ќе биде тешко бидејќи тимот на Горан Тодорчев има десет бода негатива од Каменица Саса односно од бараж зоната. Сега Вардар ...
Колото беше отворено вчера, а на воведниот меч Аеродром со 1:2 славеше кај Ржаничино. За домашниот тим единствен стрелец беше Огнен Здравковски, а за гостинот двоен стрелец беше Мартин Атанасовски. Реми без голови на Куманово и Кадино (0:0), Беса од Слупчане со 4:3 го доби тимот на Отља. Фетаи и Илази беа двојни стрелци за домашниот тим, а за гостинот Реџепи погоди двапати, а еднаш Нуредини. Лото победа за лидерот Еуромилк ГЛ кој со 7:0 го ...
Фаворитите одиграа според планот, Љуботен убедлив во дербито на 21. коло на Првата женска фудбалска лига. Тетовскиот тим со 4:1 славеше над Каменица Саса во меч каде Улза Максути постигна хет-трик, а еднаш стрелаше Хава Мустафа, додека пак на „рударките“ погоди Бразилката Тчеури Харуми Гоја, која постигна гол против својот поранешен клуб. По овој меч Љуботен преку соопштение најави крај на една ера, а ова беше последен меч со интернационалки. ...
Лидерот Борец стигна до уште една моќна победа откако на домашен терен со 8:0 го декласираше Ултрас во меч од 19. коло на Трета лига – Југ. Миловановиќ имаше четири гола, а по еден Имеров, Ташески, Мирчески и Стефановски. Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 6:1 го совлада Млекар. Ристовски и Цветков беа двојни стрелци, а по еднаш погодија Илов и Мицев. За гостинскиот тим Пејоски постигна гол во 79. минута. Башкими од ...
Екипата на Овче Поле запиша убедлива и значајна победа на гостувањето кај Ударник, славејќи со 6-3 во еден од најатрактивните натпревари во Третата лига – Исток, одигран пред бројна публика во Пирава, во рамки на 16. коло. Натпреварот понуди многу возбудувања, голови и резултатски пресврти, но клучниот момент се случи во второто полувреме, кога домаќините целосно паднаа во играта. Ударник не успеа да го издржи темпото, па за краток период ...
Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово кој е шампион од минатата година преку соопштение ја изненади спортската јавност во Македонија, откако тетовскиот клуб соопшти дека става крај на една успешна ера. Од клубот тврдат дека се оштетени од „неспортски случувања“ по одлуки на Фудбалската федерација на Македонија, потенцирајќи како што се вели во соопштението немало место за успешни за оние кои вложуваат и сакаат напредок, а како што се вели ...
Охрид го повтори успехот над Олимпијакос и со убедлива игра се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Тимот на Борис Ројевиќ триумфираше со 25-24 на реваншот во Охрид, во меч полн со неизвесност и силна борба, задржувајќи го својот впечатлив европски рекорд без пораз. Следен противник на „гладијаторите“ ќе биде словенечкиот Целје, кој претходно ја елиминираше романската екипа Бузау во двомечот. Двомечот ќе се одигра на 25/26 април ...
Охрид продолжува да ја гради својата европска приказна со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, по победата над Олимпијакос во два неизвесни и борбени натпревари. Играчот на Олимпијакос, Шиме Ивиќ, ексклузивно за Спортска Мрежа, ги сподели своите импресии за двомечот со Охрид во Купот на ЕХФ, објаснувајќи што според него било пресудно за победата на македонскиот тим. Ивиќ истакна дека и покрај големите шанси на неговиот тим, Охрид имал ...
Голманот на Шкендија Арачиново, Антонио Столевски, се наоѓа во фантастична форма и е еден од најзаслужните за одличните резултати на својот тим во Втората лига. 23-годишниот чувар на мрежата запиша импресивна серија од пет натпревари без примен гол, потврдувајќи ја својата класа и стабилност меѓу стативите. Столевски ја сочува мрежата на дуелите против Големо Коњари (0-4), Детонит Плачковица (1-0), Слога Виница (0-5), Беласица (0-0) и Тетекс ...
Охрид продолжува да ја гради својата европска приказна со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, по победата над Олимпијакос во два борбени натпревари. Ексклузивно за Спортска Мрежа, столбот на одбраната на Охрид, Ориол Реј Моралес, ги сподели своите импресии по историскиот пласман на тимот во полуфиналето на Купот на ЕХФ. По два возбудливи и напнати натпревари против силниот состав на Олимпијакос, Моралес истакна колку биле важни ...
Охрид продолжува да ја пишува својата европска приказна со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, по победата над Олимпијакос во два одлични натпревари. Голманот на охриѓани, Кристијан Пилиповиќ, во изјава за Спортска Мрежа, нагласи дека клучот за успехот во двомечот била волјата и единството на тимот, како и напорната подготовка и професионалниот пристап на играчите. Тој потенцираше дека охридскиот состав, со голема поддршка од домашниот ...
Уште седум кола до крајот од сезоната во Втора лига, а четири екипи и натаму конкурираат кој да биде шампион и да обезбеди директен влез во Прва лига. Овие неколку кола се случуваа големи промени на табелата – Скопје најмногу се задржа на врвот, по само седум дена го загуби врвот односно за едно коло. Сега со по 52 бодови Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново се израмни за делба на првото место, а пак Скопје е четврти со 50 бодови. Новиот ...
Ракометарите на Охрид испишаа историја со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, откако во два неизвесни и борбени натпревари го елиминираа силниот состав на Олимпијакос. Веднаш по мечот и пласманот во полуфиналето, во изјава за Спортска Мрежа, своите впечатоци ги сподели централниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан. Стрмљан потенцираше дека двомечот против Олимпијакос бил исклучително тежок, но нагласи дека желбата и мотивацијата на ...