Меган Маркл и принцот Хари ја прославија осмата годишнина од бракот, а војвотката од Сасекс сподели серија од досега невидени фотографии од нивниот голем ден на социјалните мрежи. „Пред осум години денес…“, напиша Меган покрај објавите. Едната го прикажува моментот на нивниот прв танц на вечерниот прием во Фрогмор хаус, а фотографиите вклучуваат и сцени од нежни бакнежи и порелаксирани моменти по официјалната церемонија. View this post on ...

Сомнежите за наводна шпионска афера во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за премиерот Христијан Мицкоски, потекнуваат од како што вели „шпионски талог на општеството“ структури кои во минатото се наоѓале во кабинетите на поранешните политичари, а Обвинителството на чело со обвинителот Ислам Абази создавал паника во јавноста дека нешто се случувало. -Тоа е шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се ...

Компанијата „Гугл“ ја претстави новата верзија на својот систем за вештачка интелигенција „Џемини“, како и моделот „Омни“ за симулација на физичкиот свет. На овој начин американската технолошка корпорација се обидува да ја зацврсти својата позиција во трката за развој на напредни технологии, пренесува „Си-ен-би-си“. Новите технологии беа претставени на годишната конференција на „Гугл“, во време кога расте конкуренцијата меѓу водечките ...

Откако инспекторите од Општина Центар и Градот Скопје пред повеќе од три недели излегоа на терен и утврдија дека дрвените куќарки поставени на шеталиштето на влезот во Старата скопска чаршија, поточно од страната на плоштадот „Филип Втори“, до денес нема никаква конкретна акција за нивно отстранување и казнување на сопствениците од страна на локалните власти. Но, како што ни соопштија од Градот, во моментов се води поголема инспекциска ...

Македонскиот дипломат од кариера, филателист, публицист и поранешен амбасадор Виктор Габер, поднесе претставка до Собранието во која бара пратениците да распишат референдум за уставни измени со кои би се внеле Бугарите и други малцинства во Уставот, а со цел продолжување на преговорите за влез во Европската Унија. „Барам, како мои претставници, вие, пратениците на Собранието веднаш, согласно чл. 68 од Уставот и член 20, став 2 од Законот за ...

Атлетскиот сојуз на Србија соопшти дека атлетичарот Иван Гарај е суспендиран по позитивен допинг тест, откако самиот признал употреба на кокаин. Според информациите од соопштението, Гарај навел дека кокаинот го користел надвор од натпреварувачки период и дека тоа не било поврзано со подобрување на спортските перформанси. Тој признал дека на 23 февруари годинава, за време на приватна забава, консумирал пет дози кокаин во комбинација со 12 ...

Кајли Миног откри дека на почетокот на 2021 година по вторпат ѝ бил дијагностициран рак, по нејзината прва дијагноза и успешно лекување од рак на дојка во 2005 година, пренесува „Гардијан“. Поп-ѕвездата зборува за досега необјавената дијагноза во новиот документарен филм на Нетфликс со наслов „Кајли“, кој е достапен од денес. „Мојата втора дијагноза на рак беше на почетокот на 2021 година. Успеав тоа да го задржам за себе… Не како првиот ...

Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12 јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија, а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија на отворањето на фестивалот ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо, сопран од Албанија, и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од Соединетите Американски Држави. Веќе ...

Поради планирани технички зафати во електропреносната мрежа, утре (среда, 20.05.2026 година) неколку скопски општини и населени места ќе останат без снабдување со електрична енергија, информираат надлежните служби. Без вода ќе останат: Центар: Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улица „Црвена Вода“ бр. 7. Кисела Вода: Од 09:00 до 13:00 часот, жителите на улица „Саса 24“. Бардовци: Од 09:00 до 14:00 часот, дел од потрошувачите лоцирани на ...

Фудбалскиот клуб Вардар АД денеска објави дека 32-годишниот централен бек Фаустин Сенгор повеќе нема да го носи дресот на скопските „црвено-црни“. Новиот македонски шампион ја информира јавноста дека соработката со интернационалецот од Сенегал е завршена, по заеднички договор. Дефанзивецот оваа сезона во Првата лига запиша вкупно 11 настапи. Во својата кариера Сенгор претходно настапуваше за Шкуп и турскиот Гиресунспор. За Вардар останува ...

Фудбалерите на Фрајбург и Астон Вила денеска од 21.00 часот ќе се сретнат во финалето на Лигата на Европа на стадионот „Бешикташ Парк“ во Истанбул, Турција во натпревар кој носи огромно историско значење за двата клуба. За Фрајбург, ова е кулминација на 122-годишен сон, можност да се освои првиот голем трофеј во постоењето на германскиот клуб. Од друга страна, Астон Вила од Бирмингем, поранешниот европски шампион во 1982 година, има за цел ...

Уметничко дело на Џексон Полок, опишано како една од „првите вистински апстрактни слики“ во историјата, е продадено на аукција за 181 милион долари (135 милиони фунти) во Њујорк. „Број 7А 1948“, кое беше продадено во познатата аукциска куќа „Кристи“ во понеделник, го сруши претходниот рекорд за куповна цена за дело на Полок. Сликата, која потекнува од приватната колекција на медиумскиот магнат „С.И. Њухаус“, сега е и четвртото најскапо ...

33-годишна жена, вработена во Гинеколошко-акушерската болница Чаир во Скопје, е тешко повредена кога паднала од скали во болницата, соопшти МВР. „На 18.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ј.Т.(33) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 13:30 часот на работното место во ...

Матурските прослави се во полн ек. На големо се купуваат свечени фустани, костими за момчињата, чевли, чанти. Се бара термин за професионална шминка, фризура, некој козметички третман за разубавување, маникир и педикир. Матурантите во еуфорија, родителите со големи трошоци. „Слободен печат“ направи пресметка колку отприлика го чини едно македонско семејство подготовката на матурант. Трошоците достигнуваат над 1.000 евра и тоа само доколку ...

Братот на принцезата Дијана не ја губи вербата во љубовта. Тој зад себе има три неуспешни брака, а сега се ожени со жена со која ја дели „страста кон животот“. Чарлс Спенсер (61), брат на принцезата Дијана, повторно се ожени. На приватна церемонија во Аризона, тој повторно се заколна на вечна љубов, што е негов четврти брак. Овој пат, неговата избраничка е археологот и водителка на поткаст, 43-годишната Кет Џарман, со која е во врска од ...

„Самсунг електроникс“ и синдикатот не успеаја да постигнат договор за платите во последната рунда преговори во Сеул, па затоа е најавен 18-дневен штрајк што би можел да влијае на производството на чипови. Синдикалниот лидер Чои Сеунг-хо им изјави на новинарите дека работниците собрани во синдикатот ќе штрајкуваат 18 дена почнувајќи од четврток. Синдикатот, кој наводно претставува околу 74.000 вработени, тврди дека компанијата не понудила ...

Американски лекар заразен со вирусот ебола во Конго во раните утрински часови денеска бил примен во берлинската болница „Шарите“, објави „Дојче веле“. Германското Министерство за здравство прифатило барање од САД пациентот да биде лекуван во Германија, наместо во САД, поради пократкото време на патување од Уганда и искуството на болницата „Шарите“ во справување со случаи на ебола. Пациентот бил пренесен во Берлин со специјален медицински ...

Амбасадорот на Албанија во земјава, Денјон Мејдани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје и да биде отповикан, објави албанската телевизија „А2“, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи. Според информациите, причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство во владејачката коалиција, односно во ВМРО-ДПМНЕ и во Вреди поради ставовите на Мејдани во ...

Додека Арсенал ја слави шампионската титула во Англија, големиот ривал Тотенхем остана во битката за опстанок бидејќи загуби во дербито против Челси со 2-1. Челси конечно стави крај на лошата серија резултати и стигна до првата победа во шампионатот по 4 март, со што остана во трка за место во европските натпреварувања. „Сините“ поведоа уште во 18. минута преку Енцо Фернандез, а со минимална предност заминаа и на паузата. Во второто ...

Елферсберг не е име што обично се слуша во европскиот фудбал. Станува збор за мало место со едвај 7.000 жители, без железничка станица и со само неколку локални продавници. Но токму од таа речиси незабележлива точка на мапата дојде една од најголемите сензации во германскиот спорт – клуб што со години беше далеку од врвот денес е дел од Бундеслигата. Елферсберг е мало место североисточно од Сарбрикен. Дел е од општината Шпизен-Елферсберг, ...

Предлог-законот за заштита од пушење, во кој е вклучена и забрана за изложување цигари во продавниците, тргнува од претпоставката дека видливоста на производот е клучниот фактор што може да го претвори непушачот во пушач. Сепак, психологијата на пушењето е сложена. Луѓето најчесто не ја стекнуваат таа навика бидејќи отишле во продавница, ги виделе изложените цигари, па решиле да пробаат. Многубројни истражувања покажуваат дека пушењето е ...

Владите на Европската Унија дискутираат дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, би можеле да го претставуваат блокот во потенцијалните разговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Министрите за надворешни работи ќе разговараат за можните кандидати на состанокот на ЕУ во Кипар следната недела, објави „Фајненшл тајмс“, ...

Денеска, на 20 мај, светот го одбележува Меѓународниот ден на пчелата. Овој датум е избран во чест на роденденот на Антон Јанша (1734 – 1773), Словенецот кој се смета за основоположник на модерното пчеларство. Празникот, кој Обединетите нации едногласно го прифатија во 2017 година по предлог на Словенија, има за цел да ја подигне свеста за клучната улога на овие вредни инсекти. Без пчелите и нивното опрашување, не би имало синџир на исхрана, ...

Отворен е патот за спроведување нов царински договор меѓу Европската Унија и САД по повеќемесечни преговори во Брисел и Стразбур. Европските институции постигнаа договор за укинување на царините на индустриски стоки од САД, додека, пак, Вашингтон се обврзува на ограничување на царинските стапки на европски производи. Договорот се случува по период на зголемени политички и економски тензии меѓу двете страни и претставува обид за стабилизирање ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс слободниот ден од Панатинаикост клубот каде што настапува одлучи да го искористи за тенис, а ни помалку, ни повеќе таму налета на Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ по раната елиминација на турнирот во Рим во Атина се подготвува за настап на Ролан Гарос, а спаринг-партнер му беше грчкиот тенисер Рафаел Пагонис. Првите мечеви на Ролан Гарос почнуваат в недела, па така Ѓоковиќ наскоро би требало да ...

Јоланда Хадид се појави на црвениот тепих придружувана од ќерка си Бела Хадид, во гламурозно издание. Мајката и ќерката присуствуваа на „Чопард гала“ на Канскиот филмски фестивал, што беше нивно прво заедничко појавување на црвениот тепих по години, објави „Пипл“. Поранешната ѕвезда на „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, Јоланда, изгледаше самоуверено во светло црвен фустан долг до подот и стегнат на половината. Креацијата имаше долги ...

На денешното отворање на американските берзи, акциите паднаа поради зголемувањето на приносите на државните обврзници и загриженоста на инвеститорите за инфлацијата и можното забавување на економскиот раст. Во меѓувреме, инвеститорите ги следат движењата на цените на нафтата, приносите на државните обврзници и случувањата на Блискиот Исток, објави CNBC. Акциониот индекс S&P 500 ослабе за 0,7 проценти, Nasdaq за 1,1 процент, додека Dow ...

Преговарачите на Европскиот парламент се договорија со САД како ќе се одвива трговијата меѓу двете страни, објави Европскиот парламент. Ова подразбира дека ЕУ ги укинува царините за американските индустриски производи и за некои земјоделски производи, додека Вашингтон ќе ги ограничи царините за увоз од Унијата на 15 проценти. Жељана Зовко, европратеничка и постојан известувач на Клубот на пратеници на ЕНП за трговија меѓу Европската Унија и ...

Русија изврши уште еден жесток напад врз неколку украински региони во текот на ноќта, погодувајќи станбени згради, деловни згради и друга цивилна инфраструктура. Според украинските власти, најмалку 11 лица се повредени, а драматичните снимки од терен покажуваат како луѓе се спасуваат од урнатините и хаотични сцени во градовите што се под напад, пренесе Киев индепендент. Најтешко погоден беше Конотоп во Сумиската област, каде што руски ракета ...

Играч на наградната игра Лото од Панчево вечерва ја освои Неделата во 40-тото коло од таа игра, освојувајќи нешто повеќе од 95 милиони динари или околу 811 илјади евра, објави Државната лотарија на Србија, пренесоа српските медиуми. Добитникот уплати три комбинации на Лото и три комбинации на Лото Плус, а добитниот билет е оној со комбинацијата 01-07058-21-2-26-00041. Државната лотарија на Србија ги објави резултатите од извлекувањето, каде ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
3.12
71%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
75%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.42
71%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.59
66%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.88
87%
1020
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.33
91%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.42
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.44
62%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
0.89
94%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
79%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
5.2
91%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Калај

51.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39