Татнежот на моторите на борбените авиони „Ф-35“ одекна над неколку полски градови, откако првите три авиони испорачани на Полска изведоа свечен прелет над Гдањск, Варшава, Краков и Лоѓ, објави „Еуроњуз“. Полјаците така првпат можеа да ги видат најнапредните борбени авиони, кои во наредните години треба да станат еден од столбовите на военото воздухопловство на земјата. Прелетот се одржа пред официјалната церемонија за воведување на авионите ...

Полска ги стави во оперативна употреба првите борбени авиони Ф-35 од новата генерација, набавени од САД во рамките на обемната програма за модернизација и превооружување на вооружените сили, пренесува ДПА. Полскиот претседател Карол Навроцки на церемонијата во воздухопловната база Ласк, во близина на Лоѓ, изјави дека со новите авиони Полска ќе биде побезбедна и посилна во наредните години. Пред почетокот на церемонијата, повеќенаменските ...