Финалето на Купот на Македонија наместо празник на фудбалот се претвори во скандалозен настан, предизвикан од однесувањето на навивачите и на фудбалерите на Шкендија. Македонската химна беше исвиркана од навивачите на тетовскиот клуб, а фудбалерите на Шкендија не си ги зедоа сребрените медали на церемонијата на доделување на трофеите. Шкендија покажа непочитување кон фудбалската средина и кон земјата во која се афирмира како клуб и оствари ...

Европската интеграција на Северна Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Северна Македонија да ги заобиколи или повторно да преговара за нив. Министерството за надворешни работи, преку мрежата на бугарските мисии во странство во земјите членки на ЕУ и во Скопјe, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски денеска го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Турција и БиХ на кој се најдоа и петмина дебитанти. Како што вели Седлоски, овие дуели ќе ги искористи да тестира одредени фудбалери пред официјалните дуели кои следат во наредниот период. „Што се однесува до двата натпревари кои ги играме со БиХ и со Турција, повикав 27 играчи. Некои откажаа поради повредите, крај на ...

Минатиот месец продолжил трендот на задолжување на граѓаните и компаниите. Најголем дел од кредитниот раст доаѓа од корпоративниот сектор, но и домаќинствата имаат значителен придонес. Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3 % поради повисоките депозити на двата сектори, со поголем придонес на ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во „Билјанини извори“ во Охрид ја добија директната битка за второто место во Суперлигата, совладувајќи го ГРК Охрид со 25:22. Гостинскиот тим уште од почетокот се наметна и контролираше цел натпревар. Стартот беше израмнет, но пелистерци преку Кузмановски, Хенингман и Хосни стигнаа до водство од 8:4, кое постепено го зголемија до 16:10 на полувреме. Голманот Никола Митревски имаше блескава партија ...

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински сладок деликатес – марленки. – Бомбици со раскошен вкус на ореви, бисквити и мед, а во срцето – нежно кремасто полнење од бело чоколадо што се топи со секој залак – порачува Бобе. Состојки: – 150 г мелени бисквити – 150 г ...

На денешната прес-конференција на која беше објавен списокот на фудбалери за дуелите со Босна и Турција, селекторот Гоце Седлоски кој е и тренер на Вардар јавно се извини за прославата на неговиот тим која предизвика бурни реакции во јавноста. Ќе потсетиме, по освоената титула и натпреварот со Струга на социјалните мрежи беше објавено видео на кое тимот на Вардар пее вулгарна песна за Битола и Каролина Гочева, а сега Седлоски испрати јавно ...

Пожар избувнал вчера во зградата на Јавното обвинителство во Скопје, по што морале да интервенираат осуммина пожарникари со два камиони, објави „Скопје1“, а информацијата ја потврдуваат и од Противпожарната бригада на Град Скопје. Ова се случило во работно време, нешто пред 14 часот, а според командирот на пожарникарите Звонко Томовски, горела тоалетна хартија во корпа за отпадоци во женски тоалет во зградата. „Стануваше збор за опожарени ...

Глобалните политички тензии и војни го тресат целиот свет, па во таква ситуација, многу милионери и милијардери почнуваат да бараат нови „безбедни пристаништа“ за живот и инвестиции. Поради војната на Блискиот Исток, Дубаи и пошироката област на Обединетите Арапски Емирати, кои со години се сметаа за идеално засолниште за богатите инвеститори, повеќе не уживаат статус на неповредлива безбедност. Според податоците на швајцарската ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, денеска упати повик до премиерот Христијан Мицкоски, заеднички да ги направат уставните измени за да се внесат Бугарите во Уставот, што е предуслов за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. За овој чин, како што рече Филипче, заеднички ќе ја понесат одговорноста. – Сакам да упатам повик. Често има повици, сега следиме во јавноста, и сакам да го кажам следното: Го повикувам Христијан ...

Со тажна објава на Фејсбук, се огласи ќерката на познатиот композитор Миодраг Божиновски – Мичо кој почина во 2011 година. Божиновски вчера ќе прославеше роденден. Роден е во Куманово на 20 мај во 1952, а почина на 10 август во 2011. Тој беше македонски композитор, текстописец, аранжер и продуцент на песни од забавната и новосоздадената народна музика. „Толкаво недостигање ми чини, што времето само границата ја става во недоглед. Често ...

На црвениот тепих во Кан повторно сè застана поради Бела Хадид. Манекенката се појави во рачно изработен фустан од модната куќа „Скијапарели“, кој претставува современа интерпретација на легендарниот модел што Џејн Биркин го носела кон крајот на шеесеттите години. Третото појавување на Бела Хадид на скалите на Филмскиот фестивал во Кан уште еднаш ја потврди нејзината наклонетост кон драматични модни изданија, но овојпат акцентот беше ставен ...

Цената на нафтата од типот брент денес падна на 106 долари за барел, а суровата нафта (WTI) на 103,7 долари, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се приближуваат кон последната фаза од преговорите со Иран. Цената на нафтата и суровата нафта од типот брент падна за речиси шест проценти во однос на претходниот ден, бидејќи изјавата на Трамп ги поттикна очекувањата дека залихите на нафта од Блискиот Исток постепено би ...

Австриец и Германец се осомничени во Австрија дека учествувале како „снајпер-туристи“ во пукањето врз цивили за време на опсадата на Сараево во периодот од 1992 до 1996 година, објави „Кронен цајтунг“. Според досегашните сознанија, против двајцата постојат сериозни основи за сомневање. Австрискиот државјанин, наводно, за време на војната во Босна, меѓу 1992 и 1996 година, патувал во Сараево за да пука врз цивили за време на опсадата на ...

Студенти од Албанија најавија протест во Тирана на 26 мај во поддршка на студентите Албанци од Македонија кои студираат на албански јазик за време на студиите и бараат нивниот испит по право да биде исто така на албански јазик, објавија албански медиуми. Според најавата, собирот ќе започне во 17 часот во центарот на албанската престолнина, а потоа ќе продолжи со марш кон Амбасадата на Македонија во Тирана. Организаторите за слоган го избрале ...

Пратениците на СДСМ ќе се повлечат од собраниската Комисија за финансирање и буџет, а ќе поднесат и кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче. Причината за повлекувањето на пратениците од собраниската комисија, како што наведе Филипче, е огромното задолжување на Владата која „ја турка земјата во должничко ропство“. – Секојдневно гледаме ...

Секој сноси најмалку 80 проценти од одговорноста за неговото лошо здравје во староста, се вели во студијата која има за цел да го оспори верувањето дека физичкото опаѓање е или неизбежно или првенствено е одговорност на државата, пишува „Гардијан“. Презентиран на „Самитот за паметно стареење“ во Оксфорд, извештајот тврди дека поединците имаат многу поголема контрола врз нивната долговечност отколку што вообичаено се мисли. Авторите ја ...

Корисниците во делови од Волково и Петровец денеска во одредени периоди ќе бидат без електрична енергија. ЕВН Македонија АД информира дека во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 31,102 и 103 во Волково, во општина Ѓорче Петров. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Катланово, влез на Катланово и Регионалниот пат во општина Петровец. Корисниците во делови од Волково и ...

Екипата на Силекс вчера го освои Купот на Македонија со победа од 1-0, но во овој дуел беше забележан и инцидент пред почетокот на дуелот кога навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската национална химна. Исто така имаше националистички скандирања и присуство на странски знамиња, а таквата ситуација била причина и МВР да отвори истрага. „СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и санкционирање на ...

Американската компанија ОпенАИ подготвува доверливо поднесување за почетна јавна понуда (IPO) во САД, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на технолошката компанија. Компанијата, позната по развојот на четботот Чатџипити, би можела да излезе на берза на САД веќе во септември, а според најновите проценки, нејзината вредност е околу 852 милијарди долари. ОпенАИ работи со инвестициските банки Goldman Sachs и Morgan ...

Селекторот на фудбалскате репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул. На списокот на Седлоски има 27 фудбалери, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек ...

Филмскиот фестивал во Кан годинава е домаќин на бројни ѕвезди – како од светот на филмот, така и од модната индустрија. Веќе имавме можност да видиме некои големи имиња, како што се: Хајди Клум, Барбара Палвин, Бела Хадид, Ирина Шајк, Адријана Лима, а бразилската убавица Изабел Гулар (41) исто така ја искористи својата можност да блесне на црвениот тепих. Бразилскиот супермодел се појави на премиерата на филмот „Фјорд“ во придружба на својот ...

Затворањето на Ормускиот Теснец би можело да предизвика сериозна глобална криза со цените на храната во рок од шест до 12 месеци, освен ако владите не дејствуваат брзо, предупреди Организацијата за храна и земјоделство. Одлуките што ги донесуваат сега земјоделците и владите за употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето и изборот на култури ќе одредат дали цените на храната нагло ќе пораснат подоцна оваа година или на почетокот на 2027 ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека Албанија била „Северна Кореја на Европа“, но денес се движи по патот кон Европската Унија (ЕУ), пренесува Анадолу. Во рамки на посетата на Јужна Кореја, Рама учествуваше на церемонијата за отворањето на Азиската лидерска конференција, под мотото „Надвор од турбуленциите – кон нова рамнотежа“. Во своето обраќање, Рама нагласи дека Албанија покажува оти демократските институции можат да се изградат ...

Астон вила вчера ја освои Лигата на Европа со победа над Фрајбург од 3-0, но во финалето премиерлигашот мораше да настапи со изменет дрес поради законите во Турција каде што се играше финалето. Имено, законите во Турција забрануваат рекламирање на обложувалници и казина, па така на дресот на Вила не можеше да стои нивниот спонзор. Спонзор на вила е „Бетано“,компанија од индустријата на спортско обложување, што според турските закони не смее ...

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот ‘Мазут’, иако претходно Христијан Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Ненад Савески одбира да молчи“, реагираат од Левица. Според опозициската партија, иако надлежното Обвинителство ја запрело истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми ...

Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, испиша нова страница во европскиот фудбал откако стана четвртиот стратег во историјата на УЕФА со освоени пет европски трофеи. Шпанецот одамна го носи епитетот „крал на Лига Европа“, а тоа уште еднаш го потврди со новиот успех со Астон вила. Емери претходно во ова натпреварување доминираше со Севиља, со која три сезони по ред го освојуваше трофејот во 2014, 2015 и 2016 година. Подоцна славеше и со Виљареал ...

Карциномите на кожата се меѓу најчестите малигни заболувања кај човекот, а нивната зачестеност постојано расте. Иако во голем број случаи се лекуваат успешно, исходот во најголема мера зависи од раното препознавање и навремениот третман. Современата медицина нуди ефикасни хируршки решенија кои значително го намалуваат ризикот од ширење на болеста (метастази) и придонесуваат за подобра прогноза и продолжување на животот. Рано препознавање – ...

Наградуваниот шпански режисер Педро Алмодовар вчера изјави дека филмските создавачи имаат „морална должност“ да зборуваат за политика или ќе дозволат гушење на слободата на говорот што се случува во САД, предупредувајќи дека „Европа никогаш не смее да биде подредена на Трамп“. Во текот на прес-конференцијата по повод премиерата на својот нов филм, трагикомедијата „Bitter Christmas“ (Горчлив Божиќ) на 79. Филмски фестивал во Кан, шпанскиот ...

Шокантната разделба на актерот Џејсон Бигс, најпознат по улогата во култната комедија „Американска пита“, и неговата сопруга Џени Молен, наводно била предизвикана од неговото преголемо его по драстичното губење на тежината, тврдат извори блиски до двојката. Самодовербата на 48-годишниот актер, во комбинација со притисокот од неговото враќање на големата сцена, внела сериозен раздор во односите со сопругата, со која беше во брак цели 18 ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
3.18
70%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
73%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.68
69%
1022
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.75
54%
1024
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.32
87%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.62
88%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
63%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.32
69%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.58
62%
1020
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
93%
1019
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
75%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
5.56
86%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Кобалт

45.39

Злато

131337.93