Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Објавени се имињата на трите сестри кои починаа во морето кај Брајтон. Џејн Адеторо (36), Кристина Волтер (32) и Ребека Волтер (31), кои живееле во западен Лондон, биле пронајдени мртви минатата среда рано наутро. Нивниот татко Џозеф се прости од ќерките со трогателна порака, додека полицијата продолжува со истрагата за причините за нивната смрт, пишува ЛБЦ. „Болката е неподнослива“ „Денес, со срце исполнето со тага и љубов, се простувам од ...
Денот на противпожарната единица во Скопје годинава, наместо само со сирени и показни вежби, помина во знакот на солзи радосници, силни емоции и многу љубов. Еден храбар скопски пожарникар одлучи својата најважна „интервенција“ во животот, со помош на колегите, да ја претвори во филмска сцена. Пред очите на целата бригада и присутните граѓани, неговите колеги развија голем транспарент со порака: „Во сите интервенции сум бил храбар, но оваа ...
Новак Ѓоковиќ (38) пристигна во Париз, Франција“ за Ролан Гарос и е подготвен да го има својот 22 настап на вториот грен слем турнир во сезоната, што ќе се одржи од 24 мај до 7 јуни 2026 година. Српскиот тенисер тренираше со Германецот Александер Зверев во вторник на теренот Филип-Шатрие, пренесува „АТП тур“. Србинот останува една од водечките приказни пред турнирот, обидувајќи се да ја освои рекордната 25 грен слем титула. Ѓоковиќ, кој ...
Жозе Мурињо потпиша тригодишен договор со фудбалскиот клуб Реал Мадрид, со можност за продолжување на уште една година. За Португалецот ќе биде негово враќање во шпанската престолнина по 13 години. Најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека Мурињо се враќа на клупата на Реал Мадрид. Според неговите информации, португалскиот тренер договорил тригодишна соработка со кралскиот клуб, која треба да трае до летото 2029 година. ...
Влад Цурцану, генералниот директор на јавното радио и телевизија на Молдавија (Телерадио-Молдавија), поднесе оставка по низата критики за гласањето на жирито на овогодинешната Евровизија. Претставникот на Молдавија, Сатоши, се натпреваруваше во финалето и на крајот заврши на осмото место. Со него се натпреваруваа и претставниците на Романија и Украина, на кои молдавското жири не им додели големи поени. Тој ѝ даде само три поени на Романија, ...
Рускиот претседател Владимир Путин повторно се сретна со кинескиот инженер Пенг Пај, кого првпат го запознал пред 26 години, објави Новости. По прегратката, Путин му рекол на Пенг дека може да ја посети Русија „кога било“, на што тој одговорил: „Секако дека ќе дојдам“. Првата средба меѓу рускиот претседател и Пенг се случила во 2000 година во пекиншкиот парк Бејхај, за време на првата претседателска посета на Путин на Кина, кога Пенг бил ...
Повеќе од 130 предмети кои му припаѓаа на покојниот американски актер Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во телевизиската серија „Пријатели“, ќе бидат понудени на аукција на 5 јуни во градот Далас, САД. Дел од приходите се наменети за Фондацијата „Метју Пери“ за помош на лица кои се борат со болести на зависност, пишува „Ен-Зи Хералд“. Како што пренесува „БФМ ТВ“ (BFM TV), на аукцијата во јуни во Соединетите Американски Држави ќе ...
Истанбул во среда, 20 мај, се подготвува да биде домаќин на еден од најочекуваните спортски настани во Европа – финалето на Лигата на Европа на УЕФА. Овој голем завршен натпревар ќе донесе пресметка меѓу Германија (Фрајбург) и Англија (Астон Вила), но и ќе привлече навивачи од сите делови на светот. Ако сте во Истанбул, еве како да го искористите времето. Навивачите оваа среда ќе ги преплават улиците, бреговите, кафулињата и плоштадите, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ рече дека државата нема вистински напредок и дека „наместо европска перспектива, граѓаните се соочуваат со долгови, корупција и стагнација“. „За две милијарди е зголемен долгот само за две години. Нема прогрес во ниедно поле. Моето мислење е дека власта нема желба да се оди напред во Европа ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со четворица играчи кои остануваат верни на македонскиот шампион. Горан Закариќ, Методија Велковски, Ненад Мишковски и Филип Дурански потпишаа нови договори со скопските „црвено-црни“ со важност до 30 јуни 2027 година. Според најавите нов играч на Вардар од следната сезона ќе биде Португалецот Мигел Пиреш од редовите на ФК Силекс. Пиреш е најдобар стрелец ...
По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога биле уништени две третини од Скопје, во градот започнала да се создава визија за иднината. Ова е периодот настануваат и некои од најнеобичните градби на Балканот. Скопје, велат архитектите, е жив музеј на брутализмот, кој се развил од модернизмот по Втората светска војна и се препознава по масивни бетонски конструкции, видливи конструктивни елементи и суров, строг изглед. Модернизмот тежнеел ...
На 30 мај, градот Радовиш ќе биде домаќин на јубилејното 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан што со децении е симбол на традиција, шампионски дух и спортска гордост. Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и Боречкиот клуб Бучим, годинашниот турнир ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, а Радовиш повторно ќе стане место каде се среќаваат спортот, емоцијата и ...
Хотелите на Малдивите ова лето нудат попусти и до 70 отсто, а покрај сезонските движења и монсунската дождовна сезона, сè поважен фактор станува и геополитичката состојба, особено кризата на Блискиот Исток. Мај и јуни на Малдивите традиционално го носат југозападниот монсун, што значи краткотрајни и повремени дождови, како и нешто помала побарувачка во споредба со зимскиот врв на сезоната. Сепак, туристичките експерти оваа година истакнуваат ...
Гладот во Авганистан веќе не е само хуманитарна криза, туку семејна трагедија што се случува зад затворени врати, во домови каде што нема ни брашно, ни масло, ни надеж. Во провинцијата Гор, татковци стојат со часови на улица чекајќи дневница, а кога ќе се вратат дома со празни раце, ги пречекуваат деца што бараат само едно – парче леб. Некои семејства, притиснати од долгови, болести и глад, се доведени до најстрашниот избор: да продадат дете ...
Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) денеска објави дека воведува големи промени во системот на национални натпреварувања од есен 2028 година, вклучувајќи квалификации за големи првенства и нов формат за УЕФА Лигата на нации. Според новата структура, УЕФА Лигата на нации ќе се префрли од сегашните четири лиги на три лиги со 18 национални тимови во сезоната 2028/29. Секоја лига ќе биде составена од три групи од по шест тима, а ...
Биолошката наука влезе во нова фаза откако научниците од компанијата „Колосал Бајосајенсис“ (Colossal Biosciences), позната по своите проекти поврзани со враќање на изумрени животни, објавија дека успешно одгледале здрави пилиња со помош на вештачка лушпа, односно лабораториски развиен систем за инкубација. Овој експеримент претставува значаен технолошки напредок, бидејќи реплицирањето на функциите на природното јајце долго време ...
Алпинистка и уметница Илина Арсова на емотивен начин ја раскажа својата животна приказна и најдлабоките размислувања. Во подкастот „Смисла“, таа зборуваше за балансот помеѓу амбицијата и внатрешниот мир, како и за вредностите кои современиот човек ги губи во секојдневниот конформантен живот. Низ разговорот, таа се осврна на нејзиниот претстој во Америка каде што беше на докторски студии. „Во Америка бев во многу компетитивна средина… да си ...
Вчеравечер во кумановското село Макреш бил уапсен 62-годишен жител на селото, откако, според полицијата, со тврд предмет убил куче во својот кокошарник, соопшти МВР. „На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ...
Владиката Јустин повеќе нема да управува со Жичката епархија, соопшти Српската православна црква, објави Би-би-си. „Во текот на редовната постапка за преглед на материјално-финансиското работење на епархиите на СПЦ, собрани се материјални докази врз основа на кои е утврдено дека митрополитот жички Јустин сторил бројни канонски и други црковни престапи во управувањето со доверената Жичка епархија“, беше објавено во соопштението на Синодот на ...
Европската комисија стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, објавија денеска од Комисијата. „Трансакциите следат по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за реформските чекори спроведени во областите на деловната конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и образованието и ...
Момче на возраст од 18 години било нападнато од двајца врсници, кои според пријавата во полиција, подолго време го малтретирале и го вознемирувал, соопшти полицијата. „На 19.05.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(66) од Скопје пријавил дека на 14.05.2026 околу 11:10 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот син К.Т.(18) бил физички нападнат од Р.А.(18) од с.Трубарево, скопско и 17-годишник. Според пријавеното, тој подолг ...
Светот на фудбалерите на Манчестер сити се распадна во рок од 24 часа, откако ја предадоа титулата во Премиер лигата – по бурните вести за претстојното заминување на менаџерот Пеп Гвардиола (55), пренесува „Би-би-си спорт“. Насловите од кои секој навивач на Сити се плашеше за иднината на Шпанецот се појавија во понеделник вечерта, пред ремито на тимот од 1:1 против Борнмут во вторник вечерта. Иако Гвардиола инсистира дека ќе ја донесе ...
Многу сопственички на кучиња се прашуваат дали нивните миленици можат да насетат бременост, понекогаш дури и пред тие самите да станат свесни за промените во телото. Благодарение на извонредното сетило за мирис и чувствителноста на најмалите промени во однесувањето, некои кучиња навистина почнуваат да покажуваат необични реакции кога нивната сопственичка очекува бебе. Иако овие промени во однесувањето на кучето на почеток лесно може да се ...
Додека некои ќе го паметат летото по патувања и љубовни приказни, за одредени хороскопски знаци тоа би можело да донесе и многу важен финансиски пресврт. Астрологијата покажува дека во текот на летните месеци некои хороскопски знаци ќе имаат повеќе среќа со парите, деловните можности и ненадејните добивки од вообичаеното. За некои, тоа ќе биде поголема заработка, а за други, чувството дека конечно излегуваат од период на постојан финансиски ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека сака да ја прошири соработката на Вишеградската четворка и со други земји, меѓу нив и земјите од Западен Балкан кои уште не влегле во ЕУ. Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера ја започна дводневната посета на Полска, негово прво патување во странство откако ја презеде функцијата. Посетата е богата со симболика за лидер кој сака да ја врати својата земја кон европскиот мејнстрим, пишува „Ројтерс“. – ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио во порака до кубанскиот народ понуди нови односи меѓу Соединетите Американски Држави и Куба, најавувајќи помош од 100 милиони долари, истовремено обвинувајќи ги кубанските лидери за недостигот на струја, храна и гориво, пренесе Ројтерс. „Ние, Соединетите Американски Држави, ви нудиме помош не само за ублажување на сегашната криза, туку и за изградба на подобра иднина“, рече Рубио во порака по повод ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...
В четврток (21 мај) од 12.00 часот селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски на прес-конференција ќе го објави списокот на повикани за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција. Нашите најдобри фудбалери на 29 мај ќе одиграат контролен меч против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. А на 1 јуни избраниците на селекторот ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е двајца полицајци, членови на единицата за интервентна полиција, добиле кривична пријава откако, апсејќи човек во Скопје во три часот наутро, употребиле преголема сила и му нанеле повреди. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. ...
Десетици активисти на глобалната флотила „Сумуд“ за помош на Газа, а кои се притворени од Израел, започнаа штрајк со глад во знак на протест поради нивното притворање, изразувајќи солидарност со палестинските затвореници што се наоѓаат во израелските затвори, пренесува Анадолу. Во објава на „Икс“, флотилата соопшти дека вторпат за три недели израелската армија ги киднапирала нивните активисти од меѓународни води. „Во знак на протест поради ...