Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека сојузниците во НАТО не придонесуваат рамномерно во поддршката за Украина, при што некои земји не прават доволно, пренесе „Анадолија“. Говорејќи на прес-конференција заедно со шведскиот премиер Улф Кристерсон, Руте рече дека поддршката за Украина останува нерамномерна во рамките на Алијансата, која има 32 членки. — Има ограничен број земји, меѓу кои и Шведска, кои навистина даваат ...
Румер Вилис (37) откри дека кај нејзиниот татко, актерот Брус Вилис, за време на неговата борба со деменцијата се појавила нова, поблага и понежна страна. Во неодамнешно интервју, таа истакна дека и покрај сè низ што минуваат, благодарна е за секој момент што го поминува со него, пишува „Пејџ Сикс“. Таа нагласи дека и покрај тешката ситуација, чувствува голема благодарност за моментите кои сè уште ги споделува со него, но и дека забележала ...
Без разлика каков ќе биде исходот од првиот финален натпревар во Унгарија, едно е сигурно, реваншот во Охрид ќе се игра во жешка атмосфера и пред преполни трибини во салата „Билјанини извори“. Охрид соопшти дека билетите за реванш-финалето против Татабања биле распродадени за само 15 минути, што уште еднаш ја потврдува огромната еуфорија кај охридската публика пред историскиот меч во ЕХФ Европскиот куп. Натпреварот ќе се игра на 31 мај, а се ...
Како што Сонцето преминува во љубопитниот и експресивен знак на Близнаци, започнува промената – не само во космосот, туку и во вас. Вашата енергија станува полесна. Вашите мисли се изоструваат. Разговорите делуваат поелектрично. Идеите доаѓаат неочекувано и носат ветување за нешто ново, пишува „Атма“. Сезоната на Близнаци поттикнува движење, дијалог и ментална агилност. Тоа е здив на свеж воздух по емоционално интензивната пролет , време за ...
Латвија денеска соопшти дека открила најмалку еден дрон што летал во воздушниот простор на земјата и дека биле активирани борбени авиони на НАТО за справување со заканата. Тоа е најнов во серијата безбедносни инциденти од ваков тип во балтичкиот регион, објави „Ројтерс“. Латвиските вооружени сили подоцна соопштија дека заканата е завршена, без да дадат повеќе детали. Украина во последните месеци ги засили нападите со дронови со долг дострел ...
Неколку прекрасни кученца беа во центарот на вниманието за нивната најголема ноќ во модата. Овој понеделник, на 18 мај, стилските кученца се собраа за да ги преобликуваат најдобрите изгледи од овогодишната Мет гала за нивната сопствена Гала за миленици во Њујорк, објави „Пипл“. Годишниот настан Пет гала бил создаден од дизајнерот Ентони Рубио пред повеќе од 10 години, а оваа година се одржа во изнајмениот простор за настани „Синеплеј“. Само ...
Рафаел Надал отворено зборуваше за најтешките моменти во својата кариера, откривајќи низ какви болки и физички проблеми минувал во текот на долгогодишниот професионален пат. Легендарниот шпански тенисер призна дека неговата кариера не може да се раскаже без постојаните повреди и хроничните проблеми со кои се соочувал уште од младоста. „Не може да се разбере мојата кариера без периодите низ кои поминував поради физичките проблеми. Имав ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија како преоден чекор пред полноправно членство, објави „Калибер“. Говорејќи на прес-конференција денеска, Фицо рече дека сè уште не го разгледал писмото на Мерц до Европската комисија, во кое е образложена иницијативата. Сепак, изрази скепса дека предлогот би добил доволна поддршка меѓу ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...
Голем број хируршки клиники, клинички болници, општи болници и здравствени домови во Македонија го трошат цел буџет што Фондот им го доделил, ама само половина од него е за реализација на медицински услуги кон пациентите, покажува најновата анализа на ФЗОМ. Има небулози и со платите. Така, просечната плата во клиничка болница во внатрешноста каде што се дадени помалку здравствени услуги, е повисока од онаа во Клинички центар „Мајка Тереза“ ...
Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп Помладиот и мајка на пет деца, откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека заедно со лекарскиот тим подготвува план за лекување, пишува „Си-ен-ен“. Таа веста ја сподели преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека на почетокот на неделава била подложена на медицински зафат, по што побарала приватност додека се посветува на своето здравје и закрепнување. „Иако ова не е вест што ...
По информациите од Обвинителството дека во скопското село Копаница е најдено тело на 37-годишна жена, а до нејзе и пиштол, МВР соопшти нови информации за случајот. Според полицијата, сопругот на починатата жена кажал дека тие двајца имале расправија, а потоа таа се самоубила со неговиот пиштол, кој тој го поседувал без дозвола. „На 19.05.2026 во с. Копаница, скопско, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје ја ...
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека бил тепан и врзан со лисици од израелските сили по пресретнувањето на хуманитарната глобална флотила „Сумуд“, која пловеше кон Газа, пренесува Анадолу. Новинарот на „Фато Квотидијано“, Мантовани и претставникот на Движењето 5 ѕвезди (M5S), Дарио Каротенуто, кои се наоѓаа на флотилата, пристигнаа на аеродромот во Рим со комерцијален лет од Атина, пренесува новинската агенција АНСА. ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, одлучи да отвори постапка против тетовскиот клуб и тоа по шест точки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од ...
Постапувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности, соопштија од кабинетот на спикерот по најавите на СДСМ дека ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за Гаши. Имено, од СДСМ го обвинија првиот човек на Законодавниот дом дека континуирано го крши Деловникот закажувајќи состанок на Комисијата за финансирање и буџет — комисија ...
Со повик за поддршка на претседателот на Србија Александар Вучиќ, в сабота, во Куманово, пред српскиот конзулат во градот е најавен собир. Организатор е здружението „Мир, слога, стабилност“ кое и претходно се појавуваше како организатор на граѓани кои одеа на митинзи во Србија за поддршка на Вучиќ. Инаку, Студентите во Србија најавија нов студентски митинг токму на на 23 мај (сабота) на плоштадот „Славија“ во Белград. Тоа е само првиот од ...
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова како да ја послуша изјавата на премиерот Христијан Мицкоски „да ги заборавиме шпионските глодари“ и од понеделникот досега не излезе со никаков одговор на бројните прашања што ги испрати „Слободен печат“ за сомнежите кои ги потврди и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека се истражува наводно извлекување на податоци од компјутерите кај претседателката. ...
Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, на денешната прес-конференција потврди дека Андреј Тодороски во иднина ќе биде сериозна опција за националниот тим, откако ќе ги заврши административните процедури околу добивањето македонски пасош. Седлоски истакна дека фудбалерот на Бачка Топола кој има 27 години е внимателно следен од стручниот штаб и дека неговото приклучување во репрезентацијата е само прашање на време. „За ...
Иако сè уште официјално не потврдиле детали за венчавката, Тејлор Свифт и Тревис Келси веќе се тема на бројни медиумски анализи, особено околу можниот предбрачен договор што би можеле да го потпишат пред бракот. Според „Пејџ Сикс“, нивниот договор би можел да содржи клаузули за доверливост и забрана за јавно нарушување на угледот, со што двајцата би биле ограничени јавно да зборуваат за својот брак или евентуални приватни несогласувања. ...
Голем број домаќинства се заинтересирани за поставување на соларни централи на своите покриви за да произведуваат струја, но и да го продаваат вишокот. Но, голем дел од нив не добиваат зелено светло затоа што не може да бидат приклучени на електричната мрежа, објаснува за „Слободен печат“ Зоран Митрески, сопственик на „Ефикс електрикал“, компанија која долги години се занимава токму со инсталирање на овие системи. -Веќе не можеме да ...
Од Општина Центар информираат дека од 21 мај започнува пријавувањето за летно згрижување за деца до 10- годишна возраст, со цел, како што велат од локалната самоуправа, да им се излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски. Програмата предвидува дневно згрижување на деца од прво до трето одделение, која ќе се реализира во повеќе, како што наведуваат од Општината, ...
Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, денеска го објави списокот на играчи за настап на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Посебно внимание привлекува новиот повик за легендарниот Мануел Нојер, за кого ова ќе биде последно Светско првенство во кариерата, но и враќање во националниот тим по две години откако се повлече по Европското првенство во 2024 година. Без место во ...
Јавен обвинител и полицајци од СВР Скопје во селото Копаница, Скопско, нашле мртво тело на 37-годишна жена, која имала прострелна рана во главата. „По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол ‘глог19’, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство ...
После „Апокриф“ и „Пиле Шарено“, „Wind To Blow“ („Ветер да подујне“) е трет по ред албум на Добрила и Дориан. Албумот е снимен, миксан, мастериран и продуциран од Дориан Јовановиќ во „Профундус студио“ во Скопје. Дизајнот е на Ника Гавровска, а фотографиите на Наташа Величковска. Изданието го објави „СЏФ Рекордс“ (SJF Records), извршен продуцент е Оливер Белопета. На новиот албум Добрила Грашеска се појавува со вокал и вокални лупови, а ...
Малото шпанско село Арениљас, на околу два часа возење од Мадрид, нуди бесплатно сместување и сигурни работни места за да привлече нови жители. Иницијативата би можела да биде шанса за нов почеток за оние кои сакаат помирен живот на село, во средина каде што заедницата е сè уште важна, пишува „Холидеј пајртес“. Арениљас, село во регионот Кастиља и Леон, моментално има околу четириесет жители. Соочени со опаѓањето на селото, локалните власти ...
Владејачката унгарска партија Тиса вчера вечерта во парламентот поднесе предлог за уставен амандман со кој премиерскиот мандат би се ограничил на најмногу осум години, што законски би го оневозможило враќањето на поранешниот претседател на владата, Виктор Орбан, на таа функција, пренесува Ројтерс. Актуелниот премиер Петер Маѓар изјави дека ќе го искористи двотретинското мнозинство во парламентот за да ги поништи и измени законите донесени од ...
При вчерашното одбележување на Денот на пожарникарите, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски соопшти дека главниот град моментално располага со 213 пожарникари, што е далеку помалку од законските стандарди, според кои, треба да располага со 384. Дефицитот од 171 пожарникар, според Томевски е хроничен и постојано постоел, а од последната генерација има 20 нововработени кои сега треба да се обучуваат. ...
Жалбата што ја вложи ЕСМ за затворањето на случајот со мазутот го враќа случајот со злоупотребите на мазут пред Вишото јавно обвинителство, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го затвори случајот токму со изјави од претставници од ЕСМ дека немало никаква штета во случајот. Актуелни претставници на ЕСМ дале искази кои биле клучни за да се затвори предметот со мазутот, вели обвинителката Коларовиќ За премиерот ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, обвини дека СДСМ избегала од собраниската дебата за новото задолжување, бидејќи, како што рече, нема аргументи со кои би ги поткрепила своите тврдења. „Кога станува збор за лаги и инсинуации, во моментот кога аргументите треба да се соочат таму каде што им е местото – на собраниската Комисија – нив едноставно ги нема“, изјави Стојаноски. Тој рече дека аргументите на СДСМ „паѓале еден по еден“. ...
По вчерашните случувања во финалето од Купот на Македонија каде што навивачите на Шкендија ја исвиркуваа македонската химна, а потоа фудбалерите одбија да ги примат медалите за второ место по поразот од Силекс денеска се огласи и Министерството за спорт. Од таму најостро ги осудија ваквите постапки и како што велат повеќе загрижува однесувањето на фудбалерите по натпреварот. „Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на ...