Новиот граничен премин во Градишка, БиХ со Хрватска е официјално отворен вечерва кога околу 19 часот се вклучи зеленото светло, што официјално го означи почетокот на сообраќајот низ него, објавија хрватските медиуми. Станува збор за привремена мерка која ќе биде на сила три месеци, а ја донесе Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина бидејќи сообраќајот на стариот граничен премин беше целосно запрен бидејќи пешачката патека и дел ...

Фотографијата од отворен фрижидер оставен да виси на уништениот ѕид од станбена зграда во Киев,Украина, по тешкиот руски ракетен напад, стана глобален симбол на отпор и пркос. Шише шампањ, намирници и мала висечка тетратка останаа недопрени во неа, како потсетник на секојдневниот живот кој одеднаш беше прекинат. Оваа сцена го обиколи светот благодарение на инстаграм-профилот на весникот „Киев пост“. Глетката на уништен дом во кој се зачувани ...

Летувањето во Грција оваа година за многумина подразбира и внимателно планирање на трошоците, а многумина за одмор ќе го одберат Халкидики. Меѓу информациите што најмногу ги интересираат туристите секако се цените на лежалките на популарните плажи. Според наводи од страницата „Никана“, во Грција, во Неа Флогита, пред првиот крак, цените за комплет лежалки во првиот ред покрај море достигнуваат околу 30 евра, додека за вториот ред треба да се ...

Кина на своја територија тајно обучила околу 200 руски војници, кои потоа биле испратени да се борат во Украина, објави денеска „Ројтерс“, повикувајќи се на извори во три европски разузнавачки агенции и документи до кои имал пристап. Овие вежби, првенствено фокусирани на употребата на дронови, произлегуваат од руско-кинескиот договор потпишан на 2 јули 2025 година. Спогодбата која ја цитира „Ројтерс“ предвидува обука на приближно 200 руски ...

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го коментираше последниот скандал со наводното истекување на информации од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Ова, како што изјави Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, „отвора сериозни прашања за безбедносниот кредибилитет на државата пред меѓународните партнери“ Тој рече дека Претседателот ...

Новото остварување на култниот руски режисер Андреј Звјагинцев доби повеќеминутни овации од публиката на престижниот фестивал. Филмот „Минотаур“ (Minotaur) предизвика огромно внимание на годинашното издание на Филмскиот фестивал во Кан, особено за време на гламурозното дефиле на црвениот тепих пред официјалната проекција во главната натпреварувачка селекција, пишува „Верајети“. Новото дело на познатиот руски режисер Андреј Звјагинцев (автор ...

Карлос Алкараз нема да настапи ниту на годинашниот Вимблдон, откако шпанскиот тенисер потврди дека сè уште не е целосно закрепнат од повредата на раката. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната со освојувањето на титулата на Австралија опен, но потоа следуваше пад во формата и проблеми со зглобот кои го оддалечија од терените. Минатиот месец тој се повлече и од Ролан Гарос, а сега потврди дека ќе ги пропушти и турнирите на трева во Квинс и ...

Тања Кочовска ги разнежи своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Таа на својот Фејсбук профил сподели ретро црно-бела фотографија на која се прикажани нејзините родители во нивните помлади денови. На фотографијата се гледаат легендарните музички уметници – нејзиниот татко, познатиот пејач Панче Кочовски и нејзината мајка Невена, легендарната пејачка на „Мањифико“ зрачејќи со безвременска елеганција и препознатлив стил од минатиот ...

Полицијата во англискиот округ Сари истражува два одделни пријави за сексуална злоупотреба на деца, покренати по објавувањето на документи поврзани со Џефри Епстин. Во соопштение објавено денеска, полицијата изјави дека станува збор за случаи од минатото, пренесува Би-би-си. Според соопштението за медиумите, истрагата е покрената откако Министерството за правда на САД објави досиеја за Епстин. „Едниот извештај се однесува на локации во Сари ...

Трговците од Македонскиот пазар во Kорча денеска реагирале против контролите и казните што им ги изрекла општината поради непочитување на новите правила за поставување на тендите во пазарот. На терен излегле инспектори и припадници на општинската полиција, кои им изрекле административни мерки за трговците што не ја спровеле наредбата за отстранување или усогласување на тендите, пренесува весникот „Илинден“. Трговците изразија револт, ...

Саутемптон остана без можност да се бори за пласман во Премиер лигата, откако Англиската фудбалска лига донесе одлука клубот да биде исфрлен од плејофот поради шпиунирање на тренинзите на Мидлсброу. „Светците“ требаше в сабота да се соочат со Хал во финалниот натпревар, откако во полуфиналето успеаја да го елиминираат Мидлсброу. Сепак, по истрагата и потврдените прекршувања, лигата официјално реагираше со строга казна. Во соопштението се ...

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон плаќаат неверојатни 411.435 долари годишно за изнајмување на „Форест Лоџ“ во Виндзор, каде што се преселија со своите деца во октомври откако потпишаа 20-годишен договор, пишуваат странските медиуми. Документите поднесени на 14 мај, цитирани од „Тајмс“, ги наведуваат принцот и принцезата од Велс како закупувачи на нивниот нов семеен дом. Станува збор за вила со осум спални соби во џорџијанскиот стил на имотот ...

Скопје денес беше домаќин на петтото, јубилејно издание на бизнис конференцијата EqualXChange, настан посветен на лидерство, продуктивност и одржливо управување со луѓе, кој оваа година собра повеќе од 200 учесници од бизнис секторот, институциите и граѓанските организации. Конференцијата, организирана од GEA – Алијансата за родова еднаквост на работните места, иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (AETM), годинава испрати ...

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за финалето во Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, кое ќе се игра на утре од 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Правдата на теренот ќе ја дели Игор Стојчевски, кој важи за еден од најреномираните македонски арбитри и интернационален ФИФА судија. Тој е дел од менторската програма на УЕФА за елитни судии, каде негов ментор е познатиот турски судија Џунејт ...

Уникатна приказна за едниствениот Мето Јовановски се појави на социјалните мрежи. Архивските фотографии од македонските уметнички бардови секогаш будат силни емоци. Едно такво парче историја деновиве се појави во јавноста – насловната страница на култниот списание „Екран“ од 28 декември 1989 година, на која во пресрет на тогашната Нова 1990 година позира филмската и театарска легенда, Мето Јовановски, заедно со сопругата Љиљана и ќерката ...

Жител на скопско Кондово пријавил во полиција дека бил нападнат пред својот дом и дека бил удрен со кундак од пиштол. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), ноќеска во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш. (41) од село Кондово пријавил дека на 18 мај 2026 година, околу 21:30 часот, пред неговиот дом физички бил нападнат од Б.И. (18). Во пријавата било наведено дека претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка ...

Романски борбен авион „Ф-16“, распореден во рамки на мисијата на НАТО за воздушна контрола на Балтикот, денеска собори дрон што влегол во воздушниот простор на Естонија, објави естонскиот јавен сервис ЕРР. Естонските одбранбени сили претходно издале предупредување за воздушна опасност во јужниот дел на земјата, откако дронот бил забележан како се движи кон естонска територија. Министерот за одбрана Хано Певкур изјави дека Естонија најпрво ...

Длабоко во внатрешноста на една од најпрепознатливите академски библиотеки во Америка се наоѓа колекција која повеќе личи на народна приказна отколку на реалност. Во Библиотеката за ретки книги и ракописи „Бајнеке“ при Универзитетот Јејл (Yale University), зад впечатливата мермерна фасада, се наоѓаат илјадници ретки текстови. Меѓу нив е и една од најфасцинантните збирки на раната научна имагинација, огромна архива на средновековни и ...

Голема трагедија беше за малку избегната за време на руската автомобилска трка во Ф4 откако безбедносното возило влезе на патеката, токму кога трката требаше да биде рестартирана. Водечкиот во трката најлошо помина во верижната реакција што следуваше, во инцидентот што лесно можеше да заврши како многу сериозна несреќа. Un-Safety Car Deployed pic.twitter.com/z9jx7iQPCT — Holiness (@F1BigData) May 17, 2026 Откако прв притисна на сопирачките, ...

Популарната поп-група „Аква“ (Aqua), која стекна планетарна слава во деведесеттите години со безвременските хитови како „Barbie Girl“ и „Doctor Jones“, официјално објави дека се разделува по точно три децении поминати заедно на сцената. Данско-норвешкиот бенд ја соопшти оваа вест преку својот инстаграм-профил, оставајќи ги во неверување своите верни обожаватели ширум светот, пишува „Мирор“. Во емотивната порака, објавена заедно со ...

Босна и Херцеговина не ги имплементирала целосно ниту една од клучните 113 реформи на кои се обврзала во Реформската агенда испратена до Европската комисија, пишува Дојче веле. Властите ги поставија роковите за повеќето мерки на крајот на 2025 или 2026 година. Босна и Херцеговина сè уште не ги потпишала протоколните договори со ЕУ, кои се речиси идентични за сите земји од Западен Балкан, поради што дури и не ги повлекла првите 70 милиони ...

Холивудската икона Шерон Стоун уште еднаш докажа дека нема проблем да го каше она што го мисли. Ѕвездата на култните филмови „Ниски страсти“ и „Казино“ одржа исклучително остар и емотивен говор на гала-настанот во Кан, порачувајќи ѝ на публиката дека човештвото итно мора подобро да се поврзе на емотивно ниво, пишува „Дејлибист“. Стоун учествуваше на престижниот настан организиран од фондацијата „Better World Fund“ ,организација која ја ...

Поранешниот претседател и долгогодишен лидер на партијата ДПС, Мило Ѓукановиќ, повторно отфрли каква било одговорност за работите што го одбележаа неговото децениско владеење во Црна Гора, тврдејќи дека странски разузнавачки служби, првенствено од Србија, Русија и одредени земји од Европската Унија, стојат зад повеќето контроверзии. Во тричасовно телевизиско интервју за црногорска телевизија, тој зборуваше за шверцот со цигари, аферата „С. ...

Запалената депонија во Радовиш веќе петти ден го гуши градот и околината, што ги натера локалните власти да издадат препораки за граѓаните. Градоначалникот на Радовиш и командант на локалниот кризен штаб, Љупчо Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје, апелира граѓаните „да избегнуваат непотребен престој на отворено, особено во периодите кога чадот е најгуст“. Според информациите од општината, на терен постојано ...

Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, го објави списокот од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Шкотите во групата „Ц“ ќе играат против Хаити (14 јуни), Мароко (19 јуни) и Бразил (24 јуни). Првите два натпревари ќе се играат во Масачусетс, додека последниот дуел од групната фаза ќе биде во Мајами. Шкотска на 30 мај ќе одигра пријателски натпревар против Курасао на „Хемпден парк“, а ...

Полицијата во Тирана во изминатите 24 часа спроведе две одделни акции насочени кон сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа и недозволеното поседување оружје, објавија албанските медиуми. Во рамки на акцијата „Фер плеј“, во Вора биле уапсени шест луѓе, откако во еден угостителски објект било откриено дека наводно се организирале игри на среќа преку мобилни телефони. При контролата, полицијата запленила шест мобилни телефони ...

Делови од општините Карпош, Центар и Шуто Оризари денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЕВН Македонија. Во Шуто Оризари од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ лоцирани кон приклучокот на обиколницата. Во истиот интервал, без струја ќе останат корисниците од улицата „Козле“, од број 114 до број 124 во општина Карпош. Во периодот од ...

Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, најстариот син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик, под сомнение дека е вмешан во смртта на својот татко, јавува ЕФЕ. Основачот на светскиот моден бренд, 71-годишниот Исак Андик, во декември 2024 година загина по пад од карпа висока речиси 150 метри додека планинареше во близина на Барселона заедно со тогаш 45-годишниот син. Џонатан бил единствениот ...

Албанија го назначи Италијанецот Роландо Маран за нов селектор на фудбалската репрезентација. Тој доаѓа на местото на Силвињо, чиј договор истече претходно овој месец и не беше продолжен откако тимот не успеа да избори пласман на Светското првенство. „Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука. Маран има речиси 20 години тренерско искуство во елитниот италијански ...

Според хороскопот, крајот на пролетта 2026 година би можел да биде полн со неочекувани настани и пријатни промени. Астролозите забележуваат дека за дури 5 хороскопски знаци, наредните недели можат да донесат изненадувања што ќе го променат нивното расположение, планови или дури и насоката на нивниот живот, пишува „Сенса“. За некои тоа ќе бидат неочекувани вести, за други финансиски можности, нови познанства или решенија за долгоочекувани ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.7
74%
1022
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
3.58
77%
1020
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
73%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.73
56%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.04
84%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.77
91%
1021
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
60%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
67%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.3
63%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
2.24
93%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
83%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.75
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Калај

51.97

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Паладиум

39545.42