Гладот во Авганистан веќе не е само хуманитарна криза, туку семејна трагедија што се случува зад затворени врати, во домови каде што нема ни брашно, ни масло, ни надеж. Во провинцијата Гор, татковци стојат со часови на улица чекајќи дневница, а кога ќе се вратат дома со празни раце, ги пречекуваат деца што бараат само едно – парче леб. Некои семејства, притиснати од долгови, болести и глад, се доведени до најстрашниот избор: да продадат дете ...

Стотици мажи се собираат во раните зори на прашливиот плоштад во Чагчаран, главниот град на авганистанската покраина Гор. Тие стојат покрај патот со изморени лица, надевајќи се дека ќе дојде некој кој ќе им понуди каква било работа. Од тоа зависи дали нивните семејства ќе имаат што да јадат, но шансите за успех се мали. Џума Кан (45) во последните шест недели само три дена пронашол работа, за дневница помеѓу 150 и 200 афгани (околу 2 до 3 ...