Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Зошто поголемиот дел од луѓето се десничари? Ова прашање конечно доби делумен одговор од експерти на Универзитетот Оксфорд, кои велат дека клучот лежи во начинот на кој човекот еволуирал, особено во одењето на две нозе и во големината на мозокот. Речиси 9 од 10 луѓе ја користат десната рака за пишување, додека околу 10 отсто од човештвото е леворако, пишува „Лед бајбл“. По децении истражувања на генетиката, развојот и мозокот, научниците ...
Пет и пол години затвор доби измамникот П.С. од Охрид, кој е осуден откако во јануари годинава успеал да измами осуммина пензионери од Штип и Виница, лажно претставувајќи им се како лекар. Тој им се јавувал на луѓето по телефон и им кажувал дека нивни блиски роднини, деца или внуци, се тешко повредени и дека се итно потребни пари за операции. Од наивните жртви, П.С. за само еден месец успеал да земе 56.000 евра. Според штипскиот суд, ...
Австрија, Италија, Чешка, Словачка и Словенија предложија модел „чекор по чекор“ за интегрирање на земјите од Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, пишува „Еуроактив“ цитирајќи доверлив документ. Станува збор за план според кој земјите од Западен Балкан постепено би добивале пристап до придобивките од членството во Унијата, како што ќе напредуваат во преговорите и во исполнувањето на неопходните реформи. Се предлага проширување на ...
Хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје освои пет први места и други награди на меѓународен фестивал во Јесоло, Италија. Во време кога младите сè помалку се занимаваат со македонскиот мелос, хорот покажа дека традицијата сè уште живее и тоа на најголемата европска и светска сцена. Учениците на маестро Вера Ангеловска, со огромно срце и љубов кон музиката блеснаа на бината во Јесоло и ја оправдаа домашната шампионска титула со прво ...
Во рамките на 54. издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ вечерва, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на ...
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова одлучи да молчи за сомнежите за шпионажа и индициите дека се извлекувале податоци од компјутери во нејзиниот Кабинет кои наводно требало да завршат кај странска служба. Министерството за внатрешни работи не одговори и на дополнителните прашања на „Слободен печат“ зошто и по пет месеци нема никакво известување за видеоснимки од безбедносните камери во и околу Кабинетот за ...
Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Албанија во Македонија, Денјон Мејдани, денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за да му биде упатен устен демарш поради неговите изјави дадени деновиве. Мејдани беше активен во јавноста и ја коментираше употребата на албанскиот јазик во Македонија, а тој и ги поддржа протестите за полагање правосуден испит на албански јазик. Според информациите, во МНР не дошол ...
Гордон Ремзи, кој зад себе има безброј кулинарски кошмари, доживеа уште една сцена што сигурно долго ќе ја памети. Славниот готвач и телевизиски судија останал шокиран откако во храната што му била послужена пронашол крајно одвратен предмет, по што не успеал да ја сокрие реакцијата и веднаш почнал да пцуе, пренесува „Лед бајбл“. Ремзи моментално е судија во 16-тата сезона на американското издание на „Мастершеф“, кое оваа година има поинаков ...
„Вреди, но и Владата на Македонија, во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот Мејдани“, изјави денес копретседателот на Вреди и тетовски градоначалник, Биљал Касами, на прашањето дали било побарано отповикување на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денјон Мејдани. Касами рече дека за ова прашање одлучува албанската држава, но истовремено ја критикуваше работата на Мејдани. „Ние би ...
Македонскиот репрезентативец и играч на Панатинаикос, Ти Џеј Шортс (22) би можел од следната сезона да настапува за израелскиот кошаркарски клуб Хапоел Тел Авив. „Израел Хајом“ тврди дека Хапоел сака да го доведе нашиот плејмејкер кој ист агент кој го застапува и главниот тренер на израелската екипа, Димитрис Итудис. Иако има важечки договор со грчкиот клуб до летото 2027 година, прашање е дали македонскиот репрезентативец ќе остане во Атина ...
Европската Унија од денес официјално почна со примена на новите правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместување, со цел да се воведе поголема контрола и транспарентност во секторот што изминатите години доживеа огромен раст. Станува збор за Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која се однесува на платформи како Airbnb, Booking и други сервиси за краткорочно издавање апартмани и сместувачки капацитети. Со новите правила, секоја ...
Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана заедничка прослава со РК Вардар во Градскиот парк, порачувајќи дека заеднички ќе ги слават титулите освоени на домашната сцена. Сепак, тоа нема да се случи. Од ракометниот клуб денеска информираа дека нема да можат да се појават на прослават бидејќи веќе закажале своја клупска прослава на истиот датум само со членовите и блиските луѓе на клубот. Соопштението го пренесуваме во продолжение: „АД ...
Пејачката Маја Вукичевиќ официјално стана државјанин на Австралија. На свечената церемонија одржана во Сиднеј, меѓу присутните официјални лица беше и австралиската пратеничка Даи Ле, која лично ѝ го честиташе овој голем успех. Маја, која пред неколку години одлучи да го направи големиот чекор и да се пресели на далечниот континент, денес таму гради среќен живот заедно со својот син Гораст. Овој свечен чин за неа и нејзиното семејство ...
Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи. Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски ...
Жителите на Вилнус денеска беа повикани да се засолнат, а литванскиот претседател и премиерката беа одведени на безбедни локации поради тревога за активност на дронови блиску до границата со Белорусија. Инцидентот ја нагласи нервозата на источното крилo на НАТО поради навлегувања поврзани со руската војна против Украина, објави „Асошиејтед прес“. Во итното соопштение на војската, жителите на регионот Вилнус беа повикани „веднаш да се упатат ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин на самитот во Пекинг ги потенцираа добрите односи меѓу двете земји. Според Си, двете држави ја продлабочиле меѓусебната политичка доверба и стратешката соработка. Путин изјави дека билатералните односи придонесуваат за глобалната стабилност и ја нагласи улогата на Русија како сигурен снабдувач со енергија. Русија, според податоци на владата во Москва, е водечки извозник на ...
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар Скопје, на 19 мај беше изведена јубилејната 50-та изведба на монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, работена според романот „Пет часа со Марио“ од еден од најзначајните шпански автори на XX век, Мигел Делибес, во драматизација и режија на Дејан Пројковски. Претставата, која од премиерата во мај 2021 година остави силен белег во современата македонска театарска ...
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска изјави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека го покренал прашањето за безвизно патување на бугарските државјани во САД, објави „Ројтерс“. — Во разговорот со американскиот претседател, настојчиво го покренав прашањето за укинување на американските визи за бугарските граѓани и очекувам ова прашање итно да биде разгледано — рече Радев пред да претседава со седница на ...
Денеска од 18.00 часот ќе се игра вториот натпревар помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Маџари во финалната серија од кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига. МЗТ води во серијата со 1:0 во победи, тренерот на актуелниот шампион, Васко Атанасов, има на располагање поголем број на квалитетни играчи, дури и во една ситуација во која не може да смета на репрезентативни имиња какви што се Андреј Магдевски и Бојан Крстевски, кои се на листата на ...
Полицајци вчера уапсиле 16-годишен тетовец под сомнение дека во изминатите две недели ограбил неколку џамии. Последен пат, при кражба на верскиот објект на улицата „176“, тој ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари. „Вчера во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик ...
Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија официјално соопшти кога Александар Вучиќ ќе престојува во Кина, објави „Данас“. Вучиќ ќе биде во официјална посета на Народна Република Кина од 24 до 28 мај 2026 година, се наведува во соопштението. Како што се додава, Вучиќ патува во Кина на покана на лидерот на земјата, Си Џинпинг. Претседателот на Србија неодамна изјави дека неговиот пречек ќе биде поубав од пречекот на ...
На последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС била донесена одлука за формирање на кризен противпожарен штаб за претстојната летна сезона, информираше градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Тој соопшти дека формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС била една од клучните одлуки. Штабот ќе има за цел да обезбеди побрза, поефикасна и подобро координирана реакција меѓу единиците на локалната самоуправа во ...
Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Во судницата беше соопштено дека е повикана Брза помош, затоа што на еден од обвинетите не му било добро, по што е дадена пауза. Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска, а пред да биде викнато амбулатно возило, обвинителите ...
Студентите Албанци во Македонија ќе можат да ги полагаат сите стручни испити на албански јазик, постои договор со премиерот за ова прашање, дециден е еден од лидерите на Вреди, Билал Касами. Тој во интервју за Топ ченел, рече дека Вреди презела одговорност за решавање на нерешените прашања поврзани со употребата на албанскиот јазик, вклучително и правосудниот испит. – Имаме договор со премиерот сите испити за стручна подготовка да се ...
Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур оцени дека соборувањето на дрон кој навлегол во воздушниот простор на балтичката членка на ЕУ и НАТО било оправдано, пренесе естонската ЕЕР. „Како и секогаш, разгледавме различни фактори: Колку е голема опасноста за населените места? Какви опции за одговор се достапни? И врз основа на таа севкупна проценка беше донесена одлуката да се собори“, изјави Певкур во интервју за естонската телевизија. ...
Во текот на топлите месеци сите се трудат да се хранат што е можно поздраво, а летната верзија на салатата „Цезар“ ќе ве воодушеви. Салатата „Цезар“ со години е едно од најпопуларните јадења. Освен што лесно се вари, таа е и здрава, а доколку ја направите без мајонез и павлака ќе биде уште поздрава, може да ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми. Наместо класичниот прелив од павлака и мајонез, направете поедноставен и поздрав со ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...
Кошаркарите на Њујорк никс поведоа во финалето на Источната конференција од плејофот во НБА лигата, откако ги победија Кливленд кавалирс со 115-104 по едно продолжение во првиот натпревар како домаќини. Њујорк стигна до победата по неверојатен пресврт, имаше 22 поени негатива на помалку од осум минути до крајот на натпреварот, но со голема серија на крајот од регуларниот дел го израмни резултатот на 101:101 со поените на плејмејкерот Џејлен ...
Со промоцијата на последните две песни „Еден пат за еден живот“ и „Едно мирно топло лето“, Коки Јанков го заокружи новиот албум „Навикни на промени“. На албумот има 20 преработки на песни кои ги свиреше со дуото „Дуле и Коки“ и со групата „Тајфата“. „Секој понеделник во изминативе два месеца излегуваа по две песни и два спота, кои ги снимавме во Велешкиот театар. Овојпат, со екипата музичари решивме да не го чекаме следниот понеделник за ...
Во возило на Граничниот премин „Табановце“ пронајдени се и одземени половина милион евра. Директорот на Управата, Бобан Николовски, рече дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во минибус и дека ова е историски најголема заплена на девизи. – Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот е државјанин на Албанија и веќе има изречено судска пресуда во судот во Куманово. Минибусот е сопственост на туристичка агенција од ...