Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12 јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија, а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија на отворањето на фестивалот ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо, сопран од Албанија, и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од Соединетите Американски Држави. Веќе ...
Вечерва во Младински културен центар официјално ќе биде отворено 16. издание на Филозофски филмски фестивал. Настанот ќе започне со проекција на филмот „Друг крај“ (2024) на италијанскиот режисер Пјеро Месина, а по проекцијата ќе следува концерт на составот Галактик ефенди. Проекцијата ќе започне во 20 часот во МКЦ, а филмот е дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови. „Друг крај“ претставува дистописка приказна која замислува ...
По завршувањето на 63-тото издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, жирито, во состав Марина Поп Панкова, актер, Никола Кузелов, актер и Весна Куслеска, драматург, ги донесе одлуките за доделување на награди. Наградата за женска епизодна улога се доделува на Симона Петрушевска за ликот на Фјокла Ивановна во претставата „Женидба“, во изведна на Училиштето за театар “Од игра до претстава”, Скопје. Оваа актерка успеа со неверојатна ...

